|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Пробиотици
28.11.2009 10:41:00   
ripce
Пробиотиците се живи микробиолошки хранливи состојќи кои имаат позитивен ефект врз човечкото тело преку одржување на балансот на цревната микро флора.
  • Го подобрува и зајакнува имунолошкиот систем.
  • Ги потиснуваат процесите на трулење во цревата и помагаат за воспоставување на цревната микроба.
  • Ја помагаат перисталтиката и функционирањето на цревата.
  • Благопријатно влијаат при стомачни проблеми.
  • Влијаат за намалување на ризикот од остеопороза и реуматски артрит и намалување на нивото на холестерол.
  • Влијаат благопријатно при кожни проблеми и алергии.
  • Го подобруваат хранливиот биланс со што ги осигуруваат неопходните аминокиселини и природни витамини.
  • Помага за намалување на телесната тежина.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Пробиотици
28.11.2009 17:26:17   
ripce
Користите ли производи кои содржат пробиотици? И колку се ефикасни во однос на она што се пласира во рекламите за тие производи?

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Пробиотици
28.11.2009 17:28:17   
mother 29
prolife од време на време!

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Пробиотици
6.12.2009 11:09:20   
ripce

Цревата на човекот содржат природен комплекс од неколку стотици различни бактериски видови, познат како "интестинална микрофлора". Дебелото црево е многу густо населено со вакви бактерии, кои се создаваат брзо по раѓањето на човекот и се исклучително важни за целокупниот здравствен статус на организмот. Тие претставуваат природна бариера што ги чува цревата од населување на несакани штетни микроорганизми, овозможуваат правилно функционирање на системот за варење и синтетизираат некои витамини. Важно е да се потенцира дека вакво позитивно дејствување на микрофлората има само во случај кога е составена од избалансиран однос на различни видови бактерии. Многу фактори, меѓу кои исхраната, стареењето, стресните состојби, инфекциите и други заболувања, како и медикаментозната терапија (особено со антибиотици) можат да го нарушат нормалниот баланс на бактериите од микрофлората, односно да го намалат бројот на "пријателските бактерии", кои се означени со терминот "пробиотици", а да го зголемат бројот на штетните бактерии. Треба да се знае дека пробиотиците се хранат со несварливи растителни влакна, кои се познати под терминот "пребиотици". Оттаму, во исхраната треба да има доволна застапеност на вакви билни влакна. Тие во дебелото црево подлежат на целосна ферментација од бактериите, а еден од продуктите на таа ферментација е и млечната киселина, која го инхибира размножувањето на некои штетни бактерии.

Една од најчестите грешки во современата медицинска практика е неоправданото препишување на антибиотици. Некритичната примена на антибиотиците и на другите антимикробни лекови е опасна од повеќе аспекти. Најопасни последици се развојот на отпорни видови бактерии и нарушување на нормалната бактериска флора. Поради тоа, примената на антибиотици е оправдана само ако се знае дека предизвикувач на инфекција е некоја бактерија и дека таа е чувствителна на дејството на одреден антибиотик (се одредува со антибиограм). Антибиотиците не треба да се земаат на своја рака бидејќи тие не се лекови за намалување на температура, за смирување на болки или за кашлица.

Во случај кога е нарушена цревната микрофлора, односно намален бројот на одделните корисни видови бактерии, тие можат да се надоместат со препарати што содржат една или повеќе култури од живи клетки на бактериите пробиотици, и тоа главно млечнокиселите бактерии и бифидобактериите. Корисни за тоа се таблетите "лактал-б", кои содржат сув екстракт од млечнокиселите бактерии Lactobacilus bulgaricus. Се препорачуваат за обновување на нормалниот цревен имунитет, при упорни бактериски и габични инфекции, при сите нарушувања во системот за варење - проливи, гасови во црева, колитис и сл. Треба да се применат и во сите случаи на зголемена температура (кога се уништува микрофлората) и по лекување со антибиотици. Утврдено е дека редовната употреба на препарати со пробиотици го намалува создавањето соединенија што можат да предизвикаат рак на дебелото црево. Во поново време се повеќе се добиваат податоци за позитивното влијание на пробиотиците против алергија, против "синдром на нервозно дебело црево" и против нередовно празнење на цревата. Голем број студии покажаа дека бактериите од родовите Lactobacilus и Bifidobacterium го снижуваат покачениот холестерол. Најпознат природен производ со пробиотици е јогуртот.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Пробиотици
7.12.2009 9:55:57   
profesorica
Единственото влијание на пробиотиците на популацијата, односно активностите на бактериите кои го колонизираат дебелото црево се смета за нивно клучно делување врз здравјето на човекот. Благодетите на редовниот внес на пробиотиците опфаќаат поволно влијание на имунолошкиот систем, подобрен интегритет на цревната мукоза, намалена инциденција и траење на цревните инфекции, влијание на алергискиот одговор и поволно влијание на варењето.


