|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Стандарди за рано учење и развој на децата во...
29.11.2009 16:00:03   
Еца
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, преставуваат генерална вредност на која се потпира Националната програма за развој на образованието.   Во рамките на раниот детски развој, обезбедување на стимулативна и безбедна средина за квалитетно рано учење е претпоставка за постигнување на понатамошен успех во рамките на образовниот процес кај секое дете.  
Процесот на развојот на Стандардите за рано учење и развој, кај децата од 0 до 6 години, е воден од следните  принципи:
1.      На сите деца, без разлика на полот, етничката и религиозната припадност, социоекономските и културолошките разлики, како и различните здравствени и посебни потреби, треба да им се овозможи влез во образовниот систем;
2.      Сите деца можат да учат. Тие заслужуваат високи очекувања во нивните достигнувања во процесот на учењето, а се во согласност со нивната возраст и социокултуролошките карактеристики;
3.      Децата најдобро учат преку играта. Во процесот на учењето, играта се прифаќа како инструмент за учење; 
4.      Средината во којашто децата учат ја поттикнува љубопитноста и е во согласност со нивните физички и емотивни потреби, со цел да се чувствуваат безбедно;
5.       Развојот на учењето кај децата е целосно условено од квалитетни воспитувачи кои се заинтересирани за сопствено континуирано професионално унапредување, развој и соработка со децата и нивните родители;
6.      Почитување на персоналитетот и индивидуалните специфичности, потреби, интереси и можности на секое дете, вклучувајќи ги и децата со посебни потреби, како и децата од сите социоекономски и етнички средини; 
7.      Содржините на стандардите ги опфќаат сите домени од развојот на  детската личност, без фаворизирање на поедини домени. Холистичкиот пристап во развојот на стандардите е основа за нивно подготвување, со оглед на тоа дека детето го осознава светот како целина;
8.      Заедничкото делување на семејството и заедницата, во поттикнување на развој на рано учење кај децата;
9.      Сите деца имаат потенцијал да постигнат најголем дел од очекуваните стандарди во одредена возраст, со соодветна поддршка, инструкции и стимулација на развојот на раното учење; 
Очекувани вредности коишто децата треба да ги поседуваат при достигнување на Стандардите за рано учење и развој во Р.Македонија се: независност, креативност, иницијативност, одговорност кон себе и кон околината,  прифаќање и почитување на различните од себе, толерантно однесување и солидарност,  како и   почит кон заедницата и државата во целост.    

< Поракaта ја уредил Julie -- 29.11.2009 16:59:38 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Стандарди за рано учење и развој на децат...
29.11.2009 16:07:01   
Еца
Децата се развиваат холистички. Не постојат приоритетни домени во детскиот развој. Почитувајќи го холистичкиот пристап во воспитно-образовниот процес  и избегнувајќи ја тенденцијата да се фаворизираат одредени домени во развојот на детската личност, во изготвувањето на стандардите за ран детски развој во Р. Македонија, внимание се посветува на следниве домени:
- Физичко здравје и моторен развој    
'- Социоемоционален развој;
- Развој на пристап кон учење;
- Развој на јазикот, описменување и комуникација;
- Когнитивен развој и стекнување на општи знаења.  

Во голема мерка, развојот кај малите деца се остварува комплементарно, преку  поврзани развојни домени, така што прогресот кој го прави детето во еден  домен има силно влијание врз развојот и прогресот кој го прави детето во друг развоен домен. Комплементарната поврзаност и меѓусебна условеност на сите домени го наложува холистичкиот, како единствен пристап во развојот на стандардите за рано учење и развој во Р.Македонија. Стандардите се очекувања за она што децата треба да го знаат и можат да го направат на одредена возраст. Секое очекување е неразделно поврзано со возраста. Стандардите за рано учење и развој во Р.Македонија се однесуваат на возрасниот интервал од 0-6 години (или од 0-72 месеци), поделени во следниве возрасни групи:
-   0-2 години (0-6 месеци, 6-18 месеци и 18-24 месеци)
-   2-3 години (24-36 месеци);
-   3-4 години (36-48 месеци);
-   4-6 години (48-60 месеци, 60 -72 месеци).

Поделбата на возрасните групи е детерминирана од законската регулатива, врз основа на која се организира работата на детските градинки и поделбата на децата во групи.     

< Поракaта ја уредил Julie -- 29.11.2009 16:59:51 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Стандарди за рано учење и развој на децат...
29.11.2009 16:47:42   
Еца
Е сега прочитавме за стандардите, но она што мене ме интересира е зошто на почетокот пред да тргне детето на училиштре не се процени дали можеби има надпресечна интелегенција, како и знаење со кое слободно може да оди дритектно во повисоко одделение. Пример е ќерка и на нашата Тања, која тргна во прво одделение, но бидејќи е капацитет знае скоро се од она што треба да биде опфатено во прво одделение и ја преместија во второ. Зарем не е подобро тоа да се процени пред да создаде свој круг на другарчиња? Како размислувате вие на оваа тема?

< Поракaта ја уредил Julie -- 29.11.2009 17:00:03 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Стандарди за рано учење и развој на децат...
29.11.2009 17:06:26   
profesorica
Сите деца се развиваат различно и секогаш ќе се најдат генијалци како што е случајот со ќерќичката на Тања_К. мислам дека сепак треба да постои некое тестирање на знаењето уште пред да тргнат во училиште.Денес децата се напредни па знаат многу работи уште пред да заодат во прво одделение.преку тие едноставни тестови би можел да се одеди степенот на познавање на самото дете..да речеме собирање или одземање.или колку знае да чита детето.ние имаме комчивче во зградата кај свекрва ми кое е 5ипол годишно а веќе ги има совладано читањето и пресметувањето.

< Поракaта ја уредил profesorica -- 29.11.2009 17:07:04 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Стандарди за рано учење и развој на децат...
29.11.2009 17:11:20   
mami
според мене имаш тука два дела- едниот е дека да, би требало да има тест за интелигенција пред да се тргне на училиште, за да биде на чисто што и колку може детето, а другиот дека има многу родители кои ги учат децата на букви и бројки уште пред училиште- па се добива погрешен впечаток, па не детето му е досадно и сл.. Секоја чест на исклучоците, нека не ме сфати некој погрешно, но јас сум за тоа дека образованието треба да почне на училиште, паралелно со другите деца,а не да го научам јас дома па пушти го на училиште...
А кај нас, барем колку сум забележала, не се обрнува некое големо внимание на интелегентните деца, што нормално треба под итно да се смени

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Стандарди за рано учење и развој на децат...
29.11.2009 17:19:16   
Mila na mama

Запишувањето на детето во училиштето го врши комисија која ја формира директорот на училиштето
. Комисијата е составена од педагогот или психологот и наставник за предучилишно воспитание, односно одделенски наставник.
(2)
Комисијата од став (1) на овој член е должна, по правило, да го извести родителот за подготвеноста на детето за тргнување во училиштето, најмалку два месеци пред почетокот на наставата.
 
Го цитирам погоре законот за основно образование. Значи по закон мора детето да има средба со комисијата за запишување за да сае проценат неговите способности е сега дали и колку училиштата при запишувањето во мај ги почитуваат овие одредби или земаат само документи со име и презиме и им велат на родителите се гледаме во септември, тоа треба родителите да кажат. Мислам дека родителите треба да инсистираат на законската проценка и доколку им кажат дека нема потреба да пријават во Државен просветен инспекторат.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 6
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?