|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Целијакија
26.6.2009 15:16:00   
mami
Целијакијата е како болест позната веќе 2000 години, но дури во 1950 год. е утврдено дека тоа е всушност неподнесување на некои житарици. специфичноста е во составот на житариците т.е. житарици кои содржат глутен. Глутенот по градба е белковина која кај поединци доведува до уништување на слузницата на тенкото црево, која со тоа ја губи способноста за ресорпција на хранливите состојки.
Глутен најмногу содржи пченицата, но го има и во ржта и јачменот.
Целијакијата е трајна и доживотна, а најчесто се јавува откако ке се воведе глутенот во исхрната. Бидејќи кај нас пченицатасе воведува многу рано во исхраната на доенчето, болеста може да се јави некаде меѓу 9-12 месец.
Заболеното доенче добива пролив кој не престанува со вообичаените диети. Столиците се со карактеристичен мирис, кашести, обилни и со несварени остатоци од храната. На оваа болест треба да се посомневаме доколку детето има хроничен пролив проследен со губење на тежината и застој во растот.
Дијагноза се поставува врз основа на биопсија на слузницата на тенкото црево, а главен лек е избегнување на глутен во исхраната. Бидејќи болеста т.е. оштетувањето е трајно, заболеното дете треба да биде на диета (храна без глутен) цел живот. Доколку строго се придржува оваа диета се губат сите знаци на болеста
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Целијакија
27.6.2009 8:52:50   
Еца
"Ако некое бебе кое е алергично на глутен внесе храна што ја содржи оваа состојка, тоа е катастрофа по неговото здравје", вели д-р Ели Ѓуковиќ, педијатар во Гинекологија - Чаир. Таа објаснува дека кај овие дечиња како реакција на внес на ваква храна може да дојде до алергиска реакција на органите за варење, односно да се појават проливи, повраќање и слабеење.
Ист став има и проф. Зоран Гучев, директор на Клиниката за детски болести во Скопје.
"Не станува збор за класична алергиска реакција, проследена со црвенила, пликови или слично. Тоа всушност е алергија на цревата, односно цревните ресички, кои доколку постои алергија, не се во можност да ја апсорбираат внесената храна. Поради тоа, децата слабеат, односно тие се постојано гладни и тогаш кога ги храните со храна во која има глутен. Болеста што овие дечиња ја имаат се нарекува "целијакија", која доколку се открие лесно се контролира. Едноставно на детето не му давате храна со глутен, односно не јаде житарици, туку само пченка или соја. Но, ако тоа бебе дојде во контакт со глутенозна храна, болеста потворно му се враќа", објаснува проф. Гучев.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Целијакија
27.6.2009 9:58:49   
mami
Најдов неколку рецепти за дечињата кои не смееат да внесат глутен...ама бидејќи денов ми е турбо ке ви ги пишам вечер дури...
А баш ме интересира- Имаме некоја мамичка или татичко кои имаат ваков проблемuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Целијакија
30.6.2009 10:25:52   
mami
Ви пишав два рецепта за дечињата кои не смеат да внесат глутен..одете во рубриката рецепти и во одделот за алергични...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Целијакија
1.7.2009 11:02:00   
mami
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2069&stID=13952 статијава е постара ма кажува колку е состојбата кај нас загрижувачка за децата со овој проблем

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Целијакија
1.7.2009 11:05:46   
mami
Симптоми на целијакија се:
  • Хроничен пролив
  • Губење во тежина
  • Повраќање
  • Болка во стомакот
  • Подуеност
  • Анемија

Останати симптоми се:
  • главоболки и мигрена
  • чиреви во устата
  • замор/летаргија
  • болка во мускулите и зглобовите
  • бавно растење кај децата
Целијакијата обично е проследена и со создавање пликови и јадеж на кожата наречен дерматитис херпетиформис, кој може да се појави и да се повлече и без лекување.
Важно е луѓето што боледуваат од целијакија да не консумираат храна што содржи глутен, дури и ако немаат никакви очигледни симптоми. Некои луѓе имаат силно нагласени симптоми, а многу мало оштетување на клеточните ѕидови, а други воопшто немаат симптоми или се малку манифестирани, но оштетувањата се многу поголеми.

< Поракaта ја уредил mami -- 1.7.2009 11:06:51 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Целијакија
1.7.2009 11:08:32   
mami
Како се открива?
За почеток, може да се направи испитување на антитела на глутен во крвта. Меѓутоа, за да се потврди болеста, пациентот мора да направи биопсија на тенкото црево по консумирање храна што содржи глутен. Пред тестирањето, во исхраната мора да биде вклучена и храна што содржи глутен, затоа што, во спротивно, цревата можат да заздрават и целијакијата нема да биде откриена.

