|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Тој и хороскопот
18.8.2009 20:58:52   
mami


Астрологијата нуди најразлични типови на хороскоп, но несомнено еден од најинтересните е сексуалниот. Проверете какви се сексуалните карактеристики на мажот кој што ви се допаѓа врз основа на неговиот хороскопски знак.

1.Овен:Темпераментни (21.03- 20.04)

Мажот роден во овој знак е многу темпераментен и мажествен. Токму и така се однесува во креветот. Веднаш преминува на главното, а предиграта понекогаш ја сфаќа како губење време. Најмногу сака спонтан секс. Можеби токму поради тоа не се големи љубители на романтичните игри. Тие го земаат тоа што им е потребно и не можат да го замислат животот без секс. Сепак внимавајте сакаат да наредуваат.

2.Бик: Хедонист ( 21.04- 21.05)

Овој маж сака нежно, но тоа не значи дека неговите емоции немаат интензитет. Во суштина тој знае како да ужива, па затоа сака долг секс. Бикот не сака спонтани промени и сексуално експериментирање. Тој е не е голем заводник и повеќе сака жените да му пријдат и да покажат заинтересираност за него. Неговиот тип на жени се оние кои се сензуални и имаат облини.


3. Близнаци: Љубител на експерименти (22.05- 21.06)

Со љубовник во знакот на близнаци никогаш нема да ви биде досадно. Тој е брз и бара многу. Обожава предигра богата со фантазија, па е во состојба брзо да ја доведе својата партнерка до оргазам. Но, како што сака промени така знае и истите да ги бара во туѓ кревет. Што се однесува до местото каде што водат љубов, исто може да се забележи дека покажуваат авантуристичко расположение.

4.Рак: Романтичар ( 22.06- 22.07)

Мажот роден во овој знак е непоправлив романтичар. Тој знае како да се вовлече под кожа, па така кога еднаш ќе ве освои потоа ќе биде тешко да го извадите од срцето. Кај овој знак женското задоволство е поголемо од личното и важи за мошне издржлив знак. Неговото мото гласи „ Еден секс како ниеден“ па така сака повеќе пати. Тој обожава кога жената ќе ја преземе иницијативата.

Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Тој и хороскопот
19.8.2009 0:20:28   
nadica
мм е рак и потполно е точно

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Тој и хороскопот
19.8.2009 0:26:16   
Aleksandra
Mm e bik, i pisuva deka saka oblini, a jas gi imam tie oblini user posted image user posted image

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Тој и хороскопот
19.8.2009 8:37:22   
mami
ЈАс му го читав ова синока на мм, тој е Бик и вели дека делумно го погодиле, само не ми кажа кој дел го погодилеuser posted image

(Одговор на членот Aleksandra)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Тој и хороскопот
19.8.2009 11:12:28   
Еца
Мами а остатокот од хороскопот кога ќе го имамеuser posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Тој и хороскопот
19.8.2009 11:22:28   
mami
набрзо

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Тој и хороскопот
19.8.2009 11:23:00   
Еца
user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Тој и хороскопот
20.8.2009 14:43:10   
mami
Лав: Мачо (22.07-22.08)

Вашиот лав е вистински маж во креветот. Горд и задоволен со себе може да доминира или пак да биде во потрага по жена која навидум е незаинтересирана за него. Не сака многу да експериментира, но затоа е издржлив и сигурен во своите способности. Посакува да е во центарот на вниманието, па не се чудете доколку се шета по домот како од мајка роден. Понекогаш знае да биде себичен.

Девица: Традиционален (22.08-22.09)

Овие мажи сакаат редовен и едноставен секс. Понекогаш подоцна стапуваат во сексуални односи и имаат голема почит кон женскиот пол. Сепак ова не значи дека мажите од овој знак не се заинтересирани за секс. Напротив, нивниот нагон расте со текот на годините, па така таму каде што другите потфрлуваат вашата девица ќе се покаже во најдобро светло.

