|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
5.1.2010 11:48:14   
arh_diz
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Мислам дека тоа нема да се слуци . Ако требе да се одземе лиценцата треба да се одземе на некаде 70% а многу е нели Се согласувам со тебе во потполност да им ја одземат лиценцата.ИЛи пак кога им е на нив лошо докторите да се фотографираат и уживаат



_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
5.1.2010 11:48:51   
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Мислам дека тоа нема да се слуци . Ако требе да се одземе лиценцата треба да се одземе на некаде 70% а многу е нели


па има доволно медицински кадар што чека за работа!

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
5.1.2010 11:49:15   
ananikol
Tocno ripce,no toa bi se slucilo vo nekoja druga zemja,kaj nas tesko...user posted image

Aj ke vidime so ke se sluci no po se izgleda ke bidi onaa nasata - sekoe cudo tri dena...user posted image

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
5.1.2010 19:38:49   
penelopa
Отказ за докторката од Ургентниот центар која на новогодишната ноќ се фотографирала покрај пациентка во бессознание, потоа фотографиите ги ставила на „Фејсбук".Вака одлучи директорот на Ургентниот центар, д-р Реџеп Селмани, кој денеска разговарал со докторката.Изјавила дека фотографиите ги направила сама, но се бранела дека не биле намерно направени и дека жали за случајот.„Во овој случај е нарушен дигнитетот на нашиот пациент на Ургентниот центар, прикажан е во јавноста без негова согласност, што е спротивно на законите, спротивно на лекарската пракса и етика. Затоа јас денеска одлучив, потпишав решение за отстранување на докторката Маја Неделковска од работа и се воведува дисциплинска постапка за конечно решение за отстранување од работно место", изјави д-р Реџеп Селмани.И другото медицинско лице на скандалозната фотографија е докторка, но не била вработена во Ургентниот центар туку приватно специјализирала хирургија.Во Министерство за здравство велат дека Етичкиот комитет при лекарската комора треба да одлучи дали ќе понесе одговорност. И таа се бранела дека не знаела дека фотографиите ќе бидат ставени на „Фејсбук".
Министерот за здравство Бујар Османи вели дека е згрозен од постапката на неговите колешки кои ги нарушиле основните етички стандарди и го урнале достоинството на пациентката.„Ние како Министерство веднаш презедовме мерки во две насоки, прво во казнување, според одредбите од законот којшто го регулира работниот однос на прекршителите, коишто очигледно во овој случај со нивното однесување ја нарушија и работната дисциплина и правилата на службата, меѓутоа и покренување постапка за испитување на одговорност за нарушување на правата на пациентите", изјави министерот Бујар Османи.Османи изјави дека ја контактирале пациентката за да и понудат правна помош во делот на законот за права на пациентите. Семејството на девојката која на фотографијата се гледа како лежи беспомошно, денеска биле кај Селмани. Задоволни биле од преземените мерки.„Нормално дека тоа е една многу непријатна ситуација и за нив како семејство, и за девојката, за пациентката", вели Селмани.Скандалозните фотографии кои ги објави А1 предизвикаа бура од реакции и осудувачки коментари во јавноста.Судот на честа при лекарската комора синоќа го осуди инцидентот, но денеска не се состана за да заземат официјален став.
Извор: А1.

< Поракaта ја уредил penelopa -- 5.1.2010 19:39:12 >


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
5.1.2010 20:04:12   
ananikol

ИЗВОРНА ПОРАКА: ananikol

Mi se cini deka rekoa ke ispituvaat kako seto toa se slucilo.....katstrofauser posted image  Ne treba ispituvanje,treba momentalen Otkaz,user posted image Otkazuser posted image Otkazuser posted image Otkazuser posted image Otkazuser posted image Otkazuser posted image

Samo taka nema da se povtori vakva glupost


YES,YES, YES ,YES.......................user posted image
Neka se slika sega na facebook

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
5.1.2010 23:32:32   
mis.
леле па сликата ја ставила и на фб со кој памет.user posted image

