|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  18 19 20 21 [22]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Не сака да јаде!
28.3.2016 16:37:55   
Tool
Пробав со залажување...му давам морковче си го шмуцка него,ја види ли лажицата затвора уста,ако му го ставам некако го плука....знам дека се фази и поминуваат,но ми се чини никогаш нема да сака да проба лажица....уф

_____________________________

Every Family has a story to tell...Welcome to ours...

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 526
   RE: Не сака да јаде!
28.3.2016 16:46:58   
lukajana RR
Ке се научи со тек на време ,досега си му давала во шише и освен вкусот се друго му било исто како и млекцето.
Сите бебиња имаат одбивност кон лажичка ама со тек на време се навикнуваат.
Битно е да се обидуваш ,кога тогаш ке ја прифати лажичката

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Tool)
Непосредна врска до пораките: 527
   RE: Не сака да јаде!
18.4.2016 16:24:57   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Леле гина исти сме и ние. Не постои нешто што му се допаѓа. Пробавме јаболко, морков, банана, слива, му дадов и млечна каша од хумана- ништо и ништо не сака. Јас стави му во устето тој плукни дупло повеќе од тоа што му ставам. Пробав да му ставам мајчино млеко во кашичката, пробав сокче да биде од шишенце, не и не. Пробувам кога е наспан и расположен, и упорно го нудам и нудам, доаѓа време за цицање а тој никако да касне нешто ни да се напие. Дури ми е мисла дали воопшто внесува некоја количина доволна за да се смета храната за пробанаuser posted image

еве после два месеци, да пишам дека имаме некаков напредок. Со лажење, со играње почна да изедува некоја количина од 70тина грама, во најдобар случај 100, и веќе му држи ситост одреден период. Почнав веќе да му давам и втор оброк, ручек со некаков зеленчук.
Не сме лоши мами, а? Утешете ме user posted image М на негова возраст (7 и пол месеци) јадеше по 3 оброци од околу 200 гр количински.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 528
   RE: Не сака да јаде!
18.4.2016 22:17:19   
Hopeful RR
Фели, супер сте, браво! И не го споредувај со М, секое дете своја приказна, верувај еве истовремено ги гледам секој како различно развива навики за јадење. Трет оброк јас дадов во 9 месец, така што не го форсирај, ионака цел живот ќе јаде.
А за количината исто не се секирај, ќе се разјаде. Битно е да си јаде здраво и квалитетно, а не да се тови user posted image Моите јадат околу 150гр н оброк, 11+ се, и понекогаш и повеќе, понекогаш и помалку, ама не ги терам на сила, колку - толку.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 529
   RE: Не сака да јаде!
19.4.2016 20:40:41   
lolla RR
Felly, да те утешам дека и Л на 7 ипол месеци имаше еден оброк и само што почнав да му воведувам ручек. Па до вчера бил на млекце, не го брзај.


(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 530
   RE: Не сака да јаде!
14.7.2016 17:13:55   
gina
pisuvav pisuvav i mi se izbrisa baram pomos eve dve nedeli ne saka da jade nisto usta ne otvara i ako mu stavam so sila pluka zivcite mi se pri krajuser posted image prvo namali kolicinski pa sega skroz mleko si pie ama nesakam da go forsiram nautro i pred spienje retko preku den pred spienje 1-2 mala kolicina za banana se tepase sega nesaka ja pluka jogurt i kiselo mleko obazavase sega ne so prst mi probuvam da lizne toa usta ne saka da otvori da pomirisa taman pocnav malu pokrupno da se ucime da gjvaka si lapkase sega nervozi ce poludamuser posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 531
   RE: Не сака да јаде!
18.7.2016 15:25:33   
blue_blue
gina, искрено нема ни една причина за да полудеш. Имаш син од една година и огромен пат пред себе тој син да го изведеш на прав пат, да биде самостоен, неврзан за скутот на мајка му, со самодоверба и способен да се снајде во овој не баш толку розов свет. Стакленото ѕвоно нема многу да ти помогне во тој пат. Не јадел за ручек, ќе јаде за вечера, едноставно не може по цел ден да е гладен...кога ќе изгладни доволно (не му давај ужинки измеѓу) секако ќе сака да јаде. Не трчај со тањирот по него...едноставно има време за јадење и тогаш треба да се јаде, не се потресувај многу ако не јаде...понуди му, дај му негова лажица нека брца во јадењето и сам нек се храни, стави му парчиња од нешто сам да ги става во уста, за тоа време ти рани го...нека ги испитува текстурите, боите и мирисите на овшјата и зеленчуците - голема е веројатноста дека ќе пројави интерес да ги стави во уста...И ќе пројаде, не може со денови да биде гладен...Или му е топло, или е заинтересиран за се друго да прави па јадење му е губење време, ама треба да научи дека мора да јаде и дека ќе јаде во време одредено за јадење...не заборавај дека ти си возрасниот и ти ги поставуваш правилата, не е детето тоа што раководи со ситуацијата, туку ти...понуди и тргни го јадењето ако не го јаде, по саат време понуди пак

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 532
   RE: Не сака да јаде!
19.7.2016 10:40:15   
gina
taka probuvam blue_blue i pokasno da mu ponudam ama pluka za siseto se tepa ne mu davam uzinki vo race ne saka nisto da zeme odma frla
dalie period ili zabce go maci a i kaj nas doma e mnogu zesko kifle drzese demek jadese pa sega i toa ne saka

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 533
Страница:   <<   < Претходна страница  18 19 20 21 [22]
Страница: <<   < Претходна страница  18 19 20 21 [22]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?