|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Опремување на детска соба
4.1.2014 15:40:22   
Martins mom
Уште пред да се роди Ана , ја уредивме детската соба, затоа што потребно беше Мартин да го ослободи креветчетоuser posted image Сега тој спие сам во детскаuser posted image Боите се зелена со циклама. Мене тоа ми е совршен спој на бои за машко - женска соба. Плакари за двајцата, кревет еден во друг (мислам едниот кревет се извлекува одоздола по потреба, а може и како голема фиока да го користите) и биро. Ми требаат полици за на ѕид, перде, тепиче и лустер. Се породив и не стигнав да си набавамuser posted image Не се брзаме, ќе ви пуштам и фотки да видите

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Mimi33)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Опремување на детска соба
5.1.2014 15:16:20   
Felly RR
Ајде Мартинс мам, чекаме. Не се сомневам во тебе, сигурна сум дека ќе биде одлична собата. А и Михаела ни остана должна за фотка. Јас се надевам на пролет да ја средиме.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Опремување на детска соба
5.1.2014 15:42:21   
Mihaela 2010
Aaa pamtam i ke stavam ama bidejki ne stasa zimava ostanaa uste nekoi sitnici da se dokupat za da bide kompletna i momentalno ne ja toplime bidejki M spie u spalna. taka da na prolet stavam sliki

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Опремување на детска соба
12.4.2015 12:15:32   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: marchi

Ме интересира ваше мислење од која возраст детето треба да добие своја соба, според вас која е идеална големина широчина.... Природното осветлување какво треба да биде, со поголеми или помали прозорци... Што мислите вие?



_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Опремување на детска соба
14.4.2015 15:13:59   
elenak
Марчи, еве ќе пробам јас стручно да ти одговорам.user posted image Од која возраст, не знам, најдобро е доколку е возможно уште од раѓање да си има своја соба, ама за спиење само во соба јас не би уште од толку мало. Ќерка ми има 3,5 години и сега летово сакам да и направиме соба, т.е да и ја уредиме (соба имаме) и да почнеме да ја навикнуваме да спие таму. Ќе биде тешко сигурно а и мене ќе ми биде шубе, се навикнав да биде до мене, некогаш ноќе се буди и го пушта рачето од креветчето само да ме допре, да знае дека сум тука до неа. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, за тоа ќе пишувам искуства понатаму.
Е сега, големината на собата зависи и од просторот со кој располагате, инаку 12-16 м2 е идеалната големина. Осветлувањето треба да доаѓа бочно на креветот, значи или од лева или од десна страна. На работната маса светлото треба да паѓа од лева страна. Прозорците треба да се со стандарден парапет (тоа е висината на ѕидот под прозорецот) од 90см, што значи висината на прозорецот треба да е 130-140см, и најчесто се предвидува двокрилен прозорец. Доколку имате парно греење радијаторот се поставува под прозорецот. И тоа се воглавно тие некои стандарди и нормативи кои треба да бидат запазени. Нормално ако се нема услови се прават и отстапувања, но сепак треба да се внимава на она што се min и max димензии за просторот и за елементите.
Се надевам ти помогнав, ако те интересира уште нешто слободно прашај.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Опремување на детска соба
23.5.2015 13:31:24   
bucko mal

Da se nadovrzam na muabetot od drugata tema.Krevetcheto za M skoro go kupivme I sakav da vi go pokazam.Eve vakvo mu zemavme samo belo:

user posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Опремување на детска соба
26.5.2015 19:18:24   
Felly RR
Јас имам дилема околу осветлувањето на работната маса. Знам, како што пишала и еленак, дека осветлувањето на работната маса треба да доаѓа од лева страна, но кај нас просторот за работна маса е директно под прозорецот, и продолжува на Г, така што би дошло осветлувањето од десна страна, и мајсторот ни вика дека би требало и да го направиме подолг тој дел, а баш ме збуни, ако е тој поодолг дел, значи кога ќе пишува ќе си држи сенка со раката, бидејќи светлината би и идела од десно. Зарем не е попрактичнмо подолгиот дел на работната маса да биде тој што е директно под прозорецот? БИдејќи и прозорецот е северен и не би имало директно сочева светлина, па да и смета додека работи на биро. Плус и има должина повеќе од 1,5 м под прозорецот,па овој дел штопродолжува под агол, би требало да биде пократок. Што мислите?

Друга дилема - дали плахар од 2м е доволен за во детска соба? Се што е пошироко ми се чини преголемо за во детска соба.user posted image

Еленке, чекам и твое стручно мислење, ако прочиташ.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Опремување на детска соба
31.5.2015 23:47:24   
Боцко
Стефан има своја соба од раѓање, но на негови 6,5 години целосно му ја преуредивме за ученик. Пред тоа сите ѕидови беа испочкртани и излепени со „креативности“.
Сега има 8,5 години многу си ја сака собата и често знае да држи затворена врата и да не брка надвор за да си слуша музика или слично. user posted image
Во некоја прилика ќе поставам и слика. Сите негови спортски достигнувања се закачени на ѕид.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Опремување на детска соба
1.7.2015 21:12:03   
Felly RR
Ние сега за сега и го преместивме само креветот, кој го имаме од лани, и сите играчки, си има и мала масичка со столче, а до крајот на месецов се надевам ќе и стигнат и др елементи - веќе се порачани.
Ептен беше радосна што конечно има нејзина соба, а и со спиењето до сега поминуваме супер, да не ја подречам.
Прв ден - лежев со неа дури не заспа, се разбуди во 5:30 и дојде в спална, па си поспа со нас уште 2 саати и кога се разбуди одма си појде пак в детска.
Втор ден - пак лежев со неа дури не заспа, па таа ноќ се разбуди некаде околу 3 за во тоалет, и само ме викна па пак без проблем си заспа сама в соба.
Трет ден - си ставила под перница една тетратка, и кога си легнавме вечерта, ми кажува дека си скрила под перница таен дневник, кај што ќе си пишува што и се случило секој ден на училиште кога ќе биде прваче или втораче. Па дури и со рака проверуваше дали и е сеуште тука дури лежев до неа. И си спиеше цела вечер без проблем.
Ми пораснала мојава девојкаuser posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Опремување на детска соба
20.1.2016 22:07:29   
marchi

ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal


Da se nadovrzam na muabetot od drugata tema.Krevetcheto za M skoro go kupivme I sakav da vi go pokazam.Eve vakvo mu zemavme samo belo:

user posted image

ova kolku sto mozam da zabelezam moze da e krevetce za dvajca taka?kako i da e mene epten mi se dopagja i ke planiram nesto slicno koga bi imale uste eden clen

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Опремување на детска соба
23.1.2016 13:28:31   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal


Da se nadovrzam na muabetot od drugata tema.Krevetcheto za M skoro go kupivme I sakav da vi go pokazam.Eve vakvo mu zemavme samo belo:

user posted image


Не да е добро креветчево, топ е значи!!!! Како не сум видела кога ние ја опремувавме собата.. Колку убаво со фиокички!! Браво, ептен добро

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 86
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?