|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Машки мозок
24.5.2010 15:34:42   
Gari68
Темава од машки мозок и неговото функционирање отиде во сосема трета насока.Многу е интересно што секогаш се даваат примери од некој трети лица а кај членовите на РР се е ОК.Те овој овака и направи на една другарка,те друг вака и направи на моја братучетка и одма резиме машкиот мозок е покварен мисли само на секс и како да дојде до него не мислејќи за последиците.А повеќето рингерајки сте мажени значи во куќата имате еден машки мозок и би требало да знаете како тој навистина функционира,и да не се прави драма од тоа дали некој напишал лага или преќутил нешто на Фацебоок или друга сличен сајт и дека одма е тоа изневерување или пак барање на "женки за парење" user posted image user posted image .
Секој маж,жена си е приказна за себе и не може да се извлекуваат некои заклучоци од поединечни случаи,изневеруваат сите кои не се задоволни од партнерот,животот или пак од самите себе без разлика дали е тоа машко или женско,пред 100 години можеби односот на изневерување бил 80-20 но сега е 50-50.


(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Машки мозок
24.5.2010 15:53:17   
Bitolcanka
Темава од машки мозок и неговото функционирање отиде во сосема трета насока.Многу е интересно што секогаш се даваат примери од некој трети лица а кај членовите на РР се е ОК. Те овој овака и направи на една другарка,те друг вака и направи на моја братучетка и одма резиме машкиот мозок е покварен мисли само на секс и како да дојде до него не мислејќи за последиците.А повеќето рингерајки сте мажени значи во куќата имате еден машки мозок и би требало да знаете како тој навистина функционира,и да не се прави драма од тоа дали некој напишал лага или преќутил нешто на Фацебоок или друга сличен сајт и дека одма е тоа изневерување или пак барање на "женки за парење" user posted image user posted image .


Далеку од тоа. На никој не му е се розево и не му цвета. Но од грешките учиме, а подобро е да се учи од туѓите (побезболно). Ако човек гледа нешто сомнително кај близок пријател/роднина можеби сака да му помогне. Не мора тоа да е со директна информација (т.н.издавање), да се укаже заобиколено, не е лошо. Еден ден тој-некој ќе ти биде благодарен. Можеби најблиските се најдиректни, но тие најдобро ти мислат.


Секој маж,жена си е приказна за себе и не може да се извлекуваат некои заклучоци од поединечни случаи, изневеруваат сите кои не се задоволни од партнерот,животот или пак од самите себе без разлика дали е тоа машко или женско,пред 100 години можеби односот на изневерување бил 80-20 но сега е 50-50.


За ова потпишувам.


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Gari68)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Машки мозок
24.5.2010 16:04:52   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Gari68

Многу е интересно што секогаш се даваат примери од некој трети лица а кај членовите на РР се е ОК.



Нормално Гари68, тоа не е случај само на РР, туку воопшто на сите форуми. Никој нема толкава храброст да каже `Јас сум импотентен, помагајте` или `Јас имам врска со оженет човек` и ред други поинтимни работи...нормално е дека секој ќе зборува во трето лице, кога му треба совет. Далеку од тоа дека нас на РР ни цветаат ружи во бракот, врската, животот, сите живееме под стрес, во беспарица, а ние не сме некои изолирани, од светот и векот, случаи. Значи сметам дека тоа е `неоткривање на интимата на нет`, а не дека ние сме најпаметни, најубави, најсилни...убаво би било до душа да сме такви user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Gari68)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Машки мозок
24.5.2010 16:11:17   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

Голем број машки/мажи откако ќе се оженат "војуваат" наоколу, бараат нешто повеќе... авантура, забава, било што. На facebook ставаат статуси single, отвораат лажни профили, туѓа слика... Дури и со вистинскиот профил си ги додаваат бившите девојки, контактираат со нив, без знаење на својата сопруга (најчесто таа нема доволно време за интернет или нема профил, не е запозната со новиот начин на дружење).



