|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Факултет за возрасни ....или ти проект 30/35
9.7.2015 13:23:50   
sandriana RR
Веќе подолго време се интересирам и проучувам за можноста да се надоградам себе во однос на образованието.
Имам завршено високо образование, но опцијата за надградување на истото со мастер студии во моментов ми е невозможна од повеќе причини.
Поради тоа, следејки ја кампањата на Владата 30/35, се заинтересирав сериозно за искористување на можноста за запишување на друг факултет, сроден на веќе завршениов. Бидејки сум инжинер, сега би се насочила кон добивање звање Професор.
Скопскиов универзитет, односно повеќето факултети од него (вклучувајки го и оној од мој интерес -ПМФ), немаат склучено договор за овој проект. Опцијата за себе ја најдов на Штипскиот универзитет.

Проектот се однесува на жени над 30 год.возраст и мажи над 35.
Нуди статус на вонредни студенти, со годишен надомест од 200 евра, поделени по 100 евра на семестар (редовните студии или вонредните кои не се вклучени во проектов се по 400 евра годишен надомест). Предавања, вежби, консултации ќе бидат договарани според можноста и времето на студентите, односно главно за викенди.
Услови за запишување се завршени 4 годишно средно образование, и поднесено барање со образложение зошто барате вонреден статус.

Дали некој веќе се има вклучено кон овој проект?
Дали имате сознанија на кои се факултети од кои Универзитети важи овој проект?

Инаку, уписите се на 13 и 14 Август.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Факултет за возрасни ....или ти проект 30/35
9.7.2015 13:34:55   
Tanjat7880
Sandriana,i jas ja razgleduvam istata moznost\prilikauser posted image
Mi odgovorija od Min.za obrazovanie deka seushte ne e izlezen konkursot za ovoj proekt(30\35),se ceka na Vlada da pomine i izleze vo Sluzben vesnik.
Uslovite za zapishuvanje se ili vraboten so reshenie na NEOPREDELENO VREMEuser posted image ili nevraboteno lice koe redovno se prijavuva vo Agencijata za vrabotuvanje 5 godini !!!
Se nadevam do krajot na mesecov kje izleze i toj konkurs za ucebnata 2015-2016 god i tamu kje pishuva koj Fakulteti se vkluceni i koga kje bide upisot...
Vredi da se proba,neli?!

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Факултет за возрасни ....или ти проект 30/35
9.7.2015 13:55:21   
Палешка РР
Не е лоша идеја user posted image
Можам и јас да размислам - на старост на старост user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Факултет за возрасни ....или ти проект 30/35
9.7.2015 14:12:20   
Kvisko
Sandriana професор за што???

Ако ти е за математика физика или слично што би било сродно на твојата област тогаш види прашај за педагошка доквалификација. Така се полагаат само диференцијални испити не се учи цел факултет. Таа опција е отворена за луѓе завршени на одредени факултети што може да се вклучат во настава. Со сигурност знам дека ПМФ и Филолошки имаат таква опција.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Факултет за возрасни ....или ти проект 30/35
9.7.2015 14:25:25   
ostoun
Da tocnotaka, za profesor se polagaat samo 3 predmeti - metodika, pedagogija i psihologija t.n. pedagoska dokvalifikacija koi se polagaat na filozofski na koj bilo univerzitet, ne treba nisto drugo.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Факултет за возрасни ....или ти проект 30/35
9.7.2015 14:37:06   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880


Uslovite za zapishuvanje se ili vraboten so reshenie na NEOPREDELENO VREMEuser posted image ili nevraboteno lice koe redovno se prijavuva vo Agencijata za vrabotuvanje 5 godini !!!



Овие критериуми и не се баш баш. Исклучуваат една голема бројка на луѓе кои секоја година потпишуваат нови договори.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Факултет за возрасни ....или ти проект 30/35
9.7.2015 16:13:31   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Sandriana професор за што???

Ако ти е за математика физика или слично што би било сродно на твојата област тогаш види прашај за педагошка доквалификација. Така се полагаат само диференцијални испити не се учи цел факултет. Таа опција е отворена за луѓе завршени на одредени факултети што може да се вклучат во настава. Со сигурност знам дека ПМФ и Филолошки имаат таква опција.

Биологија.
Нема таква опција за доквалификација тука, морам да запишам јово наново наставна насока, бидејки има доста различни предмети, освен "професорските". Ќе ми биде признаен дел, но тоа дали се едвај 10тина. Тоа ми го кажаа на УКИМ, a во Штип - по поднесена молба и приложено уверение ќе одлучат што да ми признаат и во кој семестар ќе ме запишат.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Факултет за возрасни ....или ти проект 30/35
10.7.2015 18:48:45   
mommy_angels RR
И мене многу ме заинтересира овој проект и чекам официјални информации.Падна и дома муабетот,директорот за финансии е пресреќен што сум се заинтересирала,па ќе видиме.
Кога ќе има информации,кажувајте!

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Факултет за возрасни ....или ти проект 30/35
14.7.2015 13:28:19   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Sandriana професор за што???

Ако ти е за математика физика или слично што би било сродно на твојата област тогаш види прашај за педагошка доквалификација. Така се полагаат само диференцијални испити не се учи цел факултет. Таа опција е отворена за луѓе завршени на одредени факултети што може да се вклучат во настава. Со сигурност знам дека ПМФ и Филолошки имаат таква опција.

