|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Санитарија
27.7.2011 8:25:43   
Snowhite RR
Бидејќи моментално го правиме спратот од куќата и сме стигнати до купатилото, односно до водоводот па пред да се направи треба да одлучиме за некои работи. Затоа би сакала совет од вас во врска со уредувањето на купатилото, односно санитаријата
Па еве вака, ние сакаме да купиме моноблок шоља, ама некои велат дека морало по двапати да се пушта вода, па дури и со леген за убаво да „истера“.
Потоа во врска со чешмите дали е подобро од ѕид или од лавабото да излегува? Исто така сакаме под лавабото понатаму да си направиме како шкафче со врати со полици за чување на некои работи внатре. Е сега јас мислам или да купиме готови, ама се доста скапи, така да не знам дали ќе ни стигнат парите сега за тоа или да купиме само лавабо, без столб, за да можеме пнатаму сами да си направиме. Ама така, во една продавница ни рекоа дека во тој случај лавабото ќе треба да биде прицврстено на ѕид и не е стабилно и ако некој се потпре посилно може да го скрши.
И најважното, се двоумиме дали када или туш кабина да купиме. Не е многу големо купатилото, кадата ќе ни зафати голем дел, ама е попрактична. Мајсторот за туш кабините рекол дека на многу места каде што му имал наместено туш кабнини по неколку години го викале да им ги вади праваните и да остане само када, бидејќи се искривувале и не знам што, потоа дека кабината не е практична за жена, бидејќи не може внатре да капи дете, да пери итн. Од друга страна малку простор зафаќаат и плус кога одиш да се тушираш купатилото ти останува чисто не ти се водени.
Ајде ве молам за совети, треба за 2 дена да ги донесаме овие одлуки за да може мајсторот да почне да работи

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Санитарија
27.7.2011 11:33:32   
kuklica
vaka znaci nie go pravevne kupatiloto pred 1,5 god.Postavivme tus kabina ali kako kada dlaboka taka da mozis da si isperes i kebe slobodno a kamoli nekoja pomala rabota dete uste poslobodno mozis da si iskapis (90x90 e) em nema da go napravis celo kupatilo lom.Znaci spored mene sekogas tus kabina ali dlaboka da bide kadata.
A za umivalnik cesmata nikako nemoj da ja postavuvas vo zid i da gi busis plockite em izgleda grdo em staromodno znaci kakov i da bide umivalnikot cesmata na nego da bide pricvrstena a ako ne si vo moznost sega da postavis od onie sto se kako komodi (nie imame takva i epten mi se pogodi ) samo umivalnik so cizma odozdola ti e okolu 1800 den znaci koga ke sakas da postavis komoda isplatlivo e skros da go izvadis posto so komodickite si odi i umivalnik.
e sega soljata ne razbiram kakva e taa, ako e od onie sto se zakacuvaat vo zid znam deka ne se prakticni moze odma da se razmrda a i kazanceto posto se vgraduva vo sidot vnatre ako se rasipelo trebelo cel zid da se kopa, a ako zboris za onie solji sto e kazanceto pricvrsteno na niv se odlicni i dovolno e samo 1 da pustis voda user posted image ( takva imame)
Mislam deka malku ti olesniv ako treba nesto prasuvaj pozz

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Санитарија
27.7.2011 12:10:31   
AnnaMolly RR
Ние имаме прилично мало купатило и моравме туш кабина да ставиме. Ама многу ќе ми беше поубаво со када, во поглед на бањање на детето. Во купатилото на долниот кат ќе ставиме када, никако туш кабина!

