|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Прочка/Поклади
10.2.2010 17:19:29   
Еца
Прочка/Поклади според мене е темелот на христијанството бидејќи на овој ден се простува. Значи дали на овој ден знаете да простите на некој кој ви погрешил или барате да ви биде простено за она што сте го погрешиле? Имате ли некој обичај кој го правите на овој ден, кој оваа година се поклопува со нашиот убав празник Св. Трифун.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Прочка/Поклади
10.2.2010 17:32:02   
mother 29
одиме на ручек кај моите со портокали!user posted image вечерта кај кумовите!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Прочка/Поклади
10.2.2010 17:34:54   
Еца
Прочка е еден од најславените празници во Македонија и во пошироките балкански простори ... Овој ден се искористува за посета на постарите од фамилијата за традиционално да им се побара прочка се едно дали некој им згрешил или не. Обично се меси убава пита онаа тенката па згужвана и на крај се амкаат јајца ... демек оној кј ке го фати јајцето - само со помош на уста ке биде сречен и ке го служи здравјето.

Како сега се сеќавам дека на прочка одевме кај најстарат сестрас на мајка ми и сите дечиња амкавме јајца, леле тоа беше доживувањеuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Прочка/Поклади
10.2.2010 17:40:38   
mother 29
прв пат слушам за ова?!!!!!!!!!!!амкање?user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Прочка/Поклади
10.2.2010 17:43:45   
Еца
Како прв пат слушаш? Зарем во Кочани не прават така? Или твоите не го правеле овој обичај? Ајде другите со вашите искуства, дали за прочка знаете дека се амка јајца, и тоа децата, нели за да им биде интересно. Баш ме изненади дека не си знаела за оваuser posted image А искрено како адет многу ми се допаѓа и се мислам да и предложам сега на свекрвата во недела и така ке дојдат двете дечиња од золвата па да им го направиме овој обичај, едно ќе биде доживување за нив, друго ќе ја продолжиме традицијатаuser posted image трето ќе се изнасмееме до солзи!

< Поракaта ја уредил Еца -- 10.2.2010 17:44:46 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Прочка/Поклади
10.2.2010 17:44:27   
lilit
Кога бев мала и ние ова го правевме кога одевме кај баба ми на ручек .Леле Еца колку убави спомени ми разбудиuser posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Прочка/Поклади
10.2.2010 17:49:25   
Еца
Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост.

Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми", а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога". Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити.

Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост.

Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници. Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.
Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите и во последните години стана голема туристичка атракција.

извор: Википедиа

< Поракaта ја уредил Еца -- 10.2.2010 17:51:28 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот lilit)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Прочка/Поклади
10.2.2010 17:54:43   
bibabt
vo ohrid ne pravevme nisto posebno znam odevme kaj postarite kaj baba mi striko mi i se maskiraat kaj nas vo moeto mesto a tuka vo bitola , kaj svekrva mi se amka jajce znam so konec ikoj ke kasni pojke taka znam 

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Прочка/Поклади
10.2.2010 18:31:07   
ripce
Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост.


Сум слушнала за овој обичај ама ние не сме го правеле...
Ќе одиме кај моите, кај на мм родителите, кај баби, дедовци со портокали, и толку, сакам и планирам и јас да направам баклава, па да и однесам да ја пробаат, пошто кај нас никој не доаѓа.


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот bibabt)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Прочка/Поклади
10.2.2010 18:38:35   
penelopa
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца


Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост.



Maž mi ko deca go pravele ovoj običaj amkanje jajca...jas ne. Godinava planirame da se sobereme na ruček, kaj nas sega se odžuvaat karnevali pa ke bide i zabavnouser posted image


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Прочка/Поклади
10.2.2010 19:12:58   
Bitolcanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост.


И ние ја имавме оваа традиција порано, кога бевме мали со брат ми user posted image Често се каравме кој ќе го лапне јајцето и едниот се лутеше ако не го лапнеше, зашто другиот ќе ги земеше парите user posted image user posted image user posted image Сега не го правиме тоа, не сме веќе деца, но фамилијарно одиме кај баба ми. Исто и оваа година.


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Прочка/Поклади
10.2.2010 19:43:02   
BILJANA_G
Kolku ubavi obicai ama kaj nas gi nema nie odime na rucek kaj majka mi ili kaj svekrva  i sekako da pobarame proska,i kaj drugi bliski rodnini isto taka odime.

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Прочка/Поклади
10.2.2010 22:08:21   
Enika
Кај Власите( барем во моја фамилија) за Прочка помладите нели бараат прочка од постарите а постарите даваат пари.Тоа мегу најблиските иначе кај нас доага кумашините и ни даваа портокали. Знам за обичајот Еца што го пишала имам слушано, али тоа не е случај кај нас.А иначе самиот чин на простување е со бацување на рака, претпоставувам истото го прават сите.