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
6.1.2010 12:39:46   
April
via „Време“

Речиси и не постои пациент што нема да ви раскаже потресно и згрозувачко лично искуство од ходниците и од ординациите во клиниките.
Најчеста реченица од граѓаните што тропнале на болничките врати е таа дека се почувствувале како „смет“, не поради себе, туку токму поради начинот на кој медицинскиот персонал се однесувал кон нив и кон маката што ги донела таму. Скандалозните слики што завчера осамнаа на „фејсбук“ ја прелеаја чашата и го покажаа срамот на луѓето во белите мантили, со сите огради од вистинските многубројни професионалци. Младата девојка, која беспомошно лежи на болничка количка, е само потресен декор во грдата новогодишна приказна од Ургентниот центар и е до срцевина злоупотребена од тие што професионално се заколнале дека ќе се грижат за здравјето на пациентот и дека ќе ги чуваат неговите тајни. Наместо тоа, јавноста е згрозена од насмеаните лица на докторката и на нејзината колешка, кои за да си го изрелаксираат новогодишното дежурство, и тоа дебело платено токму од сите осигуреници, додека кутрата полугола девојка во бессознание ја ставаат во кадарот на својата забава. Со таквиот чин Хипократовата заклетва е ставена под нозе, таа е брутално згазена од тие што се заколнале дека ќе ја вршат најхуманата професија на светот. За човечкото ниво, и да не зборуваме. За да биде шокот поголем, докторката не запира тука и ја продолжува бизарната забава и по празниците, па на својот профил дава коментар за својата пациентка, за која, патем, е заколната дека ќе ги чува тајните. „Мачко, како избегана од спот на ТВ „Планет“ беше облечена, во една салфетка од здолниште со светкави карнери и со едно светкаво боди“ е коментарот на докторката откако ги прикажала скандалозните фотографии на „фејсбук“. Замислете, таа во манирот на стилист од жолт печат, ја коментира облеката на девојката која за највеселата ноќ, во бессознание, служи за мајтапење на својот „спасител“. Фантомот за вежбање, како што докторката ја нарекува својата пациентка, јавноста не дозна дали заздравува и како се чувствува откако стана позната „фаца“ на социјалната мрежа. За жал, на јавноста и е ускратено и објаснување од докторката, која се сокри, ама веројатно не од срамот, туку од стравот што ќе и се случи со работното место. Како утеха останува да се надеваме дека тоа што го ветија надлежните ќе го направат. А рекоа дека се згрозени и дека овој, најблаго речено, непрофесионален однос ќе го казнат. Скандалот, патем речено, се обелодени истиот ден кога министерот за здравство најави дека лекарите ќе добиваат плата според тоа колку работеле во функција на пациентот. Ако му веруваме, тогаш за лекарката од „фејсбук“ нема место во реформираниот Клинички центар. И воопшто, во ниту една болница, каде што треба да работат професионалци, а не мршојадци.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
24.2.2010 11:18:36   
pacuvce
Во врска со разговорот за нашето здравство,еве нешто најново и секако,загрижувачко за обичните луѓе,кои немаат средства да одат по приватни лекари...

ПАЦИЕНТИТЕ ОД ИНСТИТУТОТ ЗА РАДИОЛОГИЈА СЕ ПРЕПРАЌААТ КАЈ ПРИВАТНИЦИ
Се расипа државната магнетна резонанца