Пробиотиците во функционалните прехранбени производи


Пробиотичките ферментирани млечни производи се вистински пример за успешна изведба на функционален производ. Чекор напред е комуникацијата на ваквите производи како “клинички докажани влијанија при регулација на пореметувањата на ситемот за варење’. Поради растечката популарност, со пробиотиците се сретнуваме во се поголем број на прехранбени и фармацевтски производи, на пример како додаток во доенечката млечна прихрана, прихрана за болни лица, пиво, вино, напитоци за спортисти, а достапни се и во лиофилизирана форма во капсули. Спектарот на производи во кои се додаваат пробиотиците е се поширок, па така е забележано додавање на пробиотици и во соковите, сирењето па и во житата за појадок.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Пробиотици
7.12.2009 10:11:20   
steci
Zapoznaena sum so probiotici od maticniot lekar i od detskiot pedijatar na sin mi.Koristime bas takvo mleko od hipp so probiotik ama edno ne mi se dopaga sekoe mleko vo prav ima rok 2-3 nedeli a Martin nema teoretski sansi da go ispie za tolku kratko vreme bidejki mu go davam kako dodatok vo pire,kasicki a taka ne saka da go pie so sise umen na majka znae deka majcinoto mleko mu e poubavo.Kazete mi sovet koe mleko da go koristime i kolku mu e vistinskata vrednost i kolku ima trajnost.


(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Пробиотици
5.1.2010 10:19:57   
ripce
Што се пробиотици?
Пробиотиците се микроорганизми, главно бактерии, слични на оние кои се наоѓаат во човечкиот гастроинтестинален тракт. Пробиотиците се нарекуваат и "добри бактерии” зашто поволно влијаат на имунолошкиот систем и помагаат во спречувањето на инфекции. Со внесувањето на пробиотици во организмот, внесуваме имуноглобулини А и Е, кои развиваат имунитет на инфекции и алергии. Човечкиот организам содржи преку 400 типа на пробиотици кои го спречуваат развојот на штетните бактерии. Најголем процент во организмот зазема групата пробиотици на млечната киселина, од кои најпознати се корисните бактерии Bifidobacterium bifidum i  Lactobacillus acidophilus, кои можеме да ги најдеме во јогуртот.

Како пробиотиците влијаат на организмот?
Внесувањето на пробиотици може да го намали крвниот притисок и холестерол, да го зајакне имунитетот, што е многу важно во бременоста. Пробиотици многу се користат во прехрамбената индустрија,, поради способноста да шеќерите, вклучувајќи ја и лактозата, и другите јагленихидрати  ги претворат во млечна киселина. Покрај ферментацијата на храната за која се заслужни, пробиотиците овозможуваат и конзервирање на храната, спречувајќи го развојот на штетните бактерии.

Дали е дозволено земањето на пробиотици во бременоста?
Секако. На трудниците им се препорачува земање на пробиотици зашто на тој начин во организмот се внесува имуноглобилинот А, кој спречува појава на инфекции. Докажано е дека трудниците кои консумираат намирници богати со пробиотици го намалуваат ризикот од појава на алергија кај бебето во првите 2 години од животот.

Кои намирници содржат најмногу пробиотици?
Најголем процент на пробиотици можеме да најдеме во ферментираните млечни производи како јогуртот, кефирот, сирењето и киселото млеко

< Поракaта ја уредил ripce -- 5.1.2010 10:20:45 >

(Одговор на членот steci)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Пробиотици
5.1.2010 10:40:57   
profesorica
баш корисни информации user posted image user posted image user posted image

