|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Одвикнување од цуцла
14.1.2016 17:10:18   
lukajana RR
Се отарасивме од цуцлите user posted image конечно .
Скроз ја заборави и веќе не ја бара ,ја давав само ноќе ама веќе една недела не и ја давам .
Кога ке ми ја побараше и викав ја заборавив,не можам да ја најдам и се откажа дете user posted image .
Веќе и време беше ,скоро 20 месеци

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Одвикнување од цуцла
15.1.2016 15:32:53   
AneLav RR
Браво Лукајана.user posted image Јас мислам дека одвикнувањето од цуцла повеќе е проблем за мајката отколку за детето. Треба само да се стиснат заби ќе подосаѓаат малку а проблемот се решава буквално за еден викенд.А децата се прилагодлива категорија нелиuser posted image

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Одвикнување од цуцла
16.1.2016 10:30:47   
Defne90 RR
Браво лукајана за трпението и за тоа што конечно се откажала малата од цуцлата.Баш така секоја нова промена кај децата, за нас мајките е многу постресна отколку за нив.Ама како и да е, со се може да се излезе на крај кога се има трпение. user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Одвикнување од цуцла
16.1.2016 11:04:12   
lukajana RR
Мислев потешко ке биде ама брзо ја заборави за чудо user posted image .Сега е на ред цице и пелени ама тоа сигурно ке се помачам user posted image

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 16.1.2016 11:05:11 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Одвикнување од цуцла
16.1.2016 13:20:24   
AnnaMolly RR
Јас ептен се радувам што воопшто не прифати цуцла, па немавме ни проблеми со одвикнување. Ама сепак мислам дека многу ќе ми помогнеше кога урлаше преку ден од плачење user posted image

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Одвикнување од цуцла
16.1.2016 13:25:46   
Hopeful RR
Кај нас е обратно, јас сакам да им бапнам цуцли, тие нејќат user posted image
Не знам како се случи одвикнувањето од цуцла, некако сами по себе, и тоа преку ноќ. Долго време беа зависни од цуцла, немаше шанси да заспијат без нив, и плус преку ден, онака user posted image Секој си имаше свој тип цуцла, тоа плус, не сакаа исти. Еднаш ни дојдоа гости па девојчето ја заташка цуцлата на Ј, а таква иста цуцла не можевме нигде да најдеме (од оние медицинските), и некако си престана и да ја бара и се навикна без неа. Кога после неколку недели ја најдовме, не ја сакаше. М продолжи со цуцли уште некое време, во кризни ситуации, ама и на него му се здосадија изгледа. Сега уште ни циркулираат по дома цуцли, ептен ретко да помогнат, при заспивање или презаспивање, бидејќи ги фрлаат и си играат со нив.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Одвикнување од цуцла
16.1.2016 13:32:41   
Defne90 RR
И кај мене малиот за жива глава не сакаше да прими цуцла.А поголемиот цуцаше цуцла до 15 месеци, ама после тоа самиот ја остави.Едноставно повеќе не сакаше да ја става во уста и не сме имале ни со него никакви проблеми околу одвикнувањето.user posted image user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 57
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?