Терезија: Нежен (22.09-23.10)

Мажот роден во знакот на терезија се одликува со природна убавина. Едноставно не можете, а да не го забележите. Но, освен тоа што е убав е и многу нежен. Сака да се милува, да менува пози и да биде сакан. Со него ќе се чувствувате прекрасно. Единственото нешто што нема да ви се допадне е тоа што овие мажи тешко може да се задржат бидејќи тие се љубители на убавото, па честопати се неверни.

Скорпија: Мистериозен (23.10-22.11)

Скорпиите се исклучително страсни мажи кои имаат потреба од многу секс. Поставуваа високи стандарди и забележуваат детали. Најчесто ќе ги забележите по продорниот поглед со кој како да ве хипнотизираат. Сакаат да изневеруваат и не гледаат ништо лошо во тоа, но внимавајте бидејќи ако им го направите истото стануваат опасни. Не се плашат да го истражуваат еросот, но повеќе сакаат да се задоволат себе си отколку другите.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Тој и хороскопот
20.8.2009 14:47:51   
penelopa
Maž mi e Terezija....i DA mnogu e neženuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Тој и хороскопот
20.8.2009 14:50:17   
profesorica
ммво некои хороскопи е риби а во некои водолија.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Тој и хороскопот
20.8.2009 15:01:57   
mami
е како бе така?или е тоа или тоа..како може да шета? освен ако не е роден на 29.02user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Тој и хороскопот
20.8.2009 15:04:19   
profesorica
не туку на 19ти е зависи во кој весник некаде пишува дека водолија е до 19 а некаде дека до 18ти.сваќаш?




_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Тој и хороскопот
20.8.2009 15:15:34   
mami
хехе, добро е барем сум утнала за 10 денаuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image не бе, па колку сумјас по хороскопите ( а ич не сумuser posted image ) мислам дека е до 19ти

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Тој и хороскопот
26.8.2009 9:51:53   
mami
Стрелец: Весел (22.11-21.12)

Тој е весел, топол и природен љубовник. Лесно се вљубува во убави жени и тие му се инспирација за се што прави. Сепак овој маж не е за сериозни врски, па така не се изненадувајте ако сака вашата врска сака да остане неформална. Жените може да го заскокоткаат, но не и да го следат на долги патеки. Кога се заљубува тоа е искрено. За жал страста трае кратко, па мора да продолжи со своето вечно патување.

Јарец: Решителен (22.12-20.01)

Јарците секогаш знаат што сакаат. Тие се екстремно реалистични и сакаат да ја достигнат по секоја цена. Овој маж сака да ги исполни желбите на својата партнерка, но често се случува да се инхибира самиот себе. Потребно му е време додека се опушти, а кога ќе го направи тоа очекувајте експлозија од сексуален нагон. Можеби е бавен, но затоа е стабилен и лојален.

Водолија: Иновативен (21.01-19.02)

Водолиите се љубители на иновативниот секс. Бараат партнерка која што е сензуална, еротична, понекогаш помалку перверзна. Знаат да бидат одлични пријатели кои преку ноќ ќе се претворат во нежни љубовници. Најчесто се плашат од обврски, но тоа се менува со текот на годините. Нивната несебичност ги прави едноставно неодоливи за женскиот пол.

Риби: Сензуален (20.02- 20.03)

Мажите од знакот на риби имаат длабоки емоции и еротски фантазии. Сепак никој не знае што точно се случува во нивното срце. Иако, може да изгледаат многу стабилно, во суштина не се премногу отворени со своите партнерки. Овој маж знае како да задоволи жена, бидејќи размислува за женските потреби. Некои риби бараат жени кои што ќе може финансиски да ги задоволат нивните потреби и секогаш на жената и ја доделуваат доминантната улога.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Тој и хороскопот
26.8.2009 11:56:01   
***Lide***
mojot mm e Rak i samo delumno e tocno a jas i mnogu ne veruvam vo horoskop user posted image


(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Тој и хороскопот
26.8.2009 12:26:05   
milijana
mojot e bliznaci..neznam dali nekoj ima maz bliznak..Vo horoskop veruvam od zabava..a ne vo celost.Onaka eden prijatelski razgovor za horoskop i tolku.Mislam sekoj maz si e prikazna za sebe.Znaes edna moj prijatelka vika ,,Koj go ima doma-toj znae kakov e,, na sega se razbira..se salime..pa rekovme..od sega za natamu samo da si gi falime mazite..za nekoja bozem da se zaleta demek..lele daj da go ukradam.hahaha..smea..normalno.Pozz devojki..bas e zabavna temava..