Апаратот за магнетна резонанца на Институтот за рендген веќе неколку недели не е во функција, а пациентите што мора да направат вакви снимања се упатуваат во приватните болници каде што снимката чини повеќе од 10.000 денари без гаранција дека Фондот за здравство ќе ги рефундира. Ова е единствен ваков апарат што го има во земјава во државните болници и на него се снимаат болните од целата земја поради што за снимање се чека со месеци. - Бев да закажам и ми рекоа дека апаратот не работи и дека можам да се јавам за неколку денови, па ако апаратот е поправен, да закажам преглед - вели една наша читателка. Но, таа е револтирана и од тоа што не можеле да и кажат колку просечно се чека за снимката со редовна партиципација, но и кажале дека штом ќе се поправи апаратот, може да закаже итно снимање кај еден од докторите, но за тоа ќе треба да плати тројно повеќе. Инаку, за редовното снимање се плаќа 700 денари, а за „итното“, кое го прават истите лекари како дополнителна дејност, се плаќа околу 2.000 денари. - Прво, ако имаме еден таков апарат, не може со недели тој да не е во функција. Второ, кога ќе го направат, треба да работи во две смени и пациентите да се снимаат со сини картончиња, а не во втора смена лекарите да го користат за дополнителна дејност како од дома да си го донеле - вели нашата читателка. Дополнителен проблем за пациентите создава и тоа што на телефонскиот број на Институтот по цели денови никој не се јавува за да можат да проверат дали апаратот воопшто функционира и да си закажат преглед. Кога нашата читателка, по целодневното безуспешно вртење и на директниот број и преку централата на Клиничкиот, отишла на самото место, на шалтерите и кажале дека „ги оставале кренати слушалките зошто пациентите многу им досадувале“. Вчера од Надица Митревска, директорка на Институтот за рендген, побаравме да ни објасни зошто не работи апаратот, кога ќе биде ставен во функција и како ќе се дополни загубеното време. Како што ни објасни секретарката, Митревска била презафатена со состаноци, а информациите што ги бараме ќе може да ги добиеме најрано в петок, до кога, како што неофицијално дознавме, треба да се поправи апаратот. Секретарката објасни дека таа лично им се јавила на 700 болни што чекале за снимање за да им каже дека апаратот не е во функција. На магнетна резонанца е неопходно да се снимаат пациентите што треба да прават операции на мозокот, ‘рбетот или на зглобовите бидејќи овие снимки даваат преглед на анатомски промени на органите и на патолошки промени на ткивата. Со тоа се прецизира дијагнозата, а се открива и во кој стадиум од развој е болеста.

И хибербарната комора во аут


Хибербарната комора, што чинеше 400.000 евра, а дополнителни пари се дадоа и за таа да може да почне да се користи, не е во функција. Иако во октомври минатата година министерот за здравство Бујар Османи ја пресече лентата на свеченото отворање, нашите извори велат дека таа од тогаш досега не почнала да работи нормално. Смиља Туџарова, директорката на Клиниката за пластична хирургија, во чијашто надлежност е и комората, веќе две недели е на одмор и не објаснува зошто не работи комората. Комората беше купена во 2002 година, неколку години стоеше на паркинг-просторот на Клиничкиот центар, а минатата година само формално беше пуштена во употреба.


_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
24.2.2010 11:27:06   
mami
Катастрофа...

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
24.2.2010 16:07:21   
Sandric
Јас вчера бев на хематологија и многу пријатно се изненадив од тоа како е реновирана болницата и од организацијата што ја имаат

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
2.3.2010 15:20:47   
Mila na mama
Уште една родилка почина во прилепската болница, вчера почина една и во тетовската. Во кој век сме????

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
2.3.2010 15:23:50   
vezilka RR
Аман бре луѓе!!!! Што се случува?! Да го фати човек страв....

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
2.3.2010 15:28:45   
Annabel
Леле, а кај да е треба и јас да се породам....од ова ме фаќа страв

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
2.3.2010 17:29:17   
denicka
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
e vaka vcera si pominav vo drzavna na ginekologija. toa tamu e kako vo klanica a ne mesto kade sto treba da dojdat na svet nasite idni generacii. bev pratena kaj Dr.Tanturovsi i totalno sum razocarana od se. prvo vleguvas (ako imas sreka, i pokraj vrski) i pozadi zavesa imas stol koj gleda pravo vo garderoba. znaci izleguvas od garderoba i gledas rasirena zena. mislam SRAMOOOOOOTAAAAAAAAAA!!!!! posle te prasuva so ispituvanja sum pravela, a mu kazav deka sve ima vo papka dokumentirano. NE NE TI KAZI MI! sto e problemot, ne znae da gi procita?????na kraj mi gi dade brisevite sto mi gi zema i edno staklence so namaz od bris i mi vika odi so ovie na izlez na drzavna vo mirkoboilogija tamu da gi odneses. i taka jas si se setav so staklenceto niz pola drzavna. a za sto go plakame togas toa zdravsveno osiguruvanje????? ZA STO?????? user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Bless and you will be blessed!

