|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   3-ти декември ден на лицата со посебни потреби
3.12.2009 9:13:03   
big_mama817
Дали знаете дека 3 декември е светски ден на лицата со посебни потреби

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: 3-ти декември ден на лицата со посебни по...
3.12.2009 9:20:28   
big_mama817
Пред триесетина години Селест Дандекер била танчерка. По несреќата која ја парализирала таа не се откажала од танцот. Ја основала групата „Кендуко“, составена од танчари и лица со посебни потреби.
„Во последните 15 години животот ми беше полесен. Британската влада го изгласа законот против дискриминација на хендикепираните кој треба да стапи на сила следната година. На сите зданија треба да се направи неопходна преправка за хендикепираните не само да доаѓаат до нив, туку и да ги посетат“, изјави Селест Дандекер.
Оваа жена вели дека ги разбира проблемите со кои се соочуваат лицата со посебни потреби во Македонија, бидејќи и таа за момент движејќи се низ улиците на Скопје ги почувствувала проблемите на кои тие наидуваат.
На пример, зградата на МНТ за хендикепираните лица е недостапна бидејќи за да влезете во неа мора да се качите по скали. Но, ова не е единствен проблем за лицата со посебни потреби кај нас. Тие немаат никакви бенифициии од државата.

извор:а1

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: 3-ти декември ден на лицата со посебни по...
3.12.2009 9:26:25   
big_mama817
само колку за споредба во последниве неколку години во поглед на пристапноста на лицата со хендикеп направено е доста но напоменувам треба да се направи уште многу само како за пр. на факултетет во мојата генерација имаше лице со хендикеп тогаш на факултетот немаше пристапна рампа по која би можеле овие лица да се движат или пак имаше лифт но не работеше послем извесно време направија посебна рампа  а исто така и лифтот беше ставен во функција, исто така многу ме радува кога ќе видам лице со хендикеп го продожил своетео образование бидејќи и тие се живи суѓтества како останатиот свет и не треба да се маргинализират

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: 3-ти декември ден на лицата со посебни по...
3.12.2009 9:36:08   
big_mama817
Град Скопје  за потребите на лицата со посебни потреби ќе промовира три посебно адаптирани возила, по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.
Со промоцијата официјално  ќе почне со реализација на организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност на кои, заради движење, им е потребна инвалидска количка и лица со тешки моторни пречки.
Возилата се сопственост на Град Скопје, а се дадени на користење на Јавното сообраќајно претпријатие – “ЈСП“ – Скопје, кои и ќе го изведува превозот, информираат од Град Скопје.
Сепак вакво нешто требаше многу порано но и оваа е за поздравување но како викат никогаш не е доста за да се направи добро дело.
Едно големо бравооооо за Град Скопје.

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: 3-ти декември ден на лицата со посебни по...
3.12.2009 10:07:58   
mami
Сепак сметам дека има уште многу работи кои треба да се направат за да им се олесни животот на хендикепираните лица во Македонија..Браво за автобусите, гледам еден кој доаѓа кај моите секој ден и носи една комшивка која е во количка во дневен центар или како и да се вика тоа, но сепак има места кои се недостапни за нив. Треба многу да се работи и не само на пристапноста туку и на свеста кај луѓето да им помогнат на овие лица полесно да се снајдат во секојдневната гужва

< Поракaта ја уредил mami -- 3.12.2009 10:08:17 >

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: 3-ти декември ден на лицата со посебни по...
3.12.2009 10:34:06   
Еца
Браво за превземените чекори, не се за потценување, но треба уште многу да се работи и да им се обезбедат услови за уште многу  работи, и нормално не само во Скопје туку и во цела Македонија.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: 3-ти декември ден на лицата со посебни по...
3.12.2009 10:51:04   
profesorica
Здружение на инвалиди ШПРЕСА


Услови за комуникација на лицата со хендикеп без бариери


25 март 2009

Овој проект беше финансиски подржан од Владата на Р.М, секторот за соработка со НВО, со кој имавме за обврска да изградиме 5 пристапни рампи пред 5 јавни институции. Проектот започна со имплементација на ден 11.01.2009 и заврши на ден 27.03.2009 и длабоко сме убедени дека проектот се имплементираше успешно. Ние како здружение кое ги третира проблемите на лицата со хендикеп, вакви проекти ќе имплементираме и во иднина, затоашто сме убедени дека ваквите проекти директно влијаат на животните услови во нивните средини.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: 3-ти декември ден на лицата со посебни по...
3.12.2009 18:33:35   
Еца
Вечерва на Сител 3 телевизија ќе има директен преност на прослават по повод Лицата со хендикеп. Сметам дека треба секој ден да биде нивни ден, а не само 3 декември.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: 3-ти декември ден на лицата со посебни по...
3.12.2009 19:33:05   
Enika
прв пат слушам дека 3 декември е светски ден на хендикепирани лица...кога сме кај таа тема..мислам дека Македонија е земја која нема направено ама баш никакви услови за слободно движење на хендикепираните лица, ретко каде има премин за инвалидкси колички, на факулеттоте кај нас плочките се изедени и да пробаш да поминеш ке заглавиш негде, лифтот во градската библиотека не работи... луѓето поради недостаток на паркинг места им ги зимаат нивните( читај политичарите...јавно се сликани по веснициве)...за вработување на хендикепирани лица и да не збориме...и ние сме после за Евопа...Срамота!!!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: 3-ти декември ден на лицата со посебни по...
3.12.2009 23:39:38   
Еца
сето ова е во ред, но еве сите ве прашувам како вие се однесувате кон овие лица. Лично јас имав искуство да слушнам безвезни коментари од луѓе на кои премногу им се брзаше па им засмета дете со хендикеп и мајка. Мислам дека и глобално нашата култура е на многу ниско ниво по ова прашање.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: 3-ти декември ден на лицата со посебни по...
3.12.2009 23:45:56   
Anushka
што се однесува до нашата култура: треба да си ги отвориме срцата и џебовите (мислам на Буџет, закони, училишта, работни места), а да си ги затвориме очите и устите (во лице со хендикеп, како сите да зјапаат, потшепнуваат, оговараат-забораваат дека се тоа обични луѓе, дека утре можеби и јас ќе станам таква)

