|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Фразеологизми (фразеолошки изрази)
12.6.2010 9:01:41   
Bitolcanka
Зборовните споеви што се употребуваат во јазикот како целосни, готови јазични елементи со единствено значење се викаат фразеолошки изрази или фразеологизми.

1. Ова е многу тврд орев, не се крши со заби.
2. Ќе бидеме тврд орев за нашиот утрешен противник.

Забележуваме дека нема исто значење во двете реченици.
Во втората реченица има значење: тешко совладлив.

Нашиот јазик е богат со фразеолошки изрази (фрази). Голем дел често употребуваме и во секојдневниот говор:

Го зеде на заб.
Го замрази.

Животот му виси на конец / Мириса на земја.
Пред умирање е.

Му потонале (пропаднале) гемиите.
1. Се вели кога некој се замислил и се намуртил без да има
сериозна причина за тоа – нема причина толку да се грижи.
2. Се почувствува сосем загубен, без никаква надеж.

Времето е пари.
Времето значи многу за секого и за се во животот. Тоа е поскапоцено и од парите. За сé е потребно време. Треба да се искористи максимално.

...

< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 12.6.2010 9:05:25 >


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
12.6.2010 9:21:11   
Палешка РР
user posted image user posted image user posted image

Од петни жили - се напрега, дава се од себе, се труди
Кожа и коска - слаб човек
Ветар во магла - нема ништо од започнатата работа
Му падна секирата во мед - добил добра работа, неочекувано наследство или богато се оженил/омажила
Димна гора - далеку



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
12.6.2010 9:51:54   
Палешка РР
Се качил на чанакуле - на високо
Си ја има мувата на капата - има грижа на совест


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
12.6.2010 9:57:18   
Bitolcanka
Палешке ти ја погодив темата, а? user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
12.6.2010 21:53:11   
vezilka RR
Ни срам ни перде.. Воопшто не се срами
Кој те шиша..Не ти придавам значење
Да не чуе злото..Да не кобиме
Ни лук јал, ни лук мирисал..Без никаква вина
На твоја глава..И тебе да ти се случи ова што ми се случи мене
Сега му е мајката..Сега е вистинското време
Ми дојде душата на место.. Се смирив
Дај ми го нати го..Си разменуваме нешто
Иди ми, дојди ми..Се посетуваме меѓусебно
Око не ми трепнува..Не ми е грижа

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
12.6.2010 22:11:55   
Палешка РР
Без да трепнат око продаваат - само до богатство да дојдат
Копец душата закопчана - стегната
Од умот се разделил - полудел
Умот ми е мазна лубеница - ништо не разбирам
Душа ми се кине - тагувам
Уста лајава - човек кој многу зборува



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
13.6.2010 1:32:40   
Snowhite RR
Мислам дека битолчани најмногу користат вакви фрази во својот говор, интересноuser posted image user posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
13.6.2010 12:08:21   
niki
Супер темаuser posted image user posted image user posted image
Не сум битолчанка, ама скоро сите горенаведени фрази ги користам во говорот,
еве уште:

Мижи Асан, да ти баам. - не верувам
За секоја крпа има и закрпа. - секој ќе си најде другар, пријател, партнер
Секое лонче и поклопче. - види погоре
Во секоја манџа запршка. - секаде се замешува
Своето гuser posted image о не смрди.user posted image - обично за деца се употребува кога мајката си го брани своето секогаш





_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
13.6.2010 13:14:06   
Bitolcanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Мислам дека битолчани најмногу користат вакви фрази во својот говор, интересноuser posted image user posted image



Па, користиме пријателке user posted image Работев на оваа тема на ПДС, па добив идеја да ја поставам и на РР user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
13.6.2010 13:23:47   
Bitolcanka
Веков е скала – Состојбите во животот на човекот се подложни на промени.

Ја намириса работата – Сфати што се случува / подготвува.

Нема душа / Без душа е.
1. Немилосрден е, безмилосен е, брутален е, бесчувствен е.
2. Папсан е, одвај дише (од умор, од болест, од страв и сл.).

Оган и барут – Се вели за две лоши личности. Тие не може да успеат да пронајдат „заеднички јазик“, да бидат пријатели.

Крваво стекнато парче леб. – Тешко / мачно, со пот заработени пари и леб.


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
13.6.2010 13:40:51   
Bitolcanka
Животот е борба. - Во текот на својот живот секој човек се труди да опстане, да си обезбеди егзистенција за себе и своето семејство, прави сè за да си обезбеди подобар живот себе и своите најмили.


Јонче: ... Е, свет, свет, расипан свет! ... како узбуркано море корабон така
и ти ги носиш чесните луѓе во пропаст. Да, таков е животот-тежок и на
сето тоа мора да се издржи ... А кога расипаниот свет живее зошто па
чесниот да загине? Да, та јас не би бил никаков човек кога би ги заклал
децата и себеси. Животот е борба и ќе се борам! Јас сум млад и ќе
најдам исход! Та колку е убаво да имаш дечиња, да ги растеш, да ги учиш
и да ги гледаш со секој изминат ден сî поголеми и познајни и еден ден
израстени и учени. Та зар морам да бидам дуќанџија? – не, ќе работам
што ќе најдам, рудар ќе станам ... Од работа – не е срамота! Нека се
срамат оние што живеат како паразити на грбот од друг, а јас ќе се
сеќавам горд што парчето леб со пот ќе си го вадам.
(Милион маченици., 94-95)


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
13.6.2010 13:47:43   
Bitolcanka
Луди години – Годините на младоста

Жива вода – Сосем накиснат (од вода, од пот и сл.).