инаку и во бременоста како и сега многу конзумирам пробиотици.а и на Дамјан колку можам повеќе му давам сирење, за кисело млеко и јогурт да не правиме муабет, ги јаде во изобилство.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Пробиотици
28.1.2010 19:26:53   
ripce
Функционална храна и пробиотици
Функционална храна е храна со посебен состав и нутритивен квалитет, која покрај традиционалните нутриенси, содржи функционални (биоактивни) компоненти и има специфичен дополнителен ефект врз здравјето и во  намалувањето на ризикот од болести. Функционалната храна може да биде природна храна, модифицирана традиционална храна, или нова храна. Постојат пет начини една храна да се направи функционална и тоа:
1.    Елиминирање на некои состојки за кои  се знае дека имаат штетно влијание врз здравјето на луѓето (на пример, алергени протеини);
2.    Зголемување на содржината на некои природни состојки во некоја храна до одредено ниво кое може да го има саканиот ефект, на пример, поголема концентрација на некој микроелемент со кој ќе се овозможи поголем внес од препорачаниот, без да се надмине штетната доза, за спречување на некои болести;
3.    Додавање на некои состојки кои вообичаено не се  составен дел на некоја храна, но се со докажано благотворно дејство (на пример, пробиотски фруктоолигосахариди како храна на пробиотските млечно кисели бактерии)
4.    Замена на некој макронутриенс, чиј внес обично е поголем и предизвикува штетни последици по здравјето (на  пример,  мастите), со состојки кои можат да имат позитивен ефект врз здравјето (на   пример, инулин, прехранбени влакна)
5.    Подобрување на биорасположивоста (модификација) на состојките во храната за кои се докажани позитивните ефекти врз здравјето.  
Со цел функционалната храна да се користи за подобрување на јавното здравје, потребно е максимална поврзаност на здравствените научни сознанија базирани на докази поврзани со храната и намалување на ризикот.

Пробиотици во улога на функционална храна

Цревна флора
Иако многу луѓе мислат дека бактериите се штетни, постојат многу бактерии кои се многу корисни за нашиот организам. Во нашите црева има трилиони бактерии кои нормално тука живеат и придонесуваат да бидеме здрави.
Нарушување на рамнотежата на „добрите" бактерии се јавува при стрес, за време на користење на антибиотици, како и кај луѓе кои имаат хронични воспалителни болести на цревата како collitis ulcerativа и colon irritabile.

Што е тоа пробиотик?
Пробиотици се „добри" бактерии кои ги има во храната или во суплементи кои можат да го подобрат нашето здравје со балансирање на „добрите" бактерии во цревата. Нив ги има во ферментирани млечни пијалоци и некои јогурти, а исто така и во суплементи како таблети, капсули.

Пробиотиците се безбедни за користење за луѓе од сите возрасти, со исклучок на лица кои имаат болест или состојба со која е нарушен имунолошкиот систем како карцином или ХИВ.
Во секој случај пред користење најдобро е да се консултирате со диететичар или вашиот матичен лекар.

Како функционираат пробиотиците?
Основата на функцијата на пробиотиците е да учествува во балансирање на цревната флора. Кога се внесуваат пробиотици преку храната или како суплементи тие почнуваат да се натпреваруват со „лошите" бактерии за храна и простор и на тој начин ги уништуваат „лошите" бактерии. Пробиотиците исто го стимулираат имуниот систем подобро да се бори со инфективните агенси и настинките.

За што се користат пробиотиците?
Многу истражувања кои се направени се со цел да се види каков ефект имаат врз здравјето и одредени болести, меѓутоа само мал дел од ефектите се евидентни.
•    Користење при земање на антибиотици
Антибиотиците се корисни за борба против бактериски инфекции, меѓутоа тие прават и големи промени во балансот на „добрите" бактерии во цревата, кој може да резултира со појава на дијареа.
Сите 25 студии кои се направени докажаа дека пробиотиците штитат од појава на дијареа кај лица кои земаат антибиотици. За да има ефект тие треба да се земат веднаш на самиот почеток на користење на антибиотикот, и да се користи најмалку една недела по завршување на антибиотиците.

•    Синдром на иритирани црева (Irritable bowel syndrome)
Кај пациентите кои го имаат овој синдром имаат наизменично менување на дијареа и опстипација пропратени со болка и дување на стомакот. Со повеќе студии е докажано дека кај овие пациенти има нарушување на балансот на добрите бактерии и затоа кај нив се препорачува да направат тест со земање на пробиотици во период од 4 недели да се види дали има подобрување.

