|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Разбери се од збор!
27.5.2009 0:02:50   
Julie1
Како ги учите децата да се разберат од збор, да бидат послушни кога нешто им се кажува? На пример кога ќе му кажете прибери ги играчките и тоа да го направи без приговори.

_____________________________

And this is my beautiful life ...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Разбери се од збор!
27.5.2009 8:50:15   
mami
тоа не се учи од одма туку со постојано повторување и вежба..конкретно за играчките..кога сакаш да почне да ги собира мора прво да му покажеш како се прави тоа, ама само кога е со тебе и те гледа што правиш...најпрво ке бидат 2 играчки во корпата и 15 надвор ама постепено ке ја постигнеш целта

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Разбери се од збор!
27.5.2009 10:01:18   
vesna_kr
Ние мака мачиме за да се разбереме со збор.Некогаш ни успева ама повеке пати не.Незнам дали не ја воспитуваме како што треба или сме ја разгалиле.user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Разбери се од збор!
27.5.2009 10:11:04   
Еца
user posted image user posted image user posted image Весна истите размислунања, но како штзо вика сестра ми, секое дете има фаза за одредени работи...леле до кога тие фази? Не знам со Мартина имавме период кога многу слушаше, ги собираше играчките, баш да си речеш леле какво дете, а сега уназад месец денаuser posted image user posted image user posted image не можам да ја препознаам, ми иде она леле да ја треснамuser posted image user posted image user posted image мислам така се вика, а да ја удрам верувајте нема ефект, само контраефект, со зборовите, не те сакам, ти не ме сакаш и тргање на странаuser posted image И сега знаете како ми полудуваат хормоните и почнувам да плачам..па Мартина ми доага ме гушка...абе шпанска серија...знали да не забегувам, Весна фаза еuser posted image user posted image user posted image не е разгалена и ти не си лош родител, само фаза е....user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот vesna_kr)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Разбери се од збор!
27.5.2009 17:38:39   
niki
Verojatno najubavo se ucat koga gi smetame ramni na nas. Ako i kazam poslusaj me i soberi si gi igrackite sigurno nema da go napravi toa, koga i velam: Te molam pomogni mi da gi sobereme igrackite" togas sigurono ke gi sobere zaedno so mene. I taka se sto sakam da napravi go postignuvam so Te molam pomogni i na mama. No toa vazi samo za rabotni zadaci, a za odnesuvanje uste ne sum go otkrila trikot. Na primer koga cepka nesto sto netreba ili se odnesuva nedolicno, jas i zboram, a ona ke gi zatvori ocite, klima so glava, vika da,da, da i cim ja pustam pak po staro.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Разбери се од збор!
27.5.2009 19:19:28   
biba
Tocno e deka sekoe dete si pominuva niz fazi, pa taka ima i periodi koga mu e smaceno da ve slusa, nemoj ova, nemoj ona, eve sega moite se pogolemi i si vikam budala toklu sto sum gi maltretirala so takvi gluposti, dajte mu sloboda na deteto(vo granica)i ke vidite deka nema da dava tolkav otpor i ke dojde den koga so zbor ke se razbere.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Разбери се од збор!
27.5.2009 20:05:07   
Anushka
Moe prvo zlatno pravilo: deluvaj, ne zboruvaj. Znaci, pokazuvaj i bidi uporen. Vtoro pravilo: ne monolog, sekogas dialog: ne nareduvaj, tuku prasuvaj, razgovaraj. Eve primer:
Koga odea vo gradinka, moite deca bea nauceni da gi oblekuvam jas, dodeka tie mrzlivo drekmaat. No, kako rasnea, toa bese se ponaporno. Trebase da stanam vo 05:00 za da stignam se'. Zboruvanje, molbi i uceni ne pomagaa mnogu. Taka, resiv da gi prasam dali sami ke se oblecat, a ako ne sakaat, ke im kazam deka ke gi odnesam vo gradinka vo pizami. Taka napraviv. Ucitelkite me gledaa cudno, ne me odobruvaa, no od toj den moite 2,5 i 5 god. sin sami stanuvaa i se oblekuvaa bez nikakov problem.

