|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Даунов синдром кај децата
9.3.2010 15:44:02   
Еца
Драга Антонија, токму нашата Беки оди на обука за овој метод КЛИК ТУКА

Јас сум пресреќна од резултатите кои сте ги постигнале и ме облеа некое чудно чувство на среќа, на енергија која не можам да ја опишам со зборови. И верувај не не гњавиш, напротив даваш сила, надеж на сите кои го имаат ист или сличен проблем како вашиот. Слободно пишувај за секој ваш ден, за секој напредок на тоа мало, а толку големо сонце, пишувај и разубавувај ни ги моментите со информации дека напредувате и постигнувате успех. Вашиот успех е и наш успех, среќата е поголема кога и покрај тешкотиите постојат зраци на светлина во нашите животиuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Даунов синдром кај децата
9.3.2010 16:22:06   
MamaOhrid
Јас сум од Охрид и анализи за Даунов синдром правев во 12-13 недела кај гинекологот врз основа на некои параметри т.е. го мереше бебето и со нормална анализа на крв за кои ми рече дека се со точност 80%. За точност од 90% ме упати на анализа на крв во лабораторија во Скопје, се вика Авицена и се наоѓа позади дирекцијата на Жито Лукс. Резултатите од ова излегуваат во вид на графикон се обележува колкава е веројатноста бебето да го има овој синдром. Оваа анализа чинеше 3.800 денари. За точност 99% рече амниоцинтеза на која не отидов.



(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Даунов синдром кај децата
10.3.2010 12:02:16   
beki RR
Не можам да ви опишам со зборови колку ми е мило што децата кои работаат АБР имаат подобрувања.Антонија, беше прва која се пријави за АБР.Некој до рингераја и ја проследил информацијата и таа веднаш се закажа за преглед.
После прегледот не можеа а да не почнат со терапијата.Се слушаме често и многу многу сум среќна што не сум проценила погрешно во врска со АБР. Кога организирав, некако срцето ми беше стегнато, јас бев решена да ги дадам парите и да пробам со терапијата, ама некако во мене имаше некаков страв да не не е баш така како што читав по интернет.Меѓутоа се испостави дека овие луѓе не лажат и се што кажаа е баш така.
Душата ми е полна и сум многу среќна.
И ана е подобра, подобро голта, рацете се поослободени, градниот кош добива поинаква форма, стомакот станува нормален....Добиваме промени , конечно,работам а резултатите ги гледам.Немам зборови за АБР.Фантастична терапија.И од срце ја препорачувам.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Даунов синдром кај децата
10.3.2010 12:23:26   
riba79
user posted image user posted image браво за напредокот што го имате кај вашата ќеркичка.Ви посакувам да имате уште поголеми успеси со терапијата.Би сакала да ги прашам мамичките дали додека бевте бремени правевте скрининзи и што ви велеа гинеколозите..??кај нас на сопругот на дедо му брат беше со Даунов синдром и мм велеше дека му бил многу добродушен и мирен човек.поздрав и само така продолжетеuser posted image user posted image

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Даунов синдром кај децата
10.3.2010 12:27:20   
mother 29


кликни ....................GOD  DOESN`T MAKE MISTAKES


(Одговор на членот riba79)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Даунов синдром кај децата
8.4.2010 14:50:41   
antonija
zdravo devojki... i fala na site za poddrskata... antonija e super (pocnuva da stoi pocvrsto i da odi so dubace). ima 10 meseci i e mn slatka. mstalno e nasmeana i se prati, nisto ne moze da i izbega...

po podiganjeto na vratot koj sega vekje ubavo se gleda, splasna naduenoto stomace, a se izdadoa jabolcicite na liceto pa sega e posebno slatka... ocinjata se podotvorija iako pozicijata im e seuste prilicno zakosena... napreduvame, sporo ama sigurno...

uste nesto...

bidejki ABR e fascinanten (toa ni go potvrdija site medicinski lica so koi kontaktirame i koi znaat deka go koristime: maticnata doktorka, doktorkata za zdravi deca kaj koja odime na vakcina, patronaznite sestri koi se na nas reon), ve povikuvam i vas da gi upatuvate vasite prijateli koi imaat prijateli koi imaat prijateli so deca so posebni potrebi.... a veruvajte, ne ima mnogu.... mozebi nema da najdeme lek, bidejki ova ne se bolesti, no kje gi olesnime tegobite i kje im pomogneme na decata...