А лавабото ни е стаклено! На изглед е преубаво, цело стакло, со интересна чешма, како од фонтана тече водата. Ама за чистење е кошмар! На секое миење раце МОРА да се брише за да не фати бигор. Во прва прилика го менуваме!

user posted image

Еве, потполно исто вакво лавабо имаме.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот kuklica)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Санитарија
27.7.2011 12:24:28   
Bethany
Ние во станот каде живеевме претходно имавме таква туш кабина што ја куклица спомнува. Значи туш кабина, ама тој подолниот дел, е како када длабока и може да ти слуши и како када да се наполни со вода. Оваа беше ептен таква целосна кабина со тие тушеви масажери и слично, што воопшто нема да се употребуваат, ама сигурно има подлабоки туш кади-кабини и без тоа. Да не зборам дека нон-стоп ти е суво купатило што е закон!
Чесма на лавабо беше од лавабо и многу убаво изгледа, с тим што долу беше додадено такво плакарче што сакаш ти. И лавабо е прицрстено за ѕид, а долу е плакарче. Не знам како би можело да спадне, нема ти да скачеш на него. user posted image И супер практично е.
Е а вц шоља беше причврстена на ѕид не на подот долу, и казанче беше вградено во ѕид и супер беше. Мислам дека толку време никакви проблеми немавме. Не знам да ли е тоа таква моноблок шоља? Оваа шоља е од тие што кога пустиш вода, малку се нивото во шоља подигне ко да ќе истекне, али нема user posted image Многу убаво спираше.
Тоа е моето искуство и да правам јас купатило , пак овакво би направила.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Санитарија
27.7.2011 12:31:18   
Bethany
Еве и слика, ако нешто ќе ти значи, само немам од шоља. user posted image
Значи, купатилото беше мало, ама толку добро наместено да е практично, а не тесно.

user posted image

< Поракaта ја уредил Bethany -- 27.7.2011 12:35:50 >

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Санитарија
27.7.2011 22:50:08   
Snowhite RR
user posted image

Ова е моноблок, значи шољата и казанчето поврзани како едно. Е сега вакви има од 4-5000 ден до 18 000 ден
Во врска со лавабото најверојатно како што му кажале на мм, а и ние кога разгледувавме сите се такви да чешмата излегува од лавабо.
Ако се одлучам за туш кабина сигурно ќе биде од тие подлабоките како кадичка.
Како и да е, ви благодарам за одговорите
Чекам ајде и другите, сега брзо доста од вас се вселуваа во нови домови, па ајде кажете какви елементи ставивте во купатилата. А и оние кои се од поодамна вселени нека кажат како им се погодиле или не им се погодиле елементите.
Се надевам дека оваа тема ќе им помогне и на другите кои доправа ќе градат или реновираат дома


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Санитарија
27.7.2011 23:44:20   
Natuska85
незнам дали ти се верува ама станав отидов до купатилото за да видам точно шолјата каква ни еuser posted image user posted image user posted image user posted image .Ич не сум по тие детали такви,а може и дека беше веќе се наместено во станот кај нас.Значи вака,ние имаме ваква шолја како шо ја викаш моноблок и ок е,има две дугмиња,за по мала и по голема нужда деuser posted image user posted image user posted image .Во предходниот стан кај што бевме под кирија имаше шолја која излегуваше од зидот,и казанчето беше вградено во зидот и многу финтаџиско ми беше.Тука сега во нашиот стан имаме када,ама големо ни е купатилото,е сега понатаму ако купиме сушара може да ја смениме и со туш кабина ама баш таква малку поголемка,со подлабока кадичка.Мм на таква имал мерак,неќе ич кадаuser posted image .За практичност мислам дека попрактична е кадата,пошто можеш да се навалиш да запереш нешто,или да измиеш коса,или дете да бањаш во неа,а во туш кабината неможеш тоа.А за да ти биде суво купатилото можеш и на кадата да ставиш параван,таков како на туш кабината(околу 100 евра е за на када) и пак ќе ти биде чисто купатилото после бањање. Лабавото ни е класично,чешмата излегува од лабавото,а мислам дека и повеќето се такви.Ако те интересира нешто друго поконкретно повели