•    Превенција на егзем кај децата
Некои деца имаат голем ризик кај нив да се јави атопичен егзем кој е и многу болен. Ризикот се јавува посебно доколку постои фамилијарна анамнеза за постоење на атопичен егзем кај еден или двајцата родители.
Затоа се правени испитувања при кои, на мајките кои се бремени со плод кој има големи шанси да развие егзем, во периодот на целата бременост и првите 6 месеци на бебето (ако се дои) им се даваат пробиотици. Притоа е докажано дека бројот на деца кој развиле егзем до нивната 4-та година е преполовен во однос на контролната група .

•    Хронични улцеративни болести на цревата како Colitis ulcerativa и Morbus Chrone
Тоа се две воспалителни болести на цревата кај кои се јавува дијареа, крварење од цревата, дуење и болки во стомакот како и големи промени во балансот на цревната флора. Докажано е дека користењето на пробиотици кај улцеративниот колитис има ефект, што не може да се каже и за кај Кроновата болест.

•    Патување во егзотични земји
Патување во далечни непознати места и јадење на тамошна локална храна е интересно и забавно, но тоа може да придонесе да добиете несакан сувенир – патувачка дијареа. Докажано е  дека при користење на пробиотици за време на целото патување се намалува можноста за појава на патувачка дијареа.

Некои пробиотици тешко може да стигнат до цревата бидејќи ги уништува киселата средина на желудникот. И покрај тоа единствен начин да се намножат „добрите" бактерии во цревата е да се конзумира храна која го подржува нивното размножување како: кромид, лук, аспарагус, артичока, банана (храна која содржи јагленихидрати и влакна).
Исто така може како дополнување да се внесе преку јогурт со пробиотик, како и во форма на суплементи кои се наоѓаат во специјална форма на капсули кои ја поминуваат желудечната киселина неоштетени и ги ослободуваат пробиотиците во цревата каде тие се размножуваат и го одржуваат балансот.
Сепак пред користење на какви било суплементи кои содржат пробиотици најдобро е да се консултира матичниот лекар или диететичар. 

Извор ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

< Поракaта ја уредил ripce -- 28.1.2010 19:27:30 >


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Пробиотици
22.2.2010 18:38:43   
ripce
СТУДИЈА ВРЗ БРЕМЕНИ ЖЕНИ СУГЕРИРА ДЕКА ПРОБИОТИЦИТЕ МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ДЕБЕЛИНА

Во една Холандска студија се покажа дека жените имаат помали изгледи да ја имаат најоспасната форма на дебелина, ако почнат со земање на пробиотици од првото тромесечие на бременоста. Пробиотиците се бактерии кои помагаат да се одржи здравата рамнотежа на бактерии во дигестивниот тракт, со тоа што го спречуваат претераното размножување на штетните бактерии. Тие се нормален дел од дигестивниот систем и играат улога и во контролирањето на инфекциите.

Истражувачите веќе долги години го проучуваат нивниот потенцијал во намалувањето на болестите на органите за преработка на храната. Во последно време почнаа да се прават испитувања дали рамнотежата на бактериите во дигестивниот систем, може да има улога и во спречувањето на дебелината.

Kirsi Laitinen, нутриционист и постар професор на Универзитетот Turku - Финска, вели дека резултатите се охрабрувачки и дека жените кои земале пробиотици имале најголема полза.
Една година после породувањето имале најмал процент на т.н. централна дебелина и најмал процент на масти во телото.

Поимот централна дебелина означува дебелина со поизразено таложење на масти на стомакот и се смета за најопасен вид на дебелина.

Студијата покажала дека централна дебелина се сретнала кај 25% од жените кои примале пробиотици и примиле диетални совети, во споредба со 43% од жените кои примиле само диетални совети.

Во студијата учествувале 256 жени, кои биле поделени во 3 групи. Двете групи примиле совети за исхраната со препораки на храна за оптимално покачување на килажа во бременоста и за оптимален фетален развој. На овие 2 групи им било давано да носат дома храна, богата со незаситени масни киселини, како и храна богата со растителни влакна. На едната од двете групи и било дадени и капсули со пробиотици (Lactobacillus и Bifidobacterium). На третата група пак и биле дадени плацебо капсули и не примила советување. Капсулите ги земале се додека не запреле со ексклузивно доење, до шестиот месец на бебето.

Жените биле измерени на почеток и на крај на студијата.

Laitinen вели дека се потребни дополнителни испитувања за да се потврди потенцијалната улога на пробиотиците во борбата против дебелината. Едно од ограничувањата на оваа студија е што жените не биле измерени пред да забременат,а тоа би можело да игра влијае врз тоа колку ќе се здебелат покасно.

