|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Алиментација
8.1.2013 14:00:13   
vezilka RR
Тарашкајќи по Законот за семејство се запрепастив од членовите кои го одредуваат издржувањето на брачниот партнер и детето по развод на бракот.

Всушност се изненадив од членот за издржување на брачниот партнер по развод, мислев дека нема такво нешто, иако досега немам слушнато во пракса некој да плаќа алиментација на партнерот, тоа тешко оди плаќањето за деца, а не пак за партнери. Но, како и да е го има во Законот и баш ме зачуди. Брачниот другар кој нема доволно средства за издржување и е неспособен за работа или е без работа без своја вина, има право на издржување од својот брачен другар сразмерно со неговите можности. Судот може, земајќи ги предвид сите околности на случајот, да го одбие барањето за издржување ако издржување бара брачниот другар кој злонамерно или без оправдани причини го напуштил својот брачен другар. Необезбедениот брачен другар има право да бара, со пресудата со која бракот се разведува, да му се досуди извесен износ на име на издржување на товар на другиот брачен другар сразмерно со неговите можности во период од една допет години, а во опредени случаи и на неопределено време.

Од друга страна исто толку општ и скоро ништо да не кажува и членот кој одредува алиментација за деца. Нема минимум/максимум процент, туку зависи од ова, она, трето и место за манипулации еден куп.

Од неколку случаи во мојата околина знам дека плаќањето на алиментација оди многу тешко, некако по разводот не им се дава пари..Баш ме интересира да слушнам искуства како се справувате со алиментацијата. И ме интересира што мислите, дали треба да се плаќа алиментација и за брачниот партнер во случај кога нема деца?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Алиментација
8.1.2013 14:29:47   
sandriana RR
Баш пред празнициве, средувајки имотно-правни работи од покојниот ми татко, кој патем беше разведен од мајка ми уште пред 25-6години, налетав на бракоразводната пресуда и ми падна во очи баш тој момент - дека и двајцата се откажуваат од исплата на издршка на дотогашниот сопружник, бидејки биле и 2цата вработени, а за мене го задолжиле татко ми да плаќа алиментација во одреден износ (некои си 50тина евра сегашни),бидејки судот ме доделил на мајка ми - а, по кој кртитериум била одредена сумата за алиментација не пишува.
Е сега, тате плаќаше редовно додека имаше регулиран и редовоен работен однос, а откако отиде во инвалидска пензија, се договорија културно со мама дека нема понатаму да бара да ми исплаќа алиментација (додека законски требаше, нели, до полнолетство). Значи, моето искуство е вакво, за разлика од блиски луѓе кои минуваа низ ваква ситуација приближно истиот период, а таткото не сакаше да слушне да плаќа алиментација за синот,и така и остана до крај работата-си избегна човекот одговорност.
Според мене, ако родителот сака - ќе најде начин да помогне или придонесе финанскиси или било како поинаку-материјално во одгледувањето на детето. Ако не сака - ќе најде милион начини да го избегне истото.
А за издршка на бившиот брачен другар- немам размислувано....и тука има Х фактори. Не дај Боже да се најдам во таква ситуација, не би чекала од некого милостина...

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Алиментација
8.1.2013 22:44:11   
niki
licno iskustvo nemam, no na ovaa tema imam slusnato nekoi cudni razmisluvanja od nekoi maski pripadnici
alimentacijata za dete, ne znam zosto gi povreduva, kako da gi davaat tie pari za azdisuvanje na majkata, pa im se mnogu, pa bi sakale tie da kupat sto treba za deteto vo vrednosta odredena namesto da dadat kes
tek na zenata da i plakaat pa toa bi bilo ramno na pljacka
seto ova me vodi da mislam deka ne poseduvaat cuvstvo za odgovornost i deka egoto im e glaven dvigatel vo zivotot
tesko na zenite koi od vakvi ocekuvaat, drugo ne znam sto da kazam

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Алиментација
8.1.2013 22:55:45   
Bilence2
Jas imam edna koleska koja ima 3 devojcinja, a tatkoto ne plaka alimentacija nitu denar. Samo ednas godisno gi posetuva i im nosi po eden podarok za rodenden, i toa im dava na site tri vo eden den-ne im doaga na sekoj rodenden. Strashno, uzas. Duri otkako sudot presudi za alimentacijata, i doagase na rabota i pravese sceni, i se zakanuvase,ja brukase...sto da vi kazam.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Алиментација
8.1.2013 23:03:20   
kapina
bilence 2 kolku sto znam jas ako nekoj ne plaka alimentacija drugiot roditel ima pravo da ja barapravdata na sud znaci treba da si prevzemat tamu nadlezniteorgani merki imase slucaj koj sto tatkoto ne plakase alimentacija i sudot pobara pravosilno da mu se odzeme kukata

