|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Посвојување - АЛАРМ! - Колку кошта едно дете?
13.6.2010 23:34:34   
agnes77
На овa место пишуваме за се што не е оправдано и што никогаш не би смеело да се случи!

Колку кошта едно дете?
катастрофаuser posted image user posted image user posted image




Политика
Колку кошта едно дете?
00:00 | 15 февруари 2010

Истражување

Никој не знае колку пари се вртат во посредништвото при посвојување деца. Официјално нема ниту еден случај на поткуп при посвојување, но оние што се на долгиот список на потенцијални посвоители велат дека евра ја забрзуваат постапката

од Марија Дивитарова



Посвојувањето деца во Македонија значи многу нерви и трпение, а “Ивана” веќе не може да ја поднесе неизвесноста околу целата процедура и постојано ги повторува истите зборови. “Па ова трае со години, а сè уште не се нашло дете кое, како што ми велат скопските социјални работници, е соодветно за нас”, ми вели Ивана, која во барањето за посвојување што со нејзиниот сопруг го поднеле до Министерството за труд и социјална политика, напишале дека сакаат здраво дете од македонска националност. Ништо повеќе од тоа. Но, ова не е Скандинавија. По неможноста по долго чекање да се посвои дете, почнува да проработува балканскиот менталитет на “барање врски” кои некако ќе можат да ја забрзаат процедурата. Па се почнува од комшијата кој е роднина со хигиеничарката во Центарот за социјални работи, а таа може да фрли збор кај вработените ама зборот не ì врви и не може да ја истера работата до крај, па се наоѓа колешка која сосема случајно се омажила со братот на тој што работи во Центарот, не на предметите за посвојување, ама може да интервенира кај колегата што го работи тоа, ама не оди ни така. Па ќе се најде еден пријател кој е пријател на некој што е многу близок со одговорните во скопскиот Центар за социјална работа, па тој веројатно ќе може да ургира и постапката да се заврши, купишта комбинации... и ова нема крај. Ивана вели дека ни самата не знае кого сè не ангажирала кој има некаква врска со одговорните во скопскиот Центар за социјална работа кој може да влијае да се реши нејзиниот проблем. И додека целата енергија, и нејзина и на сопругот, е концентрирана на тоа да “бараат луѓе” кои ќе можат некако да им помогнат да посвојат дете, Ивана се сретнала со извесна госпоѓа, стара роднина или пријателка, која е запознаена со нивниот проблем и која може да посредува “работата да се забрза”, ама тоа ќе треба да се плати.
Ивана вели дека тоа е некакво олеснување кое ì ја врати надежта дека посвојувањето ќе стане реалност. Но, сè уште го памети шокот кога ì биле побарани 10 илјади евра за да се заврши процедурата.
“Кога ми кажа дека ќе ми помогне, многу се израдував иако ми рече дека ќе треба да ‘почестам нешто’, вели, но мислев дека честењето ќе биде нешто како кога ти се случува нешто убаво, а не пари, и секако, не толкав износ”, вели Ивана.

