|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Процес на зачнување
23.9.2010 20:30:01   
Idna mamica
Зачнување - почеток на новиот живот Создавањето на новиот живот, односно зачнувањето не е воопшто едноставна работа. Она што се гледа надворешно е водењето на љубов помеѓу мажот и жената, но всушност зачнувањето претставува исклучително сложен процес, врз кој што влијаат многу фактори. За да се разбереј процесот на зачнување потребно е основно познавање на анатомијата на женските репродуктивни органи. user posted image
Градба на женскиот репродуктивен систем За разлика од мажот кај кој сперматозоидите се создаваат постојано, жените се раѓаат со околу 450 000 јајце клетки во јајниците. Во текот на плодниот период во животот на жената (од пубертетот до менопаузата) само околу 400 од нив ќе созреат и ќе бидат спремни за оплодување, а другите ќе изумрат. Месечниот циклус и зачнувањето За време на менструацијата кај жената доаѓа до лупење и исфрлање на ендометриумот, односно внатрешниот слој на матката од претходниот циклус. Со тоа започнуваат подготовките за зачнувањето. Хипфизата почнува со лачење на фоликуло-стимулирачкиот хормон (FSH) и лутеинизирачкиот хормон (LH). Зголеменото количество на FSH предизвикува да почнат да созреваат повеќе јајце клетки. Јајце клетките се наоѓаат во кесички полни со течност наречени фоликули. Секој циклус почнуваат да растат по неколку фоликули, но само еден од нив ќе стане доминантен и ќе созрее, останатите ќе изумрат. Од доминантниот фоликул ќе се ослободи созреаната јајце клетка . Понекогаш може да се случи да созреат повеќе фоликули и да дојде до повеќекратна бременост. Фоликулите пак кога ќе почнат да се развиваат почнуваат да лачат поголеми количини на хормонот естроген. Естрогенот овозможува задебелување на ендометриумот. Ова задебелување е неопходно за да се подотви место на кое бебето ќе може удобно да се смести. Откако ќе созрее јајце клетката, хипофизата ослободува поголемо количество на лутеинизирачки хормон. Ова е знак дека фоликулот треба да прсне и да се ослободи јајце клетката. Тоа се случува околу 36 часа по скокот на лутеинизирачкиот хормон. Ослободувањето на јајце клетката се нарекува овулација. Откако ќе се ослободи, јајце клетката е способна за оплодување само во наредните 12-24 часа. Тоа е времето кога жената може да зачне. user posted image
Моментот на овулацијатa, фатен на камера при лапароскопска операција Овулацијата се случува обично околу 2 недели пред наредната менструација. За менструален циклус од 28 дена тоа е некаде околу 14-от ден, но ова не е правило. Кај жените кои имаат поркаток циклус од 28 дена овулацијата обично е порано од 14-от ден, а кај оние со подолг циклус обично е покасно. Периодот од првиот ден на менструацијата до овулацијата се нарекува фоликуларна фаза. Откако ќе прсне фоликулот јајцеводите ја всмукуваат јајце клетката и започнува нејзиниот пат кон матката. Сперматозоидите пак навлегуваат во матката низ нејзиното грло и продолжуваат да се движат кон јајцеводите. Јајцеводите се местото каде што се случува средбата помеѓу сперматозоидите и јајце клетката. При ејакулацијата кај мажот се исфрлаат десетици милиони сперматозоиди, но само неколку десетини од нив ќе стасаат до јајце клетката. Останатите ќе изумрат заради неповолната кисела средина во вагината, некои нема да го пробијат патот низ грлото на матката, некои ќе залутаат во погрешниот јајцевод ит.н. Кога првиот сперматозоид ќе се пробие во јајце клетката, таа во истиот миг се запечатува и веќе не е достапна за другите сперматозоиди. user posted image
Моментот на средба на сперматозоидот со јајце клетката Оплодената јајце клетка започнува забрзано да се дели уште во јајцеводите и се нарекува зигот. Веднаш започнува нејзиниот пат до матката, каде бара погодно место на кое ќе може да се вгнезди. Обично патот до матката трае 3-4 дена. Кога ќе приситгне во матката зиготот се претвара во т.н бластоцицта и уште неколку дена кружи низ неа барајки погодно место за да се вгнезди. user posted image
Зигот вгнезден во матката Вгнездувањето на оплодената јајце клетка (или бластоцистата) се нарекува имплантација. Сперматозоидите можат да преживеат во јајцеводите 48-72 часа (понекогаш и повеќе). Така да до оплодување најчесто доаѓа ако сексуалниот однос бил 2-3 дена пред овулацијата или во текот на следните 12-24 часа. Доколку не дојде до оплодување, јајце клетката ќе се ресорбира. Во меѓувреме откако ќе прсне фоликулот и ќе се ослободи јајце клетката, фоликулот се претвара во т.н. Corpus luteum или жолто тело и почнува да го лачи хормонот прогестерон. Прогестеронот е уште познат и како чувар на бременоста. Ако не дојде до бременост, по околу 14 дена од овулацијата фоликулот пропаѓа и престанува да се лачи прогетерон. Престанокот на лачењето на прогестеронот е знак за телото дека е време за следната менструација и исфрлање на стариот ендометриум. Втората фаза од месечниот циклус, односно фазата од денот на овулацијата до почетокот на следната менструација е наречена лутеална фаза. Доколку дојде до бременост, од гестационата кеса, во која се наоѓа бебето и од плацентата ќе почне да се лачи трудничкиот хормон: хуман хорион гонадотропин или скратено hCG. Овој хормон сигнализира дека има бебе во матката и се запира доаѓањето на наредната менструација. Врз основа на присуството на овој хормон се изработени и домашните тестови за бременост. Во следните 36 недели бебето ќе продолжи да расте и да се развива во матката на мајката. Горниов текст е поедноставен приказ на она што се случува при зачнувањето на новиот живот. Се работи за многу сложени процеси и многу фактори кои треба да бидат задоволени за процесот да биде успешен. Можно е да не дојде до зачнување од повеќе причини. Доколку се обидувате да забремените, а тоа не се случило веднаш, немојте да очајувате. Се смета дека постои проблем со плодноста на брачниот пар, ако веќе една година имаат редовни, незаштитени сексуални односи, а сепак не дошло до бременост. После период од една година е препорачливо да се почне со испитувања.  
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Процес на зачнување
23.9.2010 20:33:07   
Idna mamica
Мислам дека ке користи на сите Рингерајки!!! 

