Felly RR
|
Еве информации во врска со темава од страната на Ремедика ЕПИЛЕПСИЈА И БРЕМЕНОСТ Со години жените кои имат епилепсија беа обесхрабрувани да станат бремени. Денеска тоа повеќе не е така. Благодарејќи на редовна пренатална грижа повеќе од 90% од бремените жени кои имат епилепсија раѓат здрави бебиња. Некои жени кои имат епилепсија имат менструални ирегуларност како и други проблеми кои зголемуват проблеми со зачнувањето. Лековите што ги земат за контрола на нападите можат да придонесуват кон инфертилитетот. Жените кои имат епилепсија се соочуват со зголемен ризик од појава на компликациите поврзани со бременоста, као што се: тешки утрински мачнини, анемија, вагиналното крварење за време и по бременоста, предвременото одлепување на постелката, зголемен притисок и протеинурија по 20 гестациска недела (прееклампсија), предвременото породување, породувањето на бебињата со помалата породилна тежина. Секоја жена реагира на бременоста различно. Кај најголем број на жените кои имат епилепсија, нападите остануват исти. За некои, нападите се намалуват, а за другите, особено кај оние со слабо контролирана болест, бременоста ги зголемува број на нападите. Готово сите лекарста кои се земат нарочно во почеток на бременоста можат да делуват на бебето. Вродени дефекти вклучувајќи расцеп на непцето, дефекти на неуралната туба, абнормалностите на скелетот како и вродените срцеви и дфекти на уринарниот тракт се од главен интерес кога станува збор за земање лекарства за контрола на нападите. За бебињата на кои мајките земат лекарства за контрола на нападите ризикот од вродени дефекти е од 4 до 8 %, споредено со 2 д0 3% за сите други бебиња (податок од Фондацијата за епилепсија). Ризикот изгледа дека е најголем кога се земат комбинирано повеке лекарства за контрола на нападите. Меѓутоа, без лекарствата, неконтролирани напади можат да го остават бебето без кислород. Нападите исто така зголемуват ризик од спонтаниот абортус и породувањето на мртов плод. Мал број на жени можат да прекинат земање на лекарствата пред бременост.За најголем број најдобро е да продолжат со третманот во тек на бременоста. За да се намали ризикот за родилката и за бебето треба да се земат најсигурни лекарства во дозата која е ефикасна за одреден тип на нападите, препишани од неуролог. Не постои поединечен лек кој е најбезбеден за секоја трудница. Како бременост напредува волуменот на крв се зголемува, бубрезите можат да ги одстрануваат лековите против нападите од телото побрзо от колку што е вообичаено. Затоа најчесто е добро да се зголемува дозата на лекот во тек на бременоста и покрај загриженост за негово делување на плодот. Тешки мачнини пратени со повраќање во тек на рана бременост можат да го нарушат балансот исто така. Поради тоа некогаш има потреба почесто да се врши прилагодување на дозата за да се одржи контролата над нападите. Треба да се запомни дека неконтролираните напади се поголем ризик за плодот од било какви лекарства. Бебиња родени од мајките кои имат епилепсија имат нешто зголемен ризик и самите да добијат напади кога ќе постанат постари. Други проблеми вклучуват помали родилни дефекти кои влијаат на изгледот на бебето, као што се пошироко поставените очи или куса горна усна. Застој во развојот е исто така можен. Пред да се обидат да забременат, жените кои боледуват од епилепсија потребно е да направат консултација со докторот кој ќе ја води бременоста како и со останатите членови на здраствениот тим (неуролог и матичен доктор). Тие ќе проверат колку добро се контролира епилепсијата и ќе направат евентуални неопходни промени во терапијата пред бременост да почне. Потребно е лекарствата да се земат точно како се препишани и да не се приспособува или прекинува терапијата на своја рака. Исто така важно е да се придржува до здрав стил на живеење (да се јаде здрава храна, да се земат пренаталните витамини, да се вклучи физичка активност во секојдневното живеење, да се држи стресот под контрола, да се спие доволно, да се прекине со пушење и конзумирање на алкохол, како и да се намали земање на кафе). Др. Божидар Бошковски Спец. по гинекологија и акушество
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
|