|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Не сака да јаде!
17.4.2010 18:19:01   
mami
По некое непишано правило , да, прво 4те а после 3те демек тие се пострашни...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Не сака да јаде!
29.4.2010 11:32:23   
Leonida
Еве мојава дотична уште не сака да јаде. Па скоро еден месец поминаuser posted image Особено последниве 3-4 дена е ужас! Па бевме на лекар и се поправила околу 150 гр. за две неделиuser posted image
Вчера матичната не прати да одиме на детска клиника да ја виделе и таму. Сега пред малку се вративме и ништо не и е. Испитаа и крв и мокрача, резултати добри, а одбива да јаде. По советите на матичата направив се. Сменивме и храна и некако ни една не ја сака. Од клиника ни рекоа да се вратиме пак на првата храна што ја користевме (Нан), па ете сега купив и од неа. Моментално спие, кога ќе стане ќе и дадам иако чисто сумљам дека ке сакаuser posted image И од мене многу малку цица, па сега и помалку млеко имам.
Се извадив од такт затоа што деновиве трчаме по лекари и никој не знае што може да и биде. Нормално е се кај неа, но одбива јадење, а јас ќе пукнамuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Не сака да јаде!
29.4.2010 13:16:25   
Палешка РР
Леонида, а што не почнеш со сокчиња и кашички? Ете и Миа стагнираше последниот месец, стави само 600 гр, а сега, од 10-тина дена што и давам и немлечна храна се збуцна во обравчињата. Ајде пробај па таа не е мала, после 4-тиот месец се воведува овошје.



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Не сака да јаде!
29.4.2010 13:21:52   
Adrijana
Da leonida, dobro ti kazuva paleska, daj i jabolce vareno, ili morkov, ili sokce, so polni 4 meseci veke moze da jade, Eva ja pocnav jas od 3 ipol.
P.s. izvini so ne ti pisav poraka nekni, deka ke dojdeme, ama totalno zaboraviv, i toa eve sega mi tekna oti trebase da ti pisamuser posted image

_____________________________



(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Не сака да јаде!
29.4.2010 13:48:13   
Leonida
Нема проблем Адријана, не отидовме ние на саем, не можевме.
Туку за хранава....докторката ме советува да не и дадам ништо додека не го прифатела млекото. Инаку јас едвај чекам да почнам. Но, може и нема да ја послушам докторкава, еве еден месец помина така со маки околу јадењетоuser posted image

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Не сака да јаде!
29.4.2010 13:52:28   
Adrijana
Eva pocna da go nejke mlekoto, kasa ke si se najade, ama mleko ako i dadam go pluka i place.Mleko pie sega samo nasabajle i navecer po cela doza, ima dva ne mlecni obroka, i ona mleko so i e megu dvata obroka go pieme so zivi maki, edvaj.
Ne znam zasto da cekas, koga nejke da jade ke probas so se, nesto ke mora da saka.

_____________________________



(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Не сака да јаде!
29.4.2010 14:36:33   
Палешка РР
Леонида, баш напротив. Миа повеќе цица откако јаде кашички. Некако без мака почна да цица. Инаку маки мачевме, де чај, де цице..па некако да се залажи. Сеуште сме претежно на цицање, со еден немлечен оброк и сок. Јас би пробала да сум на твое место.

< Поракaта ја уредил Палешка -- 29.4.2010 14:37:30 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Не сака да јаде!
30.4.2010 9:56:14   
Leonida
Еве ме пак. Се чув пред малку со Д-р Марина Поп Лазарова од Ремедика и ми даде ваков совет: да пробам да си го повратам и негувам моето млеко, да и давам да цица кога ќе посака и да и воведам два оброци дневно  варен ориз со малку ванилин шеќер и млеко.
Очигледно е дека и се сменил вкусот и интересот одкако примила прва доза ДиТеПер и дека тоа не било ништо чудно. Па сега ќе морам да се посветам на доењето и се надевам дека ќе успеемеuser posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Не сака да јаде!
30.4.2010 10:00:10   
mother 29
user posted image user posted image user posted image за Поп-Лазарова,,,добив и јас ваков сличен совет од неа ,затоа и ти пишав,така како што ти пишавuser posted image
ајде сега да се оправите и да станете буцкиuser posted image


(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Не сака да јаде!
30.4.2010 14:50:48   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Leonida

Еве ме пак. Се чув пред малку со Д-р Марина Поп Лазарова од Ремедика и ми даде ваков совет: да пробам да си го повратам и негувам моето млеко, да и давам да цица кога ќе посака и да и воведам два оброци дневно  варен ориз со малку ванилин шеќер и млеко.
Очигледно е дека и се сменил вкусот и интересот одкако примила прва доза ДиТеПер и дека тоа не било ништо чудно. Па сега ќе морам да се посветам на доењето и се надевам дека ќе успеемеuser posted image



