mis. -> Проблеми со доењето (5.2.2010 13:08:57)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bubbi ЗДРАВО МАМИЧКИ Морам да во го раскажам мојот проблем и ако некој има со слично искуство да ми помогне со некој совет. Мојата керкичка има 22 ДЕНА, се породив предвреме 2-3 недели заради остарена постелка, бебето не примало храна во стомакот и место да е како за 38 недела, сите мерења покажаа дека одговара на 33 недела, и така се породив царски во ремедика. Не ми дојде млеко, добив некоја капка последниот ден кога требаше да си одам од болница, а бебушот мал 2240 гр се роди, требаше да си заминуваме а тоа имаше само 2080г, така да немаше ни сила да цица ни пак да ја совлада големината на мојата града, а млеко само 2-3 капки. Добив одговор дека ке дојде млеко кај тие што се со царски покансо доаѓало, и почнавме со доење + дохрана со Аптамил прематуре- за предвреме родени бебиња. Сега еве после 20 дена јас пак немам доволно млеко, ја доев со вештача брадавица и највероватно она цицаше по некоја капка а уствари си ја цицаше брадавицата как цуцла. Само што се измолзив пред 30 мин и едвај 25 мл млеко, а инаку бебто ми јаде по 60 мл дохрана, а и уште нешто, го дохранував со шприц, и денес за прв пат со шише, па се плашам да не ме одбие, а инаку кога ќе му се пријаде го ставав прво на грда за исцица нешто што има а во исто да стимулира млеко, но последниве 3 дена хистерично ми плаче и од денес ми е страв да го ставам на града. Затоа ве молам за совет дали има шанса да добијам млеко, дали ако се измолзувам можам да зафркам нешто,како што читав некаде по форумов да добијам маститис и дали ако ја научам на шише после ќе може да прифате и града во случај ако добијам млеко, Ве молам пишете ако имате ваков познат случај за совет и како за до повеќе млеко. ПОЗДРАВ ИЗВОРНА ПОРАКА: mami Природно сум породена па неможам да ти кажам колку има врска царскиот, но мој совет е да бидеш упорна, ако треба денес 30 пати да го ставиш на града да го ставиш. Стимулација не се прави од еднаш, се прави од повеќе пати... А зошто вештачка брадавица? Те болеа градите или? Биди упорна и после секое нејзино цицање доизмолзи го млекото што е останато
|
|
|
|