Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Ниту една мајка нема да признае дека... 22.1.2013 13:26:07
Pepelaska *
Го остава своето дете да поплаче за да заврши некоја работа Го лаже детето иако мислела дека секогаш ќе му ја зборува вистината ( на пример дека тато го изел последното парче торта ) Повеќе ужива во помладото дете Досадно и е да си игра со децата Понекогаш посакува дете од спротивен пол Не му менува пелени доволно често Неколку дена не му дала на детето зеленчук Ги пушта децата предолго да носат премали кондури Телевизорот често заменува дадилка Попрво би спиела или работела отколку да си игра со децата
Ајде мајки, што нема да признаете?
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
RE: Ниту една мајка нема да признае дека... 22.1.2013 13:34:51
AnnaMolly RR
Го лаже детето иако мислела дека секогаш ќе му ја зборува вистината ( на пример дека тато го изел последното парче торта ) Понекогаш посакува дете од спротивен пол Неколку дена не му дала на детето зеленчук Телевизорот често заменува дадилка
RE: Ниту една мајка нема да признае дека... 22.1.2013 13:45:30
miana
Мислам дека имаме тема - признавам дека.... а во оваа тема со самото одбирање на наведените работи значи дека ги ПРИЗНАВАМЕ Еве ме и мене Го лаже детето иако мислела дека секогаш ќе му ја зборува вистината ( на пример дека тато го изел последното парче торта ) Повеќе ужива во помладото дете Неколку дена не му дала на детето зеленчук Телевизорот понекогаш заменува дадилка Го остава своето дете да поплаче за да заврши некоја работа Понекогаш посакува дете од спротивен пол
RE: Ниту една мајка нема да признае дека... 13.3.2013 10:22:56
Octavia
Признавам се , немам проблем. Кога ќе се изнервирам дури „признавам“ и работи кои не ги мислам (најчесто кога и двете деца се инаетат со мене за различни работи, а јас треба нешто трето да направам, ама не попуштам и настанува хаос ). Инаку, знам и цртан да пуштам за да престане да ми чури главата, знам и да излажам (на пр. надвор лае куче, а јас викам дека ја слушнало дека се инаети, па се лути ), некогаш пробувам да го поткупам големиот со ветувања само за да си ги заврши обврските кои се негови и МОРА да ги заврши, ама во моментот немам сила да се расправам... Често и на мајтап „трескам“ глупости, на пример пред некој ден зборувам со другарка на телефон и помалото толку добро ме тресна по глава со играчка зашто се почувствува запоставено и јас онака запрепастена се смеам и велам „Е затоа некои луѓе кучиња си купуваат, јас па деца раѓам...“ Оној кој ме знае и ми ја познава смислата за хумор, ќе ме сфати . И да дополнам на списокот Ниту една мајка нема да признае дека ја замараат приказните на совршените мајки кои секогаш се стигнуваат, никогаш не се нервозни, имаат совршени деца, совршен брак, супер домаќинки се и вечно им се чудат на оние кои тоа не се.