СТРАВ ОД ОДМАЗДА

Ова не е единствен случај да им биде побарано мито на луѓе за истата работа. Во земја каде што царува рушветот, правилото “пари за услуга” е нормална појава, но никому не му паѓа на памет да тргне да ја бара правдата бидејќи впечатокот е оти тоа ќе биде трнлив пат со неизвесен исход. Оваа жена со високо образование, нема доверба во институциите. Таа и нејзиниот сопруг се плашат дека што и да направат, после надлежните ќе ги имаат “во рака” и “ќе можат да прават со нивното барање за посвојување што сакаат”, а веќе поминале половина од процедурата. Поднеле барање до Министерството за труд и социјална политика, па решение од Комисијата дека ги исполнуваат условите да посвојат дете и од тогаш се на листата на чекање на која уште се и имињата на 700 двојки, потенцијални посвоители. Проблем е што има повеќе посвоители од деца. Во Домот за доенчиња во Битола има стотина деца до три години, но сите не се за посвојување, некои се болни, а за некои, велат надлежните, сè уште нема документ од биолошките родители дека се согласуваат децата да бидат посвоени. Ивана се сомнева во овие тврдења велејќи дека со тоа само “им се замачкуваат очи” на потенцијалните посвоители, а децата се чуваат за “специјални посвоители”.
Одговорните негираат дека некому некогаш било побарано мито. Министерот за труд и социјална политика Џелал Бајрами вели дека “е нечовечки и нехумано, некој да ги условува луѓето со такво нешто” и дека до сега не е откриен ниту еден случај на поткуп. Но, паричката има две страни. Ивана, вели дека е деликатно да го пријави случајот бидејќи никој од надлежните не побарал пари од неа, туку митото оди преку посредници. Освен тоа, не сака да го обелодени својот вистински идентитет плашејќи се да не се најде во ситуација да не ì биде дадено дете на посвојување, а целта не е тоа.
“Нека се јават лично кај министерот, заедно со нив да ги откриеме сите тие коишто злоупотребуваат”, ì порачува министерот Бајрами кој не ги знае ваквите случаи бидејќи постапките за посвојување се работа на специјални тимови и комисии, а не работа на министерот.
Но, Душко Миновски, експерт за труд и социјална политика, вработен во Министерството, признава дека посредници има. “Имаме јавувања во смисла прими ги, види до каде е, зошто има застој, во таа смисла - да, но конкретно за оваа гарнитура од 2006 г. наваму гарантирам дека немаме притисок од тој тип”, вели Миновски.

НЕКАЗНЕТИ СТОРИТЕЛИ

Неговите гаранции не ì значат ништо на Ивана затоа што неа веќе ì биле побарани евра за да посвои дете.
“Прво ги немам тие пари, а и да ги имам не сакам да ги дадам. Не сакам да купам дете туку да посвојам”, вели Ивана. Огорчено зборува за целата постапка за посвојување и веќе не е оптимист како што била некогаш. “Многупати до сега социјалните работници ми ветуваа дека има дете кое е правно чисто и дека за неколку месеци ќе посвојам дете, а потоа целата работа се забошотуваше и потоа пак, наводно воделе постапка за друго дете, па за друго и така до недоглед, а на крај ми побараа и пари. Како да верувам дека некогаш ќе посвојам дете?!”, прашува Ивана.
Суштината е во она што е длабоко сраснато во овдешниот код на однесување, а кое најдобро го опиша Вања Михајлова, поранешен член на Антикорупциската комисија, во еден не така дамнешен разговор дека “она што е присутно кај граѓаните е дека за што било да направите ви требаат врски бидејќи корупцијата не е само поткуп, тоа е и непотизам и конфликт на интереси и злоупотреба на службена должност”.
Сфаќањето дека некој треба да одговара за барање мито, можеби полека зрее меѓу луѓето, но многу подолга традиција има изреката “наведната глава сабја не ја сече”, па овие случаи на невидена дрскост да се бараат пари за да се посвои дете, остануваат непријавени и неказнети. Дрскоста и натаму живее!

< Поракaта ја уредил виктори -- 1.4.2011 22:41:08 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Колку кошта едно дете?
13.6.2010 23:42:51   
Тања РР
Срамота!!!!
Ова го има само кај нас ми се чини.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Колку кошта едно дете?
13.6.2010 23:46:21   
Bogdancanka
Stramota!!!Nekoj se bogati na makata na lugeto Stramota!

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Колку кошта едно дете?
13.6.2010 23:49:38   
agnes77
за нешто тако нема оправданјаuser posted image
како лјуди могу нешто тако учинити ...

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Колку кошта едно дете?
13.6.2010 23:57:47   
Maca25
Срамота!!!!

