|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Deja Vu- (Дежа ву)
28.10.2009 13:51:25   
profesorica
...Или...претерано чувство на препознатливост на одредена ситуација(која всуштност се нема случено порано-а сепак се чини како да сме ја доживеале).
Дали ви се случило...што мислите за тоа?
Дали истото може да се поврзе со постоење на одредена енергија во некоја парарелна димензија на оваа во која живееме?Ајде малце научна фантастика user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Deja Vu- (Дежа ву)
28.10.2009 13:57:34   
mother 29
Дежа ву или лажно сеќавање

Кога луѓето се жалат на нивното паметење, обично зборуваат за нивната заборавеност. Меѓутоа човечкиот мозок може да изненади со непостоечки сеќавања.

Дежа ву, е искуство кое на личноста и дава чувство дека тој или таа веќе ја виделе или искусиле новата ситуација порано. Оние кои ја гледаат мистичната страна на ова искуство, веруваат дека дежа ву се сеќавања од претходниот живот.

Дежа ву што во превод од Француски значи веќе видено, подоцна се преведувало како веќе проживеано, почувствувано или слушнато. Има и свој антоним jamais vu или никогаш видено. Ова може да се случи на личности кои на пример се враќаат дома и сфаќаат дека тоа место им е непознато.
 
Научниците велат дека дежа ву се појавува кај луѓето на возраст од 15-17 и 35-40 години. Изборот на оваа возрасна група не е случаен. Емотивните и чувствителни тинејџери немаат доволно животно искуство за да ги анализираат настаните, и на тој начин се потпираат на искуства кои ги немаат доживеано. Возраста од 35-40 години, е период кога личноста навлегува во средовечната криза, кога паметењето ги изненадува со лажни чувства на никогаш доживеани искуства.

Некои од психијатрите, сметаат дека овој феномен постои затоа што нашата сегашност, минато и иднина се симултано испреплетени. Ова е најчесто проследено со повремени сеќавања кои немаат претходна реална основа.

Лажното сеќавање може да се појави како резултат на комуникација со други личности. Кога разговарате со другите за нивните искуства, често може да се случи вашиот мозок да направи погрешна реконструкција на настаните во меморијата. Така се создава микс помеѓу вашите и туѓите искуства, кои исто така можат да се поврзат и со настаните од некоја книга или филм.
 
Синдромот на лажна меморија, најчесто се среќава кај оние луѓе кои во минатото или раното детство доживеале некои трауми. Исто така се среќава и кај оние кои тврдат дека виделе или имале контакт со вонземјани. Кај нив се појавува  „парализа“ при спиење проследена со халуцинации. Најчесто овие луѓе се под стрес и имаат симтоми како забрзано чукање на срцето и потење.

Лажната меморија е всушност избор на настани кои никогаш не се случиле. Најлесниот начин на паметење на таквите настани е ако сте убедени дека сте ги доживеале. Во секој случај ништо од ова не делува на менталната стабилност на индивидуата, бидејќи феноменот на лажно сеќавање не е опасен.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Deja Vu- (Дежа ву)
28.10.2009 14:30:34   
profesorica
дали ви се има случено и што мислите за ова/како реагирате?

мене ми се имаат случено некои флешови, како да сум била на тоа место во тоа време или како истиот раговор да сум го водела претходно.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Deja Vu- (Дежа ву)
28.10.2009 15:07:01   
vezilka RR
мене највеќе ми се допаѓа објаснувањето на парапсихолозите за паралелните светови и различните космички димензии..и секогаш кога ќе ми се случи дежа ву си замислувам дека барем за дел од секунда сум била во некој друг свет и сум искусила нешто посебно..иначе јас сум зависник од научна фантастикаuser posted image user posted image user posted image   

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Deja Vu- (Дежа ву)
28.10.2009 15:09:52   
Adrijana
Jas epten cesto imam Deja Vu, i bas mi e nekako interesno, da ne recam i deka so dusa cekam da mi se sluciuser posted image Bas interesna pojava 

