|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Е - бон тон за интернет со фин тон
16.1.2013 9:17:42   
Pepelaska *
Дојде време кога на Интернет го пиеме првото кафе,комуницираме со пријателите, бараме работа, договараме средби, состаноци и слично.
Време кога виртуелниот свет стана незаменлив дел од нашето секојдневие.Па како и во реалниот живот така и во овој треба да постојат некои правила на однесување.
Насловот на темава го презедов од проектот кој моментално се спроведува во Македонија , а се однесува на изработување на прирачник за поставување на основни правила на добро однесување на интернет како и дефинирање на култура на добро однесување во истиот.
Ајде во оваа тема напишете по некое ваше правило и предлог за убаво онлајн однесување, кое може да се однесува на форумот, но и генерално на комуникацијата на интернет - сите социјални мрежи (Фејсбук, Твитер), e-mail, чет и сл.
Еве неколку од најчестите грешки кои се прават на социјалните мрежи
Спам
Избегнување одговор на порака
Многу кратки одговори
Неправилна интерпукција
Опција офлајн
Пишување со големи букви значи викање а во реалноста никој не сака да му викаме.
И според мене едно многу убаво правило:
Да пишуваме кирилица! Македонското писмо е прекрасно, читливо и секако нашеuser posted image

< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 16.1.2013 9:18:59 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Е - бон тон за интернет со фин тон
16.1.2013 9:45:59   
sandriana RR
За форуми -навредливи коментари или реплики.
За фејсбук - "лајк -ување" сопствени слики и статуси - ме вади од колосек user posted image

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Е - бон тон за интернет со фин тон
16.1.2013 9:58:02   
Ikana
Мене не ме вади ништо од кожа, фала Богу интернет е и секој може да пишува што сака. Лични навреди на форум ми се како ветер и магла, бидејќи чудно ми е како може да се навредиме од некој што не го познаваме. Секој има право на мислење, па ако тој некој мисли дека јас сум ваква или онаква, негово право, нека си го закачи на ѕид.user posted image

Интерпункција ми смета кога ептен не можам да прочитам што мисли авторот (поетот), кога наместо поддршка пишуваат со едно д, кога наместо не може, пишуваат споено итн...инаку не очекувам дека сите ќе имаат петка по македонски јазик, тоа била работа на професорката во средно, не моја.

За фејсбук: Значи Фејсбук профилот е лична работа, дали некој ќе си лајкнува статуси, ќе постира слики од бебиња или ќе кажува колку е заљубен во новата девојка/дечко, тотално не е моја работа. Секогаш има опција да се тргнат таквите од news feed, да се избришат од пријатели и на крај да се блокираат за да се одморат малку. Мој ѕид, мое право, нели? user posted image

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 16.1.2013 9:59:13 >

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Е - бон тон за интернет со фин тон
16.1.2013 10:18:43   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana RR

Мене не ме вади ништо од кожа, фала Богу интернет е и секој може да пишува што сака. Лични навреди на форум ми се како ветер и магла, бидејќи чудно ми е како може да се навредиме од некој што не го познаваме. Секој има право на мислење, па ако тој некој мисли дека јас сум ваква или онаква, негово право, нека си го закачи на ѕид.user posted image

Интерпункција ми смета кога ептен не можам да прочитам што мисли авторот (поетот), кога наместо поддршка пишуваат со едно д, кога наместо не може, пишуваат споено итн...инаку не очекувам дека сите ќе имаат петка по македонски јазик, тоа била работа на професорката во средно, не моја.

За фејсбук: Значи Фејсбук профилот е лична работа, дали некој ќе си лајкнува статуси, ќе постира слики од бебиња или ќе кажува колку е заљубен во новата девојка/дечко, тотално не е моја работа. Секогаш има опција да се тргнат таквите од news feed, да се избришат од пријатели и на крај да се блокираат за да се одморат малку. Мој ѕид, мое право, нели? user posted image

Така е Икана user posted image
Само ако сфатив, тука пишуваме за бон-тон, како би требало да биде, што е според бон-тон, а што не...А, секој си има право да пишува што и како сака, впрочем, така е и во реалниот живот - колку луѓе, толку карактери user posted image

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Е - бон тон за интернет со фин тон
16.1.2013 12:12:33   
Bethany
Не разбирам зошто опција офлајн е погрешна?

Јас најмногу би сакала да луѓето користат интерпункциски знаци, не за друго, туку за да може да се сфати од прва што авторот сакал да напише, а постови кои немаат ни точка ни зарез не ги ни читаам, посебно ако се долги само ги прескокнувам user posted image
А не ми смета кога некој не напишал правилно некој збор, тоа ќе разберам. user posted image - тоа за форуми

А за фејсбук и сл. ништо не ми смета, секогаш постојат тие опции кои Икана ги наброја погоре. user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Е - бон тон за интернет со фин тон
16.1.2013 12:39:35   
Pepelaska *

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Не разбирам зошто опција офлајн е погрешна?



Опција офлајн

Овој „грев“ се однесува на ситуацијата кога некој започнува разговор со вас, а вие ја користите опцијата офлајн. Повеќето луѓе автоматски помислуваат дека ги мразите и дека поради тоа не сакате да комуницирате со нив. Вистина е дека се обидувате да ја игнорирате таа личност, но тогаш зошто воопшто ја имате таа личност за пријател на Фејсбук? Наместо веднаш да ја искористите опцијта офлајн, разменете неколку пораки со таа личност и кажете и дека се брзате некаде и дека не сте во состојба да разговарате и потоа притиснете офлајн. Кога подобро ќе размислите, истата работа ја правите и кога навистина се брзате некаде. Кога не ви се разговара со некој, после неколку реченици кажете дека се брзате. Обидете се да искористите некои од овие совети и на своите соговорници ќе им оставите многу подобар впечаток.