(Одговор на членот biba)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Разбери се од збор!
16.12.2009 9:07:35   
mami
Лука го забележав дека ако нешто му забранувам упорно оди и го прави тоа. На пр. ако седне кај мене в скут пред компјутер и му викам целов реме да стане ке седи така 2 часа, а ако го оставам, ке поштрака 2-3 мин и ке си оди...така и со сијаличките од елката, го оставив ги пипна, виде дека не се за играње ио сега не ги чепка. Елката исто ке му ја ставам на ниско за да му биде на дофат, па и да ја бутне, ке ја кренеме..А ако викам и се лутам, знам дека од инат ке продолжи да го прави тоа...
И она што ми е интересно ако го замолам, во 90% од случаите исполнува, ама ако викнам да не прави нешто нема теорија да ме послушаuser posted image

Како вие ги разбирате од збор вашите деца?

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Разбери се од збор!
16.12.2009 9:18:31   
Палешка РР
Марио се` ме сфаќа на зафрканција user posted image
Вчера претера со компјутерот и му викам утре си казнет цел ден нема да играш..а тој ми се смее в лице и ми вели - Немаш срце да го направиш тоа!-
Е кога ќе претера и кога не разбира од збор тогаш на сцена стапува татко му и него ќе го послуша без поговор.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Разбери се од збор!
16.12.2009 9:30:16   
profesorica
кога има некој друг во соба особено свекор ми или свекрва ми ништо не ме слуша, ниту татко му го слуша а кога сме сами се ме слуша.глумец невиден.

ако нешто му викаш да не прави он намерно тоа го прави.

треба упорност и челични нерви за да го разбереш детето од збор.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Разбери се од збор!
10.4.2012 18:28:59   
Џесика
Луѓе, јас пукнав, шекнав, детево ме збудалува. Не од збор, од цели реферати не се разбира. Верувајте сите можни финти ги искористив, со арно, со лошо, со игра, со игнорирање, со плескање... некогаш некое пали, некогаш ништо не пали. Почнав сега да се запрашувам „дали правилно постапувам?“ а многу пати и си мислам „А што ако му остане некоја траума од (на пр.) викање, плескање, казна, игнорирање?“ Еве тазе пример од викендов: тројцата заедно шетаме покрај Вардар, и малово застанува по работ и фрла камчиња. постоевме малку, мм почна да се нервира. Ајде седнавме. Да му помине меракот. Ама меракот бескраен. Викам, синко, нивото на Вардар го крена од толку камења што испофрли. Кога веќе премина граница, почнавме да го викаме за да продолжиме да пешачиме, и почна циркусот, тој пишти, се влече, мм почна да врие, детево спискува неќе да мрдне. После сите поминати обиди, ај вака, ај онака, се свртев и си продолжив да одам, оставајќи го ѕверов сам да дојде. Верувате ли, не мрдна. полека одевме со мм вртејќи се од страв, да не го изгубиме, почнавме точка да го гледаме, не мрдна, тоа инатот јаречки. Дури кога почнавме да одиме по патеката нешто се излажа и дојде, битно од збор не дојде, туку тогаш кога ТОЈ сака... пукнав. Оваа финта ми палела, ама се плашам да не некако почне да доживува страв од тоа да не гледа како „заминуваме и го оставаме“.

Пример 2. Застанува и ја треска вратата колку може најјако (да не кажувам дека ни паѓа малтер од тресоци) и ме гледа во очи и пак ја треска, со убаво, со лошо, нема ефект. На крај го испратив во соба да си оди, и ете ти го по 2 минути, му течел носот. Така го враќав неколку пати, додека не заборавивме на вратата. АМА затоа и се нафрли на фиоката, ќе промрмља нешто како кога го карам и ќе ја тресне фиоката со сета сила. Значи почна да применува агресија, фрла играчки, треска врати и ме цитира кога му викам „дека татко му ќе се лути и ќе го кара“ битно не ме послушува, туку во очи ме гледа и си тера по негово... не знам више што изнапишав, се изгубив....


