|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   детска недела
5.10.2009 20:57:17   
kiki_riki
Не знам дали ова е во пошироки рамки или само во рамките на нашата градинка, утринава пријатно се изненадив кога на влезната врата видов соопштение дека во текот на оваа недела секој ден имаа разни детски активности, денеска имаа детски крос (трчале еден круг околу градинката) и на сите деца им дадоа дипломи за учество (децата беа воодушевени-ДОБИЛЕ ДИПЛОМИ), не ги помнам сите актѕивности но знам дека во четврток имаат најубава детска фризура, ќе дојдат фризери од градот и на сите деца ќе им направат фризура, а после тоа следи ревија, ама се распишував, ке ве информирам за се само ме интересира има ли и на други места нечто слично

_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: детска недела
5.10.2009 21:06:06   
Еца
Градинката „Раде Јовчевски-Корчагин“ по повод Светската недела на детето ќе организира повеќе активности за родителите и за децата кои престојуваат во неа. Преку забава и дружење, на децата ќе им бидат објаснети нивните права и обврски, а ќе имаат можност да се запознаат и со работата на општината во која живеат. Ќе се организира и хуманитарна акција „Хуманоста на дело“, во чиишто рамки децата, родителите и сите граѓани ќе имаат можност да донираат облека и играчки во просториите на Црвен крст. Како дел од активностите за одбележувањето на Светката недела на детето, во просториите на Општина Центар ќе се одржи предавање на тема „Препознавање, превенција и ублажување на последиците на малтретираните деца“, на која ќе учествуваат претставници од сите градинки на територијата на Град Скопје. По истиот повод, в петок на улицата Македонија деца од неколку градинки ќе одржат приредба.
извор: време

кики рики ме превариuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: детска недела
5.10.2009 21:09:05   
kiki_riki
јас немам идеја ама имам предлог дај и ние на рр да направиме нешто по овој повод сепак ова е форум пред се за децата и се сврзано со нив

_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: детска недела
5.10.2009 21:11:15   
kiki_riki
мене јазикот ми е три дена пред паметотuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat

(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: детска недела
5.10.2009 21:15:32   
Еца
па ајде јас тоа размислував денес како да ја одбележиме неделава? ајде да смислиме нешто заедно мамички имаме време нелиuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 5
   За поубав свет!
6.10.2009 8:07:50   
Еца
Бидеќи од 5 до 10 октомври е светска недела на детето, да го разбудиме детето во нас и денес да оставаме пораки како сите деца низ светот "За поубав свет!" И размислете како да го одбележиме утрешниот денuser posted image

Мојата порака од детето во мене:
- За сите деца да биде сонце, да биде љубов, нека биде сјај. Да биде копнеж, да биде ѕвезди, да биде пролет, личен цветен мај!!!user posted image user posted image user posted image


http://www.youtube.com/watch?v=mn6dQaZLps8

< Поракaта ја уредил Elena -- 6.10.2009 8:08:24 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: детска недела
6.10.2009 8:23:14   
profesorica
Па ако ја одбележуваме детската недела online, тогаш би предложила да спроведеме анкета на:најслатка бебешка насмевка посебно за момчиња и девојчиња.
А ако организираме некоја средба со сите нас тогаш има многу можности.Може да направиме некое коктелче, да организираме натпревари за децата во лазење и трчање потоа боење, цртање и сл.Најуспешните да добијат некоја сликовница или играчка, пакет производи од бекутан или од нестле и сл.

Би било убаво да изнајмиме некоја игротека и да се совереме тамуuser posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: детска недела
6.10.2009 11:25:34   
mami
еј колку убаво..не сум знаела дека има детска недела..мислев дека тоа остана во периодот кога во основно ни ги делеа оние налепници по 10 ден што ги плаќавме...а може ние нешто да си договориме..да направиме нешто во чест на децата наши најубавиuser posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: детска недела
6.10.2009 11:31:58   
big_mama817
јас се сложувам со вас сите user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 6.10.2009 11:32:10 >


_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот mami)
Revisions: 1 | Непосредна врска до пораките: 9
   RE: детска недела
9.10.2009 21:41:53   
mis.
Детската недела во градинката на мојот син се одбележа во средата со отворен ден зародители.Имаше надвор натпревар помеѓу групите во градинката.Се натпреваруваа во 5 игри теглање јаж,кој побрзо ќе истрча со пречки со заобиколување,поминување под обрачи и сл.Беше многу интересно само се изненадив беа поканети и родителите а присуствувам само јас и уште една мајка.user posted image Сликав па сликите ќе ги поставам некој друг пат.

