|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Проблеми со доењето
5.2.2010 13:08:57   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bubbi

ЗДРАВО МАМИЧКИ

Морам да во го раскажам мојот проблем и ако некој има со слично искуство да ми помогне со некој совет. Мојата керкичка има 22 ДЕНА, се породив предвреме 2-3 недели заради остарена постелка, бебето не примало храна во стомакот и место да е како за 38 недела, сите мерења покажаа дека одговара на 33 недела, и така се породив царски во ремедика. Не ми дојде млеко, добив некоја капка последниот ден кога требаше да си одам од болница, а бебушот мал 2240 гр се  роди, требаше да си заминуваме а тоа имаше само 2080г, така да немаше ни сила да цица ни пак да ја совлада големината на мојата града, а млеко само  2-3 капки. Добив одговор дека ке дојде млеко кај тие што се со царски покансо доаѓало, и почнавме со доење + дохрана со Аптамил прематуре- за предвреме родени бебиња. Сега еве после 20 дена јас пак немам доволно млеко, ја доев со вештача брадавица и највероватно она цицаше по некоја капка а уствари си ја цицаше брадавицата как цуцла. Само што се измолзив пред 30 мин и едвај 25 мл млеко, а инаку бебто ми јаде по 60 мл дохрана, а и уште нешто, го дохранував со шприц, и денес за прв пат со шише, па се плашам да не ме одбие, а инаку  кога ќе му се пријаде го ставав  прво на грда за исцица нешто што има а во исто да стимулира млеко, но последниве 3 дена хистерично ми плаче и од денес ми е страв да го ставам на града. Затоа ве молам за совет дали има шанса да добијам млеко, дали ако се измолзувам можам да зафркам нешто,како што читав некаде по форумов да добијам маститис и дали ако ја научам на шише после ќе може да прифате и града во случај ако добијам млеко, Ве молам пишете ако имате ваков познат случај за совет и како за до повеќе млеко.

ПОЗДРАВ

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Природно сум породена па неможам да ти кажам колку има врска царскиот, но мој совет е да бидеш упорна, ако треба денес 30 пати да го ставиш на града да го ставиш. Стимулација не се прави од еднаш, се прави од повеќе пати...
А зошто вештачка брадавица? Те болеа градите или? Биди упорна и после секое нејзино цицање доизмолзи го млекото што е останато



Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Проблеми со доењето
5.2.2010 13:10:11   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

прво добредојде на форумов user posted image user posted image user posted image
млекото се ствара според потребите на бебето прво дај му да цица а потоа дај му шише со дохрана но немој да се откажеш од доењето само заради тоа што на твоето најмило ќе му биде полесно да цица од шише биди упорна мила и се надевам ќе има резултати
поздрав па информирај не

ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

а за да се стимулира лактацијата јас ти го препорачувам чајот за доилки на hipp


(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Проблеми со доењето
5.2.2010 13:14:05   
ikipp
eve moeto kerkice ima 2ipol meseci,kolku i pati da cica,jas pak nemam dovolno mleko i ja dohranuvam.i caj od hip probav,i kim,i pivo,i pak nemam se nervira koga ke cica,ne tece dovolno.neznam moze i treba poveke tecnosti da pijam?i jas mnogu se nerviram,am toa e

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Проблеми со доењето
5.2.2010 13:15:20   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

мораш да настојуваш да ја доиш, најверојатно вреска од што е гладна, не се откажувај те молам. колку бебето повеќе ќе цица толку повеќе млеко ќе ти се ствара млеко.така што не се секирај. ако ти се тврди и болни градите измолзувај се. да знаеш и дека со измолзување ќе поттикнеш повеќе млеко да ти се создава.ако неможеш да се измолзуваш рачно тогаш земи си пумпица.верувај мене многу ми помогна.на почеток немав многу млеко и како цицаше Дамјан така ми правеше рагади.но почнав да се измолзувам и почна повеќе да тече млеко.

ајде, биди само упорна, се надевам ти помогнавuser posted image user posted image user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

здраво Буби!и добро ни дојде на рр!
прво да ти кажам дека имаш ептен убав ник хеххе така си се викаме со мм ми!user posted image
како и да е,мила  Буби...штом твоето дете пие по 60 мл Аптамил,од тебе ништо не пие ,тоа си е наручкано од аптамилот!друго штом го ставаш на града тоа плаче ,заради тоа што не му тече млеко(затоа што немаш)и се нервира,па се хистереше!
ова го знам од лично искуство..истото го минав и јас, се нервирав и јас и бебушот мој (кога беше бебуш) еден месец и видов не видов си поминав само на аптамил..за ова имам пишувано во тема адаптирано млеко(да не се повтарам)