Поубав совет не можела да ти даде user posted image Пиј повеќе течности, ставај ја и кога немаш млеко - за да и даде знак на хипофизата на колку часа е потребно млеко, одмарај и се ќе биде во ред.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Не сака да јаде!
1.5.2010 12:19:32   
Leonida
И направив вчера во блендер 60мл. Нан со 2 лажички ориз и оризова вода со малку ванилин шеќер. Си го пиеше убавоuser posted image
Подобро еuser posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Не сака да јаде!
1.5.2010 14:20:23   
Viktori
леонида, син ми на 4 месеци ич не  сакаше да цица, нит млеко да пие, а бе ништо. Исто и јас се засекирав, па на лекар, па ова она. И случајно јас на гинеколог после еден месец мрцварење навака натака, за да ми кажат дека сум 8 недели трудна! user posted image И квалитетот на млекото се намалил и самото бебе го чувствува тоа.
катастрофа :)
ќерката, веднаш по него исто така не сакаше долго да цица, ама и јас не бев нешто посебно упорна.
Додека првата ќерка, најстарата, цицаше без никаков проблем, и јадеше се и сите кашички, од оние што ни се на нас убави до оние гадни што се чудев како ги ручка со сласт.
Инаку муабетот ми е дека важно е да е здрава ќеркичката. И има стандарди како треба да се движи тежината кај децата, ама сепак не се од калап направени па за сите да важи истото.
и не го глеј само кантарот! Ако ќерка ти е здрава, насмеана, весела и мирно спие, ти немаш причина за грижа. Не секогаш надувано дете  е здраво дете. Барем според мене.

< Поракaта ја уредил виктори -- 1.5.2010 14:24:47 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Не сака да јаде!
1.5.2010 23:16:58   
Slagjana
Леонида, се надевам дека сега се ќе биде во ред. Нека се засити малото и нека напредува. user posted image

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Не сака да јаде!
3.5.2010 10:27:46   
Leonida
Полека но сигурно мислам дека се враќаме во формаuser posted image Кога и даавам Нан и ставам внатре малку ванилин шеќер и си го пие без да прави циркузuser posted image Д-рката ми кажа дека можам тоа да го практикувам, па се надевам дека е во ред такаuser posted image
Е сега имаме друг проблемuser posted image , но тој ќе го пишам во друга тема (опстипација).

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Не сака да јаде!
3.5.2010 10:32:05   
big_mama817
баш ми е мило леонида што почнала да го пие млекото за секој проблем има решение само треба упорност син ми па кога е вака топло послабо јаде но некако со сила се трудиме да јаде без леб user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Не сака да јаде!
30.5.2010 20:22:35   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Palce

Здраво женскички..

Јас пак со моите проблеми околу јадењето...Моето бебе направи 4 месеци (корегирани) зошто е предвреме родено бебе...Нели ви пишував дека не сака да цица од цуцла..Сега пие млекце ама само заспана,будна не сака да слушне, вришти плаче..Незнам што да правам,многу се нервирам зошто за едно месец-два ќе треба да почнам со дохрана и многу ме фаќа страв дали ќе сака да јаде..Ако сега цица додека спие тогаш нема шанси да сака да јаде будна..Нема сигурно кога спие кашички и да и давам..Лелее ептен ми е проблем,ве молам да ми дадете некој совет,како да ја научам да јаде будна...Еве денес решивме со мм да не и даваме да јаде додека спие,па да пробаме да јаде кога ќе стане..Сега спие па после ќе видиме што ќе се случи...Имал ли некој ваков проблем????
Ви благодарам



ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Имаше и кај Миа, многу кратко еден таков период, од вриштење не можев да ја нахранам, па морав прво да ја успијам за да почне да цица...но мислам дека се` беше поврзано со Ди Те Пер вакцината, тие 5-6 дена беше многу нервозна.
Мислам дека ќе помине Палче и немој да се грижиш околу хранењето, бидејќи хранењето со лајче е сосема друга приказна за бебето, која му е нова и интересна. Ви посакувам многу успех!




ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Сигурна си дека спие додека пие млеко? Ќерка ми додека ја доев секогаш со затворени очи цицаше, просто уживаше во тоа и од убавина ги затвораше очињата и после кога ќе се нацицаше ококорена, будна, разиграна...




ИЗВОРНА ПОРАКА: Palce

Ники сугурна сум дека спие, зошто претходно вришти зошто сака да заспие,па ја успивам па тек тогаш јаде..Абе ужас..Не е да почне будна па да ги затвори очињата..И после јадењето си продолжува да спие,не се буди...
Палешка,Миа одамна ја прими таа вакцина не ќе да е до тоа..Знам дека ми викате да не се нервирам ама неможам..Ќе пукнам мислам...
п.с Твојата и мојата се имењачки хихи срцки


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Палче и мене баш во тој период истото ми се случување, некаде околу 4-5 месец. Морав да ја занипкам малце, да заспие, па да и дадам да цица. Будна не сакаше воопшто. Истото се случуваше и со адаптираното млеко. Не се сеќавам како и кога се реши тој проблем, не траеше многу долго, а после кога почнав со кашички немаше никаков проблем, си јадеше и уживаше.