(Одговор на членот Annabel)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
2.3.2010 17:40:16   
vezilka RR
ех, denicka, така се согласувам. Јас кога бев на лапароскопија таму, и требаше предходно некои испитувања да ми напраат, ама не ми кажува што туку ми викаат дојди два дема пред операцијата да те спремиме..и што ме испитуваа? Пап тестuser posted image user posted image user posted image Па тој ќе си го направев кај матичниот, а не таму раширена на ачик на ситеuser posted image user posted image user posted image user posted image И само те меткаат наваму-натаму, никој ништо не ти кажува...катастофа!!!!

(Одговор на членот denicka)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
2.3.2010 18:12:52   
BILE.F
Eve go moeto iskustvo: Majka mi lezese na kardiologija 2meseci, i pravea korenarografija, i pokraj vrskite pred N.Godina ja vratija doma, navodno aparatot bil rasipan, pa posle praznicite konecno i napravija korenarografija. Zamislete koj stres e da cekas 20dena, da se prigotvuvas psihicki i da ti kazat da si odis doma! No najbitno e se se zavrsi dobro!
A prosto bev iznenadena od profesionalnosta na Karil-Nevrohirurgija.MM bese tamu 2meseci. Tolku bea profesionalni, od nevrohirurzite, anestezeolozite, duri i medicinskite sestri. Imase i mnogu urgencii , no sepak si ja vrsea rabotata dobro. Go vratija vo zivot mm, mi dozvoluvaa da vlezam sekoja vecer kaj nego na kratko, i ni odgovaraa na sekoe prasanje, a sestrite, ne dozvoluvaa da mu fali nesto, sekogas bese cist, zastiten od sekakvi infekcii, nadvoresni,..... Ednostavno da ne se navracam na toa detalno, ke im bidam blagodarna do krajot na mojot zivot.
Potoa sledi Zavod za fizikalna terapija i rehabilitacija, iako nemaat nekoj koj znae kakvi uslovi sepak se trudat najdobro sto mozat! Sestrite i bolnicarite sekogas se tuka koga ti trebaat!
Vo glavno imam nekoe pozitivno iskustvo,moze i da me razberete zosto, no sepak uste mnogu treba da se raboti na zdrastvoto! I niv treba da gi razbereme, sekojdnevno rabotat so sekakvi ludje, no i tie treba da ne razberat nas, sigurno ne odime tamu od ubavo!
Imam uste mnogu raboti sto mi padjaat na um, ama toa vo druga prilika....