така да, ти колку и да бидеш упорна со доењето ,штом на тебе после 20 тина дена ти нема надојдено саглм млеко,нема ни да ти дојде!
туку ти како сакаш,ако сакаш биди упорна и сите ке ти викаат ДОЈ ГО ..не се откажувај,ама само ке ја одлагаш работата  и на крај пак ке се заврши со аптамил...иста бев и јас ..затоа ти го прераскажав моето искуство на краткоuser posted image



(Одговор на членот ikipp)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Проблеми со доењето
5.2.2010 14:09:54   
Палешка РР
Јас имам проблем што ми е жал да ја прекинам, а знам дека и е доста. Но таа упорно бара, ја врти главата, ја лапа пелената и јас повторно и давам и на крајот или ќе блуцне или ууубаво ќе си поврати user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Проблеми со доењето
5.2.2010 23:21:51   
Матеа
За да имаш млеко, пијај чај од ким колку што можиш повеќе и ќе имаш многу млеко верувај ми. Исто така колку што можиш повеќе сок од портокали. А user posted image обавезно да го оставаш да цица, никако не почнувај со шише ќе те одбија така полесно. Нека цица за поголема стимулација. Е сега една информација за млекото Аптамил, прочитав дека било повлечено од пазарот поради некои нерегуларности ама не знам колку е точно.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Проблеми со доењето
6.2.2010 14:28:45   
Весна
Мене неколку пати ми се има случено истото како на Палешка, но и нешто сосема спротивно што почнува да ме загрижува. Денски имам доволно млеко, постојано си пијам течности, чај и вода, редовно, здраво јадам, но на неколу пати навечер Јана ќе се нацица како и секогаш, ќе си заспие и за саат време се буди и бара пак да цица, а мене млекото уште не ми надојдено.  Ме загрижува да не случајно полека почнува да ми снемува млеко. user posted image

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Проблеми со доењето
6.2.2010 14:36:12   
Палешка РР
И кај мене исто Весна. Миа до 3 наутро не заспива цврсто, постојано се разбудува и бара да цица. Не од што немам млеко, имам, но или нешто ја боли, или недоволно цица, па се разбудува.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 14:16:32   
Весна
Милички, кога Јана ќе си поспиеше три-четири саати мене градите камен ми се правеа, ми претекуваше млекото, но сега не е така веќе неколку дена, меки ми се. А сепак млеко има, но не знам дали доволно, мислам дека ми потснемува user posted image . Дали е можно едноставно со промена на сосотавот на млекото и градите некако да реагираат, односно да се менуваат, омекнуваат? user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 14:20:06   
ikipp
jas neznam kako izgleda da ti bidat tvrdi gradite,sekogas mi se meki,a i nemam,a se sum probala,ama ne pijam tecnosti,sigurna sum deka zaradi toa e.probaj caj od kim,2 paketcinja vo 1,5 l voda ili boza na 3 4 dena

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 14:22:41   
mami
весна, на почетокот- барем кај мене беше така- градите стануваат тврди од што уште нема фатено ритам за цицање и се преполнуваат, како  поминува време, така телото си знае кога и колку млеко треба, затоа ти се чинат помеки. И мене ми беше така. И дури и одевме на контрола да видам дали добро напредува. И се беше супер.
Ако Јана цица добро и ја домолзуваш градата по секој подој, нема зошто да се паничиш...

(Одговор на членот ikipp)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 14:23:16   
Maria
Vesna i jas bev taka so Ilija,duri i se molzev na pocetokot,a so Andrej sega gradite mi nemaat napnato recisi nikogas,za sto i jas sum mnogu zagrizena.A za dve nedeli naprednal 900 grama.user posted image Znaci mleko imam.Ama toa sto me zagrizuva e,KOLKU?Ili dali od sto e golemo bebeto go iscicuva...neznam.Navecer do 2-3 casot cica na sekoj polovina cas i togas vo gradite kako da nemam kapka mleko.user posted image

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 14:28:00   
ikipp
daria ke pocica 5 min i poveke nemam mleko,pa ja dohranuvam,a tolku sakam samo da cica,ama koga nemam nemam,