< Поракaта ја уредил Natuska85 RR -- 27.7.2011 23:45:04 >


_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Санитарија
28.7.2011 0:00:34   
Snowhite RR
А јас мислиш сум по такви детали, ама маката ќе те натераuser posted image
Фала ти за ова до сега, утре сабајле пак ќе излегуваме да разгледуваме па ако ме интересира уште нешто ќе прашам

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Санитарија
29.7.2011 9:14:28   
Snowhite RR
Вчера посетивме уште една продавница, која ни на крај памет немаше да ми падне ако не ни ја кажеа, и искрено најдобар избор имаше и цените им беа поповолни во однос на другите. Најверојатно се ќе купиме оттаму, се надеваме дека можеби ќе ни дадат и попуст, како и да е кога ќе купиме ќе ви поставам слики

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Санитарија
31.7.2011 18:38:48   
Felly RR
Местете и поставувај слики, може и ние ќе се решиме да го реновиреме. Се нешто не ни се погодува времето, тамам ќе си речам, ајде почнуваме, ќе излезе нештоuser posted image
Јас сакам туш кабина, ама со подлабока кадичка што се, и лавабо со плакарче, со вратнички, да може нешто внатре да се стави, и да не може Матеа да чепка.


< Поракaта ја уредил Felly RR -- 31.7.2011 18:41:36 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Санитарија
31.7.2011 18:57:45   
Snowhite RR
Ние на крај када купивме, ама убава е не е како класичните емајлирани кади од времето и оваа е правоаголна, ама внатре е малку како на нивоа, така помодерна и најверојатно ќе ставиме комбиниран туш и наместо завеси ќе ставиме паравани, па така ќе си имаме и туш кабина и када.
А за лавабоа со плакарче, освен во Виварта, во сите други се истите, мене не ми се бендиса ниту едно, па затоа купивме само лавабо, а понатаму сами ќе си правиме мебел за купатило. Е сега во врска со чепкањето ќе треба ако е долу да се стави клуч или да се постават горе на повисоко, во спротивно знаат и да отворат и пак да чепкаат, тие мали палавковциuser posted image


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Санитарија
31.7.2011 19:48:17   
Felly RR
Јас ги врзувам вратничките кај што може да дофати. Така и во купатило планирам, врзани вратничките, и да не може да отвори.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Санитарија
31.7.2011 21:29:06   
Џесика
Среќа наша пред да се вселиме во куќава, во станот го имавме реновирано вц-то и ставивме туш кабина пошто вц-то беше ненормално мало, ја земавме длабока како када, ама мене лично ми се смачи кога е во прашање одржавањето...  па тоа пур-пената коа почна да се одлепува, да потемнува...ужас!!! Во куќава инсистирав на када и тоа без никакви паравани. Среќа Борјан до тогаш го бањавме во корито, не знам во кабината што ќе правев, никаков пристап немав...
Мијалникот ни е со шкафче од него, најмногу заради практичност, све внатре чувам user posted image за шољата немам коментар, земавме една специфична, и 2 месеци капак не можевме да најдеме за неа user posted image

< Поракaта ја уредил Џесика РР -- 31.7.2011 21:30:27 >


_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Санитарија
31.7.2011 22:12:21   
Natuska85
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Ние на крај када купивме, ама убава е не е како класичните емајлирани кади од времето и оваа е правоаголна, ама внатре е малку како на нивоа, така помодерна и најверојатно ќе ставиме комбиниран туш и наместо завеси ќе ставиме паравани, па така ќе си имаме и туш кабина и када.
А за лавабоа со плакарче, освен во Виварта, во сите други се истите, мене не ми се бендиса ниту едно, па затоа купивме само лавабо, а понатаму сами ќе си правиме мебел за купатило. Е сега во врска со чепкањето ќе треба ако е долу да се стави клуч или да се постават горе на повисоко, во спротивно знаат и да отворат и пак да чепкаат, тие мали палавковциuser posted image



