Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Хромозомски аномалии кај плодот кои доведуваа... 24.5.2015 17:41:26
butterfly 00
Човекот претставува една совршена интегративна целина на сопствената анатомија, биохемиско-физиолошките процеси и психата. Како дел од биохемиско-физиолошките процеси припаѓа репродуктивноста преку која се зачувува видот, а тоа го овозможуваат мали, но најзначајни делови на клетката, хромозомите. Клетките во телото на човекот содржат еден сет од 23 пара на хромозоми, од кои 22 пара се соматски хромозоми и еден пар им припаѓа на половите хромозоми. Така изгледа кариотипот ( збир на сите хромозоми во една клетка ) кај здравата личност. Но до самото појавување до денес, човекот бил подложен под влијание на фактори од секаков вид и како последица настанало промена во сетот на хромозомите.
Во генетиката тие промени се означени како хромозомски аберации. Трисомија 21 (down syndrome) е една од најчестите состојби кои се јавуваат, па Trisomija 18 (Edwards syndrome) и многу други. Овие хромозомски аномалии често се јавуваат кај ембриони зачнати со ИВФ, како и при природно забременување и можат да се предвидат со преимплантациска генетска дијагноза, но сепак и со оваа техника можно е да се отфрли сосема здрав ембрион, затоа што и извадена клетка од ембрионот може да биде абнормална и врз основа на таа клетка да се отфрли тој ембрион, а остатокот клетки од истиот ембрион може да е сосема во ред и да се развие од него нормално и здраво бебе. Од друга страна пак, ембрионот кој со оваа техника се покажал како здрав може да има абнормални клетки, а токму тој да е одбран за трансфер. Значи, сепак нема гаранција, се е Божја работа. Трисомијата едноставно кажано е врзување на три наместо два хромозомски пара при поделба на клетките. Мојот спонтан беше последица на трисомија на 22 хромозом. Најчесто доаѓа до спонтан уште во првото тромесечие, бидејќи не може да се разбие здрав плод кој понатаму ќе се развива и самата матка го отфрла.Трисомија на 22 хромозом е една од потешките хромозомски нарушувања и честа причина за спонтан во првото тромесечие. Трисомија на 22 хромозом значи дека лицето има три примероци од 22 хромозома наместо очекуваните два примерока. Може да се дијагностицира преку генетско тестирање по спонтан абортус или раѓање на мртво дете. Може да се открие преку амниоцинтеза во текот на бременоста, доколку самата матка не го препознае плодот и го исфрли, како во повеќето случаеви во кои настанува спонтан уште во првото тромесечие. Доколку имате една бременост со трисомија на 22 хромозом, не значи дека ќе се повтори во идната бременост. Во повеќето случаи, трисомијата е резултат од случаен проблем во клеточната делба и не би требало да се повтори. Затоа се препорачува да се направи амниоцинтеза во текот на бременоста. Тоа испитување може да ни даде информации што да очекуваме. Кај мене на редовна контрола се виде дека плодот престанал да расте и дека нема срцева акција. Во тие случаи се препорачува да се прати плодот на испитување ( мојот го пратија во Ману ) за да се види каде е проблемот и понатаму да се направат дополнителни испитувања. Во ваквите случаеви доколку испадне дека спонтаниот е предизвикан поради трисомија или нешто не било во ред со плодот се прави испитување на кариотип кај двата партнери за да се исклучи можноста дека проблемот може да биде кај некои од нив, туку едноставно се случила грешка при делбата на клетките. Се надевам мои РР дека моево искуство ќе помогне на некоја од вас и ќе биде од помош не дај боже доколку се појави ваков спонтан абортус. Еве неколку линкови доколку сакате да прочитате повеќе: http://www.fzf.ukim.edu.mk/files/def/vladotra/sem/HG1%20-%20Ramadani%20Teuta%20-%20Hromozomski%20aberacii.pdf http://www.eurekalert.org/pub_releases/2009-07/esfh-cpa063009.php
RE: Хромозомски аномалии кај плодот кои довед... 17.6.2016 17:17:46
MademoiselleNina
И кај мене се покажа дека плодот имал триомија на 22 хромозом, не знам колку е ова често? дали е наследно? Прочитав дека многу ретко бременоста се износува до крај со ваква трисомија, и дека и да се роди такво дете ќе живее само неколку дена... Сега некако не ми е толку криво што тоа се случи на почетокот од бременоста, сепак ми е тешко што ете така испадна... со нови сили во септември продолжуваме понатаму.
RE: Хромозомски аномалии кај плодот кои довед... 19.6.2016 23:58:29
Pinky30
A kade sto kaj dvajcata partneri e kariotipot vo red moze sepak da bide pricina ova Triomija 22 za spontan abortus ili nema pravilo ? Krivo mi e sto ne go prativme na ispituvanje no jas doma go isfrliv ama sigurno ke mozese od toa sto kiretaza mi pravea no vo toa bunilo nisto nerazmisluvav uste nemozam da se smiram od toj spontan abortus...
