Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
"До министерот за труд и социјала, Бајрами, допреле информации за наводни злоупотреби со деца што се давале на посвојување надвор од земјава Жаклина Ѓорѓевиќ
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, има индиции за злоупотреби со деца од земјава што ги посвојуваат странци, и затоа смета дека е добро истражните органи да ги проверат овие посвојувања. Министерот, ексклузивно за нашиот весник, во интервју што ќе биде објавено во понеделник, изјави дека добил информации за злоупотреби со деца што наводно биле здрави, а во нивните документи биле заведувани како деца со посебни потреби, иако тоа не било вистина.
„Симптоматично за мене е што странците посвојуваат исклучиво деца со посебни потреби или од ромска етничка заедница. Добро би било да се вклучат истражните органи и да проверат каква е фактичката состојба на оние странски државјани што посвоиле деца. Токму тука можеби лежи можноста за злоупотреби од некои службеници. На пример, некое дете да било здраво и право, а да се запише дека тоа има карактеристики на дете со посебни потреби“, вели министерот во интервјуто за „Утрински весник“. Тој нема конкретни индиции за злоупотреби, а информациите ги добил во неформални разговори со луѓе надвор од Министерството. Токму затоа објаснува дека го вовеле електронскиот систем за посвојувања, за кој најави дека наскоро ќе профункционира. Според него, услов странец да посвои дете е ако претходно сите домашни посвоители се откажат од него, па дури тогаш странците да пројават интерес."
RE: "Ги правеле со посебни потреби за да... 27.1.2011 14:33:24
majka 79
da , sega za praznicive gledav na televizija imase poseti od funkcionerive vo domovit za deca bez roditeli. imase edna snimka : go davaat raceto od detenceto, kako go podava od krevetceto i go faka prstot od rakata na funkcionerot, neznam koj bese...i ne e bino. na toa dete ne mu trebaat poseti i prsti od funkcioneri, na toa dete mu treba topla majcina pregratka sto tolku dolgo ja ceka....i kojznae uste kolku ke ja ceka.
_____________________________
mudriot covek ne kazuva se sto misli, tuku misli i razmisluva se sto ke kaze.
RE: "Ги правеле со посебни потреби за да... 28.1.2011 9:41:22
lukas
na toa dete ne mu trebaat poseti i prsti od funkcioneri, na toa dete mu treba topla majcina pregratka sto tolku dolgo ja ceka....i kojznae uste kolku ke ja ceka.
tolku ubavo i vistinito... a tie samo pregovaaraat dodeka tie si cekaat toplina i griza...
_____________________________
Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.
RE: "Ги правеле со посебни потреби за да... 28.1.2011 19:11:39
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25
Жалосно е да се види дека самиот министер нема појма што се случува со тие деца. Или пак не му е гајле?!?!
Министерот е партиски војник. И јас не мислам дека може да знае се. Не се само тие домови и не се работи само за децата без родители, ниту пак тој е директно одговорен само за домовите. Јас не се согласувам дека министерот е виновен за се. Криви се и тие што знаат, земале дете (или биле вмешани) и ќутат, а чекаат некој друг да им ги реши проблемите! Редно се СИТЕ да платат...
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
RE: "Ги правеле со посебни потреби за да... 28.1.2011 22:36:33
suzeto
da ...ama tie sto zemale dete ako kazat ce bidat kazneti zatoa molcat toa treba nekoj sto ne e vmesan a znae,toj treba da progovori a tie sto se vmesani nikogas nema da kazat sto se slucuva,bideki taka im odgovara najverovatno............
< Поракaта ја уредил suzeto -- 28.1.2011 22:37:03 >