И нашата е таква ама малку тешка е за одржување,горе ми се насобира вода и ако не ја исчистиш може да се изморкиш несакајќи после некое време кога ќе помониш за нешто.Ама штом сте ја купиле веќе создравје да си ја користите,инаку закон ми е да си ја наполнам внатре, пења си правам и си лежам,пошто баш таква нели не е права,него закосена доаѓа па и рацете има кај да си ги потпреш,уживанцијаuser posted image


_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Санитарија
31.7.2011 22:17:23   
Slagjana
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Ние на крај када купивме, ама убава е не е како класичните емајлирани кади од времето и оваа е правоаголна, ама внатре е малку како на нивоа, така помодерна и најверојатно ќе ставиме комбиниран туш и наместо завеси ќе ставиме паравани, па така ќе си имаме и туш кабина и када.
Е сега во врска со чепкањето ќе треба ако е долу да се стави клуч или да се постават горе на повисоко, во спротивно знаат и да отворат и пак да чепкаат, тие мали палавковциuser posted image


Баш ме интересира како изгледа кадата и колку е долга. Ко ќе ја наместите да ставиш слики да ја видиме. А за да нема чепкање во шкафчиња заклучувањето е многу досадно. Мора и клучот да го вадиш и да го криеш повисоко оти и него ќе го зема. Така ние си ја заклучивме кантата за ѓубре и еднаш цел ден си го баравме клучот. После најдовме нешто специјално за таа намена во Џамбо во Скопје. Се продаваат по 2 во пакување околу 180 ден. Има и бели и црни и се многу практични. Се лепат на вратите од шкафчето и дете не може да ги отвори, а за возрасни е многу лесно.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Санитарија
15.3.2015 9:56:22   
Felly RR
Конечно и кај нас дојде ред на купатилото, е сега главната дилема ни е - дали када, дали туш кабина или пак директно на плочки да се стави само стаклена врата, без кадичка долу. Во последно време гледам многумина се одлучуваат за последната варијанта, ептен е убаво за на изглед, но колку е практично - и дали долу на подот треба да се стави некоја посебна изолација, оти кај нас на долниот спрат и онака се имаше јавено мувла, под купатилото, па вака да не го влошиме проблемот уште повеќе?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Санитарија
15.3.2015 14:24:16   
Snowhite RR
Јас би ти пρепоρачала κада и ние долго вρеме ρазмислувавме, ја имавме истата дилема и на κρај се одлучивме за κада и не се κаам зашто за со мали деца тоа е навистина иделано ρешение, а вие сега си чеκате пρинова и мислам деκа најмногу тоа ќе ви одговаρа

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Санитарија
16.3.2015 9:28:54   
nataly86
Дефинитвно тоа што е во тренд во глобала е непрактично! Мислам дека најдобра варијната е када или туш кабина како со кадичка што се подлабока, од искуство само стаклена врата најлоша варијанта мене ужасно менервира бидејќи фугите од плочките во тој за капење ке треба после секое користење да ми рибаш. (а колку тоа е можно друга приказна user posted image )

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Санитарија
17.3.2015 13:15:27   
Felly RR
Натали, значи да ја отфрламе третата опција.
АЈ ќе размислиме уште некој ден, па ќе пишам што сме одлучиле. АКо има уште некој предлог, добредојден ќе биде. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Санитарија
17.3.2015 13:44:41   
Malecka23
Felly i jas bi ti preporacala tus kabina ama od dlabokite kako so kadicka.Nie lani go renoviravme kupatiloto i ja imavme istata dilema.I ova da ti kazam epten dobra rab ni iskoci em dete banjas vo kadicka ke go napolnis so voda a ne so ton voda em ne ti prska na site strani i epten se lesni za odrzuvanje.Samo vratite od tus kabinata nikako stakleni toa e uzas za cistenje a mn ubavo samo za gledanje.
I da bas bi kazala se sto e vo trend e krajno neprakticno posebno koga imas deca doma

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 20
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?