|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Деца оставени сами на себе?
14.5.2010 10:54:22   
Bogdancanka
За жал има и такви случаи,деца оставени сами на себе...Еве еден пример.......мајка им ги напушти се премажи нејзиниот маж,не ги прифаќа овие нејзини деца од предходниот брак....децата се оставени кај татко им....татко им пијаница и кога ги заклучува надвор кога се дома, мислам страшно јас лично се знам со нив и незнам како да има помогнамuser posted image
Девојчето има 11год а момчето има 12,5год почнале да крадат,лажат неодат на училиштеuser posted image
а баба им хм која толку се секира демек за нив ништо не превзема,а знае да се чука во гради дека ги гледа,а што гледаuser posted image мислам страшна е ситуацијата ,страшен е и патот по кој тргнале овие дечиња само заради тоа што се оставени сами на себе и прават што ќе им текне......

Како би реагирале вие во ваква ситуацијаuser posted image
Како би им помогнале?
Што мислите за вакви случаи што е најдобро?


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Деца оставени сами на себе?
14.5.2010 11:08:04   
niki
За жал има и такви ситуации, кога мајката пред децата се става себе и својата среќа....
Многу тешка ситуација и навистина незнам како би можела да помогнам во таква...... во некои нормални држави би можело да се пријави во социјална служба, но дали е тоа подобро решение.... децата се големи и напуштени од двата родители и за тоа свесни и повредени, што не верувам дека било што може тоа да го поправи. Од бабата неможеш ни нешто многу да очекуваш, во нејзино време така се гледале деца како што таа ги гледа, но времињата се сменети и затоа тоа што го прави е недоволно...
Некој некако треба да допре до свеста на родителите, но од друга страна да ја имале не би ни дошле дотука...
Можеби како пријател да се поставиш кон децата, да им покажеш дека можеш да им се најдеш, дека сакаш да им помогнеш, но тоа е преголема одговорност, дали ќе сакаат да ја прифатат, на тие години тие никого не слушаат, па најмалку би слушале некој загрижен комшија.......
Незнам, се изнапишував, ништо паметно не кажав....user posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Деца оставени сами на себе?
14.5.2010 11:19:16   
Bogdancanka
за жал тие не ми се комшии,тоа се деца на моја прва братучеда од која одамна се имав одкажано.......баш поради нејзините постапки,одсекогаш се поставуваше она пред нејзините децаuser posted image user posted image user posted image секогаш беше битна нејзината среќа а не среќата на децатаuser posted image user posted image user posted image одсекогаш сум сакала да им помагам на тие деца за да не дојде до ова ситуација али ете дојдеuser posted image user posted image user posted image
до момчето е потешко да се допре а до девојчето е полесно,али пак е тешко затоа што слушам само лаги пред некој ден бев за Гевгелија и зборев со девојчето и се изнаслушав еден куп лаги,едно ми кажа мене друго на сестра ми.......незнам како да и се поставам дали да бидам строга или појма немам какоuser posted image Само знам дека ме боли тоа што гледам како си го уништуваат животот оставени сами на себе...


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Деца оставени сами на себе?
14.5.2010 11:48:20   
niki
Уште пожалосно кога се работи за  роднини.... но тука е веројатно полесно да им се приближиш колку толку...
Немој строго, само пријателски, полека претпазливо, да стекнат доверба во тебе....... Разговори многу разговори, без да ги осудуваш за она што го прават бидејки сето тоа го прават поради тоа што се длабоко повредени и патат. Не се тие многу големи за да неможат да се вратат на прав пат, ако има кој да ги упати, кој да им даде љубов и сигурност. Да ги викаш на гости кај тебе за викенди, па така да почнеш да им помагаш со училишните задачи, да им го организираш времето со некои активности што им се интересни и така да им се приближиш за да почнат да ги прифаќаат советите кои би им ги давала. Незнам, ти си ги познаваш веројатно има накој начин како да им се приближиш, само треба да го најдеш. Децата обично си ги сакаат тетките па тоа некако искористи го... Ајде и овие мајкиве со поголеми деца може ќе се јават со некоја идеја...
user posted image Најважно е дека сакаш да помогнеш, тоа е еден голем чекор напред....


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Деца оставени сами на себе?
14.5.2010 12:35:05   
nadica
ах мила ...
...ти си пред многу тешка задача и цел која сакаш да ја постигнеш затоа само претпазливо прво да стекнат доверба во тебе да научат дека нема да ги оставиш на цедило па што и да се случи и што и да направат дека ќе бидеш покрај нив а сепак да им го покажуваш правиот пат
user posted image user posted image user posted image ти го можеш тоа мила знам де3ка ќе го најдеш патот до нивните срца

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Деца оставени сами на себе?
14.5.2010 15:44:13   
Bitolcanka
Се сложувам во целост со Ники. Биди упорна, трпелива, сигурна сум дека ќе успееш. Побарај помош и поддршка и од некој друг член од семејството, нивни близок роднина - повозрасно лице. Не се многу големи, но ни мали за да не можеш да влијаеш на нив. Ќе не известуваш за евентуална промена, ние сме со тебе user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 6
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?