mami
|
Иако многу трудници се трудат да јадат здраво, но некогаш со најдобра намера и поради не знаење можат да направат проблем. Ви претставуваме неколку намирници кои треба да ги избегнувате за време на бременоста. Меки сирења Непастеризираното млеко, домашните пасти и увозните меки сирења како што се бри, фета, горгонцола можат да ја содржат бактеријата листерија. Ова е ретка бактерија која може да се најде во производите од непастеризирано млеко, во џигерот, недоволно вареното месо и во полуготовите јадења. Треба особено да се внимава, бидејќи последиците можат да се јават во развојот на бебето, посебно ако веднаш не се почне со терапија. Листеријата може да ја погоди плацентата, плодовата вода и бебето, а последиците се катастрофални – спонтан абортус или раѓање на мртвороденче. Сирово месо Избегнувајте го сировото и недоволно термички обработеното месо (тартар бифтек) и морски плодови (школки и суши) бидејќи можете да се заразите со колиформна бактерија (може да предизвика разни инфекции) и салмонела. А постои опасност за зараза од токсоплазма, паразит кој се пренесува преку изметот од мачки, како и преку недоволно варено или печено месо. Кај примарните инфекции во бременоста (кај токсоплазмата може да станува збор за прва инфекција – примарна инфекција и повторна инфекција, реинфекција) постои значајна инфекција на бебето. Токсоплазмата после 16 недела од бременоста преминува во феталниот крвоток, поради што настануваат тешки аномалии кај фетусот или поради инфекцијата на детето исходот може да биде фатален. Сирови јајца Сировите јајца или храната која содржи сирови јајца (мајонез, сладолед...) треба да ги избегнувате поради можноста за зараза со салмонела. Ова особено е важно доколку јадете сос или сладолед направен дома, бидејќи купечките производи се прават од пастеризирани јајца. Бакалар и туна За време на бременоста треба да јадете риба, но не секој вид. Избегнувајте го месото од ајкула, сабјарка, бакалар и туна бидејќи содржат жива. Живата минува низ плацентата и може да го оштети нервниот систем на бебето. Дури и малите количини на жива можат да влијаат врз нервниот систем, а како последица на тоа доаѓа до потешкотии во развојот. Туна од конзерва можете да јадете најмногу еднаш неделно. Незрел компир Незрелиот компир, односно неговите зелени делови го содржат растителниот отров соланин, кој е штетен за развојот на фетусот. Овој отров може да предизвика непотполно затворање на 'рбетниот мозок. Избегнувајте ги и оние компири кои се делумно зелени бидејќи во нив има соланин и во деловите кои не се зелени. Џигер Јунешкиот, јагнешкиот и свинскиот џигер содржи преголема количина на витамин А, кој се поврзува со одредени оштетувања на плодот, па затоа избегнувајте ги. Пилешкиот џигер е сигурен избор, но само ако јадете еднаш неделно.
< Поракaта ја уредил Палешка -- 22.7.2009 21:44:22 >
|