cudno e toa kaj roditelstvoto- se boris za dobroto na deteto dodeka mozes.... taka na prezentacijata na ABR vo ohrid, najmnogu me trognaa edni roditeli (za mene vekje baba i dedo) koi bea dojdeni so svojot 36godisen sin vo kolicka.... togas svativ deka kako roditel tvojata borba trae i koga toa dete kje porasne, i se dodeka ima i minimalno nesto sto mozes da napravis za da mu pomognes na deteto- kje go pravis....user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Даунов синдром кај децата
8.4.2010 14:56:20   
big_mama817
user posted image user posted image user posted image  браво за Антонија за малиот борец се надевам дека ќе имаа уште мнооггууу позитивни резултататиuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот antonija)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Даунов синдром кај децата
8.4.2010 14:59:32   
riba79
user posted image user posted image user posted image za Antonija samo taka prodolzete i sugurna sum deka ke imate ogromniiiiiiii rezultati.pozdrav do vasuser posted image

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Даунов синдром кај децата
8.4.2010 15:16:17   
Leonida

user posted image

Се поубави  и поубави моменти да ви следатuser posted image user posted image user posted image


(Одговор на членот riba79)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Даунов синдром кај децата
10.4.2010 22:20:56   
Викторија
Поздрав и до тебе Антонја одамна сакав да слуснам какосте и верувај за ова стого процитав многу мие мило.Само со работа се постигнува успех нели.Ако мози дами пратис твој број преку пп сакам да поразговараме.Секако ако нети преставува проблем.


(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Даунов синдром кај децата
22.4.2010 20:18:05   
antonija
viktorija, dali go dobi mojot broj? nesto me zezase prakjanjeto na porakata.... ako treba pak da go pratam, pisi

(Одговор на членот Викторија)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Даунов синдром кај децата
22.4.2010 20:19:54   
antonija
a za site vas dragi moi eve edna princeza.... so DS ama mene me voodusevi. taa i nejzinata majka.... videte kakva drdorka...

http://www.youtube.com/watch?v=RwlXyoHMfYA&feature=related

lele kolku me raspolozi user posted image

(Одговор на членот antonija)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Даунов синдром кај децата
26.4.2010 10:46:11   
Mila na mama
Бисерите на момчето со Даунов синдром
Промовирана збирка стихови „Бисери“ на Александар Матовски Александар Матовски и неговите најблиски во саботата имаа причина да бидат најгордите луѓе на светот. Цако, како што го викаат ова деветнаесетгодишно момче, родено со Даунов синдром, на сите луѓе им подари грст песни собрани во првата негова стихозбирка, насловена „Бисери“, од која блика бескрајна љубов, топлина и радост.

Неговата порака стигна до сите присутни во преполната училница на Педагошкиот факултет во Скопје, кои дојдоа да му оддадат признание на младиот поет, но и на сите оние што помогнаа во неговиот развој. А, таа е дека децата со пречки во развојот не треба да бидат потценети и заборавени, туку дека им е потребна шанса да одат напред во животот.

Александар е матурант во гимназијата „Кочо Рацин“ во Скопје, а почнал да пишува поезија пред една година, по смртта на дедо му кого многу го сакал. Тренира карате, а член е и на Специјалната олимпијада на Македонија и на Здружението на граѓани за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Синоличка“.

Неговата мајка Снежана вели дека пред деветнаесет години ниту на сон не можела да помисли дека може да се оствари вакво нешто и дека успехот на Цако покажува колку е важна поддршката од семејството, но и на сите оние што придонеле за неговиот развојот. Тоа, пак, на свој начин го кажува и самиот Александар, низ стиховите: „Сонот нека те води, и срцето нека ти го исполнува. Знај, твоето семејство те сака без крај“.

За децата со посебни потреби во општеството постојат многу пречки. Но, доколку околината покаже поголемо разбирање за нив, и успехот ќе биде поголем. Или, како што порача на промоцијата Биљана Брауновиќ, која ги читаше стиховите на Цако, ако немате ништо друго, тогаш можете да подарите љубов. „А, љубовта не се става во банка, бидејќи за неа не можете да барате камата“, додаде таа. (М.Ј.)Извор: Утрински весник



_____________________________

love u all

(Одговор на членот antonija)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Даунов синдром кај децата
26.4.2010 10:50:12   
Rossana
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

Бисерите на момчето со Даунов синдром
Промовирана збирка стихови „Бисери“ на Александар Матовски Александар Матовски и неговите најблиски во саботата имаа причина да бидат најгордите луѓе на светот. Цако, како што го викаат ова деветнаесетгодишно момче, родено со Даунов синдром, на сите луѓе им подари грст песни собрани во првата негова стихозбирка, насловена „Бисери“, од која блика бескрајна љубов, топлина и радост.

Неговата порака стигна до сите присутни во преполната училница на Педагошкиот факултет во Скопје, кои дојдоа да му оддадат признание на младиот поет, но и на сите оние што помогнаа во неговиот развој. А, таа е дека децата со пречки во развојот не треба да бидат потценети и заборавени, туку дека им е потребна шанса да одат напред во животот.

