|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Места во Македонија за викенд!
12.9.2014 14:45:29   
LoveableMe RR
Ние бевме еден викенд во Берово, во приватно сместување во градчето, навистина е убаво на 4 -5 км од езерото е, дури и во градот се чувствува чист воздух, мирно е и чисто. Можете да ручате во градот за евтини пари во ресторанчињата во Центар, обавезно да ги пробате ќебапите во Мрс и рибите во Клепало (тоа е на 10км од Берово) преубав амбиент, убава природа.

Може кога ќе одите на планината кафе да пиете во некои од приватниве куќи, прават кафе, нудат сокови од малини капини и сл. , а има и за продаваење, како и мед, компири и други сирупи од бор. Во Аурора може да се напиете кафе, ако ве пушти чуварот, бидејќи наводно било ограничен влез само за гости, нас не пушти но гледаше дали ќе седнеме во ресторан, не дозволи да се шеткаме наоколу.

Во секој случај, убава можност за викенд и за прошетка.


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Места во Македонија за викенд!
15.9.2014 11:07:33   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Денес јас и мм одиме на викенд без деца во село Гари ...Едвај чекам малце да си ја излуфтирам главата и да си се посветиме со мажето!

Претпоставувам дека сите сте слушнале за Гари и Лазарополе, накај Дебар, па имате претстава за што зборувам..
Ова е идеално место за викенд во Македонија!!! Ке ви поставам сликичка кога ке си дојдам од таа недопредан природа од зеленила и водопади user posted image


Ништо од мојот романтичен викенд..
Во петокот јас така спремна и среќна дека ке поминам еден убав романтичн викенд со мм, чекам да ме земе од работа и да појдеме..
Дојде по мене, наминавме до 7 ца да си земеме по еден сендвич за таму кога ке стигнеме, и јас така изслегувам во 7 ца, пред да влезам во кола ми звони моб, свеки врти и прашува дали сме пошле.. Викам - еве сега тргнуваме, зимавме за јадење, а таа - е арно вие ке тргнете, ама Дариа гори од тепмература user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image И така јас и м, свртевме количето и накај дома... Детето навистина изгоре од температура, трчавме по доктори! Нашиот романтичен викенд помина крајно неромантично.. Ако има по0голем баксуз од мене, нека се јави!!!


_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Места во Македонија за викенд!
23.9.2014 11:47:46   
Felly RR
Ние во неделата бевме во Крушево, па поминавме и на Мечкин Камен. Прв пат сум била таму, и морам да кажам дека местото навистина ептен ми се допадна. Имаше и големи дрвја за сенка, под нив направено дрвени клупи и маси, големи ливади за децата слободно да трчаат и да играат. И дури криво ми беше што порано не сме се сетиле да поминеме од тука, а повеќепати сме го посетиле Крушево летово, ама ете за Мечкин Камен прв пат сега ни текна.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Места во Македонија за викенд!
29.9.2014 11:25:11   
Snowhite RR
Ние сме во план сегас додека ми е одморов да отидеме на еден продолжен викенд до Крушево и баш планирав и ние до Мечкин Камен да одиме, јас сум била, ама како мала, а сега одиме само до Крушево и ние, не сме биле до споменикот, баш ќе отидеме до таму
А Фели дали сте биле до манастирот што го градеше Тоше? Викаат дека е далеку, ама си велам и така ќе бидеме 3-4 дена, да одиме и до таму, зашто Крушево како гратче е мало и еден ден е доволно да се прошета, така да ќе имаме време и за другиве места

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Места во Македонија за викенд!
29.9.2014 11:39:44   
Felly RR
Не сме биле до манастирот, но вие ако одите на повеќе денови тамам ќе имате и повеќе време да посетите повеќе места, а еве и времето изгледа ќе биде потопло па тамам за една прошетка. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Места во Македонија за викенд!
9.10.2014 23:38:11   
Snowhite RR
Нашиот викенд во Македонија се претвори во викенд надвор од Македонијаuser posted image Ни испадна прилика со ептен блиски пријатели кои живеат во Софија и минатава недела си беа дојдени, па во петокот си заминуваа и се договоривме да одиме и ние со нив да прошетаме до Софија. Така да, Крушево останува за некоја следна викенд дестинација

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Места во Македонија за викенд!
10.10.2014 10:49:34   
sandriana RR
манастирот што го градеше Тоше? Викаат дека е далеку,

Манастирот е далеку, за пеш одење...со кола се стасува брзо, за 15-20 минути максимум.
Кога бев пред 4 години, се уште не беа пуштени конаците, но сега веќе се е стокмено. Следна прилика секако да го посетите, местото е многу убаво.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Места во Македонија за викенд!
13.12.2015 19:58:11   
marchi
jas planiram da odam na romanticen vikend kade sto e mirno i tivko i da ima ubav pogled na priroda.da mozam da legnam da se iznaspijam i da ispijam edno dve tri kafinja raat.user posted image koj ima nekoja idea neka mi kaze user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Места во Македонија за викенд!
13.12.2015 21:32:07   
Kvisko
Аурора спа Берово или Радика спа Маврово. Ем убава природа ем спа третмани дупло уживање. Овој период од годинава не би требало да сд многу полни па може и да сте сами во сауни и слично супер романтично.
Евентуални хотел Манастир Берово.
Ако ми текне нешто плус ќе пишам.

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Места во Македонија за викенд!
17.12.2015 12:19:00   
marchi
bas sega gi gledam na google tie mesta.za katlanovska spa banja znam,sme odele tamu na praksa e bas zgodno i relaksiracko e sega ne znam tamu smestuvanje dali ima za restoran znam deka ima.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Места во Македонија за викенд!
6.2.2016 1:56:11   
Sunshine88
Берово дефинитивно....И тоа во приватна куќа, само два апартмани има, и огромен двор. Цените во Аурора се изгор(80 ден турско кафе), во Манастир не сакам зошто одам за планина а не за да сум пак во град, инаку за ручече Манастир е топ. Не го менувам местово за ништо на светот...Таму се чувствувам како дома. Целосно се опремени, имам приватност...Тотално се опуштам. Кога му се зафатени не ни одам во Берово.

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 36
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2]
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?