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Колку кошта едно дете?
14.6.2010 0:26:20   
Rossana
user posted image user posted image user posted image                    user posted image user posted image user posted image user posted image Nemam komenta, posle ova sto go procitav navistina nemam komentar user posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Колку кошта едно дете?
14.6.2010 0:32:14   
Палешка РР
Знаев, знаев...и кај најневиното нешто замешаа прсти user posted image  user posted image  user posted image

user posted image user posted image user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Колку кошта едно дете?
14.6.2010 9:22:13   
beki RR
јавна тајна е дека треба некаде да подмачкаш за да посвоиш дете. Тоа е ужасно и срамно, како се гледаат на огледало тие луѓе и ккао живеат не ми јасно.Дете , наместо да му подариш семејство и топол дом, ти да му го уништуваш животот, а имаш шанса да направиш нешто увбаво...Многу се нервирам  од вакви работи.....

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Колку кошта едно дете?
14.6.2010 9:28:05   
niki
Страшно! Страшно! Страшно!
Се уништуваат животи на мали невини суштества, се уништуваат животи на добри и чесни луѓе што сакаат да станат родители.
Срамота!user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Колку кошта едно дете?
14.6.2010 9:34:16   
amelbebe
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Колку кошта едно дете?
14.6.2010 9:45:35   
nadica
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
повеќето од тие кои чекаат дете на посвојување се обични луѓе кои тешко дека имаат толку пари да дадат за да го осетат благодетот на родителството

таков случај е и една моја блиска особа на која и јавија дека се избрани да им дадат девојче и кога овие се спремија значи изнакупија се до гардероба, до шишиња, козметика, пелени,... им рекоа детето не е за вас и измислија милион причини зошто не им го даваат а меѓу редови кажаа немате доволно пари за подмачкување на работитеuser posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Колку кошта едно дете?
14.6.2010 13:16:52   
agnes77
Jas se samo nadam, da ljudi, koji tako izkorištaju nevine ljude, da završe u zatvoru.
Šta bi ja dala, da ljudi koji se tako ružno igraju sa tuđo sreču, da plate, da završe u zatvoru, da im se oduzme sve što je njim drago ...

Kako nemajo srca? Kod nas u slo o tome ne priča se. Prije da smo poslali dokumente, mi nismo znali ništa o toj makednoski javni tajni. E pa ako ništa drugo, jas budem o tome puno pričala pošto ljude ne znaju šta jih čeka kad šaljejo dokumente.

Mk ima podpisana haška konvencija koja ji bi trebala da štiti djeca. Ali to što jas sad znam nije baš tako u praksi. Zaista sam user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Колку кошта едно дете?
14.6.2010 14:21:09   
amelbebe
mila ne se nerviraj kaj nas takov e zakonot samo na hartija


ps: kniga trpi sekakviuser posted image

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Колку кошта едно дете?
14.6.2010 14:30:13   
agnes77
ИЗВОРНА ПОРАКА: amelbebe

mila ne se nerviraj kaj nas takov e zakonot samo na hartija


ps: kniga trpi sekakviuser posted image


user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Колку кошта едно дете?
16.6.2010 18:29:45   
agnes77

posvojuvanje
Објавено на 29.01.2010, од igor
bidejki sum potencijalen posvoitel na dete vo mesec avgust vo 2009 god mi se javija(ponedelnik) od centarot za trud i socijalni grizi od Skopje deka vo petok treba da odime vo Bitola od domot za novorodencina da si go zememe deteto koe ni e dodeleno , megu vremeno mi se javija od Ministerstvoto za trud i se prestavi kako nekoj Adrijan mi rece na tel. ako sakas da go zemite deteto treba da uplatite 5000 evra . Bidejki ne uplativ istoto dete po naredba na ministerot ( koj nema ingerencii okolu posvojuvanjata) e dadeno na drugi posvoiteli od Bitola najverovatno koi ja platile sumata. Gore navedeniot minister mu se zakanil na direktorot na podracnata edinica za trud i socijala ako potpise da se dade deteto vo Skopje deka ke go izbrka od rabota. Dali e vo prasanje mito ???????

