|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   лето 2016
30.5.2016 10:59:57   
marchi
novo leto,nova tema user posted image novi gorestini novi planovi..... mislam deka e vreme da pocneme so diskusii i preporaki za ova leto. planirate li kade ke odite?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: лето 2016
2.6.2016 19:28:28   
fetusce
Jas vo Grcija ama neznam dali da plivam i dali smejam na sonce. Na pocetok na prvo tromesecje sum. Neka me sovetuva nekoj? Ako netreba da odam togas da otkazam se... neznam sto da pravam?

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: лето 2016
3.6.2016 12:31:06   
marchi
i jas ne znam da plivam ama onaka mozam da si podplivnuvam user posted image koga bev bremena 3ti mesec bev na odmor i samo sedev pod senka,malku se mrcnav vo voda i tolku.e sega ako ima nekoi so pogolemo iskustvo neka pisat.

(Одговор на членот fetusce)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: лето 2016
3.6.2016 22:44:10   
fetusce
sega so ovaa bolest na tigrestite komarci zika samo kaj bremenite zeni odele i gi kasale i posle fetusot nenormalen. Strasno neznam so odmorot sto da pravam .

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: лето 2016
7.6.2016 13:48:45   
Veronica_Lia
Zdravo devojki user posted image pozdrav do vas i bravo za temava, super e.. user posted image
Imeno vo vrska so dilemite za odmor vo bremenosta, da ili ne, moeto mislenje e .. DA user posted image user posted image dokolku nemate nekoja zabrana od d-r. iskreno ne gledam zoshto ne bi, no sekoj so svoeto mislenje neli... Jas lani letoto bev bremena, ednash bevme na vikend vo GR (i toa se iznavozevme so mm so kola ko ludi, nz kolku saata), toa beshe koga bev 4ti mesec, a vo 6ti isteravme cel odmor, isto taka vo GR i super ni dojde user posted image .. Godinava zdravje planirame da odime pak vo Grcija, sekako site zaedno hehe.. A shto se odnesuva do tie komarci shto gi spomnuvate, navistina ne znam i ne sum upatena, no kje se rasprasham, neli sekoj rizik treba da se svede na minimummm..

(Одговор на членот fetusce)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: лето 2016
8.6.2016 10:56:48   
mommy_angels RR
Кај нас синоќа падна муабет за малце поавантуристички одмор(ако може така да се каже) ,во камп,но по можност во бунгалов со сопствено купатило.Има ли некој искуство или информации како да најдеме вакво сместување.Идејата ни е Грција,а најидеално би било во Палиури.Некако сме за ептен релакс одмор ,подалеку од гужви и во длабоки сенки,а сепак блиску до морето user posted image

(Одговор на членот Veronica_Lia)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: лето 2016
8.6.2016 14:58:59   
Ilina87
mommy_angels RR, јас би ти го препорачала кампот Арменистис на вториот крак, веднаш до Сарти. Местото е преубаво, на една од најубавите плажи на Ситонија. Камповите се могу средни, нешто како мали куќарки, со дворче, со посебни купатила, скара за секој камп. Организирано е и за деца со лулашки, за возрасни има игралишта за одбојка, има и супермаркети.
Ние лани бевме така на еден ден и ми остави многу убав впечаток. Плажата е голема и песочна, а водата е сон, со тиркизна боја. Напиши на booking го има кампот.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: лето 2016
8.6.2016 15:51:31   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

mommy_angels RR, јас би ти го препорачала кампот Арменистис на вториот крак, веднаш до Сарти. Местото е преубаво, на една од најубавите плажи на Ситонија. Камповите се могу средни, нешто како мали куќарки, со дворче, со посебни купатила, скара за секој камп. Организирано е и за деца со лулашки, за возрасни има игралишта за одбојка, има и супермаркети.
Ние лани бевме така на еден ден и ми остави многу убав впечаток. Плажата е голема и песочна, а водата е сон, со тиркизна боја. Напиши на booking го има кампот.

Кампот е најпрекрасен во свет. Плажата и морето најубави во Грција. Само да знаете скапичок е. Бунгаловите и поскапиод студија низ Грција. Јас прехлани ги гледав.

Кажете ми дали некој бил во Агиос Јоанис, хотел-апартмани Маро? Искуства?

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: лето 2016
8.6.2016 16:05:18   
СветлеБ
Здраво мамички. Супер тема, браво user posted image
Јас искрено да ви кажам лани не бев на одмор, бев во прво тромесечие од бременоста. Искрено да ви кажам не мислев толку дали смеам да се бањам и дали сонцето би ми сметало, најмногу ми беше поради патот. Не сакав да се возам толку долго време, по нашите патишта е трускање де. user posted image
Ама дали оти прва бременост и бев повеке претпазлива.
А сега во август здравје со малово планираме да одиме накај Грција, мислам дека му е супер време за одмор, ке има 6 месеци. Некој совет?



user posted image ЗНАЕШ ДЕКА СИ МАМА, КОГА СМИСЛАТА НА ЖИВОТОТ ДОБИВА ИМЕ! user posted image

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: лето 2016
8.6.2016 16:13:44   
Ilina87
Дали некој има бидено или имал препорака за Koviou holiday vilage, Никити? Ајде искуства, Ве молам.


