|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Сакам да јадам само -Finger food
12.11.2015 10:32:15   
sandriana RR
Што е Finger food за бебиња?
Секоја храна во големина на залче, мали парчиња храна кои бебето може да ги фати и само да ги внесе во уста и да ги џвака се нарекува finger food, или во слободен превод Храна за јадење со раце (поравете ме во преводов, доколку има посоодветен термин).
Овој вид храна е забавен начин за хранење на бебето и важен чекор кон независност, кој му помага и да ги развива фините моторички вештини и координација.
Најсоодветен период за воведување на овој начин на хранење е некаде после 8от месец, кога и самото бебе најверојатно ќе покаже дека е заинтересирано и подготвено да се храни само, посегнувајки да ја земе лажицата со која го храните. Можно е на почеток да се посега по храната во чинијата и да ја размачка низ рацете, обидувајки се да ја донесе до устата.
Најсоодветна храна за ваков начин на консумирање се парченца банана, авокадо,лубеница, праска житарки во соодветна форма, парченца тостирано лепче, парченца меко сирење, парченца тврдо варено јајце, и соодветно обарен/сварен зеленчук - морков, брокула, компир.

Какво е вашето искуство или став за Finger food?

Моите деца токму од таа возраст- околу 8 месеци покажуваа интерес за сами да се хранат, и јас го дозволував и применував овој метод, секако во комбинација со дополнително хранење на потечната храна во меѓувреме од моја страна.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Сакам да јадам само -Finger food
12.11.2015 16:44:18   
mommy_angels RR
Не знаев дека има ИМЕ user posted image ,ама ја применувам.Откако покажа желба сама да јаде,никогаш се немам спротиставено.Секогаш ја поттикнувам сама да јаде,па може и затоа гледам резултати,еве уште малку ќе направи 4 години и никогаш немам одено со лажица по нејзе.Баш како што кажува и Сандриана,дури беше помала јас ја хранев со манџи ,а еве сега и тоа сама го прави.
Сецкано овошје,сецкан зеленчук,компирчиња,мевцинја итн се е на принцип finger user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Сакам да јадам само -Finger food
12.11.2015 17:33:49   
lolla RR
Ех, јас имам пробано неколку пати, само да посега, посега но ништо не завршува во уста. А имам дадено парченца трошка храна и повраќа од парченца user posted image Имаме 9+ месеци

Секоја идеја е добредојдена

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Сакам да јадам само -Finger food
22.11.2015 13:47:14   
vezilka RR
Јосиф има година ипол и само така јаде парченца храна. Доколку тој ја држи во раче и сам да јаде. Доколку во лажицата има парченца од храна, неизблендирани, одма се дави и добива нагони за повраќање. И бидејќи така не може да изеде цел овброк или поточно ќе му треба три дена да ги изеде оброците од еден ден, хранењето ни е сеуште како каша, и потоа дојадува со грицкање.

Никола не сакаше така да јаде, да држи сам во раче и да јаде, пробувавме, но не сакаше. А Јосиф почна пред да наполни годинка. Најчесто јаде така краставица, брца во тањирот со салата си ја одбира краставицата и јаде. И во последно време и тостирано лепче, и нормално, глупостите од бато user posted image ..

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Сакам да јадам само -Finger food
4.12.2015 21:33:56   
lolla RR
Да пријавам напредок и тоа со корка лепче. Му ја дадов да ја игра а тој си ја искрка, без гадење, засркнување си ја цицаше и гризаше. Не ми се веруваше, лебар мајкин, прва проба на лепче му беше. После му дадов банана да држи во рака демек да ја јаде ама ништо, само ја изгмечи и размачка околу.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Сакам да јадам само -Finger food
9.12.2015 11:54:19   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Да пријавам напредок и тоа со корка лепче. Му ја дадов да ја игра а тој си ја искрка, без гадење, засркнување си ја цицаше и гризаше. Не ми се веруваше, лебар мајкин, прва проба на лепче му беше. После му дадов банана да држи во рака демек да ја јаде ама ништо, само ја изгмечи и размачка околу.

Бананите се навистина незгодни за почеток на самостојно хранење.
Обидете се со тостирани лепчиња намачкани со соодветен намаз- млечен или путер или што веќе јаде, во тенок слој, и исечени на мали коцки.
Резанчиња јаболче, но строго под надзор.
Парченца кашкавал се исто соодветни (ако го јаде), и исчистени парченца риба.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Сакам да јадам само -Finger food
8.2.2016 10:58:50   
lolla RR
Да ја размрдаме темава и да пријавам напредок. Покрај лепче корка која е омилена, во раче држи и оние оризови галети и слатко си ги крцка со заби. Некои денови е расположен само за пробување ново па јаде и жвака буквално се што јадам јас, житарки, макаронки, булгур. Почна и банана сам да одгризнува, портокал, парче јаболче...
Само требало упорност и многу хартиени марамици и не џабе викаат старите ,,се во свое време,,.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Сакам да јадам само -Finger food
13.5.2016 12:26:44   
lolla RR
Само јас си пишувам на темава. Л од пред две недели почна да одбива се од каши ипробав со сервирање на парчиња на послужавник. И г-динот сакал сам да јаде со прсти па сега си се чудам секој ден како да сервирам за да јаде. Количински треба многу повеќе спремање бидејки поголемиот дел завршува околу. И самиот бира што сака да фати. И јаде далеку помалку од кашичка.

Дали знае да се најаде???? Колку време трае оваа фаза? Ајде мајки идеи давајте.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Сакам да јадам само -Finger food
1.10.2016 15:09:57   
Kvisko
Ј веќе некое време пробува сам да се храни паралелно со кашите што му ги давам. До сега сосема добро јаде бананс круша и бисквити (со ова прво почна) а за ручек обожава сам да јаде брокула и морков.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 9
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?