< Поракaта ја уредил виктори -- 12.2.2011 17:29:41 >

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Колку кошта едно дете?
16.6.2010 18:37:03   
Viktori
Дека секаде има мито и корупција има, дека секаде се тргува со деца, органи и тоа е точно!
Ама само кај нас тоа се прави јавно и никој не сноси никакви последици!!!

И овие борачиве против корупција малку да се прошетаат по форумиве, по улициве, по школиве и домовите.....
Ах Кина да бевме... па сите на 8ми септември место на одмор на стрелање....


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Колку кошта едно дете?
16.6.2010 18:38:38   
Martins mom
леле катастрофаuser posted image user posted image user posted image user posted image       user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Колку кошта едно дете?
17.6.2010 11:18:08   
agnes77

МАКЕДОНКА ОД КАНАДА ОБВИНУВА ЗА КОРУПЦИЈА ВО ПОСТАПКАТА ЗА ПОСВОЈУВАЊЕ
Министер ми побара пари за да посвојам здраво дете

26-годишната велешанка со сопругот, кој има македонско и канадско државјанство, неколкупати во годината доаѓаат во Македонија за да ја забрзаат постапката за посвојување, но секогаш добивале различни одговори
Брачна двојка од Македонија, со времен престој во Канада, го обвинува Министерството за труд и социјална политика дека, и покрај тоа што ги исполнува сите услови, не и даваат да посвои дете. Брачната двојка тврди дека за да добие здраво дете, еден министер им рекол дека ќе треба да плати. Жената не сака да го открие идентитетот на министерот. Појаснува дека немала контакт со актуелниот министер за труд и социјална политика, туку дека друг министер и се понудил да и помогне за пари.
Велешанката која сака да посвои дете има само 26 години. Со нејзиниот сопруг, кој има македонско и канадско државјанство, неколкупати во годината доаѓаат во Македонија за да ја забрзаат постапката за посвојување. Но секогаш добивале различни одговори.
"За да дојдам до дете, се обидов да фатам врски преку еден од министрите во Владата. Прво што ме праша беше колку пари ќе му дадам за да им плател на луѓето кои експресно ќе ја завршеле работата. Му реков дека кога ќе го добијам детето, ќе му дадам 1.500 долари. Се разделивме со министерот. Неколку недели подоцна, пак се обидов од Канада телефонски да исконтактирам со него. Но тој повеќе не ми се јави", објаснува таа.
Сопружниците веќе една година се запишани во регистарот за посвојување дете. Тие сакаат да посвојат здраво дете од македонска националност. "Такво дете за посвојување во моментов немаме . Доколку сака, може веднаш да посвои Ромче или, пак, болно дете", велат од Комисијата.
"Со сигурност ви тврдам дека во моментов во Центарот за социјални работи во Велес каде што јас аплицирав и ги поднесов документите, бидејќи по документи место на живеење ми е Велес, овој месец треба да се посвојат три деца, но дали мене ќе ми дадат, не знам", ни изјави во телефонскиот разговор идната посвоителка, која моментно со нејзиниот сопруг се наоѓа во Канада.
"Мене во Македонија ме третираат како странец. Јас во Канада немам никакви канадски документи ниту, пак, државјанство. Таму сум странец, а не овде во сопствената држава", револтирано вели таа. "Доколку надлежните и понатаму се однесуваат со мене така, ќе дојдам пак во Македонија и јавно ќе обелоденам што се случува, а правдата ќе ја побарам и пред Меѓународниот суд за човекови права".
Експертите велат дека во вакви случаи не се води сметка за доброто на детето. Секогаш комисиите како приоритетно при посвојувањето го истакнуваат времето на чекање, а не интересите на детето, кои како приоритетни се наведени во Законот за посвојување.
Официјално, како изговор за недавање дете за посвојување, Министерството за труд и социјални работи го користи времениот престој на брачната двојка во странство.
"Времениот престој како пречка не е предвиден во Законот, и оваа брачна двојка има исто право на посвојување како и сите други брачни парови од Македонија кои аплицирале за посвојување дете, но таков е ставот на министерот - што повеќе деца да се задржат во државава", ни изјави еден социјален работник, кој е член на стручен тим кој работи на посвојување.
Од Министерството за труд и социјална политика велат дека за овој брачен пар, без оглед што имаат македонско државјанство, важи постапката за посвоители странци бидејќи детето излегувало од државава. "Министерот нема никакво законско право да се меша во работата на Комисијата", тврдат од Министерството.
Сличен случај пред неколку недели ни обелодени и брачна двојка од Америка која сакала да посвои дете Македонче, бидејќи и двајцата имаат македонско државјанство. И тие биле шетани од врата до врата, се додека не им било кажано дека за да добијат дете, треба да платат 40.000 евра, по што се откажале и 15-ина дена подоцна посвоиле дете од Украина.
Многумина од запишаните во регистарот за посвојување се сомневаат во малверзации на центрите за социјални работи. За да се скрати времето на чекање, се одело до таму што се фалсификувале документи во кои здраво дете се прогласувало за болно и потоа, преку ред, им се давало на посвоители странци, кои за услугата дебело плаќале.
(П. А. Л.)