(Одговор на членот ***Lide***)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Тој и хороскопот
26.8.2009 20:36:32   
Лејди
Скорпија: Мистериозен (23.10-22.11)

Скорпиите се исклучително страсни мажи кои имаат потреба од многу секс. Поставуваа високи стандарди и забележуваат детали. Најчесто ќе ги забележите по продорниот поглед со кој како да ве хипнотизираат. Сакаат да изневеруваат и не гледаат ништо лошо во тоа, но внимавајте бидејќи ако им го направите истото стануваат опасни. Не се плашат да го истражуваат еросот, но повеќе сакаат да се задоволат себе си отколку другите.

Се е вистина освен она што го потенцирав, барем во поглед на карактерот на мојот дечко.
Несака да слушне за зборот неверство, не па да го примени.
Ако се сите скорпии како него тогаш ќе кажам дека се многу чувствителни луѓе, кога сакаат вистински и несебично.
На неверства воопшто не ни помислуваат.
Или можеби јас ја имам таа среќа што имам скорпија од моите сништаuser posted image


(Одговор на членот milijana)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Тој и хороскопот
7.9.2009 17:39:20   
Cacko
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Лав: Мачо (22.07-22.08)

Вашиот лав е вистински маж во креветот. Горд и задоволен со себе може да доминира или пак да биде во потрага по жена која навидум е незаинтересирана за него. Не сака многу да експериментира, но затоа е издржлив и сигурен во своите способности. Посакува да е во центарот на вниманието, па не се чудете доколку се шета по домот како од мајка роден. Понекогаш знае да биде себичен.

Epten ste go pogodile mmuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Тој и хороскопот
7.9.2009 17:54:58   
ivanaa
Скорпија: Мистериозен (23.10-22.11)

Скорпиите се исклучително страсни мажи кои имаат потреба од многу секс. Поставуваа високи стандарди и забележуваат детали. Најчесто ќе ги забележите по продорниот поглед со кој како да ве хипнотизираат. Сакаат да изневеруваат и не гледаат ништо лошо во тоа, но внимавајте бидејќи ако им го направите истото стануваат опасни. Не се плашат да го истражуваат еросот, но повеќе сакаат да се задоволат себе си отколку другите.


da se strasni-DA
a toa za neverstvo-ni slucajno-imam doverba
a za zadovolstvo-mislam deka e obostrano
(sepak toa e samo horoskop)user posted image










< Поракaта ја уредил ivanaa -- 7.9.2009 17:56:05 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Тој и хороскопот
7.9.2009 18:36:13   
STRUMFETA
1.Овен:Темпераментни (21.03- 20.04)

Мажот роден во овој знак е многу темпераментен и мажествен. Токму и така се однесува во креветот. Веднаш преминува на главното, а предиграта понекогаш ја сфаќа како губење време. Најмногу сака спонтан секс. Можеби токму поради тоа не се големи љубители на романтичните игри. Тие го земаат тоа што им е потребно и не можат да го замислат животот без секс. Сепак внимавајте сакаат да наредуваат.

Moze da kaze, donekade.


< Поракaта ја уредил STRUMFETA -- 7.9.2009 18:37:39 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Тој и хороскопот
7.9.2009 19:20:17   
Bogdancanka
Терезија: Нежен (22.09-23.10)

Мажот роден во знакот на терезија се одликува со природна убавина. Едноставно не можете, а да не го забележите. Но, освен тоа што е убав е и многу нежен. Сака да се милува, да менува пози и да биде сакан. Со него ќе се чувствувате прекрасно. Единственото нешто што нема да ви се допадне е тоа што овие мажи тешко може да се задржат бидејќи тие се љубители на убавото, па честопати се неверни user posted image user posted image user posted image Мажот ми е овој знак али сега за неверен не е баш али беше кога идевме и не бевме во брак сега се смири фала богу инаку за ова другото се е точноuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот STRUMFETA)
Непосредна врска до пораките: 21
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?