Прочка/Поклади (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Еца -> Прочка/Поклади (10.2.2010 17:19:29)

Прочка/Поклади според мене е темелот на христијанството бидејќи на овој ден се простува. Значи дали на овој ден знаете да простите на некој кој ви погрешил или барате да ви биде простено за она што сте го погрешиле? Имате ли некој обичај кој го правите на овој ден, кој оваа година се поклопува со нашиот убав празник Св. Трифун.




mother 29 -> RE: Прочка/Поклади (10.2.2010 17:32:02)

одиме на ручек кај моите со портокали![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]вечерта кај кумовите!




Еца -> RE: Прочка/Поклади (10.2.2010 17:34:54)

Прочка е еден од најславените празници во Македонија и во пошироките балкански простори ... Овој ден се искористува за посета на постарите од фамилијата за традиционално да им се побара прочка се едно дали некој им згрешил или не. Обично се меси убава пита онаа тенката па згужвана и на крај се амкаат јајца ... демек оној кј ке го фати јајцето - само со помош на уста ке биде сречен и ке го служи здравјето.

Како сега се сеќавам дека на прочка одевме кај најстарат сестрас на мајка ми и сите дечиња амкавме јајца, леле тоа беше доживување[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mother 29 -> RE: Прочка/Поклади (10.2.2010 17:40:38)

прв пат слушам за ова?!!!!!!!!!!!амкање?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Еца -> RE: Прочка/Поклади (10.2.2010 17:43:45)

Како прв пат слушаш? Зарем во Кочани не прават така? Или твоите не го правеле овој обичај? Ајде другите со вашите искуства, дали за прочка знаете дека се амка јајца, и тоа децата, нели за да им биде интересно. Баш ме изненади дека не си знаела за ова[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] А искрено како адет многу ми се допаѓа и се мислам да и предложам сега на свекрвата во недела и така ке дојдат двете дечиња од золвата па да им го направиме овој обичај, едно ќе биде доживување за нив, друго ќе ја продолжиме традицијата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]трето ќе се изнасмееме до солзи!




lilit -> RE: Прочка/Поклади (10.2.2010 17:44:27)

Кога бев мала и ние ова го правевме кога одевме кај баба ми на ручек .Леле Еца колку убави спомени ми разбуди[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Еца -> RE: Прочка/Поклади (10.2.2010 17:49:25)

Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост.

Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми", а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога". Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити.

Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост.

Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници. Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.
Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите и во последните години стана голема туристичка атракција.

извор: Википедиа




bibabt -> RE: Прочка/Поклади (10.2.2010 17:54:43)

vo ohrid ne pravevme nisto posebno znam odevme kaj postarite kaj baba mi striko mi i se maskiraat kaj nas vo moeto mesto a tuka vo bitola , kaj svekrva mi se amka jajce znam so konec ikoj ke kasni pojke taka znam 




ripce -> RE: Прочка/Поклади (10.2.2010 18:31:07)

Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост.


Сум слушнала за овој обичај ама ние не сме го правеле...
Ќе одиме кај моите, кај на мм родителите, кај баби, дедовци со портокали, и толку, сакам и планирам и јас да направам баклава, па да и однесам да ја пробаат, пошто кај нас никој не доаѓа.




penelopa -> RE: Прочка/Поклади (10.2.2010 18:38:35)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца


Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост.



Maž mi ko deca go pravele ovoj običaj amkanje jajca...jas ne. Godinava planirame da se sobereme na ruček, kaj nas sega se odžuvaat karnevali pa ke bide i zabavno[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Прочка/Поклади (10.2.2010 19:12:58)


ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост.


И ние ја имавме оваа традиција порано, кога бевме мали со брат ми [sm=smiley1.gif] Често се каравме кој ќе го лапне јајцето и едниот се лутеше ако не го лапнеше, зашто другиот ќе ги земеше парите [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] Сега не го правиме тоа, не сме веќе деца, но фамилијарно одиме кај баба ми. Исто и оваа година.




BILJANA_G -> RE: Прочка/Поклади (10.2.2010 19:43:02)

Kolku ubavi obicai ama kaj nas gi nema nie odime na rucek kaj majka mi ili kaj svekrva  i sekako da pobarame proska,i kaj drugi bliski rodnini isto taka odime.




Enika -> RE: Прочка/Поклади (10.2.2010 22:08:21)

Кај Власите( барем во моја фамилија) за Прочка помладите нели бараат прочка од постарите а постарите даваат пари.Тоа мегу најблиските иначе кај нас доага кумашините и ни даваа портокали. Знам за обичајот Еца што го пишала имам слушано, али тоа не е случај кај нас.А иначе самиот чин на простување е со бацување на рака, претпоставувам истото го прават сите.