(Одговор на членот Idna mamica)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Процес на зачнување
23.9.2010 21:49:34   
Idna mamica

Ovulation

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 5.9.2012 1:21:15 >

(Одговор на членот Idna mamica)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Процес на зачнување
5.10.2010 12:15:35   
Idna mamica
ИЗВОРНА ПОРАКА: Idna mamica

Мало потсетување

(Одговор на членот Idna mamica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Процес на зачнување
5.10.2010 12:17:01   
Idna mamica
Процес на овулација

http://www.youtube.com/watch?v=nLmg4wSHdxQ

(Одговор на членот Idna mamica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Процес на зачнување
3.10.2012 19:53:44   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Пренаталниот развој е поделен на два основни биолошки стадиуми. Прв е ембрионскиот стадиум, кој трае околу два месеци. Од тука започнува феталниот стадиум.Во почетокот на ембрионалната фаза ризикот од спонтани абортуси нагло се зголемува. Воглавно, структурата на фетусот е оформена. Рацете, стапалата, главата, мозокот се присутни и продолжуваат да се развиваат. На почетокот на феталниот стадиум, фетусот обично е околу 30 мм (1,2 инчи) во должина, а отчукувањето на срцето може да се слушне со помош на сонограф, фетусот ја врти главата, и исто така прави основни движења и стресувања на целото тело. Прстите почнуваат да растат во почетокот на феталната фаза. Електричната мозочна активност првпат се забележува помеѓу 5та и 6та гестациска недела, сепак сѐ уште се смета за обична нервна активност за разлика од почетокот на свесното разбирање, кое се развива подоцна во бременоста. Синапсата почнува да се формира во17та недела и околу 28та недела почнува да се зголемува со забрзано темпо кое трае се до 3от или 4 от месец по породувањето. До 23та недела фетусот не може да преживее надвор од матката, и покрај големата медицинска помош. До тогаш фетусот сѐ уште нема оформено витален човечки мозок.
user posted image Емрион, 4 недели по оплодувањето
user posted image Фетус, 8 недели по оплодувањето
user posted image Фетус, 18 недели по оплодувањето
user posted image Фетус, 38 недели по оплодувањето
user posted image Релативна големина на фетусот во првиот месец
user posted image Релативна големина во третиот месец
user posted image Релативна големина во петтиот месец
user posted image Релативна големина во деветтиот месец