Ова ми иде некако како кога дома некој ке ви заѕвони на врата а вие ѕиркате низ шпионката и не му отварате а тој сигурно ќе ве сети дека сте дома.
Секако дека имате право да не му отворите/одговорите на порака во случајов но тука зборуваме за култура на однесувањеuser posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Е - бон тон за интернет со фин тон
16.1.2013 15:55:03   
Bethany
Aaa razbrav sega vo koj kontekst se misli deka ne e ubavo. Da, taka e:)
Jas sum non-stop offline, epten koga se cuvstvuvam otvorena i raspolozena za chat togas se vklucuvam. :)
A inaku, porakite se zatoa tuka, ako nekomu trebam ke mi pise i ke mu odgovoram.

< Поракaта ја уредил Bethany -- 16.1.2013 15:56:03 >

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Е - бон тон за интернет со фин тон
16.1.2013 16:45:38   
elenak
Хаха и јас сум стално офлајн на фејсбук user posted image Абе не ми се прави муабет секогаш па user posted image А и од сите пријатели на фејсбук не значи дека сите ми се за муабет, за оние што се постојат пораките.
Мене што ме вади од такт е непромислена изјава, кога луѓето забораваат дека тоа не тет-а-тет разговор, чат или телефонски муабет. Мислам не можеш да му забраниш на никој што сака да си напише ама малку бе да се размисли пред да се напише било каква глупост. Сепак е тоа јавност, читаат еден куп луѓе.


< Поракaта ја уредил elenak -- 16.1.2013 16:47:14 >


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Е - бон тон за интернет со фин тон
16.1.2013 17:06:58   
Jane Do

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana

За форуми -навредливи коментари или реплики.
За фејсбук - "лајк -ување" сопствени слики и статуси - ме вади од колосек user posted image


Се согласувам.
Да си ставиш лајк на твој статус , ти е исто како од мобилeн да си завртeш на фиксeн и да си правиш муабет сам сo себе! :)

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Е - бон тон за интернет со фин тон
16.1.2013 23:03:04   
kikicka
Е ова баш и така е.
Инаку и мене не ми сметаат интерпукциските знаци и дали некој напишал со едно или две Д или било што , што правилно се пишува а па воопшто не ме интересира дали некој имал 5ка или 4ка , не го карактеризирам човекот според тоа, се додека му ја разбираш поентата како што пиша Бетани. Се случува и на мене колку и да се трудам да напишам правилно или литературно да го утнам бидејќи брзам( изгледа учителката не работела со мене многу по македонски) user posted image ама не гледам проблем во тоа се додека се разбира поентата. Е сега околу бон тон подразбирам, колку толку убаво да е напишано и читко колку толку пак да е литературно а не целиот пост на дијалект. Да не се навредува или доколку мислете дека членот на кого му се обраќате ќе се навреди да му се извинете и слично.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Jane Do


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana

За форуми -навредливи коментари или реплики.
За фејсбук - "лајк -ување" сопствени слики и статуси - ме вади од колосек user posted image


Се согласувам.
Да си ставиш лајк на твој статус , ти е исто како од мобилeн да си завртeш на фиксeн и да си правиш муабет сам сo себе! :)



_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Jane Do)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Е - бон тон за интернет со фин тон
19.1.2013 16:53:12   
Ring
Ми смета тоа што некој не користи интерпукциски знаци....напорно ми е за читање, не можам да ја сватам поентата и обично се откажувам од читање на постот...

На Фејсбук ми смета кога некој ќе ме тагне на слика без да ме праша....или ќе се разврзе личен муабет на некој статус или слика што нема врска со другите што коментирале
Ми смета овој бил таму, оној бил онаму со тие и тие....итн
Ми смета она...кликни лајк и ФБ ке донира толку и толку долари....глупости, нема врска
Ми смета кога упорно се шеруваат слики од болни деца со истата намера , сподели па ФБ ке донира ...бла, бла, бла

Сега за сега толку user posted image

_____________________________

Your children will become who you are...so be who you want them to be !

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Е - бон тон за интернет со фин тон
19.1.2013 17:36:53   
Палешка РР
Дефинитивно забрането не само на интернет, туку и воопшто - КРАДЕЊЕ на туѓи авторски текстови и претставување за свои! Не знам зошто луѓето имаат потреба од тоа? Постои закон кој и тоа како е на сила во Македонија.

user posted image user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Ring)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Е - бон тон за интернет со фин тон
19.1.2013 22:43:31   
niki
internet so fin ton e koga postoi umerenost, spored mene
premnogu interpukciski znaci osobeno izvicnici i prasalnici isto taka asociraat na vikanje
upotreba na smajli vo sekoj post, na sekoj red me asocira na neserioznost
ne mi se dopagaat postovi so alooooooo!!! Hellooooooooy!!! i slicen vokabular demek ej razbudi se citaj sto ti pisuvam i nemoj da se osmelis poinaku da mislis

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Е - бон тон за интернет со фин тон
19.1.2013 23:00:02   
Beatris
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Дефинитивно забрането не само на интернет, туку и воопшто - КРАДЕЊЕ на туѓи авторски текстови и претставување за свои! Не знам зошто луѓето имаат потреба од тоа? Постои закон кој и тоа како е на сила во Македонија.

user posted image user posted image


Точно, и во одредени случаи треба веднаш да се реагира по тој закон без кревање на голема прашина! Понекогаш тоа е едниствениот начин!

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 14
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?