_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Разбери се од збор!
10.4.2012 18:58:49   
mamicki
Од постов сфаќам дека синчето има 2,5 - 3,5 години, Џесика. Има неколку работи кои се важни да се знаат:
1. Тоа е фаза во која детето почнува да се чувствува независно и да ја манифестира својата волја. Ова значи дека честопати ќе прави спротивно од тоа што барате од него.
2. Кавга не помага! Така детето е уште посилно, бидејќи го радува што има влијание врз однесувањето на родителите. Молбите, убедувањата, уцените исто така немаат никакво дејство, освен што се лош модел за детето.
3. Она што е препорачано и ефикасно средство за справување со „не“ фазата на нашите најмили е дипломатијата. Децата на таа возраст се радознали, сакаат да си играат и да учат нови работи. Значи, наметнете ја својата волја низ игра, така нема да го повредите самочувството на малото, а ќе постигнете тоа што сакате. Пр. ако застанал во место и не оди натаму, наместо да се натегате, влечете и карате- понудете му трка , ееее, до она дрво, човек... и сл.
Не нудете му и не барајте од него ништо на кое може да одговори со „не“. Се нека биде игра, предизвик, забава... Ем волкот ќе биде сит, ем овците на број user posted image
Утешно е што по завршувањето на оваа фаза, детето ќе биде многу поразумно, подготвено за соработка и силно приврзано за вас следните 7-8 години. Потоа следува ново отфрлање на волјата на родителите низ пубертетот, е дури тоа е тренирање нерви и трпение user posted image

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Разбери се од збор!
10.4.2012 20:41:28   
Џесика
Да, има 3 години и 3 месеци user posted image ама тешко иде у пм. Пошто гледам тоа кавгањето да го сведам на минимум, реагирам на работи што навистина не е во ред да ги прави, ко со вратата на пример. Не е успех кај нас ако му го одвлечам вниманието, пошто ќе се наврати на тоа пак. А најчесто тоа и го правам, пошто приметувам дека тоа НЕ е за него ДА. Мозокот ми вергла 300 на саат само да смислувам нешто за да го одвлечам од тоа. Муабетот ми беше ДА СФАТИ дека нештото не смее да се прави, не дека не можам да издржам кога лупа со лажицата по маса со цела сила, или дека ја отвара 600 пати во минута вратата од замрзнувачот, туку да допре тоа до него и разумно да го сфати... или кога ќе му речам „немој сине така, не е убаво, види што направи сега, убаво ли е тоа?“ и добивам еден врисок силен и јак, да ми пукне мозокот...

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Разбери се од збор!
10.4.2012 21:08:07   
mamicki
Сфаќа, но не така како што ти очекуваш од него. Децата на таа возраст сеуште немаат расчистено со поимите „добро“ и „лошо“, туку истражуваат. Можеш да му понудиш логични, соодветни за неговата возраст, причини зошто не сакаш да тропа по масата на пр. Кога нешто бараш од него, инсистирај тоа и да го направи, но не со расправија и докажување, туку покажи му што сакаш : „Престани да тропаш со лажицата по масата, бидејќи така може да ја скршиш,“, на пр. а во исто време додека зборуваш, земи му ја лажицата од раце и оддалечи ја од негов дофат/поглед. Не дека нема да вреска, да клоца и да се бунтува. Во почетокот многу жестоко ќе го прави тоа, но не обраќај внимание на ваквите манифестации на бес. Број до 1001 во себе- но не влегувај во докажување и смирување на таков гнев.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Разбери се од збор!
10.1.2013 13:15:14   
vezilka RR
Мислам дека многу добро ме разбира ама има моменти кога не сака да послуша. Точно знае за кои работи сме му рекле дека не смее, и ритмично ги повторува. Да биде уште поголема бељата, ќе праша, мама може ова, и јас ќе му кажам не, па ќе праша за друго, мама може ова, јас не, и на третото нема да ме праша туку директ ќе го направи тоа што знае дека не смее, и веднаш се врти да види реакција. Или ако направи нешто што знае дека не смее, ание не смего виделе, ќе не повика фино лепо да ни покаже, не предизвикува.

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Разбери се од збор!
16.4.2013 10:05:16   
oliva

ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Да, има 3 години и 3 месеци user posted image ама тешко иде у пм. Пошто гледам тоа кавгањето да го сведам на минимум, реагирам на работи што навистина не е во ред да ги прави, ко со вратата на пример. Не е успех кај нас ако му го одвлечам вниманието, пошто ќе се наврати на тоа пак. А најчесто тоа и го правам, пошто приметувам дека тоа НЕ е за него ДА. Мозокот ми вергла 300 на саат само да смислувам нешто за да го одвлечам од тоа. Муабетот ми беше ДА СФАТИ дека нештото не смее да се прави, не дека не можам да издржам кога лупа со лажицата по маса со цела сила, или дека ја отвара 600 пати во минута вратата од замрзнувачот, туку да допре тоа до него и разумно да го сфати... или кога ќе му речам „немој сине така, не е убаво, види што направи сега, убаво ли е тоа?“ и добивам еден врисок силен и јак, да ми пукне мозокот...

