|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Саем на жена
11.9.2010 18:33:21   
jovanka
БИДЕТЕ ПОСЕБНИ
24 – 26 Септември 2010
Прославете го фактот што сте жена – потсетете се зошто е добро да се биде жена...од шминка, до превкусна храна, до луксузни патувања и забава со вашите пријателки.
Саем на Жена е идеалното место да ги разбудите вашите сетила, да флертувате со модата, да откриете нов жар во вас, да ја откриете вашата забавна природа и, не заборавајте да ги оставите децата дома за да можете да “украдете” неколку часа посветени само на вас... Вие тоа го заслужувате!
Ќе бидете инспирирани и мотивирани од содржините на Саем на Жена. Саемот нуди разни перформанси, предавања, информативни работилници, интерактивни штандови каде можете да научите многу за вашите финансии, здравје, убавина, сексуалност и многу повеќе.


_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Саем на жена
11.9.2010 18:35:35   
jovanka
Саем на Жена е единствената изложба и лајфстајл настан кој е посветен единствено на жените во Македонија.
Овој уникатен настан оддава почит на секој аспект од животот на жената – од личниот и семеен живот, па се до работата, физичката активност, здравјето, убавината и уживањето, модата, финансиите и претприемаштвото.
Саем на Жена е интерактивна платформа каде посетителите ќе уживаат во информативните изложби, предавања, дискусии и демонстрации, кои ќе им дадат на посетителите нови идеи, начини и решенија за подобрување на нивниот живот.
Овој лајфстајл настан ја слави веселата природа на жената преку големата забавна и едукативна програма, модата и екстравагантноста.
Жената е примарниот субјект кој ги носи одлуките, што ни дава до знаење дека ова е една моќна сила на која можете да и се обратите директно. Овој настан е наменет за жени од сите возрасти, со разни интереси и културни ориентации.
Саемот на Жена презентира голем број на изложувачи, 2 сцени на кои ќе се одржуваат голем број на настани и голем број на интерактивни штандови. Ова е дефинитивно дестинацијата за зближување, информација, инспирација, забава и искуство со најсаканите брендови и личности од Македонија.
Придружете се на Саем на Жена 2010, Скопје, 24-26 септември 2010, на Скопски Саем, Метрополис Арена, за да ги искусите најдобрите производи и услуги достапни на женскиот свет!
Дозволете нашата селекција на изложувачи и уникатни настани од забавен карактер да ги разбудат Вашите сетила!

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Саем на жена
19.9.2010 23:37:28   
kirova
sekako doagame so prijatelkiteuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Саем на жена
22.9.2010 0:18:31   
кирова
se razbira ne propustame takvi druzenja user posted image

_____________________________

najvazen e duhot na vasiot odgovor***

(Одговор на членот kirova)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Саем на жена
23.9.2010 16:32:02   
Julie1
На Саем на жена ќе биде и Рингераја партнерот во делот за матични клетки Bi-MEK ексклузивен преставник на Cryo Save. Би-МЕК испрати покана до сите наши корисници да го посетат нивниот штанд и да го слушнат предавањето за матични клетки од Др. Марија Геракарска (петок од 17:30 часот и недела од 15 часот).

Би-МЕК покана:

Ве очекуваат најубавите моменти во животот- раѓањето на Вашето бебе, одвојте малку време за да го посетите штандот на Би МЕК и да ја разгледате можноста која Cryo Save ја нуди за зачувување на матични клетки.
Ви нудиме промотивни понyди, предавања и совети за здрава, релаксирана и витална бременост.


< Поракaта ја уредил Julie -- 23.9.2010 17:36:35 >


_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот кирова)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Саем на жена
23.9.2010 17:23:47   
кирова
Blagodaram mnogu,nie go pominavte toa informirani sme i zadovolni user posted image
im preporacuvam na site da gi posetat  na saem.

_____________________________

najvazen e duhot na vasiot odgovor***

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Саем на жена
23.9.2010 23:54:57   
nadica
ќе оди ли некој од вас утре на саем на жената јас ќе бидам во тој дел на ск па ако има некој може да пиеме кафе
пишете пп со мобилен број  за да се договориме user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот кирова)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Саем на жена
23.9.2010 23:58:50   
Viktori
лелеее жал ми е што ќе те пропуштам.. утре сум на раб. цел ден со мала пауза  екде на пладне, ама на друга страна скроз...

Убаво да си поминеш и кога ќе доаѓаш некој викендашки ден пишуј обавезно!


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Саем на жена
24.9.2010 11:52:46   
Anushka
Виктори, саемот трае до недела навечер. Денес со колешките ќе излеземе малку порано од работа и ќе отидеме на саемuser posted image , па ќе ви раскажам како било.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Саем на жена
25.9.2010 0:26:08   
Anushka
Убаво!
По организација и посетеност потсеќаше на Бебе Саемот. Ми се допадна што немаше многу турканица, туку лежерна, опуштена атмосфера. Иако,понудата беше прилично еднострана: штандовите нудеа или како да ослабнеш со нивните третмани, или како да ослабнеш со нивните препарати.  а ако тоа воопшто ти успее, имаше два-три штанда со тривијална долна облека, така слаб, да се ставиш во неа. Малкумината штандови беа таму да те потсетат дека ако не ослабнеш, не родиш или не вежбаш, можеби ќе „фатиш“ рак или целулит, не дај Боже, па, оп - кај нив во здружение...
Сепак, заклучивме со колешките, на Саемот ја утнале темата - на штандовите на место презентерки требаше да има набилдани или барем харизматични презентери, тогаш ќе беше вистински Саем за Жената...

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Саем на жена
25.9.2010 11:46:30   
Viktori
Анушка, фала на одговорот, ама муабетот ми беше дека Надица нема да ја видам user posted image

Инаку саеи за жени не ми се ич интересни, баш заради описот кој го даде Анушка. Диети, салони за убавина, маникир педикир и секогаш пак мислат дека нешто им фали... страшно...


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 11
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?