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: детска недела
10.10.2009 8:28:30   
kiki_riki
Da se pofalam v;era be[e poslednata aktivnost vo gradinkata по повод детската недела ЗЛАТЕН ГЛАС и мојатѕа керка освои ПРВО место user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: детска недела
10.10.2009 8:54:12   
mami
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image честитки

(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: детска недела
10.10.2009 12:28:40   
mis.
Честитки за победникот.user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: детска недела
6.10.2010 10:32:37   
jovanka
Sekoja prva nedela vo oktomvri e posvetena deteto-DETSKA NEDELA.Sekoja ustanuva(gradinka,uciliste)ima proekt kako decata ke bidat vkluceni vo nedelata posvetena na niv.Kaj sin mi vo gradinka se sobiraat teglicki od prigotvenata zimnica kade sekoe dete na simbolicen nacin ke mu podari teglicka polna so ljubov za nekoe svoe drugarce.Dodeka kaj kerka mi vo uciliste sobiraat simbolicno po 5 den. kade dobivaat onaa standardna marka so logoto na detska nedela a sretstvata ke bidat nameneti za decata koi im nedostasuva:hrana ,obleka i sl.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: детска недела
6.10.2010 10:35:16   
nadica
сеуште ништо не сум видела кај надицаво градинкабаш попладне кога ќе одам да ја земам ќе ја прашам учителката дали тие имаат некоја слична активност

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: детска недела
6.10.2010 10:59:00   
big_mama817
ни во нашата градинка ништо нема од активности за детската недела а обично кога беше во јасли има се  слика и собираа синболично парични средства од сликите а сега во големава група не  ни кажале ништо user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: детска недела
6.10.2010 11:40:00   
Popce
Ние дониравме зимница и чоколадо за децата без родители на иницијатива на градинката по повод неделата на детето, градинка Срничка клон Бамби.



(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: детска недела
7.10.2011 10:04:29   
Felly RR
Детската недела, се одржува секоја прва полна недела во месец Октомври секоја година и трае седум дена. Оваа година од 3ти до 9ти октомври. клик

Во нашата градинка имаше организирано повеќе активности, но ние бидејќи сме во малата група, не бевме баш многу вклучени.
Денес има аукција на предмети изработени од дечињата, а собраните средства ќе се искористат во хуманитарни цели.

Како во вашите градинки се обележува детската недела?


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Popce)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: детска недела
1.10.2013 9:59:42   
Snowhite RR
Лани за детската недела имаше изработување на сувенири кои потоа се продаваа во ходникот на градинката. Мислам дека имаше и одреден ден да присуствуваме и родителите и заедно нешто да изработуваме, а ако не сме во можност таму да присуствуваме од дома нешто да направиме и да го однесиме. Јас додуша лани немав време ни таму да присуствувам, а ни пак дома нешто да правиме, ама затоа купивме од другите дечиња што изработувале.
Баш да видам после кога ќе го земам М дали има некакво соопштение во врска со Детската недела

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Детска недела
2.10.2013 9:20:56   
Felly RR
Кај нас има цела недела различни активности. Денес еве ќе ги возат со вовчето на Могила. Колку се радуваше М, од понеделникот чека. Утре мислам дека треба да има работилница со родители. Лани и ние дома изработивме две играчки, па ги однесовме во градинка.
Ама не знам зошто, нешто ме буни, нели првата полна недела од месец октомври е тоа, значи треба наредната недела да почнеuser posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Детска недела
2.10.2013 11:14:02   
Snowhite RR
Вчера и јас прочитав во петок ќе има работилница, а во понеделник ќе се продаваат играчките. Дајте предлог нешто брзо и лесно што може да направам дома да го однесиме на аукцијата за продавање.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Детска недела
7.10.2014 11:57:48   
Felly RR
Изгледа само во нашите градинки се прославува детската недела. user posted image

Да си пишам за оваа година - пак започнавме со работилница, но овој пат темата беше точно одредена. Па ќе имаат спортски натпревар со другата градинка, потоа ќе има посета на некој споменик во центарот - не разбрав точно кој, и на крај продажба на изработките од работилницата.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Детска недела
7.10.2014 12:09:15   
Mihaela 2010

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Изгледа само во нашите градинки се прославува детската недела. user posted image

Да си пишам за оваа година - пак започнавме со работилница, но овој пат темата беше точно одредена. Па ќе имаат спортски натпревар со другата градинка, потоа ќе има посета на некој споменик во центарот - не разбрав точно кој, и на крај продажба на изработките од работилницата.

Vie izgleda imate super gradinka,kaj nas koj znae sto se slucuva i dali nesto se slucuva
Posto jas ne ja nosam M vo gradinka ne sum ni zapoznaena sto pravat i dali nesto pravat,mm koga kako prasuva zavisno od toa dali kasni za na rabota ili ne...

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Детска недела
7.10.2014 12:34:02   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Изгледа само во нашите градинки се прославува детската недела. user posted image

Да си пишам за оваа година - пак започнавме со работилница, но овој пат темата беше точно одредена. Па ќе имаат спортски натпревар со другата градинка, потоа ќе има посета на некој споменик во центарот - не разбрав точно кој, и на крај продажба на изработките од работилницата.


И во нашата се прославува, барем се спомнува ако не друго. Знам кога бев на родителска, па кога ја прашав учителката за програм по кој училе децата, таа ми наведе како пример токму детската недела, па ќе нешто прават врз основа на тоа, тоа ќе им била темата за работа.
Е сега точно не знам што. Сигурно им дадат нешто да нацртат, обојат, по овој повод и толку. user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Детска недела
7.10.2014 13:01:24   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010


Vie izgleda imate super gradinka,

Да, барем од тој аспект - активности, учење, занимации за децата, исполнето време, сум многу задоволна. user posted image за нашата градинка. Сега се сетив дека спремаам и балет на навивачката песна од Тоше и ќе настапуваат на бина во центар, најеројатно ќе има некаква приредба, но тоа е за празникот 11 Октомври, Ќе допишам ако има и нешто друго во теков на неделава.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?