_____________________________

Пред да скокнеш, кажи оп!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
28.4.2010 13:27:57   
pacuvce
user posted image user posted image user posted image Мислам дека ова кажува се...Задоволна што да ти кажам...Одиш со страв и се мислиш на кое уво им е китката на докторите дента т.е на која нога станале...
Прво,во петокот цел ден бевме со температура пушти фати...Ниту кашлаше,ниту ништо...Се си велев-од забите е,ама ајде го однесов кај матичната да го ѕирне за секој случај...А таму,гужва пред гол...Земала 2 милијарди пациенти за да им биде матичен доктор,а очекува да и свратат еднаш во две години...Нервозна,дрска,непрофесионална...И велам-Имаме темпертура цел ден,мислам дека е од забите...Не е можно такво нешто,тоа се глупости-ми вели таа...Еве ти цефалексин и утре проверете му урина,ако има нешто дај му,ако не не му давај...user posted image user posted image user posted image Па јас не сум доктор за да пресудам дали треба или не!!!Однесовме урина,наод уреден...Следниот ден-пола заб излезен...ПА НЕЛИ НЕ МОЖЕ ОД ЗАБИ ДА ИМА ТЕМПЕРАТУРА,ДОКТОРКЕ???user posted image user posted image user posted image
Во понеделникот на ортопед,во Мајчин дом...Слика-како без пари да се дава нешто...Ама така е кога одиш по паметот на друг...И по чекање од 45 мин,влегуваме,а во ординацијата имаше најмалку 20-тина луѓе...Прегледот траеше цели три минути,во кои пет пати бев прашана од почитуваната докторка колку е старо дететоuser posted image user posted image user posted image Концентрација=нула...Додека „го прегледуваше„ зборуваше со колега на телефон,им велеше на своите пријатели кои беа распослани по цела ординација да си поседат уште малку,а мене успеа само да ми каже дека никако да не го ставам во дубак,туку чаршав на паркет и цел ден да се превртува...user posted image user posted image user posted image И јас два дена детето го мачам како грев долу на паркет за да вежбал,а тој се лути ли лути...Мм ми вели-нека дојде таа нека лежи долу на паркет цел ден...user posted image user posted image user posted image
Толку за нашите професионални доктори...Затоа,ако имаш пари појди си на приватен,да те види Господ...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот BILE.F)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
28.4.2010 13:37:14   
jovanka
Dzabe ne rekle cuvaj pari samo za zdravje kako sto dojde vremeto od javno zdrastvo ostana samo bukvata"J" a kako sto trgnale rabotite nema uste dolgo da se smeni odnosot na doktorite,nacinot na rabota na celokupniot medicinski personal.Do nekade imaat pravo za tie plati tolku usluga za razlika od nivnite kolegi vo privatnoto zdrastvo.No da ne ja zaboravat doktorskata etika!!!

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
28.4.2010 15:14:43   
Sandric
Jas mislam deka ima mnogu propusti vo naesto javno zdravsvo ama pa i mislam deka ne se sekogas samo doktorite krivi.
NA primer ne moze cela makedonija da se lekuva samo vo eden klinicki centar, milsam ...gi isprakaat od drugi gradovi i za najobicni ispituvanje sto moze da se napravat i vo maticniot grad.
Posle, pred nekoj den odam vo drzavna na pregled na ginekologija i cekaat 20 zeni za pregled. I doktorkata koga vlegov mi vika....lele izvinete sto pocekavte tolku ama ova e veke ludnica, vcera sum gledala 30 eha.....pa kako da ima koncentracija???
A od druga strana ako ne te primi pak ke frlame drva i kamenja po nea
Jebiga toa e javno zdravstvo i nemojte da mislite deka samo kaj nas e takauser posted image

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
28.4.2010 15:28:13   
Mila na mama
Клиничкиот центар ако може така да се нарече онаа руина на Водњанска треба да  се срамни со земја. Не им функционира електрична, водоводна инсталација, парното греење им е час го има 3 дена е расипано, лебарки, ѕидови што се распаѓаат, санитарни чворови што шират реа и болести, а за опрема и апарати да не зборуваме. Човек со мозочен удар по операција го шетаат на количка по калдрма завиткан со кебе од една до друга барака во потрага по апарат за снимање. Три дена те лечат од чир на желудник за на крај да ти прсне загноено слепо црево и едвај да преживееш.
Наместо да се китат со споменици и триумфални порти нека изградат и опремат современ клинички центар. Не мислам дека треба да има равенство меѓу јавно здравство и неквалитет.