Александар е матурант во гимназијата „Кочо Рацин“ во Скопје, а почнал да пишува поезија пред една година, по смртта на дедо му кого многу го сакал. Тренира карате, а член е и на Специјалната олимпијада на Македонија и на Здружението на граѓани за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Синоличка“.

Неговата мајка Снежана вели дека пред деветнаесет години ниту на сон не можела да помисли дека може да се оствари вакво нешто и дека успехот на Цако покажува колку е важна поддршката од семејството, но и на сите оние што придонеле за неговиот развојот. Тоа, пак, на свој начин го кажува и самиот Александар, низ стиховите: „Сонот нека те води, и срцето нека ти го исполнува. Знај, твоето семејство те сака без крај“.

За децата со посебни потреби во општеството постојат многу пречки. Но, доколку околината покаже поголемо разбирање за нив, и успехот ќе биде поголем. Или, како што порача на промоцијата Биљана Брауновиќ, која ги читаше стиховите на Цако, ако немате ништо друго, тогаш можете да подарите љубов. „А, љубовта не се става во банка, бидејќи за неа не можете да барате камата“, додаде таа. (М.Ј.)Извор: Утрински весник



user posted image

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image za Cako

user posted image



< Поракaта ја уредил Mila na mama -- 26.4.2010 10:52:25 >

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Даунов синдром кај децата
26.4.2010 11:06:26   
Еца
За децата со посебни потреби во општеството постојат многу пречки. Но, доколку околината покаже поголемо разбирање за нив, и успехот ќе биде поголем. Или, како што порача на промоцијата Биљана Брауновиќ, која ги читаше стиховите на Цако, ако немате ништо друго, тогаш можете да подарите љубов. „А, љубовта не се става во банка, бидејќи за неа не можете да барате камата“, додаде таа. (М.Ј.)Извор: Утрински весник


Доказ дека доколку малку повеќе погледнеме околу себе и подариме насмевка и љубов, нештата можат да се променат. Браво за Цако и неговите горди родителиuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Даунов синдром кај децата
26.4.2010 11:08:08   
mis.
Секоја чест за Цако ме расплачаuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Даунов синдром кај децата
26.4.2010 13:45:28   
bucko 1
user posted image user posted image user posted image    user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Даунов синдром кај децата
28.5.2010 12:46:27   
antonija
ajde decki sram da ni e.... vekje eden mesec nikoj nisto ne napisal... ne veruvam deka bas nisto ne ni se slucuva...

stom ste mrzlivi ajde vaka- pak jas kje vi pisuvam za antonija...

prodolzuvame so vezbite so ABR. rezultatite se se povidlivi.... na momenti me fakja uplav - sto kje se slucese ako ne pocnevme??? i vaka mi e dovolno jezivo:

eden den ja povikuvav da vidi edno mace vo dvorot, a taa nekjese ni da cue da se svrti, si gledase na druga strana. i dodeka se vrakjavme doma, jas bev cela natazena bidejki taa ne mi reagirase kako sto ocekuvav,  vekje bese stemneto i ja zakackav so igrata ,,kade sveti sijalicata,,. taa se izvrte i gi izgleda site sijalici: vo hodnikot, vo sobata, vo drugata soba.... i jas bev presrekjna.

toa sakav da vi kazam. takvi se moite sekojdnevija: eden den- pooptimisticna, eden den- poutepana... toa mi varira i po saati i minuti.

ama bidejki antonija ne me ceka dodeka mi se menuva raspolozenieto, taa si raste, golema nemirka i zakacka e. jas cekam da se smiri (zaspie) pa si rabotam ABR. sega vratot ni e uste poizdolzen i dosta e cvrsta. ocite se uste posiroki... uste ne sum najzadovolna vo pozicijata kaj gradite, ocekuvam pogolemo podiganje...

taka dragi moi... pisete sto ima kaj vas... podelete nekoe iskustvo, pisete za nekoj lek sto ste go koristele...

pred nekoj den vo apteka vidov PIKOVIT IQ+ i skav da go zemam. po internet dosta pisuva za omega 3 kiselinite. znaete li od koga moze da pocnat da se koristat...

mi vetija eden kontakt od stranstvo so roditeli so dete so DS, ako go dobijam i imam interesni info kje vi javam....

