Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Локација:
Форум > [Дете] > Деца > Опседнатост на детето со лик од цртаните
Опседнатост на детето со лик од цртаните 23.11.2013 13:04:57
Snowhite RR
Вчера бевме на роденден и детево буквално е опседната по Cars, колите на Меквин, абе дома еден куп количина има и се во знакот на Cars, од играчки, чаши, шишиња, алишта и не дава да му допреш некое количе или пак да го фрлиш, ауу тешко тебе Михаил досега не се опседнал ептен со некој лик, на периоди менува, еден период беше Мики маус, па Спајдермен, сега претежно Пинк пантер гледа, ама не се опседнува нешто ептен да гледа и да сака само во тој стил да му се купува нешто
Дали вашите деца се опседнати со некој лик од цртаните филмови?
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 23.11.2013 15:07:17
Mihaela 2010
Leleee a Mihaela pa e opsednata so Tom i Jeri i ova trae i trae vekje povekje od edna godina...abe sekoj den mora ona da izgleda crtani so niv,pa mi bara nekoi plisani igracki,rodendenot ni bese so torta so tom i jeri,i sega sakala od dedo mraz nesto so tom i jeri da i donese,pa sega ke trcam po prodavnici da najdam nesto,mada osven plisani nemam drugo nisto videno..
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 23.11.2013 15:56:17
Felly RR
М пак е опседната со принцези. Не до толку, ама сепак - сака да и раскажувам приказни со принцези, тортата за роденден сега да биде со принцези, сакала блуза со принцези, боенка за во градника купивме со принцези, на youtube нон стоп ја гледа принцезата Софија. Еве ОВАА и е омилена песна.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 23.11.2013 16:17:53
Палешка РР
Миа е опседната со Маша Не би го нарекла тоа опседнатост, туку имитирање....сите глупости Маша што ги прави, тоа пискањето, смеењето..се исто прави. И плус го тера брат и Медвед да биди
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 23.11.2013 23:34:34
zzaa
Ева е опседната со сунгерот Боб , има 4 перници со Боб, чаша со Боб, таа и е омилена и само од неа пие вода ако и дадам друга чаша одма се лути и го бара Боб , неколку лепенки за на врата со Боб, топка со Боб, и кај и да идеме ако го види сунгерот боб збеснува да и се купи.
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 23.11.2013 23:35:49
elenak
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР И плус го тера брат и Медвед да биди
Миа е закон. Кај нас е актуелен Бумба моментално, не знае уште за да бара и други работи со тој лик ама не дај Боже да помислиш друг цртан да и пуштиш за промена. Не гледа само ако е надвор, дури е дома по сто пати во ден.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 24.11.2013 11:15:46
AnnaMolly RR
Филип со недели е опседнат со Спортакус од „Мрзливиот град“. ЦЕЛО време додека е дома на компјутер си пушта Мрзливиот град и само скока и го имитира Спортакус. Вчера со разете се држи за подот, а нозете ги кренал на ѕид, скоро стој на раце направи. Скока, прави склекови... ОБАВЕЗНО дома шета со капа и очила како Спортакус, од фотелја скока директно на страницата на троседот и се закачува како пајак за неа... Еден ден ми е страв да не се повреди од толку скокање :)
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 24.11.2013 11:25:34
Палешка РР
И Миа едно време со Спортакус беше опседната, ако е девојче. Таа од биро скокаше на под и на маса се качуваше, сакаше лустерот да го дофати да се нишала на него Избегнував да и го пуштам Мрзливиот град оти многу луди идеи имаше
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 24.11.2013 14:46:34
vezilka RR
Темава е како за нас. Никола е опседнат со цртнатиот Ninjago. Тој е Кол, а нам ни се ообраќа со имињата на другите нинџи. Цел ден само тоа зборува и игра, ако не гледа на комјутер. Друго не игра. Се му се мечеви, нончаки и ѕвездици. Става на главата капа преку очи ко божем му е маската. Детево сериозно е опседнато со нинџиве. Немаме чаши и такви реквизити со нинџи, но само затоа што не сме сретнаале. Верувам дека ако наидеме на такво нешто во продавница, било што, дека нема да можеме да излеземе без тоа. Фазава му трае месец, два мислам. Јас се надевам дека скоро ќе му помине оти преку глава ми е од мечување.
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 24.11.2013 18:48:06
Snowhite RR
Па и тебе те чекав на оваа тема
Инаку М и со Дора е опседант моментално само ме тера на прва да сум пуштела да не почнел Дора. А вчера пред спиење се спремаме, облекуваме пижами и вика ајде да го исклучиме ТВ и ни вели ајде сега тројцата кажете Да го исклучиме телевизорот, Успеавме
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 10.12.2013 13:38:27
vezilka RR
Еве до каде иде опседнатоста на детево мое со нинџиве. Пред некој ден ми вика мамо јас те сакам до нинџите, тооолку многу. Леле што ќе се прави. И проблемот зошто сака бебето да биде машко е за да може со него да си игра нинџи. Според него женски не играат нинџи, бидејќи во цртаниот има само еден женски лик кој е малку запоставен.