Немора да значи дека статусот single привлекува девојки...и статусот оженет привлекува итекако! Ниеден женет човек не би си го дозволил луксузот да биде со тинејџерка која ќе лае наоколу дека се гледа со него..значи што би рекла една моја комшивка `За секоја роба има купец`
Јас му го отварав профилот на ФБ на мм, кај статус напишав дека е во комплицирана врска (мислев на жена, деца), хехе...тотално непривлечен статус. И друго...ако мм сака да врцка, ќе шмекни нешто додека оди по леб наутро.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Машки мозок
24.5.2010 16:44:25   
melody
 
E bas za ova status ozenet maz mi najdobro si znae...Koga ziveel vo Amerika i Kanada pred da me sretne mene mi kazuvase tamu deka na meta na devojki se zenetite mazi i toa samo radi toa sto se sigurni deka ako imaat seks so ozenet toj e 100%  zdravstveno cist(bez infekcii so edna zena neli negovata)user posted image
Sekakvi raboti postojat vo svetot i na denesno vreme se e iskvareno...Da gledame da se trudime lugeto sto ni znacat da gi zadrzime kako takvi na nekoj nacin bezgrasni za nas,a toa e najgolemata bitka vo zivotot na sekoj eden poedinecuser posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Машки мозок
30.5.2010 20:04:40   
Bitolcanka
Машки и женски начин на гледање на работите


Машки: "Ова е убав костум."
Женски: "Душо, тоа е исклучително убав костум. Погледни ги овие нежни бои кои се вткаени во материјалот - има црвени и плави бои. Убаво е скроен во половината и ја истакнува твојата градба. Многу квалитетно е направен - по рабовите се гледа дека е добро сошиен."


Машки: "Баш убава куќа."
Женски: "Колку убаво изгледа онаа куќа. Погледни го ова цело зеленило - зар не е прекрасно? Има многу врати и прозорци направени по француски стил Ми се допаѓа и што е бела со необични плави детали. Така делува посвежо."


Машки: "Паркот денес навистина изгледа преубаво."
Женски: "Сакам да бидам во паркот и да седам на сонцето. Во овој период од денот, под ова сонце, се изгледа како да сјае. Види само колку различни нијанси зелена боја има во онаа шума? Погледни ги облаците - тука чувствувам исклучителен внатрешен мир."


Tajne o muskarcima koje svaka zena treba da zna - Barbara de Angelis

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Машки мозок
31.5.2010 0:35:59   
Snowhite RR
Веќе одамна Ви е јасно дека Вашиот мозок функционира и размислува...

поинаку од оној на Вашето момче (освен тоа што секако Вашето женско мозоче е поубаво и попаметно). Доколку се направи пресек на мозокот на девојка ќе се забележи дека постојат центар за пријателките, за семејството, друг центар за музика,филмови и забава, еден центар за естетика, за шопинг, мозочен центар за момчето, друг центар каде што ја планирате вашата свадба и иднина итн... и уште милион други мисли што ви поминуваат низ глава во текот на денот.А ако ѕирнете во виугите на посилниот пол ќе забележите еден центар за секс,уште еден за секс, еден за спорт и една вијуга која постојано размислува како да се направат пари.

За да не испадне дека зборувам напамет, еве Ви и потврда од научници кои извршиле експермент со еден пар. Имено на случајно избрани момче и девојка им дале да водат дневник и вечерта да напишат како им поминал денот. Еве што напишала девојката : Осамна уште еден убав,сончев ден. Затоа со мојата другарка решивме да го искористиме и да прошетаме по кеј. Разговаравме за нашите љубовни проблеми, се сретнавме со некои пријатели, пиевме кафе и се на се многу убаво си поминавме. Кога се вратив ручав со моето семејство. Вечерта се сретнав со моето момче. На почеток не беше многу расположен, го прашав што му е, но не сакаше да ми каже што му е. Почнав да го галам и малце се расположи.
Потоа водевме љубов и така заврши мојот совршен ден.А еве што запишало момчето во својот дневник : Денеска Интер го победи Милано. Вечерта имав секс со мојата девојка.

Можеби помисливте и Вие му дадете на вашето момче да води дневник ?