< Поракaта ја уредил виктори -- 12.2.2011 17:30:02 >

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Колку кошта едно дете?
17.6.2010 11:47:23   
niki
Ќе бидам искрена и ќе кажам дека ме револтира фактот што имаме таков ментлитет. Прво не им се чека процеурата, па ај да побараме врски да ја убрзаме. И тогаш врската ќе побара пари и тоа е демек проблем. А извинете ме ве молам, зошто некој некому би му бил врска и би работел противзаконски ако не за пари? И сега кога им се побарани пари, пак остануваат анонимни и тој кој бара останува на слобода. Никој не го пријавува, никој не го гони, никој ништо не превзема. Караванот врви, кучињата лаат.
Не ги оправдувам социјалните работници, ни државата, ни министерот, ама и народот не ни е баш невин.
Разбирам дека желбата за дете е огромна и од аспект на некој кој веќе има свое дете и немал проблеми истото да го добие ова е неблагодарно што го пишувам, ама неможам да разберам постојано да се чека од некој друг  да превземе нешто, а самиот човек кој има проблем, кому му се побарани пари да молчи.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Колку кошта едно дете?
17.6.2010 11:53:13   
Gari68

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Ќе бидам искрена и ќе кажам дека ме револтира фактот што имаме таков ментлитет. Прво не им се чека процеурата, па ај да побараме врски да ја убрзаме. И тогаш врската ќе побара пари и тоа е демек проблем. А извинете ме ве молам, зошто некој некому би му бил врска и би работел противзаконски ако не за пари? И сега кога им се побарани пари, пак остануваат анонимни и тој кој бара останува на слобода. Никој не го пријавува, никој не го гони, никој ништо не превзема. Караванот врви, кучињата лаат.
Не ги оправдувам социјалните работници, ни државата, ни министерот, ама и народот не ни е баш невин.
Разбирам дека желбата за дете е огромна и од аспект на некој кој веќе има свое дете и немал проблеми истото да го добие ова е неблагодарно што го пишувам, ама неможам да разберам постојано да се чека од некој друг  да превземе нешто, а самиот човек кој има проблем, кому му се побарани пари да молчи.



