|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Рецепти за деца
13.2.2013 13:04:45   
AnnaMolly RR
Веќе имаме тема Бебешки рецепти, каде се работи за бебиња до 1 година кои не може да јадат буквално се.
Затоа во оваа тема сакам да си пишуваме рецепти за поголеми дечиња, кои имаат повеќе производи во исхраната.

_____________________________

Live and let live
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Рецепти за деца
13.2.2013 13:09:35   
AnnaMolly RR
Пред некој ден го правев ова и Филип слатко се најаде, па си реков да го споделам со вас.

Солени мафини со маслинки

15 лажици брашно
5 јајца
1 пециво
100 мл јогурт/кисело млеко
100 мл зејтин
сечкани маслинки, сирење, варени моркови сечени на коцки (ова е по желба, може и со кисели краставички наместо маслинки)

Состојките одеднаш се ставаат во сад и се мешаат со миксер додека не се соедини смесата, потоа се додаваат маслинките, сирењето и варените моркови и се меша со лажица.

Смесата се става во калапи за мафини, ама претходно се подмачкува со путер и брашно. Се печат 20 минути на 200 степени.

Се сервира со кисело млеко или јогурт и е многу вкусно.

< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 13.2.2013 13:10:11 >


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Рецепти за деца
13.2.2013 13:12:49   
Mihaela 2010
Ajde bas ke probame...a mora da se kalapi za mafini??ili moze vo tavce primer ko za proja sto si praam??

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Рецепти за деца
13.2.2013 13:29:08   
AnnaMolly RR
Не, не мора во калапи. Може и во тавче најобично.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Рецепти за деца
13.2.2013 13:48:07   
vezilka RR
Супер е рецептов user posted image и јас го правам само малку е различен, брашното е пола/пола со пченкарно и 4 јајца. Јас зејтин ставам помалку од рецептот оти ми е многу мрсно инаку.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Рецепти за деца
19.2.2013 13:28:41   
Calypso
Јас викендов правев вакви мафини со моркови, маслинки и сирење, синко се изнајаде.
Сакав да споделам еден рецепт кој го направив денес, готов ми е веќе, го пробав, ептен е вкусно.
Вака, сварив супа (имав сварено телешко месо со коска), во водата ставив морков, грашок, пашканат, месото исечкано на ситни парчиња и малку лукче колку за мирис (го извадив). Значи баш супа сварив, зачинив со малку зачин (од Храна и вино го користам понекогаш) и наместо фиде додадов палента. Откако се свари убаво, во тавче подмачкано со маалку путер го истурив сето ова и го потпеков. Ептен дојде вкусно. За мерки не ме прашувајте, од око направив, ама помала количина оти готвам само за мене и син ми - додуша тој е оној што ќе јаде повеќе, јас не морам толкуuser posted image

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Рецепти за деца
19.2.2013 23:44:19   
elenak
Еве еден брз колач, за мали деца ама и за мајки и татковциuser posted image
500 гр. мелени бисквити
200 гр. шеќер во прав
500 мл јогурт
Во калапче се става смесата како подлога. Одозгора се ставаат парченца овошје (банана и вишни ми е пробано) и на крај еден шлаг.
Е јас го прилагодив за Ј со помали мерки колку за еден оброк (со 50 гр.плазма) и без шлаг пена па беше многу вкусно.Пробајтеuser posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Рецепти за деца
4.9.2013 15:02:21   
AnnaMolly RR
Ајде споделете некој рецепт за поголеми дечиња, веќе немам идеи што да му правам на детево нешто интересно, се ми се чини како едно те исто да јаде.
За појадок и вечера идеи давајте, за ручек си јаде разни манџи и слично.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Рецепти за деца
4.9.2013 22:07:42   
Bethany
Јас ќе напишам еден , на прв поглед, многу чуден рецепт, не ми се смејте.
Ама јас го прочитав на еден форум одамна, и чат-пат му правам на син ми.
Прво да се разбереме, многу е вкусен а е прав бучкуриш user posted image Кога го прочитав, се згрозив, ама го направив и ми се виде вкусно, а е многу јак доручек, за силни деца user posted image (Мислам дека е за над една годинка).