Биологија.
Нема таква опција за доквалификација тука, морам да запишам јово наново наставна насока, бидејки има доста различни предмети, освен "професорските". Ќе ми биде признаен дел, но тоа дали се едвај 10тина. Тоа ми го кажаа на УКИМ, a во Штип - по поднесена молба и приложено уверение ќе одлучат што да ми признаат и во кој семестар ќе ме запишат.

Квиско,
фала на просветлувањето user posted image
Ме натера да се заинтересирам и да ја истражам опцијава user posted image , пошто кај мене на ПМФ воопшто не ја споменуваат.
Се обратив до МОН, ме пренасочија на Филозофски - и денес појдов таму.
Малку чудно, но жената од студентски прво ме праша кај би работела јас со доквалификацијата user posted image Велам - немам конкретно, би сакала да бидам подготвена само.
Рече дека не е проблем, сите ги запишувале.
Така, во Септември излегува огласот, се плаќа околу 250 евра, трае 1 семестар. Има 3 задолжителни и 2 изборни предмети, плус пракса.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Факултет за возрасни ....или ти проект 30/35
14.7.2015 14:13:42   
Melanija RR
sandriana RR јас не те разбрав,да да на Филозофски од секогаш се полага и со тоа можеш да предаваш наставник/професор. Среќа наша што Методика ни беа во програмата па со сама диплома сме наставници. Не ни знаат па сакаа да ни бараат,дупла работа за пари.
Беше со слушање часови во средно и одрување на час.

Инаку за тенава после 9 год со диплома, и ете според мене лош избор на факултет ,Филозофски,несакав да чујам за нешто повеќе или друг факултет.Мислев преквалификација со обуки ,но и тоа многу чини. И ме замисливте ,ако нешто ми фати око може ќе се заинтересирам.Штом некој нешто дознае пишетеuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Факултет за возрасни ....или ти проект 30/35
14.7.2015 16:30:40   
Hopeful RR
Да ви кажам, и јас се замислувам, не дека не user posted image јес дека магистерската теза ми е при крај, и ако се смилуваат бебињата, би ја завршила и одбранила до крајот на годинава (не за друго, него тој ми е крајниот рок без одложување), но отсекогаш сум била фан на идејата за два факултети. Размислувам дали нешто практично, во сферата во која работам, иако е далечно од постоечкиот факултет (Филолошки) и магистерски, или нешто што ми е по ќеиф, па да се преквалификувам комплетно (Архитектура). Ај ќе се помислам уште некое време user posted image

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 14.7.2015 16:31:55 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Факултет за возрасни ....или ти проект 30/35
15.7.2015 17:24:43   
lukajana RR
Многу ми се допаѓа идејава за втор факултет ама за еден месец не ме фаќа условот за години иначе би се запишала ама и немам идеја што да запишам,би требало нешто блиску до мојот факултет а јас би сакала нешто сосема друго.
Додека ме фатат условите може и ке најдам нештоuser posted image ,некогаш ми недостасуваат учењата ноќе,еуфорија пред испит ,обожавам работа под притисок ич не сум мераклија на мирни води и најмногу заради тоа сакам повторно да се запишам на факултет.
Може ке биде некоја наредна годинаuser posted image

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Факултет за возрасни ....или ти проект 30/35
16.7.2015 15:35:53   
Kvisko
Sandriana баш ми е мило што малкибод малку помогнав. Јас цело време мислев на таа програма на Филозофски ама сега гледам дека не сум напишала каде има опција таква за ПМФ и Филолошки. Битно се снајде.
Јас пак ич не разбирам овасо втор факултет. Повеќе сум за докфалификација или прдквалификација преку магистески студии и слично. Во ток случај она што се учи е поврзано со претходни знаења и она што се работи. Не е самл диплома за да се има. Ама кок како си сака така.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Факултет за возрасни ....или ти проект 30/35
27.7.2015 12:29:55   
mommy_angels RR
Женски,еве најнови информации
Од денеска е објавен конкурсот за упис во јавните високообразовни установи во академската 2015/2016 година, за лица над 30 години жени и над 35 години мажи. Преку програмата 30/35 оваа година се обезбедени 670 слободни места за дефицитарни занимања, односно занимања кои се атрактивни на пазарот на трудот.


Со проектот 30/35 се обезбедува поголема достапност на високообразовните установи во земјата за лицата коишто поради какви било причини во минатото не биле во можност да го надградат и формализираат високото образование, односно да се стекнат со факултетска дипома.

-Проектот 30/35 се спроведува веќе шеста година по ред. Сите заинтересирани граѓани на возраст од минимум 30 години за жени, односно 35 години за мажи, со претходно завршено четиригодишно средно образование и заснован работен однос на неопределено или пак невработени лица кои се пријавуваат во АВРМ најмалку 5 години, ќе им се овозможи да се запишаат на студиска програма за прв циклус на студии, со годишно кофинансирање на студиите од 200 евра во денарска противредност, истакна заменик министерот Сприро Ристовски.

230 слободни места има на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје , 315 на Државниот универзитет во Тетово, 45 на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола и 80 слободни места на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

-Се работи за понуда на вкупно 44 студиски програми, односно насоки, распределени на 16 факултети. Конкурсот е проектиран согласно резултатите од деталната анализа на потребите на пазарот на трудот во земјата и утврдувањето на дефицитарните занимања, односно занимањата кои се актуелни, истакна Ристевски.



Досега преку овој проект на факултет за запишале 1500 лица.

Извор : Курир

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 14
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?