потпис

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Колку кошта едно дете?
17.6.2010 12:09:04   
niki
Агнес драга, ако ова се што се пишува по весници е вистина, на многу погрешно место сте одбрале да дојдете до дете и искрено ми е многу жал што е така. Со право имаш изгубено надеж и не веруваш и да сум на твое место и јас не би верувала. Убаво рече мајка можеш да станеш и на друго место, не мора од Македонија да чекаш. А Македонија цела има само да се срами за своите дела.
Заради тебе, бидејки делуваш дека си добар човек, се надевам дека сето ова се само новинарски приказни и дека, процедурата наскоро ќе заврши и ќе имаш дечиња да им се радуваш.user posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Gari68)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Колку кошта едно дете?
17.6.2010 13:30:25   
Anushka
Мито и корупција постои секаде, во сите држави, не ја кудете толку Македонија. За се` треба двајца, па зата Законот ги санкционира и примачот на мито, но и давачот на мито. Проблемот е во тоа што во најчест случај во улога на примач на мито е самата Власт. Значи, не се будали сами да се казнуваат и пријавуваат, освен кога треба да се замачкаат очи пред избори... А давачот на мито, пак, е очајна едника која се фаќа за сламка...
Ники, не прашувај гаталец, прашај паталец. Ќе ви го раскажам мојот случај:
Центарот за соц. грижи беше посредник при мојот развод и правеше евалуација кој треба да биде старател на нашите две мали деца. Во тоа време (пред повеќе од 10 години), на власт беше партија многу блиска до фирмата на бившиот сопруг. Не постојат зборови со кои можам да ви ја опишам голготата низ која поминав, а тортурата која секојдневно им ја правеа „добрите тетки“ од Центарот на моите деца се граничи со лудило. Траумите низ кои поминаа останаа трајни. Секојдневно им одеа де во школо, градинка, дома, на улица, ги м`кневме во Центарот да не` „посматраат“...  да видат каде да ги дадат децата. Не ми беше јасно зошто го прават тоа. Вообичаено беше нивното Мислење да се изготви за месец-два. Ова траеше цели две години! Без никакво, ама баш никакво образложение децата привремено ги доверија кај таткото (кој нон-стоп беше на пат, па ги чуваше кој стигне), а јас смеев да ги гледан еднаш на две седмици. Мислам, во затвор да бев, криминалец, ќе можев почесто да контактирам со нив. Ако ги вратев 15 подоцна, редовно бев приведувана во Полиција за малолетничка деликвенција.
Дознав дека се добро подмачкани за целиот сулчај од страна на фирмата на бившиот, а намерно го одолжувале целиот процес, за да (бидејќи немаше никаква причина да мене не ми ги доверат децата, особено што беа многу мали, а татко им во странство) во меѓувреме да се отуѓат од мене и пораснат. Кога тоа се случи, со Мислење дека децата се од машки пол (!?user posted image ) и дека затоа треба да бидат со таткото, не` пратија на Суд. Тимот кој го даде мислењето сите добија унапредувања веднаш утредента!
Од немајкаде, си ја продадов колата и на крај дадов мито. Тие тоа толку суптилно го изведоа, воопшто незнам кој ги зема сретствата, но јас добив ново Мислење.
Од тогаш, децата се кај мене, татко им НИКОГАШ не се јавува, а ретко ги зема по саат-два. На децата многу им недостасува, одев пак во истиот Центар и ги молев да го најдат, да му „наредат“ да ги гледа, а тие креваа раменици со образложение „што да ти правам ма, кога со таков ненормален маж си се земала (?!user posted image )“ ова ми го кажуваа стручни лица.
Да имам желба да ја обелоденам целата работа, да имам желба за освета, ама пак да поминувам низ сето тоа, пак да им ги гледам лицата, немам веќе нерви. Но, еден ден, ќе го направам тоа, правдата мора да ги стигне.
П.С.: ни на најголемиот душман на веков не би му посакала да мине низ тоа низ кое јас и моите дечиња минавме. Сепак, уште сто пати да треба да платам, ќе платам. И душата на ѓаволот ќе ја продадам за моите деца.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Колку кошта едно дете?
17.6.2010 13:36:29   
agnes77
Anushkauser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Колку кошта едно дете?
17.6.2010 14:12:58   
Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