Како се лекува?
Во моментов не постои лек за целијакијата, па заболените треба да се придржуваат кон исхрана без глутен. Доколку не се придржуваат, се зголемува ризикот од заболување од остеопороза, неплодност и забавен раст и развој кај децата.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Целијакија
9.7.2009 4:42:48   
bambi
Koi decinja se rizicni i treba pretpazlivo voveduvanje na hrana so gluten, site ili onie koi imaat nekoj zabolen vo semejstvoto?

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Целијакија
9.7.2009 8:50:43   
mami
бамби па што не поседи уште малку ке се најдевмеuser posted image user posted image user posted image user posted image
инаку секое дете е посебно, значи не мора да значи дека ако имало болен од целијакија во семејството дека и детето ке биде, има семејства каде едното дете е болно а другото е сосема здраво и ништо не му е..затоа се предупредува кога станува збор да се почне со исхрана која содржи глутен да се внимава на реакцијата на детето и за секоја промена да се посети доктор и да му се напомене дека промената или проблемот се јавил при воведувањето на глутен во исхраната за да се направат дополнителни истражувања

(Одговор на членот bambi)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Целијакија
11.7.2009 7:27:21   
Еца
Алергија на глутен, состојка на пченицата која може да предизвика сериозни здравствени пореметувања. Дури се смета дека ова е најсериозниот вид алергија оти "нападот" може да се појави во кој било животен период, а кога ќе се појави, останува како постојана и трајна пречка и неможност да се јаде пченично брашно и се што се прави од него. Овој вид алергија на храна неретко е притаена.  Глутенот, уште наречен и растително лепило, е онаа состојка на пченичното зрно која му ја дава лепливоста. Таа може да предизвика пореметување во органите за варење, што во организмот доведува до недостаток на калциум, железо и витамини. Понатамошните последици се нагло слабеење или гоење, гастритис, дијареја, чести главоболки, замор, кршливи нокти и заби подложни на кариес. Овој вид алергија најмногу ги погодува малите деца и жените по 35-та година од животот. Кај бебињата се јавува со првите оброци од млеко, по одбивањето од доење, а кај жените по бременоста и породувањето.  Лесно се утврдува алергијата кај бебињата затоа што недостигот на витамини предизвикува недоволен развој, а кај возрасните сомневање може да предизвика анемијата која никако да помине, остеопорозата во раните години, хормоналните пореметувања. Оваа алергија честопати е притаена, а кога лекарот ќе се посомнева може да ја открие со анализа на крвта во која се откриваат антитела.  Кога ќе се утврди алергијата на глутен првиот чекор е темелна промена на начинот на исхрана. Наместо пченица и пченично брашно се користат другите житарки - овес, пченка, просо. Се препорачува многу риба, зеленчук, печурки, овошје и месо. Прехранбената индустрија веќе произведува некои видови намирници од житарки (леб, колачи, детски кашички) кои не содржат глутен и тоа е забележано на амбалажата.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Целијакија
11.7.2009 7:50:28   
agnes77
Muž od moje prijateljice ima celialkijo, ali to baš nije neki problem uz dieto.
Ali mora se sve proveriti, da nije glutena.

Njihova kčerka bila je testirana i na srečo nema celialkija.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Алергија на храна
11.7.2009 10:08:22   
mis.
Елена сета среќа што нема реакција.Оваа со ноќно воведување на глутен ме подзамисли.user posted image