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 14:28:44   
BEBICA
Maria nemas potreba da se sekiras cim on napreduva za dve nedeli 900gr ti imas meleko a bebceto e zadovolno.A toa sto ti izgleda deka gradite se meki toa e zatoa sto e vospostaven dobar kontakt pomegu tebe i bebceto znaci da dobro cica.ne treba da bidat cvrsti kako sto kaza mami togas znaci deka se prepolneti i lesno se zakacuva mastit.jas go imav i niz pekol projdov i toa na pocetokot a posle i na godinkata mi se stvori na levata grada.
Ako ne si sigurna sekogas pred da mu dades da cica izmolzise da vidis da li imas samo malku no mislam deka kaj tebe e se vored.
A toa sto znae na sekoj polovina cas da se budi toa i mene Monika mi pravese no vidov deka ne e vo prasanje glad tuku barase paznja od mama.
Ne se sekiraj.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 14:37:06   
Весна
За течности пијам ли пијам, и плус чајот за доилки со ким, анасон... еве токму сега поминаа два и пол саата откако Јана цицаше и градиве ги чувствувам тешки, напрегнати, а кога ќе се допрам, врска нема, меки се. Единствено што ме теши е дека Јана долго, нормално, си спие - по два-три саата, па претпоставувам дека не е гладна, но од друга страна па и голема спанка е, тешко се буди. Ау, колку не сакам да ми прекине млекото. Синојка во таа паника го пратив мм да купува во ниедно време адаптирано млеко, но сепак немав срце да пробам да и` дадам.

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 14:40:14   
ikipp
nemoj ni da probuvas,ako ne place i si spie,znaci najadena e.jas taka probav,pa sega poveke i tece od cuclata i poveke ja saka normalno.nemoj,neka si cica

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 14:47:23   
Весна
нема, нема! user posted image

(Одговор на членот ikipp)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 14:59:00   
BEBICA
Vesna po ona sto veke napisa kaj tebe e se vo red nemoj da se sekiras.Bebceto ubavo ti spie najadena e.
Bez nervoza i samo pozitivna bidi, site znaeme ako mama e nervozna nervozno e i beceto a i mlekoto go menuva vkusot.Ova za vkusot i sum probala posto neveruvav koga mi velese patronaznata sestra stvarno koga majkata e nervozna mlekoto e bljak.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 15:10:44   
big_mama817
вака син ми исто така спиеше преку ден и нормално навечер се будеше по препорака на моите родители односно на татко ми го однесов на педијатар и таа ми рече дека детето од што било навиканат да прима помало количество на млеко се навикнало и затоа спиел и не плачел тогаш ни го препиша пре Хип и навистина се виде дека било гладно значи и јас имав млеко дури и ми течеше но не му било доволно односно било слабо затоа моја препорака ти е Весна да ја однесеш на педијатар и со неја да се советуваш знам дека ти е можда тешко за дохранувањето и мене ми беше но тоа е што е ова е мое искуство user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 15:14:15   
mis.
Мислам дека јана добро напредува и не е гладна а ти Весна како и секоја мајка имаш страв детето да не е гладно и се плашиш дали имаш млеко.Мајчиното млеко е тешко да се каже колку го има но затоа детето ти е најдобар показател.

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 16:00:38   
Палешка РР
Точно така, не може да се каже колкаво е количеството на мајчино млеко. На пример, имам чувство дека немам млеко, стегам, влечам со пумпица - нема, ја ставам Миа и таа по неколку влечења пие ли пиеееее, се слуша голтање. Или друг случај, градите ми се преполни, камен тврди, се обидувам да се измолзам за да ги ослободам-не ми успева. Кога Миа ќе се разбуди, почнува да цица и млекото само тече, дури не се ни допирам-тече. Значи бебето ќе си најде млеко Весна, не давај секирација.user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 16:09:45   
Slagjana
Е ај да ве прашам и јас нешто. Оваа недела треба да се породам. Кога треба да почнам да пијам чаеви за поттикнување на млекото. Дали веднаш по породувањето ќе се создаде млеко или по неколку дена?

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 16:13:00   
mis.
слаѓана имаме тема доење каде сме опишале како оди процесот на создавање млеко и роцесот на доење.Постот ќе го преместам во темата доење кликни тука

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 16:14:04   
topce
ако си со природен пораѓај тогаш одма ќе ти дојде млеко, не е баш млеко ама ок е.
а ако си со царски е тогаш некаде околу 3 ден од пораѓањето.
според мене многу е битна исхраната и течностите кои ги внесуваш, а чај за потикнување
не мора да зимаш сега тоа ако имаш проблем кога ќе почнеш да доиш.

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 17:54:50   
Leonida
А дали некоја од вас го има пробано чајот за доилки од Хумана? Јас пиев од Хип, но пред некое време го немаше во аптека па ми предложија да го пробам тој од Хумана и го земав. Не можам да приметам некоја разлика освен што е малку по ефтин и по долго трае од Хип-от. Има некоја друга што го користела Хумана и дали е добар како Хипот?

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?