Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
од кога почна да јаде други кашички и нормана храна и да пие обично а не адаптирано млеко, преку ден нема шанси да пие млеко, или тоа е сосема малку 100 мл или помалку, а ноке обавезно- 260мл после бањање, и околу 3-4 усте 150мл...да му бутам со сила и не ми иде некако, ама па ми е без врска да не не добива се што треба да добива со млекото
Мами па тоа е 510мл млеко за цел ден.Јас мислам дека е доста па и во просек викаат дека 500 мл е доста.ако пие многу млеко па друго нема да јаде.Ние сакаме се да јаде и многу млеко да пие па тоа малку потешко нели
абе да..ама па цел ден без млеко а инаку вака се си јаде друго...ретко да исфрли некоја храна.имаше период кога се скара со супите ама после им се смири па ги тамани и нив сега
Има деца како моето првото пијат само млеко по литар литар ипол на ден и ништо друго не јадат а има и деца што јадат се но не пијат млеко.Има и една група на деца, како мене, што не пијат млеко многу малку јадат и пак преживеале па како возрасни држат диети и сакаат да ослабат.А Лука по твоето кажување спаѓа во група на идеални деца кои јадат се и количински доволно а + пие и млеко кое во границите на идеалното количество. Да сум на твое место ќе бидам среќна мајка и ќе го терам истото темпо.
Благодарам Мис...да јас сум задоволна со тоа колку јаде и пие млеко, само знаеш уште ми е тешшко да си се навикнам дека веќе јаде се а не зависи само од млеко, па понекогаш си се подзамислувам
стефан воопшто не пие млеко преку ден. ноќе, околу 3-4 пие 250 мл нестле јуниор 1+ и тоа е тоа. но, затоа преку ден тамани јогурт, овошен јогурт, сирење и павлака. за пудинг ич да не правиме муабет. во состојба е 4 дукатино пудинзи да изеде на 1 јадење. пред некој ден си отвори фрижидер, си зема 1 пудинг. жм му вика тоа е за утре. стефан вика тоа е за сега, си зема лажиче, си отиде во своја соба, ни затвори врата и си седна да го јаде пудингот. ух, што ли ме чека кога ќе биде тинејџер. друга храна јаде претежно со баба му. со нас изводи и најчесто сака да јаде хип житна каша+милупа 7 житарки (топ!)=пиковит = КАХА ПИКОВИТ тешко можеш да го наговориш да проба непозната храна.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
Луѓе, а што да правам јас што Борјан не сака да помириса млеко??? Ни дење, ни ноќе, ни со бисквити, само со ЛИНО кашичките... па коа ми кажа педијатарот дека треба 500 мл дневно, во несвест ќе паднев... све сум пробала, топло, ладно, со какао, со шеќер, со мед, не сака да чуе, повраќа од млеко...и место тоа јогурт јаде, павлака, кисело млеко, дури и матичниот ми рече подобро да јаде кисело млеко отколку обично млеко, ама не знам, сепак ми е безвезе....
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
Јасмина27 , ич да не ти безвезе.Деттео не сака млеко, и крај.давај кислео млеко и ич гајле да немач.Па има еден куп производи од млеко. Постојат деца кои не смеат да пијат млеко, па и тие растат.Не се секирај, детето знае што сака , а што не.Можеби по некое време пак ќе посака да пие млеко.Ти нуди го, ако не сака, не го присулувај.Можеш да му направиш сутлијаш со млеко, пудинг со млеко, има безброј начини како да се внесе млеко.Е сега требало 500 мл .... не се оптереувај со тоа.
син ми имаше алергија на млеко, па покрај него ни едно дете мое не пиеше кравјо обично млеко во "пропишани количини". А и какви афери имаше со млекото во тоа време... не ми ни паѓаше на памет да им давам. Инаку имав книга од Имануел Кант кој фала му ( ) многу ми олесна, па пишуваше дека мајчиното млеко е за деца, а кравјото за телиња!
п.с. ова не е совет. само искуство!
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
Не ме оптеретува толку помислата со количината на внесување, колку што ме нервира тоа што навечер љока сок, наместо млеко, и од страна набивање грижа на совест дека сокот е штетен, па не сум била доволно упорна со млекото и триста други заебанции...
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
Нина пие млеко само сабајле (кога ќе стане) и навечер пред спиење. Преку ден не сака млеко. Тогаш за заспивање користиме сок или вода. Насабајле пие околу 120 гр., а навечер 220гр.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
Еве после 2 години да пишам овде - млеко преку ден нема пиење, освен ако не јаде житарици со млеко. Да ја прашаш Н. она ни пред спиење не би пиела, ама мора.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
моето го исфрли млекото целосно на 10 месеци и што да му правам...Се обидував и такво и онакво, и со Несквик, и топло, ладно, из ова чаша, од ова цуцла, нејќе па нејќе. Штом осети вкус, нејќе, не му се допада. Ама затоа му давав и му давам кисело млеко, јаде житарки со млеко, овошни јогурти итн. па немало проблем до сега. Па и од самото раѓање не пиеше млеко колку што требаше да пие, колку само нервози имав со него, а тогаш мора млеко бидејќи нема друго. Инаку, од течности тој и сега пие вода и само вода, дури ни сокови (пробав разни вкусови) нејќе, па и чајче ќе се напие неколку голтки и толку. Чудно дете
Pogolemata kerka do pred 1 mesec piese sok preku den po 1 litar,a mleko ne sakase ni da pomirisa,neznam eden den i tekna daj mi mleko vo siseto,i pocna mesto sok mleko da pie po 1 litar dnevno,fala mu na boga,zosto od toj sokot site zabi i se rasipaja.
_____________________________
TOA STO GO IMAS DENES,SILNO PREGRNI GO,ZOSTO UTRE MOZE DA GO NEMAS!
И мојов не сака млеко, освен со бисквити што го јаде, и тоа ептен ретко. Ама си пие јогурт, барем пола литар на ден гледам да внесува и фала Богу, го сака. Па затоа не го форсирам со млекото.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.