_____________________________



(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Deja Vu- (Дежа ву)
28.10.2009 16:01:36   
niki
Едно време многу често ми се случуваше ова, но веќе подолго време ми се нема случено, изгледа немам време за патување по други димензии.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Deja Vu- (Дежа ву)
28.10.2009 23:28:45   
Aleksandra
Mene mnogu mi se slucuva deja vu, duri nekoja situacija ja imam sonuvano i posle nekoj mesec eve ja istata.. Kako da si ja znam mojata idnina sto me ceka ponatamu...
Sto znaes moze navistina si ja gledam idninata ili mozebi ke stanam idna baba Vanga t.e baba Aleksandra???/user posted image user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Deja Vu- (Дежа ву)
2.11.2009 10:38:13   
delfinka
mislam toa za koe zboruvame deka ne e dezavu tuku druga paranormalna situacija
jas dezavu zborot go podrazbiram poiinaku
za mene toa znaci ako mnogu pati povtoruvame nekoi poimi ili sluckiso eden zbor povtoruvanje
neznam mozebi gresam no imam takvo razbiranje

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот Aleksandra)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Deja Vu- (Дежа ву)
6.1.2013 17:29:43   
Ikana
Колку пати до сега ми се случило да разговарам со некого или да одам некаде, и за дел од секунда, тој разговор или тоа место ми делуваат толку познати, како да сум одела регуларно или како веќе да сум го водела тој разговор со таа личност.
Не можам да си го објаснам ова, иако ете психологијата има понудено некои објаснувања, мене сепак не ми се доволни и ми се само гребнатинка на површината од она што лежи навистина под неа.

Ми се има случено и тоа што го сонувам ноќта да ми се оствари во период од една недела, значи специфични работи, не некоја генерална и секојдневна ситуација, или, да го сонувам на пример местото и утредента (непланирано) да одам таму. Колку пати ми се случило да го слушнам телефонот дека звони, иако во моментот не звони, по 1 минута навистина некој се јавува. Или мислам дека сакам да гледам некој филм и во рок од 1 ден го даваат тој филм на телевизија. Чудноuser posted image

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 6.1.2013 19:37:08 >

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Deja Vu- (Дежа ву)
6.1.2013 18:11:34   
Annet
Ikana jas potpolno te svakam zatoa sto i mene mi se slucuva istoto,i so son i so sekakvi sekojdnevni situacii,kako nekogas da bilo,isto,..neznam ......
So sonovi ,nedaj boze da sonam nekoj,ufff,nekam da kazam............ Nemam objasnuvanje zosto se slucuva ovaa rabota,mozebi na sekoj od nas mu se slucuva..jas nemam hrabrost da zboruvam za moite pretcuvsva,oti sekoj ne svaka...ama za ova se sto pisa,taka e

< Поракaта ја уредил Annet -- 6.1.2013 18:12:34 >

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Deja Vu- (Дежа ву)
7.1.2013 1:05:29   
Goddess*

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana RR



Ми се има случено и тоа што го сонувам ноќта да ми се оствари во период од една недела, значи специфични работи, не некоја генерална и секојдневна ситуација, или, да го сонувам на пример местото и утредента (непланирано) да одам таму. Колку пати ми се случило да го слушнам телефонот дека звони, иако во моментот не звони, по 1 минута навистина некој се јавува. Или мислам дека сакам да гледам некој филм и во рок од 1 ден го даваат тој филм на телевизија. Чудноuser posted image


Istoto ama bash istoto i na mene mi se slucuva,a za sonovite epten sum ko baba vangjauser posted image ...sve shto sonuvam izleguva vo realnost....cudna pojavauser posted image

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Deja Vu- (Дежа ву)
30.11.2014 19:39:18   
caciana
Jas cesto imam Deja Vu i mnogu mrazam koga ke mi se sluci ...grdo cuvstvo user posted image

(Одговор на членот Goddess*)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Deja Vu- (Дежа ву)
30.11.2014 19:45:19   
scared RR
хмм многу често некоја случка, па дури и некоја емисија на телевизија, некој филм ми се познати, и баш тогаш ќе си помислам, абе ова јас како да сум го гледала негде, или пак сум го сонувала user posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 13
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?