Cacko -> RE: Прочка/Поклади (10.2.2010 22:19:03)

aj sea ti bacuvanje raka[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]nemoj mm da te cue,ke mi izvadi dusa,ke saka posle i legen nogite da mu gi mijam[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Procka kako praznik go sakam od dete,me asocira na pozitivnost i srekni lica,koi si prostile eden so drug
Obicaj ni e da ideme na rucek kaj moitye,pa posle u 100 kuki,zosto nie mnogu gresime pa tiki proska da barame[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Enika -> RE: Прочка/Поклади (10.2.2010 22:23:27)

Цацко муж ти нее Влав јас ко што знам...ова за Власи важи..ако случајно види така кажи му [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Cacko -> RE: Прочка/Поклади (10.2.2010 22:51:49)

fala bogu so ne e vlav[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]ke trebese ruki da bacujam




vezilka RR -> RE: Прочка/Поклади (11.2.2010 9:07:11)

Ние порано, додека беше жива баба ми, ги теравме сите обичаи за прочка. Бидејќи баба ми беше најстар член на нашата фамилија сите се собираа кај нас на вечра. Се спремаше се и сешто..се сеќавам дека мајка ми и баба ми спремаа цела недела оти бааги луѓе се собираа. И сие баравме прочка од неа..а таа на децата ни даваше по некоја паричка( не се сеќавам точно, ама мислам дека и рака и бацувавме)..и нормално врв на сето прославување беше амкањето јајце..е тука имаше тепачки и плачки кој ќе победи[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Кога престана да се прави дома кај нас, а и ние пораснавме со сетра ми, дооолги години за прочка одевме кај другарка ми, а сега моја кума, во Љубанци, бидејќи тие имаат интересни обичаи за прочка со краневал и веселби на сред село..многу е интересно..




BILE.F -> RE: Прочка/Поклади (11.2.2010 10:49:21)

Прочка е еден од најубавите Христијански празници. Јас знам за тоа амкање јајца, но не сме го практикувале. На прочка кај нас е обичај да се оди кај постарите и да му се бакне рака, и да се побара прочка. А тој треба да ти даде паричка. Е јас откога пораснав не сакав многу да одам, зашто не сакав луѓето да чуствуваат моралност да ти дадат пари. Одам само кај родителите и сетра ми, а од годинава кај родителите на мм. А порано кога беа живи моите баби и дедовци (за жал немам ни баба, ни дедо[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]) , моите им носеа портокали.
Е сега за мене најбитното: правењето на баклава или/и  кадаиф!
Јас минатата година сама правев баклава и излезе многу убава, сите ја бендисаа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]!
И оваа година исто сама ќе правам, планирам во сабота, па ќе видам како ќе ми се погоди?! 




nadica -> RE: Прочка/Поклади (11.2.2010 10:54:09)

Прочка е еден од најубавите Христијански празници. Јас знам за тоа амкање јајца, но не сме го практикувале. На прочка кај нас е обичај да се оди кај постарите и да му се бакне рака, и да се побара прочка. А тој треба да ти даде паричка. Е јас откога пораснав не сакав многу да одам, зашто не сакав луѓето да чуствуваат моралност да ти дадат пари.

потпис
а да денес попладне ќе правам баклава а утре и кадаиф
а во недела ќе одиме кај бабите и дедовците, кај моите родители и кај кумовите [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




mami -> RE: Прочка/Поклади (11.2.2010 10:55:50)

Мислам кај нас традицијата траеше додека беше жив дедо ми. Тогаш се знаеше- едно станување право кај него на гости и барање прочка, не сме бакнувале рака, ниту давал пари, само сме се гушкале[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]не се секавам дека сме носеле портокали, или дека некој донел кај нас. кај свеки такви работи нема- прават само кадаиф дента и толку.
А за амкање јајца прв пат слушам, ама интересен обичај[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




delfinka -> RE: Прочка/Поклади (11.2.2010 11:44:45)

i kaj mene vo fam adetot e so amkanje na jace,obicno majkami porano praese na mene i na bratmi sega na vnuceto a nie so bratmi baravme proska,baknuvajki ja rakata na postarite i izgovarajki prostimi za site greski sto sum gi storil svesno ili nesvesno,a tie odgovaraat neka e proseno i od mene i od boga i postarite davaat pari i portokali na pomalite
istot e so site moi postari poznanici,prijateli,rodnini,im se javuvam i im baram proska a kumasinkata obicno doagaat na riúcek za da dobijat proska....




delfinka -> RE: Прочка/Поклади (11.2.2010 11:45:33)

gi zaboraviv i kadifot i pitata se isto neizbezni:))




profesorica -> RE: Прочка/Поклади (11.2.2010 11:49:29)

ние за прочка се собираме кај баба му на мм (односно прабабата на Дамјан), таа готви за цело семејство и спојуваме маси и се јаде се пие се слави и на крај кога ќе си одиме - помладите бараат прочка од постарите и тоа како еден ритуал ни е!!!




Еца -> RE: Прочка/Поклади (13.2.2010 17:52:37)

За прочка исто така знам дека се прави армак(барем кај нас така се вика во Кр) со гриз и попарено со шербет, убави адети има само кој како гледа на нив, еве пример и предложив на свекрвата да им врземе на децата да амкаат јајце, а таа ми рече нјити правеле некогаш така, нити ќе прави сега. Така да некогаш и негде, еден ден...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley2.gif[/image]




mis. -> RE: Прочка/Поклади (13.2.2010 17:56:41)

И јас како дете сум амкала јајце а и на мартин лани му врзавме да амка и тој.Баш беше забавно.Бидејќи живееме далеку од моите и од роднините на мм прочка ќе си ја прославиме дома со свечен ручек,добро вино и многу љубов.Ајде напишете некој специјалитет,ручек како предлог за утрешниот ден.




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>