agnes77 -> Посвојување - АЛАРМ! - Колку кошта едно дете? (13.6.2010 23:34:34)
|
На овa место пишуваме за се што не е оправдано и што никогаш не би смеело да се случи! Колку кошта едно дете? катастрофа[sm=zmeden.gif] [sm=zmeden.gif] [sm=zmeden.gif] Политика Колку кошта едно дете? 00:00 | 15 февруари 2010 Истражување Никој не знае колку пари се вртат во посредништвото при посвојување деца. Официјално нема ниту еден случај на поткуп при посвојување, но оние што се на долгиот список на потенцијални посвоители велат дека евра ја забрзуваат постапката од Марија Дивитарова Посвојувањето деца во Македонија значи многу нерви и трпение, а “Ивана” веќе не може да ја поднесе неизвесноста околу целата процедура и постојано ги повторува истите зборови. “Па ова трае со години, а сè уште не се нашло дете кое, како што ми велат скопските социјални работници, е соодветно за нас”, ми вели Ивана, која во барањето за посвојување што со нејзиниот сопруг го поднеле до Министерството за труд и социјална политика, напишале дека сакаат здраво дете од македонска националност. Ништо повеќе од тоа. Но, ова не е Скандинавија. По неможноста по долго чекање да се посвои дете, почнува да проработува балканскиот менталитет на “барање врски” кои некако ќе можат да ја забрзаат процедурата. Па се почнува од комшијата кој е роднина со хигиеничарката во Центарот за социјални работи, а таа може да фрли збор кај вработените ама зборот не ì врви и не може да ја истера работата до крај, па се наоѓа колешка која сосема случајно се омажила со братот на тој што работи во Центарот, не на предметите за посвојување, ама може да интервенира кај колегата што го работи тоа, ама не оди ни така. Па ќе се најде еден пријател кој е пријател на некој што е многу близок со одговорните во скопскиот Центар за социјална работа, па тој веројатно ќе може да ургира и постапката да се заврши, купишта комбинации... и ова нема крај. Ивана вели дека ни самата не знае кого сè не ангажирала кој има некаква врска со одговорните во скопскиот Центар за социјална работа кој може да влијае да се реши нејзиниот проблем. И додека целата енергија, и нејзина и на сопругот, е концентрирана на тоа да “бараат луѓе” кои ќе можат некако да им помогнат да посвојат дете, Ивана се сретнала со извесна госпоѓа, стара роднина или пријателка, која е запознаена со нивниот проблем и која може да посредува “работата да се забрза”, ама тоа ќе треба да се плати. Ивана вели дека тоа е некакво олеснување кое ì ја врати надежта дека посвојувањето ќе стане реалност. Но, сè уште го памети шокот кога ì биле побарани 10 илјади евра за да се заврши процедурата. “Кога ми кажа дека ќе ми помогне, многу се израдував иако ми рече дека ќе треба да ‘почестам нешто’, вели, но мислев дека честењето ќе биде нешто како кога ти се случува нешто убаво, а не пари, и секако, не толкав износ”, вели Ивана. СТРАВ ОД ОДМАЗДА Ова не е единствен случај да им биде побарано мито на луѓе за истата работа. Во земја каде што царува рушветот, правилото “пари за услуга” е нормална појава, но никому не му паѓа на памет да тргне да ја бара правдата бидејќи впечатокот е оти тоа ќе биде трнлив пат со неизвесен исход. Оваа жена со високо образование, нема доверба во институциите. Таа и нејзиниот сопруг се плашат дека што и да направат, после надлежните ќе ги имаат “во рака” и “ќе можат да прават со нивното барање за посвојување што сакаат”, а веќе поминале половина од процедурата. Поднеле барање до Министерството за труд и социјална политика, па решение од Комисијата дека ги исполнуваат условите да посвојат дете и од тогаш се на листата на чекање на која уште се и имињата на 700 двојки, потенцијални посвоители. Проблем е што има повеќе посвоители од деца. Во Домот за доенчиња во Битола има стотина деца до три години, но сите не се за посвојување, некои се болни, а за некои, велат надлежните, сè уште нема документ од биолошките родители дека се согласуваат децата да бидат посвоени. Ивана се сомнева во овие тврдења велејќи дека со тоа само “им се замачкуваат очи” на потенцијалните посвоители, а децата се чуваат за “специјални посвоители”. Одговорните негираат дека некому некогаш било побарано мито. Министерот за труд и социјална политика Џелал Бајрами вели дека “е нечовечки и нехумано, некој да ги условува луѓето со такво нешто” и дека до сега не е откриен ниту еден случај на поткуп. Но, паричката има две страни. Ивана, вели дека е деликатно да го пријави случајот бидејќи никој од надлежните не побарал пари од неа, туку митото оди преку посредници. Освен тоа, не сака да го обелодени својот вистински идентитет плашејќи се да не се најде во ситуација да не ì биде дадено дете на посвојување, а целта не е тоа. “Нека се јават лично кај министерот, заедно со нив да ги откриеме сите тие коишто злоупотребуваат”, ì порачува министерот Бајрами кој не ги знае ваквите случаи бидејќи постапките за посвојување се работа на специјални тимови и комисии, а не работа на министерот. Но, Душко Миновски, експерт за труд и социјална политика, вработен во Министерството, признава дека посредници има. “Имаме јавувања во смисла прими ги, види до каде е, зошто има застој, во таа смисла - да, но конкретно за оваа гарнитура од 2006 г. наваму гарантирам дека немаме притисок од тој тип”, вели Миновски. НЕКАЗНЕТИ СТОРИТЕЛИ Неговите гаранции не ì значат ништо на Ивана затоа што неа веќе ì биле побарани евра за да посвои дете. “Прво ги немам тие пари, а и да ги имам не сакам да ги дадам. Не сакам да купам дете туку да посвојам”, вели Ивана. Огорчено зборува за целата постапка за посвојување и веќе не е оптимист како што била некогаш. “Многупати до сега социјалните работници ми ветуваа дека има дете кое е правно чисто и дека за неколку месеци ќе посвојам дете, а потоа целата работа се забошотуваше и потоа пак, наводно воделе постапка за друго дете, па за друго и така до недоглед, а на крај ми побараа и пари. Како да верувам дека некогаш ќе посвојам дете?!”, прашува Ивана. Суштината е во она што е длабоко сраснато во овдешниот код на однесување, а кое најдобро го опиша Вања Михајлова, поранешен член на Антикорупциската комисија, во еден не така дамнешен разговор дека “она што е присутно кај граѓаните е дека за што било да направите ви требаат врски бидејќи корупцијата не е само поткуп, тоа е и непотизам и конфликт на интереси и злоупотреба на службена должност”. Сфаќањето дека некој треба да одговара за барање мито, можеби полека зрее меѓу луѓето, но многу подолга традиција има изреката “наведната глава сабја не ја сече”, па овие случаи на невидена дрскост да се бараат пари за да се посвои дете, остануваат непријавени и неказнети. Дрскоста и натаму живее!
|
|
|
|