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Idna mamica)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Процес на зачнување
22.12.2012 15:42:10   
ena3
devojki , da ve prasam , koga najrano se javuvaat prvite znaci na bremenost ?

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Процес на зачнување
4.1.2013 13:52:39   
Нивеа
ena3 kaj sekoj e razlicno (jas ne sum ostanuvala bremena no vaka sto citam po forumov)...najubavo si e ako mislis deka si bremena da si proveris Beta HCG preku krv,najverodostojno e!ako ti docni moze i testce da si naprais!so srekja

_____________________________

Do not go where the path may lead; go instead where there is no path and leave a trail.

(Одговор на членот ena3)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Процес на зачнување
4.1.2013 15:22:23   
Melanija RR
ena3 јастест домашен праве на 38 ден и имав само малку киселини и подригнување,и кога ги видов user posted image не ми се веруваше викам е како па ништо не ми е user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Нивеа)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Процес на зачнување
4.1.2013 20:57:28   
ena3
девојки трет ден ми доцни , а во вторникот направив тест и бесе негативен . Дали да направам усте еден тест ?

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Процес на зачнување
5.1.2013 14:02:45   
Iren4e3
devojki mi docni 14 dena napraviv test mi pokaza negativen sto da pravam ??

(Одговор на членот ena3)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Процес на зачнување
5.1.2013 14:14:11   
Melanija RR
ena3 ако можеш сочекај до вторник и директно на тест преку крв,ако си нестрплива или утревечер или во понеделник направи тест.Со среќа

Iren4e3 најдобро е да одиш на преглед на гинеколог зошто веќе многу ти касни,тој совет јас би ти го дала

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Iren4e3)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Процес на зачнување
5.1.2013 14:21:39   
Iren4e3
vi blagodaram... No so mazmi sme 6 meseci vo brak imame nezastiteni odnosi i mnoguu sakame bebence se nadevamm deka sum bremena ..user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Процес на зачнување
5.1.2013 14:26:31   
Annet
ајде дај божеее да има бебенца user posted image user posted image user posted image user posted image
јас по 10 ден направив тест,уште го чувам......смешки,а поминаа 2 год и повише.............

(Одговор на членот Iren4e3)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Процес на зачнување
5.1.2013 14:32:39   
Iren4e3
da se nadevame user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Процес на зачнување
5.1.2013 16:40:04   
ena3
Денес закажав за на гинеколог во вторник . Но чувствувам голема главоболка , а притисокот ми беше 120 со 84 и пулсот 90 . Поздрав

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Процес на зачнување
1.8.2013 17:08:53   
Melanija RR
ВИДЕО;Како доаѓа до оплодување

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот ena3)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Процес на зачнување
23.2.2014 18:22:39   
katufce
Treba da dobijam na prvi mart imam redovna megutoa imam bolki vo gradite dali se toa predmestualni bolki ili mozi da se nadevam na nesto pojke user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Процес на зачнување
23.2.2014 22:34:26   
Melanija RR
Болки во градите може да е предменструална болка но и бременост user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот katufce)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Процес на зачнување
24.2.2014 1:04:11   
Defne90 RR
Јас кога останав бремена со првото најпрво од се почнаа да ме болат градите,така да според мене големи се шансите да е бременост.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Процес на зачнување
24.2.2014 21:52:06   
katufce
daj boze da e user posted image ama sepak ke cekam da vidam dali ke mi kasni user posted image ili pozzz

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Процес на зачнување
3.3.2014 13:31:53   
katufce
nisto user posted image 3 dena mi kasni napraj test ama e negativen user posted image

(Одговор на членот katufce)
Непосредна врска до пораките: 22
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:

Анкета

Дали ви се менструации болни?
пеперутка16

Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.