Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? 10.6.2013 20:47:36
Melanija RR
Кога би било можно доволно и оптимално би ми биле 15 дена Седум ми се малку,десет ми фалат уште 2-3 дена што значи 15 дена би биле топ
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? 11.6.2013 11:11:45
Snowhite RR
Море и цело лето нема да ми здосади и ќе барам уште, нормално да сум во поголемо место каде има што да се посетува. А во мало место и два дена ми се многу
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? 11.6.2013 11:44:07
Octavia
Мислам дека можам прилично да издржам, ама мм е програмиран на 7-8 дена, после тоа не се трпи веќе, а и син ми, тој сака после некаде 8-9 дена назад дома, ама малку да сме биле дома и после пак на одмор . Мене ако ми е погодено сместувањето можам неограничено мислам да „издржам“.
RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? 22.5.2014 0:39:50
elenak
Ова лето сакаме да одиме со друштво 6-7 дена а одма после тоа да ја натамамиме работата да продолжиме со мајка ми и татко ми уште 10 дена. И не знам како сето тоа ќе го изведеме, мм прв почнува да кука за дома ама ете сега се сили, ќе издржел и уште толку, ептен му се одмарало годинава. Јас немам проблем кога сите од најблиските ми се до мене мада ќе ме фати криза за домата, ама за малово не знам, ќе провериме колку е ,,издржлива,,.
< Поракaта ја уредил elenak RR -- 22.5.2014 0:41:48 >
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? 22.5.2014 6:54:05
Defne90 RR
уф па ние баш и не можеме да издржиме многу долг одмор.Прво маж ми ќе почне да зборува за дома па после и децата по него.Јас немам проблем да ви кажам право и 10 дена,ама децата си сакаат дома после само 4 или 5 дена.Така да и оваа година изгледа толку ќе бидеме.Со оглед на тоа што малото прв пат ќе оди имислам дека нема да сака да седи подолго.Ама и толку да успееме да седиме пак ќе биде супер.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? 22.5.2014 9:19:15
Mihaela 2010
Lani na more bevme 12 dena ama iskreno mene dosta mi bese vise od 8mi den,i sakav da si idam doma mislam deka edna nedela bi mi bila tamana,bidejki epten mi e iscrpuvacki toa dva pati idenje na plaza,pa uspi dete doma,banjanje mislenje za jadenje i slicno Koga bi bila primer na planina moze i povekje da izdrzam
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? 22.5.2014 9:27:40
LoveableMe RR
Не повеќе од 9-10 дена, потоа ни станува досадно. Порано сум одела по 20 дена на одмор со моите, сега тоа ми изгледа незамисливо. Се менуваат времињата....
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? 27.5.2014 9:41:25
Mila mamicka
Летен одмор можам да издржам максимум 15 дена, а мм после 7 ден го фаќа носталгија за дома. А зимен одмор, доволно ми се 7 дена. Лани, прв пат бевме 15 дена на одмор, а мм не се бунеше, дури и малку му беше. Исто и мене. Да немавме повратни авионски карти, сигурно ќе останевме повеќе, ептен ни се погоди одморот.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.