BEBICA
|
Возбудливи игри за стриптиз Многу лесно можете да западнете во замките на монотониот сексуален живот. За да го зачините вашиот сексуален живот и да ги запалите старите искри, пробајте некоја од следните секси стриптиз игри. Зачинете го вашиот сексуален живот со некоја интересна игра за стриптиз. - Секси турнир во шах. Запалете ги свеќите, пуштете тивка музика и поставете ја таблата за шах. Започнете да играте. Кога ќе земете една од неговите фигури, бавно соблечете дел од неговата облека. Кога тој ќе ве надитри, за награда нека соблече дел од вашата облека. Не се знае дали некој од вас ќе направи шах-мат, но се знае каде ќе завршите вие двата.
- „Дама" од фантазиите. Прво и двата напишете на ливче една ваша фантазија. Секој од вас треба да носи на себе 4 нешта. Вие: маица, прслук, гаќички и панталони, а тој: долна маица, блуза, боксерки и панталони. Започнете да играте дама. Секогаш кога еден од вас ќе го прескокне другиот има право да соблече нешто од „губитникот". Кога и двата ќе останете целосно голи, играта се менува. Сега ако го прескокнете него, можете да изберете или тој да направи нешто за вас или вие да му направите него. Играта продолжува до крај. Победникот како награда добива фантазијата (која претходно ја напишал) да му стане реалност.
- Палави зарчиња. Еден од вас ги фрла заровите за да ја започне играта. Другиот треба да погоди дали збирот на заровите кои ќе ги фрли тој ќе биде поголем или помал од претходното фрлање. Секој што ќе згреши треба да соблече нешто од облеката.
Кој би очекувал дека игрите за забава можат да го разнообразат и зачинат сексуалниот живот. триптизот е еротичен танц со кој жената (или мажот) бавно се соблекува во ритамот на заводлива музика. Секој маж си фантазира за едно незаборавно стриптиз шоу. Па зошто да не му го подарите тоа на вашиот партнер? Не треба да сте професионалка за да ја вжештите до максимум атмосферата во спалната. Златни правила Секој маж си фантазира за едно незаборавно стриптиз шоу, па зошто вие да не го израдувате вашиот. - Пригответе се. Вежбајте пред огледалото. Научете се да танцувате бавно и заводливо да ги движете колковите. Вашата кожа треба да биде мека, нежна и да издава убав сензуален мирис. Не заборавајте да ги издепилирате сите делови од телото што сакате да ги истакнете, да го премачкате вашето тело со млеко или масло за тело и да потрошите поголемо количество од вашиот омилен парфем.
- Облечете секси долна облека. Нема да згрешите ако изберете тантела или свила во црна или црвена боја. Исто така и белата боја не е за занемарување. Таа се асоцира со невиност, па затоа некои мажи не можат да ѝ одолеат на белата секси облека.
- Носете тенки чорапи. Дали ќе изберете чорапи со должина до коленото или надколеници зависи од вас. Жартиерите се пријатна глетка за машките очи, затоа не му го скратувајте тоа задоволство.
- Секси облека. Прво правило на горната облека е да може лесно да се соблекува. Без разлика дали ќе ставите само мантил или ќе имате некоја улога (палава медицинска сестра или ученичка), важно е да можете лесно да се соблечете. Корсетот можеби делува секси, но сигурно ќе ја нарушите хармонијата на танцот додека се обидувате да го соблечете. Затоа, избегнувајте го кога планирате да правите стриптиз.
- Носете високи штикли. Можете да решите да не носите обувки за да имате поголема стабилност, но нема ништо посекси од висока штикла. Не ги соблекувајте штиклите, тие ќе направат да се чувствувате посекси, а истовремено ќе ја издолжат вашата фигура.
- Внимателно одберете ја музиката. Повеќето луѓе кога ќе помислат на стриптиз, веднаш се сеќаваат на песната „You Can Leave Your Hat On" од Том Џонс. Тоа не мора да биде вашиот избор. Има голем избор на заводливи песни кои ќе ве опуштат и ќе ги диктираат вашите елегантни, секси движења.
- Прилагодете ја светлината. Направете убава атмосфера со помош на ароматни свеќи. На светлината на свеќите ќе добиете повеќе самодоверба.
Седнете го вашиот партнер на стол и започнете. Ако сето ова го направите без тој да знае, уште кога ќе ве здогледа ќе копнее по вас. Златни совети - Гледајте го право во очите. Во текот на целиот танц гледајте го заводливо. Вашиот секси поглед ќе му ја зголеми возбудата.
- Допирајте го вашето тело. Вашите раце нека ги галат оние делови, кон кои сакате да го привлечете неговото внимание.
- Неговите раце подалеку од вас. Не му дозволувајте да ве допира. Кажете му да седи мирно и да ужива.
- Роза, пердув или шал. Користете роза или долг пердув со кој ќе го допирате од време на време. Иако целта е да се соблечете, прикривањето со шал исто така е возбудливо. Замотајте се во шалот и полека откривајте му дел по дел од вашето тело.
- Започнете да се соблекувате. Соблекувајте се бавно во ритамот на музиката. За поинтересно соблекувајте се додека сте свртени со грб и потоа свртете се наеднаш кон него. Играјте си со алиштата. Прерамките од прслукот вадете ги една по една, а потоа фрлете го прслукот кон него.
- Играјте си со косата. Мажите ја обожаваат женската коса. Подигнете ја косата со двете раце нагоре и потоа пуштете ја.
- Не ја соблекувајте целата облека. Оставете дел од вашата облека на вас.
На крајот доближете се до него и ноќта може да започне.
< Поракaта ја уредил mami -- 16.1.2010 10:27:03 >
_____________________________
Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.
|