ИЗВОРНА ПОРАКА: strelec 1982

Ne se sekiraj se ke se sredi po mesec dva ke bide pogolema ke sedi i ke si ja hranis so lazice interesno ke i bide ti ke ja ranis a nejze nekoi traskalcinja igracki vo rakata ke si i gra.A sega ako pie mleko samo dodeka spie i taka davai kako saka ona taka ne vredi da se nerviras bidejki period e ke i pomine.I kaj mene sinot go poduspivav pa da mu davam da cica pogolem poksle 8 mesec bidejki ne sakase se tegnese.Treba nie na niv da se privikknuvame vo periodot od 6 do godinata sinot si sedese i jadese od koga proodi si igra setka i jas po nego so ciniceto i laziceto da jade macno ama sto ke mu pravis vazno si ima apetit i si jade ama ne sednuva.


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Ја фатиле некои бубачки, ќе и помине. А кога ќе стигнете до дохрана веќе нема да спие толку дење, ќе намали. И што вели Палешка со лажиче е сосема друга приказна, тие на почеток тоа како игра го сваќаат ќе и дадеш и на неа една лажичка да мафта со неа и ќе јаде.




ИЗВОРНА ПОРАКА: STRUMFETA

Se slucuva,bez griza, brzo ke pomine i ovoj period pa potoa novi musick ke dojdat na red
Eve Filip  e godika  i mesec ,pa  koga e bolen ili ne saka da jade na toj nacin mu go povaluvam siseto so mlekce




_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Не сака да јаде!
12.6.2010 1:05:04   
Snowhite RR
Му дадов денес малку повеќе од сокчето од јаболко, со цуцла не сака, па со лажиче, пола го испи, пола в гуша му појде и кога завршивме, го поврати цело. Сега се плашам кога не сака сокче, дали ќе сака кашички, некако си се навикна само на цицање, и не сака ни чај, ни сок, ни ништо. Не знам што ќе правам, мислам дека маки ќе мачиме за јадење

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Не сака да јаде!
12.6.2010 1:10:18   
Nade
Не мора да значи не се грижи , дали прв пат му даваш сокже? можеби не му се допаѓа вкусот

_____________________________

I dont have time to hate people who hate me because i am too busy loving people who love me :)

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Не сака да јаде!
12.6.2010 1:12:45   
amelbebe
Snowhite bidi malku pouporna so hranenjeto,nemoj da ja napravis istata greska kako mene.Site mi veleja doi go toa go zasituva,da go zasituva,ama eve go 2 godinki napravi uste nema saglam obroci ne mu teknuva da pobara,ako sednam da go naranam jade zalce do dve zalcinja,zatoa bidi malku uporna da se navikne na jadenje.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Не сака да јаде!
12.6.2010 1:17:56   
amelbebe
i samata napisa deka mu dade poveke,zatoa i povrati .i Amel bese takov so lazice,ama sok, caj ,mleko ne doagase predvid,a  sega samo po 1-2 casi sok pie i jogurt,mlekoto mu e gadno go gledam kakva faca pravi i go pluka ne go saka

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Не сака да јаде!
12.6.2010 1:34:03   
Snowhite RR
Пред 2 дена почнав значи, му дадов 2 лажички, и сега зголемувам,денеска сакав да му ја зголемам количината,ама не знам колку испи, зошто го плукаше и на крај го поврати, ќе бидам упорна тоа е,па не може само со цицање, мора да проба друг вкус и постепено да ја учи и техниката на јадење

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Не сака да јаде!
12.6.2010 9:23:44   
Палешка РР
И Миа многу не ми го пиеше сокот на почеток, ама кашичка веднаш добро прифати. Сега пие и јаде со сласт user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 97
   RE: Не сака да јаде!
12.6.2010 11:14:14   
Snowhite RR
Епа и јас планирам со кашичка сега да пробам, понеделник ќе го носам на педијатар, па ќе прашам, работата е тоа што, не сака ни да проба, само што ќе му го приближам шишето или лажичето веднаш се мршти, го турка

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 98
   RE: Не сака да јаде!
12.6.2010 13:51:44   
Палешка РР
Тоа е затоа што не пробал кашичка од јаболко, па печено јаболко, круша, морков, но кога ќе вкуси ќе се воодушеви од новите вкусови, само биди упорна Snowhite.

< Поракaта ја уредил Палешка -- 12.6.2010 13:52:00 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 99
   RE: Не сака да јаде!
13.6.2010 1:35:58   
Snowhite RR
Упорна сум и ќе бидам упорна, ама се сомневам дека ќе се воодушеви, кога си има цице тојuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 100
Страница:   <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?