_____________________________

love u all

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
28.4.2010 15:39:50   
big_mama817
во петокоттребаше да земам некој снимки во државна за маж  ми сестрата која што работеше таму не беше на своето работно место а ги дават од 14 до 15,30 цасот сетрата си отишла на кафе во некоја сооседна клиника а ние едно 6 души ко идиоти си стоиме на шалтер и си чекаме веќе бидна 15 часот и се симнува еден постар доктор и почнува да се дере и да ја оправдува сестрата дека имала др работаuser posted image  и нормално сите се буниме сме излегле од работа и чекаме еден сат и повеќе а сестрата од соседниот шалтер немаше работа и несакаше да ни излезе во пресрет дури и ни се потсмеваше а додека чекавме дојде една жена на која и дале погрешна снимка така да КАТАСТРОФА не се само објектите во кој работат тие лице туку и они самите се КАТАСТРОФА

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
28.4.2010 15:54:59   
Sandric
Jas fala bogu do sega ne sum imala mnogu iskustvo na klinika>
Samo mozam da kazam deka na transfuziologija , na mikrobiologija i na ginekologija do sega sum imala korekten priem i dobro iskustvo.
Daj boze taka i da prodolzi

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
28.4.2010 16:25:52   
Annabel
Јас имам пофални зборови за дигестивна хирургија, т.е.докторот што ја оперираше мајка ми. Се работи за исклучително хуман човек кој и го спаси животот и кој несебично се грижи за своите пациенти, и дење и ноќе доаѓа да ги посети. И му благодарам на Бога што уште е таму, за и обичните луѓе да можат да се оперираат таму од совесни доктори.

Е сега тоа што сестрите се поважни од докторот тоа е друга работа, а чистачките се најважни, па се чувствуваат многу битни кога ставаат ред во ходникот бришејќи го ходникот со распафтаните пачаври кои смрдат на долгогодишна употреба.

Проблем е и тоа што во другите градови докторите не прават ни обична операција на жолчка, па во државна нема место за посериозни случаи и мора да се чека со месеци.

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
21.6.2010 11:15:11   
Julie1
Ах деновиве, сум толку разочарана од нашиот здравствен систем што често ги потврдувам зборовите... не дај боже да се разболиш во оваа наша држава...

Пред скоро 3 години татко ми имаше болки во бубрегот, по што дадоа дијагноза за камче во бубрег. Најжалосно беше што дијагнозата беше погрешна, бубрегот бил воспален и со големата доза на течности која му ја даваа уште повеќе го оптеретија, за да во последен момент го спасат од откажување на работа... Погрешна дијагноза, потоа следеше повреда на нерв при анестезија (и наместо 24 часа лежење, требаше недели и недели да лежи) ... и сиот кошмар мислевме помина.... за да еден период по излегувањето (околу 6 месеци) на контрола на крв приметат некои промени кои насочија на вирусна инфекција.. Веќе 2 години се маткаме по болници и откриваме што е и како... чекаме прием кај докторка која 1 недлно прима пациенти (а тешко и тогаш да ја најдеш... ако навистина имаш среќа)... чекаме со години за да направиме поосетлив тест... се со цел минатата недела да ги слушнам зборовите при добиени лоши резултати... ах зашто сте изгубиле толку време требало да ви биде јасно дека е вирус... и јас како да ни биде јасно.... па така од сите кои лежеле на урологија 90% излегуваат со некој закачен вирус, а особено тој период кога бил татко ти, есента ја затворија урологија поради потреба од дезинфекција и откриени премногу вируси и бактерии......

Луѓе што да одговориш на тоа... ме боли само фактот што од здрав човек... што би рекле карпа од човек... од играчка му направија милиони проблеми, и тој истиот човек денес не можеш да го препознаеш... здравствениот систем, неодговорноста на докторите, лошите услови во кои работат... кај и да е ќе не уништат сите!

(Одговор на членот Annabel)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето ...
21.6.2010 13:46:39   
Julie1
Деновиве се повеќе и повеќе размислував за правни форми и можноста одговорните да одговараат за вакви постапки... незнам дали ќе биде тоа вредно во случајот на татко ми... но сепак можеби ќе биде вредно за внимателност и измегнување на вакви последици за многу идни пациенти... Доколку некој од правен аспект ги знае работиве, ве молам да ми пише!

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?