RE: Хромозомски аномалии кај плодот кои довед... 20.6.2016 13:46:56
Kvisko
Понекогаш трисомиите се случајна грешка. Ако кариотиот на двата родители е во ред не би требало дс се повтори пак. Спонтаните абортуси се тешка тема ама подобро ако нешто не е во ред да заврши рано. Од трисомиите добра прогноза има само xyy со скроз нормален развој. Полоша но сепак прифатлив развој има xxy трисомија. Значи машки со трисомии на полови хромозоми. Трисомиите на сите други хромозоми се со потешки прогнози. Од сите нив Даунов синдром или трисомија на 21 хромозом има прогноза за преживување повеќе од неколку недели сите други имаат многу лоша прогноза. Pinky не се прекорувај себе си едноставно така требало да биде. Знам дека се сомневаше и во трансферот со замрзнати ембриони ама и таму се внимава не ги одмрзнуваат сите па да ги мрзнат пак туку одмезнуваат сано два-три другите се чуваат замрзнати. Некогаш само животот е страшно суров и сите премрежија мора да се преживеат за да сд дојде до целта.
< Поракaта ја уредил Kvisko -- 20.6.2016 13:51:50 >
RE: Хромозомски аномалии кај плодот кои довед... 21.6.2016 12:00:46
LoveableMe RR
Ова многу често се случува со ИВФ, бидејќи користат ИКСИ метода со присилно вбризгување на сперматозоид во јајце клетката. Порано знаеја да прават комбинации, пола со ИКСИ пола природно да проба да се оплоди, ама сега слушам се почесто ИКСИ.
Не би се замарала многу со ова, бидејќи очигледно не можеме да влијаеме многу на ова, а на крајот пак се се сведува на среќа во процесот и ништо друго не е важно, нит инфекции нит стрес нит исхрана нит терапија нит бутур....среќа и само среќа да се наместат коцките.......сурово, но вистиното.....
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 21.6.2016 12:01:17 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Хромозомски аномалии кај плодот кои довед... 2.3.2017 19:56:20
Baby123
Zdravo sakam da znam za hromozomite kako se ispituvaat i koga se ispituvaat.? Jas imav dva spontani abortusi so sto plodot bese praten na obdukcija ( taka rekoa od bolnicata ) i nemam nikakva informacija od sto se slucilo taka ve molam za mislenje pozz
RE: Хромозомски аномалии кај плодот кои довед... 2.3.2017 20:12:18
kapina
Za hromozomite se pravi kariotip nie pravevme so mm na gak i cini 1400 den za tebe zakazuva gin a zamaz ti opstiot maticen lekar so preporaka oti treba da ispita kariotip rez se ceka okolu dva meseci neznam dali imas ispitano vrodena trombofilija na imunologija i dali imas napraveno histeroskopija no ako nemas napraveno napravi jas denes zvonev kaj lazarevski vo sistina i vcera isto sestrata samo mi isklucuvase tel ne mi zakazaa pregled krajno bezobrazni se stanati bree dva dena da zvonam i nisto trebase da zakazam pregled i da pravam ivf kaj niv pak no so takvo odnesuvanje ne me gledat poveke tamu
RE: Хромозомски аномалии кај плодот кои довед... 2.3.2017 22:53:58
Baby123
Kapina sekade e katastrofa nikoj ne obraka vnimanie jas se javiv vo bolnicata i rekoa deka rezzultatot od obdukcija bil izlezen pa ke vidime posle sto treba da se pravi a doktorot mi rece deka nema potreba da pravam dopolnitelni ispituvanja, bidejki kaj mene se slucuva vo pogolemite meseci i za sledna bremenost abdominalennserklaz samo brisevi i pap test
RE: Хромозомски аномалии кај плодот кои довед... 3.3.2017 22:41:33
kapina
ako trombofilija moras da ispitas ako bebeto umira mozda e od toa sto se stvaraat trombovi i nemoze da se hrane jas denes zakazav kaj dr trajkovski za 4 april pa ke videme kako ke pominam
RE: Хромозомски аномалии кај плодот кои довед... 4.3.2017 20:43:38
Baby123
ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina
ako trombofilija moras da ispitas ako bebeto umira mozda e od toa sto se stvaraat trombovi i nemoze da se hrane jas denes zakazav kaj dr trajkovski za 4 april pa ke videme kako ke pominam
Mene bebeto ne mi umira vo stomakot tuku go ragam spontano izgleda problemot kaj mene e slabost na matkata pa neophodno e serklaz vo vakva situacija
RE: Хромозомски аномалии кај плодот кои довед... 6.3.2017 21:02:39
kapina
so invitro mi bea bremenostite zatoa pak ke odam na ivf samo nesto ciklusot me zafrkava treba utre da dobijam no sekogas mi doaga porano dva tri dena sega go nema
RE: Хромозомски аномалии кај плодот кои довед... 6.3.2017 21:19:51
Baby123
ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina
so invitro mi bea bremenostite zatoa pak ke odam na ivf samo nesto ciklusot me zafrkava treba utre da dobijam no sekogas mi doaga porano dva tri dena sega go nema
aha epa toa e drugo...mozee pak ke sega so dobri nameri docni.:D