ова како да се однесува на моето дете,истото го прави со вратата на замрзнувачот,и силно ја треска вратата повеќе пати,до таа мера што малтер почнува да паѓа,исто како кај вас,јас полудувам од ваквото однесување,како детето да не разбира што му зборувам

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Разбери се од збор!
16.4.2013 10:25:12   
masa
Јас да ви кажам почнав да тепам.Може ќе ме осудите,сеедно,но во ситуации кога не помага ништо плескам по газе и да ви кажам има резултати.Почнувам да мислам дека она "ќотекот е излезен од рајот" е навистина така.Сега и повеќе ме слуша.Иако знае сеуште да направи сцени кога ништо не помага,но се многу помалку и поретко.Кај нас ова упали и секако разговори постојано.Објаснување за се зошто треба така и зошто не треба поинаку!Имам и нова метода раскажувам измислени приказни за некое дете што постапило исто,па како или го земал полицец или кралица или лоша баба (читајќи ги приказните од овие има страв)па детето станало добро и се извило на мајката...зависи што ќе ми текне во моментот.Ова прво ми текна кога еден период не даваше рака на улица па и ја раскажував за Ивица и Марица со тоа што на почеток тргнале на прошетка со мајката и не давале рака и се изгубиле...и и стана интересно и кога нема да дава рака ќе и речам ќе се изгубиш како Ивица и Марица и одма дава рака.Сега со некоја ситуација што ми е проблематична одма измислувам приказна.Пробајте може ќе упали и кај вас.Мислам дека покрај инаетот и неслушањето сепак им е тешко да сватат некои работи.Исто се сложувам за дипломатијата дека помага особено ако се поврзе со некоја игра.

(Одговор на членот oliva)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Разбери се од збор!
29.10.2015 23:42:26   
marchi
Ако му одговара ќе разбере и ќе послуша ама ако не му одговара ќе се прави дека не разбира додека маж ми не го искара и не му даде малку ќотек. Потоа не смее да плаче мора да седи мирен и да Ќути а по извесно време ќе го каже она што го разбрал од зборувањето

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Разбери се од збор!
30.10.2015 0:03:39   
MamaKiki
ние сме малечки и уште се галиме со мама user posted image детево сака да отвора и да треска вратнички од кујната не е проблем ај поминува некако ама скоро почна да дивее во ходниот и тука имам стаклени вратнички како предсобје да речам дека е и сега му велам НЕ и тој гледајки ме во очи пак пробва да го затвори насила му свикав малку и детево ама се навреди user posted image почна да си плачи да ме гушка и во очи да неке да ме погледни , душа ме болеше.

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Разбери се од збор!
30.10.2015 16:23:28   
marchi

ИЗВОРНА ПОРАКА: masa

Јас да ви кажам почнав да тепам.Може ќе ме осудите,сеедно,но во ситуации кога не помага ништо плескам по газе и да ви кажам има резултати.Почнувам да мислам дека она "ќотекот е излезен од рајот" е навистина така.Сега и повеќе ме слуша.Иако знае сеуште да направи сцени кога ништо не помага,но се многу помалку и поретко.Кај нас ова упали и секако разговори постојано.Објаснување за се зошто треба така и зошто не треба поинаку!Имам и нова метода раскажувам измислени приказни за некое дете што постапило исто,па како или го земал полицец или кралица или лоша баба (читајќи ги приказните од овие има страв)па детето станало добро и се извило на мајката...зависи што ќе ми текне во моментот.Ова прво ми текна кога еден период не даваше рака на улица па и ја раскажував за Ивица и Марица со тоа што на почеток тргнале на прошетка со мајката и не давале рака и се изгубиле...и и стана интересно и кога нема да дава рака ќе и речам ќе се изгубиш како Ивица и Марица и одма дава рака.Сега со некоја ситуација што ми е проблематична одма измислувам приказна.Пробајте може ќе упали и кај вас.Мислам дека покрај инаетот и неслушањето сепак им е тешко да сватат некои работи.Исто се сложувам за дипломатијата дека помага особено ако се поврзе со некоја игра.

Исто и јас се служам со ќотек и има ефект но некогаш ги повторува грешките па ќе речам ќе добиеш ќотек ако продолжиш и се смирува. Еднаш ми рече ме тепај толку многу, и стварно ме растажи, ос тогаш почнав да му попуштам да не го тепам но со тоа згрешив, се опушти и се правеше дека тој треба да се слуша.

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 20
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?