(Одговор на членот СветлеБ)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: лето 2016
9.6.2016 14:35:35   
Hopeful RR
Илина, конкретното место не го знам, но во Никити сум била и ми се допадна. Зависи што бараш, но ова е мирно, тивко, убаво.

Ние едвај дочекавме лето за конечно да одиме со близнаците на одмор! Не можам да замислам на што ќе личи одморот-замор, но морам да отидам, ќе се мрднам без одмор. Најдовме едно место на првиот крак што се вика Мола Калива, првпат го слушам, а вака солидно изгледа. Да не бил некој, искуства, впечатоци?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: лето 2016
9.6.2016 14:45:53   
blue_blue
никад била, ама сум го гледала на нет и го исклучив од избор зошто плажата е тесна и мала и со камчиња...мене во Грчка со деца ми е поубава песочна плажа. Јас најдов на airbnb супер станчиња во Неа Флогита и во Неа Триглиа и ќе видиме сега во кое ќе одиме. не ми се оди веќе во апартмани во кои врие од македонци

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: лето 2016
9.6.2016 14:49:14   
blue_blue
а да, и ме мрзи више да се возам плус еден саат за на краците кога и онака се исто ти е - село со плажа и убитачно досадно, па веќе неколку години идеме максимум 5 дена оти повеќе ќе умреме од досада и тоа на потег од неа каликратиа (тоа не ми се свиѓа) до неа модуања, да стигнам за 3 саати од дома до таму и да не се замарам многу...веќе трета година тераме и друг подинамичаен одмор кај што стварно се забавуваме...се надевам дека скроз ќе ги напуштиме апартманиве во грција на халкидики за година дбе, оти многу е досадно

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: лето 2016
9.6.2016 15:15:06   
Hopeful RR
Вие сте големи, blue_blue, можете да планирате сериозни патувања.

Ние па никогаш не сме биле на краците, секогаш одиме по острови или други земји, ама оваа година баш тоа ни треба - блиску, малку возење и мала плажа без гужва. Е сега јас во принцип па не можам да поднесам големи плажи со милион лежалки и галама... Сместување си бараме сами, преку airbnb, booking или наоѓам конкретни апартмани на нет. Да барам понуди од агенции со група македонци - ни под разно, ние бегаме од македонци кога сме на одмор user posted image

Малку да пркнат бебињата па пут под ноге и одма одиме некаде подалеку user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: лето 2016
9.6.2016 19:36:01   
Ilina87
Hopeful, фала за информацијата. Баш такво мирно место бараме, за со дете. Плажата ми е битна и да е без многу гужва и бучава.
Мене искрено вториот крак многу повеќе ми се допаѓа од првиот. Лани бевме Торони и супер е за со деца, прав одмор, го препорачувам нс сите со мали деца.
А за тоа со деца на одмор се знае дека е повеќе замор од одмор, но и дома не се седи ☺

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: лето 2016
10.6.2016 8:58:13   
blue_blue
јасно user posted image ние дознавме дека има краци кога требаше да идеме на одмор со деца user posted image факт е дека додека се помали таму е убаво за нив бидејќи морето е чисто и топло, а и кога ќе треба да можиш трошоци по 4 многу често испаѓа дека апартманине на халкидики се едино нешто што можеш да си го дозволиш. Ќе си поминете убаво чим сте решиле да идете, напорно секако со две деца само што прооделе, ама па забавно ќе ви биде...од 3 години натаму веќе и не е нешто посебно напорно а веќе две години (значи од нивни 6 год) досадно ми е на плажа пошто баш кулирам и дремам...иначе мене ми е ОК плажата во Неа моудања бидејќи е долга и песочна, плитко е и чисто, а скоро никад нема гужва и лежалките не се уедна у друга поставени, има место и вечито е полупразно

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Вие сте големи, blue_blue, можете да планирате сериозни патувања.

Ние па никогаш не сме биле на краците, секогаш одиме по острови или други земји, ама оваа година баш тоа ни треба - блиску, малку возење и мала плажа без гужва. Е сега јас во принцип па не можам да поднесам големи плажи со милион лежалки и галама... Сместување си бараме сами, преку airbnb, booking или наоѓам конкретни апартмани на нет. Да барам понуди од агенции со група македонци - ни под разно, ние бегаме од македонци кога сме на одмор user posted image

Малку да пркнат бебињата па пут под ноге и одма одиме некаде подалеку user posted image