< Поракaта ја уредил mis. -- 11.7.2009 10:09:00 >

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Алергија на храна
2.10.2009 13:03:47   
mother 29
user posted image
Долго време се сметало дека целијакијата е ретка болест, но најновите истражувања покажуваат дека ја има кај 3 од 400 луѓе. Во оваа статија ќе ве запознаеме со сѐ што треба да знаете за оваа болест.
ВИД НА ЗАБОЛУВАЊЕ
Причинител на оваа болест е преосетливоста на организмот на глутен. Се манифестира со отежнување на функцијата на дигестивниот систем и пречки при апсорпција на хранливите материи. Лицата кои ја имаат оваа болест не толерираат глутен – протеин кој се наоѓа во пченицата, р`жот, јачменот и зобот. Кога овие лица консумираат ваква храна, нивниот имунолошки систем делува така што го оштетува тенкото црево. Поради тоа, оваа болест се дефинира и како автоимуна и како малапсорпциска.
КОИ ГРУПИ ЛУЃЕ ГИ НАПАЃА
Ги напаѓа сите луѓе, без оглед на нивниот пол или возраст. Дури може да се јави и во најраното детство кога детето за прв пат ќе ја проба храна. Може да биде предизивикана и од стрес, инфекција или во постоперативен период.
СИМПТОМИ
Вклучуваат: подуеност и болки во абдоменот, хронична дијареа, губење на телесна тежина, гасови, светла столица, болки во коските и зглобовите, грчеви во мускулите, трнење на рацете и нозете, афти, губење на бојата на забите, немање менструација.
Оштетувањата на тенкото црево и лошата апсорпција на хранливи материи ги прави болните од целијакија подложни и на следниве ризици: остеорпороза, стомачни напади и грчеви, спонтан абортус и малформации кај новороденчињата, низок раст. Оваа болест е почеста кај децата на дијабетичарите.
ТРЕТМАН
Единствен медицински прифатлив третман за оваа болест е доживотна 100% диета која не содржи глутен. ●
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Целијакија
20.11.2009 9:20:41   
angelko
Здраво!
Голем поздрав до сите членови на овој форум.
Во пинцип сите дечиња се ризични. Значи апсолутно кај сите дечиња треба предпазливо да се воведува исхрана со производи кој содржат глутен.
Постојат повеќе видови на оваа неподносливост на организмот на глутен. Секој организам реагира различно на оптоварување со глутен !!!!! Постојат скриени форми на целијакија каде симптомите се невидливи во почетокот со оваа исхрана. Најчести симптоми кај овие скриени форми се:
- ослабен имунитет кај детенцето
- анемија која се јавува од време на време
- и други симптоми кој со ништо не упатуваат на целијакија.
Ако постои сомневање на оваа состојба на организмот треба да се направи еден брз тест на анти-ткивни трансглутаминазни {IgA} кој може да се најде на клиниката за детски болести поточно на гастро. Тестот е сигурен показател дали постои било каква реакција на организмот на глутен а пред се е брз и безболен, целата постапка трае неполни 5минути.

(Одговор на членот bambi)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Целијакија
20.11.2009 9:25:20   
mami
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image е ова не сум го знаела, ти благодарам за информацијата Ангелко и добредојде на форумот...

(Одговор на членот angelko)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Целијакија
20.11.2009 11:23:55   
angelko
Oд неодамна постои и 'Здружение на граѓани со целијакија' на кое јас сум претседател.
Сигурен сум дека не само ти и голем број на луѓе не знаат дека целијакијата многу повеќе се јавува кај женската поулација. Генот што ја педизвикува може да биде скриен цел живот, но при поголем стрес,бременост,климактериум и др, може да се активира. Значи цел живот може целијакијата да биде присутна смо чека погоден момент да се активира.
Исто така многу малку луѓе знаат за скриениот глутен. Може да го има и во (домашни)производи на кој пишува дека не содржат глутен а сепак во текот на производниот процес да се контаминираат!!!!!! Во секој случај кај нас не е законски регулиран овој проблем.
Благодарам за пофалните зборови.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Целијакија
20.11.2009 11:29:04   
mami
user posted image user posted image user posted image user posted image епа тогаш ти си ни правиот човек за оваа тема..те молам, секоја информација која ке сметаш дека треба да ја знаат родителите во врска со целијакијата- пиши ја, сигурно некому ке помогнеш

(Одговор на членот angelko)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Целијакија
20.11.2009 12:06:31   
angelko
Ok. Исто од неодамна постои и специализирана продавничка за безглутенска исхрана која се наоѓа во населбата Автокоманда во Скопје. Соработуваме со сите педијатри од клиниката за детски болести, одржуваме семинари на оваа тема . Исто така имаме соработка со познати алерголози од странство кој препорачуваат разни видови на диети и режими во исхраната на дечињата не само со целијакија туку и со аутизам. Така на 29-11-2009 се одржува семинар во Домот на АРМ на кој ќе гостува познат педијатар од Турција од областа на аутизмот, кој исто така е тесно поврзан со безглутенската исхрана.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Целијакија
22.11.2009 9:44:16   
angelko
Јас се извинувам за погресната информација. Предавањето на гостинот од Турција ке се одрзи на 28-11-09 во домот на АРМ, а воедно и ке се закажуваат прегледи за 29-11-09. Предавањето е со слободен влез за сите заинтересирани родители кој имаат било каков проблем со дечиња со аутизам или труење со тески метали на пример олово и др.

(Одговор на членот angelko)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Целијакија
9.12.2009 19:11:00   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Прво и основно правило- Избегнување на сите продукти што содржат глутен (пченица, јачмен, рж)тоа значи дека болните од целијакија не смеат да користат во исхраната производи од овие житарици. Во исхраната на децата заболени од целијакија, слободно можат да се користат оризот и пченката бидејќи тие не содржат глутен.
Листата на прехрамбени продукти може без проблем да опфаќа млеко и млечни производи, зеленчук, овошје и месо.
Хранливи продукти кои може да се користат:
- млеко, путер, маргарин, павлака, јогурт, сирење
- сите видови на месо, риби и јајца,
- овошје свежо, сушено, конзервирано
- зеленчук свеж, вклучувајќи компир, грашок, грав и леќа
- житарици ориз, пченка, соја, просо
- печурки
- шеќер, чај, какао, мармалад, мед, масло, оцет, сол