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: 3-ти декември ден на лицата со посебни по...
3.12.2009 23:50:16   
Еца
ех Анушке да си ми жива и здрава. Понекогаш кога ќе видам како зјапаат во таквите деца, мене ми се сечат нозете и ми паѓа тешко, а кој знае како им е на родителите. И тие истите после, леле за греота. Па си викам МОРЕ ВИЕ СТЕ ЗА ГРЕОТА, И ТИЕ СЕ КАКО НАС, ДОСТОЈНИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ, А НЕ ЗА СОЖАЛУВАЊЕ.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: 3-ти декември ден на лицата со посебни по...
3.12.2010 11:42:31   
beki RR
Денес е пак 3 декември, меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Лани ова време бев во потрага по родители ккао би можела да создадам група за АБР. За една година, на тоа поле многу работи се променија. Во моментов 24 деца од Македонија применуваат АБР. Добивме годишна цена од 1520 евра, цена попристапна за македонски услови. Родителите кои сакаат да применуваат АБР, прифатени се со раширени раце. Секому се излегува во пресрет.
Мојата главна цел за во иднина е АБР за секое дете во македонија. Дали после еден година ќе пишувам дека таа моја желба се исполнила, или  можеби ќе треба неколку години , времето ќе покаже.
За жал, не можам да кажам дека нешто се променило, во однос на интегрирање на лицата со ПОП во опшетеството.Има дечиња кои почнале во редовна настава,но наставниот кадар во училиштето сака на секој можен начин да ги отстрани од училница.  За жал, свеста сеуште е на многу ниско ниво. за жал родителите кои имаат здрави деца , не сфаќаат дека едно другарче со посебни потреби не само што не влијае лошо на нивното дете, туку и  ќе му помогне на нивното здраво дете  да израсне во благороден човек, човек без предрасуди. Човек во вистинска смисла на зборот.
Се надевам , во иднина ,голем дел од овие работи ќе се променат.Искрено се надевам , за доброто на сите нас.


(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: 3-ти декември ден на лицата со посебни по...
3.12.2010 11:54:11   
agnes77
ИЗВОРНА ПОРАКА: beki
за жал родителите кои имаат здрави деца , не сфаќаат дека едно другарче со посебни потреби не само што не влијае лошо на нивното дете, туку и  ќе му помогне на нивното здраво дете  да израсне во благороден човек, човек без предрасуди. Човек во вистинска смисла на зборот.


user posted image user posted image user posted image  точно е, потпис user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: 3-ти декември ден на лицата со посебни по...
9.12.2010 23:59:09   
puzzle
3-ti dekemvri??? Koga ke vidam deka nekade i so oro i pesna se slavelo kako da e nova godina - mi se loshi!
Mesto toa da e den koga ke se podigne glasot na hendikepiranite i na onie koi gi zastapuvaat, se jade se pie vo  kafana i ora se vrtat - i se mi lici na "super ni e shto sme hendikepirani"
strashno itazno :(
Do koga vaka? user posted image

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: 3-ти декември ден на лицата со посебни по...
19.12.2010 15:01:38   
Bubuska
Јас присуствував на манифестацијата ,,Различни, а еднакви,, и поголемиот дел од вечерта плачев.. Не паметам имиња, меѓутоа, не можев да се воздржам на девојката која црташе со уста, на дечињата со пп кои играа заедно со здравите дечиња, посебно на ученичката од музичко - редовна, со сите други деца, кога и ја врачија наградата нејзините соученици дојдоа на сцена да и честитаат, имаше една госпоѓа им преведуваше на глувите лица кои седеа на цел блок... и многу, многу други лица со пп, кои ме воодушевија.. Посебно ме разнежни химната, која од тогаш ја барам, никако да ја најдам! Ако случајно некој има информација како да ја најдам - нека каже!
Ја носев и сестра ми со мене, таа веќе има другарка со пп (сестра ми 7г, девојчето 6г ) и за да сфати дека не е само другарка и единствена на светот, дека има и други деца како неа, и дека сите деца се исти и заслужуваат исто. И многу сум среќна, што сестра ми ги прифаќа како нешто најнормално на светот, за разлика од сите други деца од нашата улица што го исмејуваат и понижуваат девојчето. Горда сум на неа, морав да се пофалам!!! :)


_____________________________

Never give up, it''''s such a wonderful life...

(Одговор на членот puzzle)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: 3-ти декември ден на лицата со посебни по...
19.12.2010 22:47:02   
bucko 1
ne preostanuva nisto drugo babuska otkolku da se nadevame deka eden den ke profunkcionira svesta kaj pogolemiot del na gregani vo nasava drzava.vo sekoj slucaj edna blagodarnost do tebe koja se trudi da ja podigne taa svest barem kaj lugeto sto se okolu tebe.

(Одговор на членот Bubuska)
Непосредна врска до пораките: 17
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?