(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: лето 2016
10.6.2016 9:07:30   
fetusce
i jas so maliot odluciv ke odam vo blizina vo poluostrovot Kasandra t.e Pefkohori. Iako se konsultirav so dvajca ginekolozi na pocetok na bremenost sum i mi rekoa deka nesmeam na sonce, nesmeam da plivam i da se banjam samo banjanje na 24 stepeni na ramno da odam , da ne se kacuvam po ugornici i udolnici , da nepijam gazirano, da nekrevam nisto tesko. Da odam na plaza oblecena so caj samo od kamilica i nane. i mnogu sokovi i ovosje.
I pokraj ovie mislenja na dvata ginekolozi jas pak ke odam na odmor barem ke disam vozduh so jod. Radi maliot mi e lani nikade ne bevme, demek ke sum se vrabotela pa nisto ne ispadna zabe odev sluzbenik vo knigovodstvo preku agencija za vrabotuvanje. Ovaa godina ke odime. Zaminuvame za dva dena. Pozdrav

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: лето 2016
10.6.2016 10:32:33   
СветлеБ
Дали ги бањавте малите, дали целосно ги нурнувавте во морето. Ми имаат кажано дека тоа е убаво, така да се прави додека се помали. Но страв ми е да не му се наполнат ушињата, носето. Споделете искуство

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: лето 2016
10.6.2016 10:39:46   
СветлеБ
И да одите, малиот најубаво ке си помине. user posted image
Докторите некогаш претеруваат со препораките. Ама поубаво Грција на тој воздух да си, отколку на нашиов тука, загаден и на овие горештини. Што не дадат препорака од нашиов загаден воздух да бегаме?

(Одговор на членот fetusce)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: лето 2016
10.6.2016 11:20:41   
Hopeful RR
Оди мајка, не се замарај, само бегај од сонце, мачкај се со 50 фактор и пиј многу многу течности. Легни си таму, дигни нозе и ич да не ти чуе user posted image

А ова за нурнувањето и мене ме интересира, мада јас планирам да ги пикнам под вода user posted image Им купивмје онакви за во вода, како дубачиња на дување, со дупки за ноџињата, па ќе видиме како ќе реагираат на вода. Двајцата сакаат бањање по дома, едниот полудува во вода, така што веројатно ќе биде ок. Плус им купив и базенче со кров, да се брчкаат цело време user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот СветлеБ)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: лето 2016
10.6.2016 15:32:50   
blue_blue
опасност од тоа дека ќе му се наполнат на детото ушињата и носето со вода немаш, или барем мене не ми е познато. Мислам дека детето треба да прави она што него му е пријатно, така да намерно, да не речам со сила бутање во вода/под вода јас не би правела. Инаку мене педијатр ми има кажано дека е пожелно да се нурне под вода дете ради тоа што солта има моќ на уништување на бактерии ама не во плиткото каде ние најчесто ги бутаме децата. Таму, како што ми објасни, има само куп бактерии од што е водата нон стоп со луѓе/деца внатре и сите се лигават, мочаат, итд...па според неа таму не само што нема ефект ако ги буташ децата под вода него може да има и контра ефект.

Инаку, и моите деца сакаат вода, но ког апрв пат ги однесовме на море едната се извади од памет и нејќеше дба дена да се доближи до водата, ваљда дека е големо, доле не гледа што има, а и имаше некој ветер па мали бранови, а јас па и не сум трпелива многу, одма ја бутнав во вода, наместо полека да ја навикнам на идејата ГООЛЕМАА ВОДА user posted image како и да е море е благопријатна ствар и за деца и за возрасни и секако таму убаво се поминува

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: лето 2016
26.6.2016 20:21:42   
skorpijana
Ova Leto sakame da odeme vo crna gora vo budva deckite se pogolemi pa moze da patuvame podolgo ima li nekoj sto bil vo budva I neka pise kako si pominal prv pat odeme vo budva pa ke videme kako ke bide

_____________________________

zivej go sekoj dena kako posleden

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: лето 2016
26.6.2016 22:38:35   
СветлеБ
Имам одено во Црна Гора, ама без малечко, во времето кога повеќе имавме време за шетање user posted image Во Будва има се и повеќе одат млади за забава. Ама и околу Будва има многу убави мали местенца, како селца се нешто, ама ептем блиску. Плажи има различни, а кога бев забележав дека има амилии со мали деца. Сепак многу е убаво, мене ептен ми се свигаше. А здравје малиот малку да порасне и ние би отишле натаму

(Одговор на членот skorpijana)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: лето 2016
12.8.2016 8:58:33   
vezilka RR
Ние смо што се вративтивме од одмор. Бевме во Фурка. Супер беше. На почеток н градот во скоро изолирана куќа и мала плажичка со луѓе сместени во вилата. Бевме големо друштво, деца на куп се изнаиграа, а и ние богами одморивме. Прв пат бев и го бендисав. Би офела и друг пат.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот СветлеБ)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: лето 2016
12.8.2016 11:44:55   
Палешка РР
Ние одиме во Охрид од 20 август.
Оваа година има да се изнаодморам за сите пари user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?