Таа вели дека ќе продолжат да ги следат жените, кои учествувале во студијата и нивните деца, за да утврдат дали давањето на пробиотици во бременоста има покасно влијание и врз здравјето на децата. Предноста на студијата е што не само што ќе се проучи потенцијалната врска помеѓу пробиотиците и дебелината, туку ќе се овозможи да се видат ефектите и врз децата. Бактериите се пренесуваат преку мајчиното млеко во бебето, а истражувањето индицира дека раната исхрана може да влијае врз ризикот од дебелина покасно во животот. Постојат растечки докази за тоа и се отвора нов агол на борба против дебелината, преку превенција или третман.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Пробиотици
17.12.2010 17:25:11   
mila mama
ИЗВОРНА ПОРАКА: alfa

zdravo
dali probiotici se davaat na deca od 10 meseci i dali nekoj e po upaten i dali na svoeto malecko mu ima davano probiotici?
bidejki mi gi preporacaa vo apteka



_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Пробиотици
17.12.2010 19:12:59   
alfa
fala za informaciite za probiotik jas na mojata mala i davam kasicki so probiotik no mi rekoa da zamam nekoj kapsuli od probiotik koj mozam da gi stavam vo mleko ili vo hrana pa zatoa sum malku user posted image i neznamdali moze da se davat kapsuli na tolku malo dete

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Пробиотици
17.12.2010 19:24:09   
mila mama
alfa a zosto vi gi preporacale probioticite?
Po princip ne bi trebalo da ima nikakvo problem, zatoa sto deteto vek si zema tvrda hrana, diskutabilno e dali da se davaat na deca stari 10 dena, a ne 10 meseci.



_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот alfa)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Пробиотици
17.12.2010 20:16:04   
alfa
posle 40 dena i se pojavi egzema na obravceto i na vratot mackavme kremi cuda pomina jas ja doev i ja dohranuvav so aptamil uste od 1 den.odpred 2 meseca davav jogurt zolcka se si bese naj normalno i pred nepoln mesec od jogurtot i se pojavi pak crveniloto na vratot fakticki egzemata i sega ne davam jajce i kiselo mleko jogurt pa mi rekoa deka mozebi e problemot vo crevnata flora ne dobivala dovolno vitamini i ot toa povtorno i se pojavila egzemata i samata veke neznam koj kraj da go fatam

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Пробиотици
7.9.2011 12:48:01   
Annet
eve nas sega pedijatarot ni kaza da si kupime Pro life i da i davam 3 dena po 3ml na den.bile nekoi kako sisenca so voda i so prasok i se rastvoralo.pa ke kupam da vidam.mora oti ima stomacen virus,a ona posle sekoj obrok povraka,pa da vidam kako ke bide posle toa....ako ima nekoja mamicka iskustvo neka mi pise pokonkretno

(Одговор на членот alfa)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Пробиотици
7.9.2011 13:34:43   
Natuska85
И ние од денес пиеме пролајф по пола шишенце на гладно на сабајле,поради тоа што вчера кога бевме на преглед побарав и крвна слика да му направат и се појави некој благ степен на вироза,а и и се пожалив на докторкта дека многу течно ми кака,па уште пред да ги види резултатите ми препиша да си земам 3 шишенца пролајф.Сабајле пола му го дадов на user posted image ,пола јас го испив,така ми кажа за преку млекото да го прими...Само што неќеше со лажиче ми го пљукаше па му го растворив во водичка и со шишенце му го дадов

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Пробиотици
7.9.2011 15:59:48   
Annet
mene mi kazaa so spric da i davam 3ml,vo bilo koe vreme od den,i samo taka,ne so mleko ili caj.........e sega neznam sto e pravilno i kako da dadam............ama ke napravam kako tebe so sisence,mozebi ne e vkusno?
ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR

И ние од денес пиеме пролајф по пола шишенце на гладно на сабајле,поради тоа што вчера кога бевме на преглед побарав и крвна слика да му направат и се појави некој благ степен на вироза,а и и се пожалив на докторкта дека многу течно ми кака,па уште пред да ги види резултатите ми препиша да си земам 3 шишенца пролајф.Сабајле пола му го дадов на user posted image ,пола јас го испив,така ми кажа за преку млекото да го прими...Само што неќеше со лажиче ми го пљукаше па му го растворив во водичка и со шишенце му го дадов



< Поракaта ја уредил Annet -- 7.9.2011 16:00:05 >

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 17
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?