Значи се вари палента со млекото, пред крај се додава едно матено јајце (јас ставам само жолчка), па се тоа се свари.
Потоа се додава (по оригиналниот рецепт) 2 лажици мелена плазма, 1 лажица житарки (корнфлекс), неко овошје, најдобро банана и на крајот лажица мед.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Рецепти за деца
23.9.2013 15:52:48   
bebuska123
Znaci majka, sekoja cest za receptot! Mojot sin palenta nesaka ni da pomirisa ama vaka ja jade so slast! I isprobav i bez jajce i vo kombinacija so drugo ovosje(praska, krusa). Vistinski hit!
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Јас ќе напишам еден , на прв поглед, многу чуден рецепт, не ми се смејте.
Ама јас го прочитав на еден форум одамна, и чат-пат му правам на син ми.
Прво да се разбереме, многу е вкусен а е прав бучкуриш user posted image Кога го прочитав, се згрозив, ама го направив и ми се виде вкусно, а е многу јак доручек, за силни деца user posted image (Мислам дека е за над една годинка).

Значи се вари палента со млекото, пред крај се додава едно матено јајце (јас ставам само жолчка), па се тоа се свари.
Потоа се додава (по оригиналниот рецепт) 2 лажици мелена плазма, 1 лажица житарки (корнфлекс), неко овошје, најдобро банана и на крајот лажица мед.

go ovosje(krusa, praska). Vistinski hit!

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Рецепти за деца
23.9.2013 19:00:32   
Bethany
Бебушка123, е баш ми е мило да му се допаѓа на твоето детенце. И браво што беше храбра да го пробаш рецептот, мене ми требаше некое време, бидејќи на првиот впечаток ми беше многу чудна комбинација. user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот bebuska123)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Рецепти за деца
29.9.2013 14:09:27   
bebuska123
Еве еден рецепт од менито на мојот син:
1 компир, неколку цвета брокула, морков, 2 топчиња моцарела, 1 јајце и половина мала павлака.
Компирот се сече на плочки како за мусака со дебелина од 0,5 мм и се вари заедно со морковот исецкан на тенки тркалца (2 мм). Брокулата се бланшира. Кога ке биде сварен зеленчукот се става во тавче и се редат прво компирчињата а врз нив се додава морковот и брокулата и сецканите топчиња моцарела. Се полева со смесата од изматено јајце со павлака и се запекува во рерна.
Нормално се става и сол колку што јаде вашето малечко. Многу е вкусно и е поинакво од оние варива што мислам дека на децата над 1 година веке им се здосадени :)

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Рецепти за деца
16.11.2013 1:24:08   
marchi

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Веќе имаме тема Бебешки рецепти, каде се работи за бебиња до 1 година кои не може да јадат буквално се.
Затоа во оваа тема сакам да си пишуваме рецепти за поголеми дечиња, кои имаат повеќе производи во исхраната.

aj ve molam link za temata bebeski recpti za deca pod edna godina?ili prefrlete go postov tamu

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Рецепти за деца
16.11.2013 1:32:33   
Felly RR
Еве ја темата БЕБИ РЕЦЕПТИ.
За да ја најдеш темата која те интересира, Марчи, горе десно под полето кај што ти вели: Здраво Марчи! Одјава, имаш поле за пребарување - со лупата. Тука пишуваш тоа што сакаш да го најдеш и кликаш на лупата. Се надевам ти помогнав за полесно да се снајдуваш.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Рецепти за деца
16.11.2013 1:35:24   
marchi
fala user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Рецепти за деца
22.7.2014 1:44:56   
marchi
sve to ubavo duri mene da mi otvori apetit no moevo "budalce" pocna da jade samo "gluposti" popara so kogurt,cokolino,supa pire beli peciva i ovosje.drugo nisto user posted image

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 16
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?