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 6.2.2014 17:35:09
princessa
N e opsednata so miki i mini maus i kuceto pluto. Sekoj den mora da izgleda crtan film so niv, pa imame cela kolekcija od igracki so nivniot lik, pa casi, cinii, garderoba...Dobro sto gi saka niv a ne so Hello Kitty, zasto uzasno me nervira taa macka
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 7.2.2014 8:11:14
mommy_angels RR
А моја Маша ? Не ми е јасно како не и досадува.Ајде тоа,ама почна да имитира што прави Маша .ММ почна да се плаши,вика ако стане како ова детето од цртанов тешко нас Кога ќе подразмислам малце па и не е толку смешно,некои од бељите на Маша не се баш безопасни
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 7.2.2014 8:48:37
vezilka RR
Нашата опседнатост со нинџите малку стивна..добро е. Сега сме фокусирани на Бен 10 и на нашата нова љубов Гормитите. Боже, боже, од убаво, поубаво. Добрата работа е тоа што во некои прилики Бен 10 носи лилакови панталони и успеавме да го разбиеме стереотипот дека розевата и лилаковата боја биле за женски, па повторно пиеме од розеви чашки без викотници.
А за опасноста од повторување и имитирање на финтите од цртаните, тоа мислам дека од било кој цртан, дури и од оној кои изгледа најнаивен, таа постои.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 7.2.2014 12:29:30
AnnaMolly RR
Најнова опсесија му се Том и Џери. Тој е Џери и цело време сака така да му се обраќаме, не со Филип туку со Џери. Вчера дури и ми рече да сум му ископала дупче во ѕидот за таму да си живее :)
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 7.2.2014 12:37:21
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
Најнова опсесија му се Том и Џери. Тој е Џери и цело време сака така да му се обраќаме, не со Филип туку со Џери. Вчера дури и ми рече да сум му ископала дупче во ѕидот за таму да си живее :)
Ете до каде иде опасноста од опседнатоста со цртаниве.Да и нам Никола ни вика да му се обраќаме со името на лиот кој гоодбрал а нам ни се обраќа со имињата од другите ликови во цртаниот, хехе, дури и на јавно место. Еднаш кога бевме кај педијатерот, и чекаме во собата на сестрата со уште неколку луѓе, а тој си игра таму нешто со играчките, и се врти ме вика, Џеј, Џеј, дојди да ми помогнеш, оваа змијата ме нападна.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 7.2.2014 15:38:10
Felly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Еднаш кога бевме кај педијатерот, и чекаме во собата на сестрата со уште неколку луѓе, а тој си игра таму нешто со играчките, и се врти ме вика, Џеј, Џеј, дојди да ми помогнеш, оваа змијата ме нападна.
Леле Везилке ме изнасмеа. Ние не сме до толку опседнати, одамна не ми побарала да играме принц и принцеза. Инаку глумевме порано сцени од приказните. Па ми дава цвеќиња, и демек јас одам кај принцезава. Па танцуваме заедно. Смешки.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 7.2.2014 16:08:26
Defne90 RR
Ha ha ha bogami koga ke se zanesat decata vo crtanite znaat da bisat epten interesni.Nie edno vreme bevme opsednati so sportakus,postojano ripase i skokase niz doma,demek toj bil sportakus.Posle mu pomina toa pa pocna da se zamisluva deka e bananamen pa duri pocna banani da jade.Sega malku ni popomina i nam opsednatosta,taka sega samo e opsednat so toa pepa prase obavezno da se izgleda pred spienje.Ponekogas znae da gi imitira tie prasinjata kako si igraat ama poretko
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 8.2.2014 0:26:48
mama_06
Дора ми е ноќна мора! И тортата за роденден беше со Дора и Диего. А ако ме прашате која сум, големи се шансите да ви одговрам: ,Јас сум мапа,јас сум мапа, јас сум мапа``
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 10.4.2014 8:56:32
vezilka RR
Лелеее ние имаме нова опсесија, Супермен. По цел ден облака и соблака дуксерот, демек од Кларк Кент се претвора во Супермен. Сега репликите од мрморењата во сон му се однесуваат на Луис Лејн, демек ја спасува. И нормално, сега мене ми се обраќа со Луис Лејн.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните 11.4.2014 8:59:22
Mihaela 2010
A nie periodov sme preokupirani so Ubavicata i zverot,ama bukvalno samo za toa se zbori,se raskazuva ,se gleda na dvd,duri i tortata ke ni bide so Ubavicata i zverot
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.