Хранливи продукти кои не смее да се користат:
- производи од пченица, рж и јачмен
- брашно, леб, бисквити, кашички од мешани житарици
- сите видови на тестенини
- готова храна со запршка
- сувомеснато- колбаси, виршли, паштети
- бебешки адаптирани млека на кои нема ознака дека не содржат глутен


ИЗВОРНА ПОРАКА: bambi

A od koga se pocnuva so hrana koja sodrzi gluten? Nekoi pedijatri preporacuvaat od 6 meseci nekoi od 8, a negde citav deka treba od godina.user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

мислам дека веќе од 8 можеш да почнеш но внимателно и со следење на реакцијата на малечкото првите неколку дена

ИЗВОРНА ПОРАКА: bordan

so sokcinja pocnavme od 5.5meseca a so kasicki od 6 nekade koga bese 6.5meseci zedovme na hip mlecna kasicka so ovosje ama imase napisano deka sodrzi gluten. na kutiite sto se za 4meseca bebe pisuva bez gluten a na ovie od 6 ili 8 ima gluten.Taa kutija ja ispraznivme i epten mnogu ja saka ovaa mlecna kasicka no sega se mislam dali da mu zemam pak so gluten ili ne user posted image .Inaku sinceto ima 7meseci i edna nedela.a super ja prifati po edna teglicka ke si izede (od 125g)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

stom nemalo nikakva reakcija mozes slobodno .pa 7 mesec tamam da pocnete so takvi kasicki.jas na Marko na taa vozrast pocnav so gluten.


bordan dobredojde na rr!Prijatno druzenje!

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

ако немал никава реакција, не гледам зошто би му го скратувале задоволствотоuser posted image
ако му се допаѓа, а не појавил алергиска реакција на глутенот, давајте му слободно, ако имало нешто ке покажело уште одма



(Одговор на членот angelko)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Целијакија
9.12.2009 19:25:04   
ananikol
Eve neznaev deka taka se vika ovaa bolest stalno ja komentirav kako alergija na gluten.Kerkata na edna moja dobra prijatelka bese alergicna na gluten  se pojavi koga pocna da jadi i nekoe vreme ne znaea sto tocno i se slucuva na devojceto no koga utvrdija taa se stabilizira.Bese zacuduvacki disciplinirana i ako jas pogresev nekogas i i ponudev nesto sto ne treba ke mi se zablagodarese i ke mi recese "ne teta,jas ne smeam"-ziva ke se izedev....Pamtam deka  za roditelite bese dopolniteleno finansisko opteretuvanje  nabavkata na specjalna hrana.
Sega posle deset godini "malata" jade se normalnouser posted image user posted image user posted image  

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Целијакија
9.12.2009 19:29:34   
mami
да да тоа плус е тешко...мислам кај нас има многу ретко производи без глутен, па луѓето се принудени да ги увезуваат од странство

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Целијакија
10.12.2009 12:22:11   
angelko
Сега е малку полесно, имено ако е дијагностицирана целијакијата Фондот дел од прозводите ги признава како лек (друг познат лек не постои) т.е. рефундира 80% од цената на безглутенскиот производ. А како што ве известив пред некое време во Автокоманда веднаш до Комерцијална банка има специјализирана продавница за безглутенска диета во која може да најдете цела палета на производи (брашно, леб, тестенини, колачи, пецива, десерти и др)

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Целијакија
30.4.2010 9:54:42   
lila_mk
se raboti za moeto ,vnuce,site simptomi upatuvaat na ovaa bolest a na klinika neznaat sto mu e. znaci detevo nestava vo kilaza poslednive 5 meseci, ima tecna stolica kako so sluz, anemicno e ,omalaksano.....sestrami lezese na gastro na detska klinika rez. se vo red i go pustija bez terapija bez nikakva dijagnoza.od nivniot odnos tamu sum krajno nezadovolna, prvo go izgubija uputot, pa ne teraa da mu dostavime nov, potoa gi zagubija rezultatite, pa eve edna nredela nemozeme da zememe otpusna lista....abe haos. jas citajki giovie postovi se somnevam na ovaa bolest no lekarite vikaat ne. stvarno neznam sto da pravam.aj koga konecno ke gi zememe rezultatite ke vipisam kakvi se.

(Одговор на членот angelko)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Целијакија
13.8.2010 22:10:25   
sani.s
imam 25 godini i pred mesec dena mi ja otkrija bolesta celijakija. Bi Ve zamolila dokolku znaete, da mi kazete kade tocno se naogja prodavnicata vo naselbata Aerodrom za bezglutenska hrana?

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?