детска недела (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


kiki_riki -> детска недела (5.10.2009 20:57:17)

Не знам дали ова е во пошироки рамки или само во рамките на нашата градинка, утринава пријатно се изненадив кога на влезната врата видов соопштение дека во текот на оваа недела секој ден имаа разни детски активности, денеска имаа детски крос (трчале еден круг околу градинката) и на сите деца им дадоа дипломи за учество (децата беа воодушевени-ДОБИЛЕ ДИПЛОМИ), не ги помнам сите актѕивности но знам дека во четврток имаат најубава детска фризура, ќе дојдат фризери од градот и на сите деца ќе им направат фризура, а после тоа следи ревија, ама се распишував, ке ве информирам за се само ме интересира има ли и на други места нечто слично




Еца -> RE: детска недела (5.10.2009 21:06:06)

Градинката „Раде Јовчевски-Корчагин“ по повод Светската недела на детето ќе организира повеќе активности за родителите и за децата кои престојуваат во неа. Преку забава и дружење, на децата ќе им бидат објаснети нивните права и обврски, а ќе имаат можност да се запознаат и со работата на општината во која живеат. Ќе се организира и хуманитарна акција „Хуманоста на дело“, во чиишто рамки децата, родителите и сите граѓани ќе имаат можност да донираат облека и играчки во просториите на Црвен крст. Како дел од активностите за одбележувањето на Светката недела на детето, во просториите на Општина Центар ќе се одржи предавање на тема „Препознавање, превенција и ублажување на последиците на малтретираните деца“, на која ќе учествуваат претставници од сите градинки на територијата на Град Скопје. По истиот повод, в петок на улицата Македонија деца од неколку градинки ќе одржат приредба.
извор: време

кики рики ме превари[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




kiki_riki -> RE: детска недела (5.10.2009 21:09:05)

јас немам идеја ама имам предлог дај и ние на рр да направиме нешто по овој повод сепак ова е форум пред се за децата и се сврзано со нив




kiki_riki -> RE: детска недела (5.10.2009 21:11:15)

мене јазикот ми е три дена пред паметот[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Еца -> RE: детска недела (5.10.2009 21:15:32)

па ајде јас тоа размислував денес како да ја одбележиме неделава? ајде да смислиме нешто заедно мамички имаме време нели[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Еца -> За поубав свет! (6.10.2009 8:07:50)

Бидеќи од 5 до 10 октомври е светска недела на детето, да го разбудиме детето во нас и денес да оставаме пораки како сите деца низ светот "За поубав свет!" И размислете како да го одбележиме утрешниот ден[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]

Мојата порака од детето во мене:
- За сите деца да биде сонце, да биде љубов, нека биде сјај. Да биде копнеж, да биде ѕвезди, да биде пролет, личен цветен мај!!![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]


http://www.youtube.com/watch?v=mn6dQaZLps8




profesorica -> RE: детска недела (6.10.2009 8:23:14)

Па ако ја одбележуваме детската недела online, тогаш би предложила да спроведеме анкета на:најслатка бебешка насмевка посебно за момчиња и девојчиња.
А ако организираме некоја средба со сите нас тогаш има многу можности.Може да направиме некое коктелче, да организираме натпревари за децата во лазење и трчање потоа боење, цртање и сл.Најуспешните да добијат некоја сликовница или играчка, пакет производи од бекутан или од нестле и сл.

Би било убаво да изнајмиме некоја игротека и да се совереме таму[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]




mami -> RE: детска недела (6.10.2009 11:25:34)

еј колку убаво..не сум знаела дека има детска недела..мислев дека тоа остана во периодот кога во основно ни ги делеа оние налепници по 10 ден што ги плаќавме...а може ние нешто да си договориме..да направиме нешто во чест на децата наши најубави[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




big_mama817 -> RE: детска недела (6.10.2009 11:31:58)

јас се сложувам со вас сите [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mis. -> RE: детска недела (9.10.2009 21:41:53)

Детската недела во градинката на мојот син се одбележа во средата со отворен ден зародители.Имаше надвор натпревар помеѓу групите во градинката.Се натпреваруваа во 5 игри теглање јаж,кој побрзо ќе истрча со пречки со заобиколување,поминување под обрачи и сл.Беше многу интересно само се изненадив беа поканети и родителите а присуствувам само јас и уште една мајка.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]Сликав па сликите ќе ги поставам некој друг пат.




kiki_riki -> RE: детска недела (10.10.2009 8:28:30)

Da se pofalam v;era be[e poslednata aktivnost vo gradinkata по повод детската недела ЗЛАТЕН ГЛАС и мојатѕа керка освои ПРВО место [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mami -> RE: детска недела (10.10.2009 8:54:12)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]честитки




mis. -> RE: детска недела (10.10.2009 12:28:40)

Честитки за победникот.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




jovanka -> RE: детска недела (6.10.2010 10:32:37)

Sekoja prva nedela vo oktomvri e posvetena deteto-DETSKA NEDELA.Sekoja ustanuva(gradinka,uciliste)ima proekt kako decata ke bidat vkluceni vo nedelata posvetena na niv.Kaj sin mi vo gradinka se sobiraat teglicki od prigotvenata zimnica kade sekoe dete na simbolicen nacin ke mu podari teglicka polna so ljubov za nekoe svoe drugarce.Dodeka kaj kerka mi vo uciliste sobiraat simbolicno po 5 den. kade dobivaat onaa standardna marka so logoto na detska nedela a sretstvata ke bidat nameneti za decata koi im nedostasuva:hrana ,obleka i sl.