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Машки мозок
31.5.2010 0:47:03   
Snowhite RR
ЖЕНСКИ VS. МАШКИ МОЗОК ВО КАРАНИЦА
user posted image
user posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Машки мозок
31.5.2010 0:55:27   
Bitolcanka
user posted image user posted image user posted image за споредбата Snowhite, малку се помачив со буквите user posted image И тоа погоре е поддршка на моето --->>> + за нас - женските user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Машки мозок
31.5.2010 0:58:39   
Snowhite RR
Што жените не знаат за машкиот мозок?

.....Постои вистина во често спомнуваната изрека: "Сите мажи се исти", која жените постојано ја кажуваат додека со пријателките седат на кафе и зборат за своите непослушни партнери. Всушност мажите поседуваат карактеристики кои жените често не ги сфаќаат.
.....Жените се лутат на своите партнери затоа што не знаат да им ги читаат мислите. Но да го барате ова од партнерот и потоа да се лутите затоа што е неуспешно, е исто како да се лутите на самите себе дека не знаете да летате. Мажите се едноставни, затоа едноставно кажете им што сакате. Ќе се заштедите од нервоза и ќе бидете посреќниЗа мажите се секси Џесика Алба, Моника Белучи, Скарлет Јохансон и многу други за кои е подобро да не знаете. И да, тоа ќе го признаат и ќе биде во ред со вас, се додека за вашата најдобра пријателка не го мислат истото.

Не барајте од нив да ја разберат вашата страст за купување кондури или некои парчиња облека кои ќе ги облечете еднаш а може и ниеднаш. Тоа мажите не го разбираат, шопингот за нив е мачна обврска (освен ако се своите другари и разгледуваат некоја техника или спортски реквизити).

Мажите навистина мислат дека изгледате фантастично без шминка, но за жал не толку добро како со неа. Затоа не очекувајте ненадејна страст или големо заљубување доколку дома сте често несредени, со подочњаци и да се жалите за својата работа и умор.

На жените им е премногу битно што ќе облечат, но вистината е дека мажите ретко ве приметуваат, освен ако облеката не е премногу нападна. Затоа без грижа, и онака тие повеќе ве сакаат како од мајка родени.

Готвењето вечера за маж е исто како кога маж ќе ви подари цвеќе, само секако вечерата бара повеќе време, труд и знаење. За среќа, повеќето мажи тоа знаат да го ценат.

Фактот дека треба да е некој секси не се однесува само на жените. Сепак и мажите сакаат да го слушнат тоа за себе, како и некој друг комплимент со што им се подига егото.

Да се каже "Те сакам" е голем чекор во животот на мажите, па затоа е подобро вие да го преземете првиот чекор.

Мажот кој премногу време поминува во теретана, најверојатно прикрива некој недостаток. За жал вие тоа ќе го откриете, но прекасно.

За мажите љубомората не е знак за љубов туку недостаток на доверба. Вашата љубомора затоа ќе му значи дека не се сакате доволно (бидејќи не му верувате доволно).

За неверство нема никакво оправдување. Немојте да се прашувате што се погрешиле и немојте да преземете дел од вината.

Секој маж со кој сте биле и кој ви кажал дека не сака да се жени или дека не верува во брак, бидете сигурни дека еден ден ќе се ожени. Но не со вас. Мажот всушност не ви кажува дека не сака да се жени, туку дека нема да се ожени со вас.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Машки мозок
31.5.2010 1:01:48   
Snowhite RR
И за крај тестирајте го вашиот мозок, дали имате машки или женски мозок ТЕСТ



_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Машки мозок
31.5.2010 1:28:47   
Bitolcanka
Одличен тест user posted image user posted image user posted image Snowhite. Се тестирав - ми излезе 50-50 user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Машки мозок
31.5.2010 1:39:52   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

user posted image user posted image user posted image за споредбата Snowhite, малку се помачив со буквите user posted image

Па не можев директно да ја ставам сликата, не знам зошто, морав преку сликоматuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Машки мозок
31.5.2010 1:47:31   
Bitolcanka
Ако, се гледа тоа што треба user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Машки мозок
31.5.2010 8:01:39   
melody
Definitivno mozokov mi e zenskiuser posted image user posted image

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 40
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2]
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?