(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Алиментација
8.1.2013 23:13:04   
Bilence2
Ovoj mila nisto nema. Se prodal, zivee kaj ljubovnicata, neranimajko tezok e. Duri i plata veke ne zimal preku banka so pridonesi- na crno zemal, (ima nekoja firma vo partnerstvo). Ne ja znam celata situacija, ama bega od sekakva odgovornost sprema decata. Bas so taa misla deka majkava ke gi trosi parive. Majkava veli barem i toa ednas vo godinata da ne doaga da go zaboravat devojcinjata, oti posle negovata poseta veli dve nedeli devojcinjava se voznemireni.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Алиментација
8.1.2013 23:25:42   
kapina
nisto samo taka na sud da go dade pa potoa sudot da prezema merki sto ponatamu sega bevme na gosti kaj edni prijateli pred nekoe vreme lele luge se zgroziv toj sto e mazot na prijatelkata lele duduk pijan da bide bre a imat deca tinejdzeri znaete sto znaci umot da si go ispie da ne znae sto zboruva tolku pijan bog da cuva luge so takvi ne se zivee jas neznam sto ne se razvedela od nego do sega zgrozena bev dosega takvo nesto nemav videno i mojot tatko bog da mu dusa prostiznaese da se napie i mojot svekor i mojot mm znaat da se napijat amakako ovoj ne da neznae sto zboruva lugee odozgora i ja tepa zenata ja maltretira

(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Алиментација
9.1.2013 8:37:30   
Mihaela 2010
Moja drugarka e podolg period razvedena i na pocetokot koga im odredi sudot da si plakja tatkovo alimentacija,toj ni dinar ne davase,od pricina sto nemal...si se prezeni mu izrodija uste dve deca....na malava nisto,ako ja vidi vo mesecot ednas dva pati i toa na kratko,ebate tatkoto,surtuk...i vikav abe kako ne ti dava pari ona od sto bese zgrozena od nego ,vikase abe batali go ne sakam ni oci da mu vidam ,ako saka neka dade ako ne neka ne dava,samo neka me ostavi na mira...bidejki vo vojnata bese ranet pocna da dobiva po 18 000 den mesecno,i togas site pari pocna kaj nea da gi ostava...taka da mislam deka se uste si gi zima tie pari....ama vo sporedba so toa sto ja ostavi vo dolgovi do gusa,i krediti,i drugi gluposti malku mu e i toa..

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Алиментација
9.1.2013 9:28:34   
vezilka RR
Јас колку што го разбрав законов, тој вели ако е во редовен работен однос ќе му одреди да плаќа алиментација, арно ама висината зависи од висината на платата, целокупната имотна состојаба, па имотната состојба на родителот со кој останало детето и куп други околности кои даваат можност за манипулација. И ако не ја плаќа имаможност да се обжали па со извршител директно од сметка да му се скинат. И затоа тие што сакаат да избегнат да плаќаат се одјавуваат и да работат на црно, куќа, стан и слично да препишуваат на мајка, татко.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Алиментација
9.1.2013 9:40:01   
Octavia
За алиментација на бивш сопружник дознав кога една познаничка имаше проблеми со бившиот, кој, навреден зошто да плаќа алиментација за детето, се одјавил од работа и ја тужел бившата жена (познаничкава) таа нему да му плаќа алиментација. Демек, ако јас морам за детето, ти мене ќе ми плаќаш. Не за џабе рекле „Ќе видиш со кого си бил во брак ако (не дај Боже) дојде до развод“. Инаку, на пријателка моја мажот и плаќа по 3000 денари од дете алиментација, значи вк. 6000, а едното е на факултет, другото во средно, трошоци колку сакаш. И ни денар плус не им дава нити па им купува нешто. Типот има накај 50 години (47-48?), си се прежени и некако децава како вишок да му се. А има многу солидна плата, посебно за наши услови, со која може барем дупло да им дава и да не осети нешто многу. И да, мажите алиментацијата ја сфаќаат како лична навреда и тоа многу зборува за нив, не им се важни ни децата ни никој, ама ако ги чепнеш по новчаник, е тогаш ги боли... (Им се извинувам на чесните исклучоци, знам и за такви)

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Алиментација
9.1.2013 11:16:47   
Bethany
Татко ми плаќаше алиментација за нас троје, бидејќи имаше државна работа штом им легне плата директно се предвидена сума префрлуваше на мајка ми на сметка. Не се сеќавам точно колку голем процент од платата беше, знам само дека и кога сме полнолетни, мајка ми добиваше алиментација, само помал процент, од неговата плата/пензија.
Инаку после 15 години развод, пак се измирија и мајка ми му повторно даде полномошно над целата пензија за да дигнал кредит, сега таа не прима ништо, турски серии user posted image

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 11
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?