(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Даунов синдром кај децата
28.5.2010 13:25:10   
bucko 1
antonija stvarno e tesko vo nasava makedonija da najdes covek koj e otvoren da spodeli zaedniicki problemi,iskustva,srekni momenti itn.javna tajna e deka ne ima vo pogolem broj so decki so problemi vo razvojot ama toa tie site gledaat tajno da komuniciraat i da ne gi doznaat drugite.duri i onie malku koj postignale nekoj uspeh krijat kako i na koj nacin(so isklucoci na primer beki na forumov)zdrastvovo ni e tapa koga ke naidat na problem koj lesno ne se otstranuva kao daj mu sirup i ke mu pomine.odma krevaat race kako nisto ne e reslivo toa e cudo ako nesto se pomrdne vo pozitiva i taka.na kraj se ostanuva na nas roditelite ama i nas ne nema pa zatoa patat nasite deca.okolu dodatnite vitamini i minerali samo so nekoj od stranstvo da komuniciras ako mozes, amoze da ti posocam deka vo delot na autizmot postojat takanareceni biomedicinski gledista kade sto se proveruvaat deficitite na mnogu nesta vo metabolizmot na decata.pred da pocnes da davas bilo sto na deteto probaj da najdes na net kako seto toa funkcionira vo teloto i kako omega 3 e povrzana so kolicinata na omega 6 itn.da skratam treba da stanes doktor koj gi sledi novite pravci vo svetskite "alternativni"medicini.

(Одговор на членот antonija)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Даунов синдром кај децата
28.5.2010 13:31:02   
bucko 1
i ispustiv vo autizmot postoi i edna terapija "senzorni tretmani" kade sto deteto sedi vo soba koja e opremena so razni svetlecki delovi meurcinja od sapunica fotelja koja vibrira i masira razni aromi pustaat vo sobata .potocno gi draznat set_ilata na deteto da ono samoto pocne poleka da stanuva svesno za tie drazbi nadvor vo okolinata. eve ti link pa vidi za sto se raboti


КЛИКНИ ТУКА


< Поракaта ја уредил nadica -- 28.5.2010 14:43:44 >

(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Даунов синдром кај децата
28.5.2010 14:36:56   
Палешка РР
Ви се восхитувам на храброста да пишувате за вашиот проблем, затоа што многу од македонските мајки не пишуваат ни кога нивното дете има затнато носе. Ви се восхитувам и на истрајноста да најдете решение со што би ја подобриле состојабата на вашите најмили и сигурна сум дека пишувајќи му помагате на многуууу дечиња кои го имаат овој проблем...Се надевам дека и тие ќе се охрабрат.
Ви посакувам успех!!!


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Даунов синдром кај децата
28.5.2010 14:51:12   
Anushka
Ве сакам родители!user posted image
Никогаш, ама СТВАРНО никогаш не треба да се откажуваме од среќата на нашите деца!
Тоа значи дека треба да го следиме нашиот инстикт и да го наслушнуваме биоритамот на нашето дете/деца.
Јас мислам дека секое дете на планетава е Цвет на дрвото наречено Живот. Некое расцветува порано, а некое покасно.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Даунов синдром кај децата
28.5.2010 14:55:59   
Anushka
а „у ствари“ сакав да допишам:
со некои од вас продители пред неколку месеци контактирав на е-маил за помош од фирмата каде работам. Сега се вратив од породилно. Па, ако мислите дека некако може да се помогне, да се обидам... (не можам ништо да ветам).

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Даунов синдром кај децата
28.5.2010 15:07:01   
Anushka
СЕ УБИВАМ ОД ПИШУВАЊЕ, А НЕ ИЗЛЕГУВААТ ПОСТОВИТЕuser posted image user posted image user posted image
всушност, сакав да кажам:
со некои од вас се слушнав порано на е-маил за помош од фирмата каде работам (ќе се обидам, неможам да ветам)
Тогаш бев на породилно. А сега сум во канцеларија. Пишете ако треба поддршка, драги мои мајки и татковци!

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Даунов синдром кај децата
28.5.2010 15:57:23   
beki RR
Антонија, не ми се верува дека не сум ти кажала досега за Омега 3,6.
Може да пие слободно.
Меѓутоа не секакви.
Ние порачуваме од Англија од EYE Q тие се молекулано дестилирани, значи прочистени од тешки метали.Од искуствата кои ги имаат родителите со омега, препорачуваат уште една фирма тоа се Nordic Naturals , нормално дека ги нема кај нас, по порачка.

Не ти препорачувам да земаш од нашите аптеки имам лошо искуство.
Кога се потрошија омегата од англија , дуи да ми стигнат други купив од аптека. На Ана само што и дадов едно, значи во секундата јазикот и поцрне, ама буквално и поцрне.Не се случи нишо лошо, по неколку дена исчезна црнилото ама во моментот многу се збунив, да не речам избезумив.

А за принцезата Антонија немам зборови колку ми мило што така добро напредува со АБР.

Анушка драга, има многу родители на кои им треба помош ама мислам дека им е незгодно да кажат.Ќе пренесам јас па ќе бидеме во контакт.Благословена да си заради таа душа што ја имаш.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?