nadica -> RE: детска недела (6.10.2010 10:35:16)

сеуште ништо не сум видела кај надицаво градинкабаш попладне кога ќе одам да ја земам ќе ја прашам учителката дали тие имаат некоја слична активност




big_mama817 -> RE: детска недела (6.10.2010 10:59:00)

ни во нашата градинка ништо нема од активности за детската недела а обично кога беше во јасли има се  слика и собираа синболично парични средства од сликите а сега во големава група не  ни кажале ништо [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Popce -> RE: детска недела (6.10.2010 11:40:00)

Ние дониравме зимница и чоколадо за децата без родители на иницијатива на градинката по повод неделата на детето, градинка Срничка клон Бамби.






Felly RR -> RE: детска недела (7.10.2011 10:04:29)

Детската недела, се одржува секоја прва полна недела во месец Октомври секоја година и трае седум дена. Оваа година од 3ти до 9ти октомври. клик

Во нашата градинка имаше организирано повеќе активности, но ние бидејќи сме во малата група, не бевме баш многу вклучени.
Денес има аукција на предмети изработени од дечињата, а собраните средства ќе се искористат во хуманитарни цели.

Како во вашите градинки се обележува детската недела?




Snowhite RR -> RE: детска недела (1.10.2013 9:59:42)

Лани за детската недела имаше изработување на сувенири кои потоа се продаваа во ходникот на градинката. Мислам дека имаше и одреден ден да присуствуваме и родителите и заедно нешто да изработуваме, а ако не сме во можност таму да присуствуваме од дома нешто да направиме и да го однесиме. Јас додуша лани немав време ни таму да присуствувам, а ни пак дома нешто да правиме, ама затоа купивме од другите дечиња што изработувале.
Баш да видам после кога ќе го земам М дали има некакво соопштение во врска со Детската недела




Felly RR -> RE: Детска недела (2.10.2013 9:20:56)

Кај нас има цела недела различни активности. Денес еве ќе ги возат со вовчето на Могила. Колку се радуваше М, од понеделникот чека. Утре мислам дека треба да има работилница со родители. Лани и ние дома изработивме две играчки, па ги однесовме во градинка.
Ама не знам зошто, нешто ме буни, нели првата полна недела од месец октомври е тоа, значи треба наредната недела да почне[sm=zmeden.gif]




Snowhite RR -> RE: Детска недела (2.10.2013 11:14:02)

Вчера и јас прочитав во петок ќе има работилница, а во понеделник ќе се продаваат играчките. Дајте предлог нешто брзо и лесно што може да направам дома да го однесиме на аукцијата за продавање.




Felly RR -> RE: Детска недела (7.10.2014 11:57:48)

Изгледа само во нашите градинки се прославува детската недела. [sm=smiley36.gif]

Да си пишам за оваа година - пак започнавме со работилница, но овој пат темата беше точно одредена. Па ќе имаат спортски натпревар со другата градинка, потоа ќе има посета на некој споменик во центарот - не разбрав точно кој, и на крај продажба на изработките од работилницата.




Mihaela 2010 -> RE: Детска недела (7.10.2014 12:09:15)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Изгледа само во нашите градинки се прославува детската недела. [sm=smiley36.gif]

Да си пишам за оваа година - пак започнавме со работилница, но овој пат темата беше точно одредена. Па ќе имаат спортски натпревар со другата градинка, потоа ќе има посета на некој споменик во центарот - не разбрав точно кој, и на крај продажба на изработките од работилницата.

Vie izgleda imate super gradinka,kaj nas koj znae sto se slucuva i dali nesto se slucuva
Posto jas ne ja nosam M vo gradinka ne sum ni zapoznaena sto pravat i dali nesto pravat,mm koga kako prasuva zavisno od toa dali kasni za na rabota ili ne...




Bethany -> RE: Детска недела (7.10.2014 12:34:02)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Изгледа само во нашите градинки се прославува детската недела. [sm=smiley36.gif]

Да си пишам за оваа година - пак започнавме со работилница, но овој пат темата беше точно одредена. Па ќе имаат спортски натпревар со другата градинка, потоа ќе има посета на некој споменик во центарот - не разбрав точно кој, и на крај продажба на изработките од работилницата.


И во нашата се прославува, барем се спомнува ако не друго. Знам кога бев на родителска, па кога ја прашав учителката за програм по кој училе децата, таа ми наведе како пример токму детската недела, па ќе нешто прават врз основа на тоа, тоа ќе им била темата за работа.
Е сега точно не знам што. Сигурно им дадат нешто да нацртат, обојат, по овој повод и толку. [sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Детска недела (7.10.2014 13:01:24)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010


Vie izgleda imate super gradinka,

Да, барем од тој аспект - активности, учење, занимации за децата, исполнето време, сум многу задоволна. [sm=bravo.gif] за нашата градинка. Сега се сетив дека спремаам и балет на навивачката песна од Тоше и ќе настапуваат на бина во центар, најеројатно ќе има некаква приредба, но тоа е за празникот 11 Октомври, Ќе допишам ако има и нешто друго во теков на неделава.




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>