(Одговор на членот BILJANA_G)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Прочка/Поклади
10.2.2010 22:19:03   
Cacko
aj sea ti bacuvanje rakauser posted image nemoj mm da te cue,ke mi izvadi dusa,ke saka posle i legen nogite da mu gi mijamuser posted image user posted image user posted image
Procka kako praznik go sakam od dete,me asocira na pozitivnost i srekni lica,koi si prostile eden so drug
Obicaj ni e da ideme na rucek kaj moitye,pa posle u 100 kuki,zosto nie mnogu gresime pa tiki proska da barameuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Прочка/Поклади
10.2.2010 22:23:27   
Enika
Цацко муж ти нее Влав јас ко што знам...ова за Власи важи..ако случајно види така кажи му user posted image

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Прочка/Поклади
10.2.2010 22:51:49   
Cacko
fala bogu so ne e vlavuser posted image ke trebese ruki da bacujam

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Прочка/Поклади
11.2.2010 9:07:11   
vezilka RR
Ние порано, додека беше жива баба ми, ги теравме сите обичаи за прочка. Бидејќи баба ми беше најстар член на нашата фамилија сите се собираа кај нас на вечра. Се спремаше се и сешто..се сеќавам дека мајка ми и баба ми спремаа цела недела оти бааги луѓе се собираа. И сие баравме прочка од неа..а таа на децата ни даваше по некоја паричка( не се сеќавам точно, ама мислам дека и рака и бацувавме)..и нормално врв на сето прославување беше амкањето јајце..е тука имаше тепачки и плачки кој ќе победиuser posted image user posted image user posted image user posted image Кога престана да се прави дома кај нас, а и ние пораснавме со сетра ми, дооолги години за прочка одевме кај другарка ми, а сега моја кума, во Љубанци, бидејќи тие имаат интересни обичаи за прочка со краневал и веселби на сред село..многу е интересно..

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Прочка/Поклади
11.2.2010 10:49:21   
BILE.F
Прочка е еден од најубавите Христијански празници. Јас знам за тоа амкање јајца, но не сме го практикувале. На прочка кај нас е обичај да се оди кај постарите и да му се бакне рака, и да се побара прочка. А тој треба да ти даде паричка. Е јас откога пораснав не сакав многу да одам, зашто не сакав луѓето да чуствуваат моралност да ти дадат пари. Одам само кај родителите и сетра ми, а од годинава кај родителите на мм. А порано кога беа живи моите баби и дедовци (за жал немам ни баба, ни дедоuser posted image user posted image user posted image ) , моите им носеа портокали.
Е сега за мене најбитното: правењето на баклава или/и  кадаиф!
Јас минатата година сама правев баклава и излезе многу убава, сите ја бендисааuser posted image user posted image user posted image user posted image !
И оваа година исто сама ќе правам, планирам во сабота, па ќе видам како ќе ми се погоди?! 

_____________________________

Пред да скокнеш, кажи оп!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Прочка/Поклади
11.2.2010 10:54:09   
nadica
Прочка е еден од најубавите Христијански празници. Јас знам за тоа амкање јајца, но не сме го практикувале. На прочка кај нас е обичај да се оди кај постарите и да му се бакне рака, и да се побара прочка. А тој треба да ти даде паричка. Е јас откога пораснав не сакав многу да одам, зашто не сакав луѓето да чуствуваат моралност да ти дадат пари.

потпис
а да денес попладне ќе правам баклава а утре и кадаиф
а во недела ќе одиме кај бабите и дедовците, кај моите родители и кај кумовите user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот BILE.F)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Прочка/Поклади
11.2.2010 10:55:50   
mami
Мислам кај нас традицијата траеше додека беше жив дедо ми. Тогаш се знаеше- едно станување право кај него на гости и барање прочка, не сме бакнувале рака, ниту давал пари, само сме се гушкалеuser posted image не се секавам дека сме носеле портокали, или дека некој донел кај нас. кај свеки такви работи нема- прават само кадаиф дента и толку.
А за амкање јајца прв пат слушам, ама интересен обичајuser posted image

(Одговор на членот BILE.F)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Прочка/Поклади
11.2.2010 11:44:45   
delfinka
i kaj mene vo fam adetot e so amkanje na jace,obicno majkami porano praese na mene i na bratmi sega na vnuceto a nie so bratmi baravme proska,baknuvajki ja rakata na postarite i izgovarajki prostimi za site greski sto sum gi storil svesno ili nesvesno,a tie odgovaraat neka e proseno i od mene i od boga i postarite davaat pari i portokali na pomalite
istot e so site moi postari poznanici,prijateli,rodnini,im se javuvam i im baram proska a kumasinkata obicno doagaat na riúcek za da dobijat proska....

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Прочка/Поклади
11.2.2010 11:45:33   
delfinka
gi zaboraviv i kadifot i pitata se isto neizbezni:))

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Прочка/Поклади
11.2.2010 11:49:29   
profesorica
ние за прочка се собираме кај баба му на мм (односно прабабата на Дамјан), таа готви за цело семејство и спојуваме маси и се јаде се пие се слави и на крај кога ќе си одиме - помладите бараат прочка од постарите и тоа како еден ритуал ни е!!!

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Прочка/Поклади
13.2.2010 17:52:37   
Еца
За прочка исто така знам дека се прави армак(барем кај нас така се вика во Кр) со гриз и попарено со шербет, убави адети има само кој како гледа на нив, еве пример и предложив на свекрвата да им врземе на децата да амкаат јајце, а таа ми рече нјити правеле некогаш така, нити ќе прави сега. Така да некогаш и негде, еден ден...user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Прочка/Поклади
13.2.2010 17:56:41   
mis.
И јас како дете сум амкала јајце а и на мартин лани му врзавме да амка и тој.Баш беше забавно.Бидејќи живееме далеку од моите и од роднините на мм прочка ќе си ја прославиме дома со свечен ручек,добро вино и многу љубов.Ајде напишете некој специјалитет,ручек како предлог за утрешниот ден.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?