Мито и корупција постои секаде, во сите држави, не ја кудете толку Македонија. За се` треба двајца, па зата Законот ги санкционира и примачот на мито, но и давачот на мито. Проблемот е во тоа што во најчест случај во улога на примач на мито е самата Власт. Значи, не се будали сами да се казнуваат и пријавуваат, освен кога треба да се замачкаат очи пред избори... А давачот на мито, пак, е очајна едника која се фаќа за сламка...
Ники, не прашувај гаталец, прашај паталец. Ќе ви го раскажам мојот случај:
Центарот за соц. грижи беше посредник при мојот развод и правеше евалуација кој треба да биде старател на нашите две мали деца. Во тоа време (пред повеќе од 10 години), на власт беше партија многу блиска до фирмата на бившиот сопруг. Не постојат зборови со кои можам да ви ја опишам голготата низ која поминав, а тортурата која секојдневно им ја правеа „добрите тетки“ од Центарот на моите деца се граничи со лудило. Траумите низ кои поминаа останаа трајни. Секојдневно им одеа де во школо, градинка, дома, на улица, ги м`кневме во Центарот да не` „посматраат“...  да видат каде да ги дадат децата. Не ми беше јасно зошто го прават тоа. Вообичаено беше нивното Мислење да се изготви за месец-два. Ова траеше цели две години! Без никакво, ама баш никакво образложение децата привремено ги доверија кај таткото (кој нон-стоп беше на пат, па ги чуваше кој стигне), а јас смеев да ги гледан еднаш на две седмици. Мислам, во затвор да бев, криминалец, ќе можев почесто да контактирам со нив. Ако ги вратев 15 подоцна, редовно бев приведувана во Полиција за малолетничка деликвенција.
Дознав дека се добро подмачкани за целиот сулчај од страна на фирмата на бившиот, а намерно го одолжувале целиот процес, за да (бидејќи немаше никаква причина да мене не ми ги доверат децата, особено што беа многу мали, а татко им во странство) во меѓувреме да се отуѓат од мене и пораснат. Кога тоа се случи, со Мислење дека децата се од машки пол (!?user posted image ) и дека затоа треба да бидат со таткото, не` пратија на Суд. Тимот кој го даде мислењето сите добија унапредувања веднаш утредента!
Од немајкаде, си ја продадов колата и на крај дадов мито. Тие тоа толку суптилно го изведоа, воопшто незнам кој ги зема сретствата, но јас добив ново Мислење.
Од тогаш, децата се кај мене, татко им НИКОГАШ не се јавува, а ретко ги зема по саат-два. На децата многу им недостасува, одев пак во истиот Центар и ги молев да го најдат, да му „наредат“ да ги гледа, а тие креваа раменици со образложение „што да ти правам ма, кога со таков ненормален маж си се земала (?!user posted image )“ ова ми го кажуваа стручни лица.
Да имам желба да ја обелоденам целата работа, да имам желба за освета, ама пак да поминувам низ сето тоа, пак да им ги гледам лицата, немам веќе нерви. Но, еден ден, ќе го направам тоа, правдата мора да ги стигне.
П.С.: ни на најголемиот душман на веков не би му посакала да мине низ тоа низ кое јас и моите дечиња минавме. Сепак, уште сто пати да треба да платам, ќе платам. И душата на ѓаволот ќе ја продадам за моите деца.


user posted image user posted image user posted image И покрај се што имаш поминато, ти си ми некако секогаш позитивна user posted image user posted image user posted image
Тоа е сега минато, зад тебе е...Големо браво што си толкав голем борец, ти се восхитувам user posted image


Нашава држава навистина смрди, но Агнес не губи надеж...се надевам и верувам дека ќе ти се исплати трудотuser posted image user posted image


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Колку кошта едно дете?
17.6.2010 14:31:20   
Bitolcanka
Секоја чест Анушке, само пофалби за упорноста, издржливоста, енергијата user posted image user posted image user posted image за победата. Агнес нека не те обесхрабруваат нечии случаи, верувај во себе. Бог за секого има во план нешто, биди трпелива, силна и позитивна, каква што си user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?