Вересија – потресија – Кој дава на кредит или заем, лошо поминува .

Машка глава

1. Маж.
2. Домаќин во куќата.

Има абер (од нешто) - Знае по нешто

Век векува – Живее до длабока старост / Долго постои

Сложни калуѓери и в среда и в петок мрсат. - Со слога сè се постигнува (и невозможното станува возможно), без слога – ништо

Ќе ти мине како на куче. - Брзо ќе помине болката. Се споредува со кучето, зашто тоа се смета како издржливо, силно животно.


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
13.6.2010 14:02:30   
Палешка РР
Кантар од сто кила не го трга - обично така велам за немирно дете user posted image
Падна од коњ на магаре - се симна на пониска позиција
Не купувај мачка во вреќа - прво провери, види што купуваш
Затишје пред бура - краткотрајно спокојство
Содома и Гомора - за места на кои се одвиваат лоши работи


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
13.6.2010 14:07:23   
Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Мислам дека битолчани најмногу користат вакви фрази во својот говор, интересноuser posted image user posted image


и јас мислам такаuser posted image


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
13.6.2010 14:13:54   
Bogdancanka
од ѕидот на амбарот-зборува глупости
пушти аро за вода и ти оди по него-кога некој ќе го пратиш по нешто и го нема подолгоuser posted image
не тропи ногу ногу-да не зборува многуuser posted image
гладна мечка оро не играе-гладен не се работи
баш ме заболе-не ми е гајле
тачка-одкачен/а

имаме и ние многу такви изрази само што во моментов сум блокиранаuser posted image user posted image user posted image треба да запишувам да не заборавамuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
13.6.2010 14:28:59   
Martins mom
Ај малце штипскиuser posted image user posted image

газ и гаки - неразделни
лимон табиет - за некој што многу се лути
мижи Митро, тулумби паѓат - исто значење како мижи Асан да ти баамuser posted image
ко ќе моша Илинка преку Исаро - за нешто невозможно
шо ме боле за Овче Поле шо нема море - за нешто што не ти е гајле
иди ми дојди ми - нема потреба од објаснување на значењетоuser posted image
на ти го дај ми го...


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
13.6.2010 14:30:09   
Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

Ај малце штипскиuser posted image user posted image

газ и гаки - неразделни
лимон табиет - за некој што многу се лути
мижи Митро, тулумби паѓат - исто значење како мижи Асан да ти баамuser posted image
ко ќе моша Илинка преку Исаро - за нешто невозможно
шо ме боле за Овче Поле шо нема море - за нешто што не ти е гајле
иди ми дојди ми - нема потреба од објаснување на значењетоuser posted image
на ти го дај ми го...



она моша е грешка, треба мочаuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
13.6.2010 14:42:11   
Палешка РР
user posted image  user posted image  user posted image


Кога врбата ќе роди грозје - никогаш
Му ја скрои капата - направи план
Празен стомак не ора - на гладно не се работи
На гладно срце - гладен


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
13.6.2010 16:48:39   
niki
Аааааааааа колку сме ги имале и колку се смешниuser posted image user posted image user posted image

На нероден Петко капа му скроија. - испланираа предвреме
Не трчај ко прле пред магаре. - не избрзувај, со ред
Се сакаат ко глушецот  и мачката. - не се сакаат
Пресипува од празно во шупло. - се труди, работи, се мачи ама без резултат




_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
13.6.2010 17:45:09   
Палешка РР
Ем даруш, ем магаруш - ако не ти го бендисаат поклонот user posted image
На аризан коњ заби не му се гледаат - не наоѓај мани на поклон user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
13.6.2010 18:34:28   
Палешка РР
Го кркав копанот - настрадав
Се прави поголем католик од папата - се прави важен


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
13.6.2010 22:22:50   
Bogdancanka
ем шут ем боде-крив па се прави јак
на св.Никад-никогашuser posted image


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
14.6.2010 0:02:26   
Maca25
омилениот на брат ми, а баба ми ни го кажа

ја сакпаа тиквата - се скараа


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
14.6.2010 10:14:25   
niki
Мачкање очи. - лажење
Чист образ. - чесен
Ако не можеш по магарето, удри по самарот. - неправедно се напаѓа некој невин, близок на виновникот.user posted image преводов ми е Шта да ти причам, кад све знашuser posted image ова последново е српски фразеологизамuser posted image user posted image user posted image user posted image



_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази)
14.6.2010 10:28:05   
Палешка РР
Надвор е капни замрзни - многу студено
Прст пред око не се гледа - магла
Сам нека си го вади лебот - нека работи


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?