Тања РР
|
Еден пост ме инспирираше да ги преведам и да ви ги презентирам резултатите од една понова студија: Европските истражувачи спроведoa две испитувања од кои заклучиле дека давањето на доенчињата лекови кои содржат парацетамол (исто така познат како ацетаминофен) за намалување на температурата по вакцинацијата веројатно е контрапродуктивно, бидејќи се најдени докази дека се намалува способноста на организмот да произведе целосна имуна реакција на вакцината. Студијата е дело на водечкиот автор Roman Prymula, Факултетот за Воена здравствени науки, Универзитет за одбрана, Hradec Kralove, Чешка Република, и неговите колеги од Чешка, Швајцарија и Белгија, а е објавена во списанието Lancet на 19 Октомври . Авторите напишале дека иако треската е дел од нормалниот инфламаторен одговор по имунизација, анти-треска лековите,кои често се препорачуваат рутински, на пример, од страна на педијатрите за да ги смират стравувањата од висока температура и конвулзии. За студијата, која беше финансирана од страна на GlaxoSmithKline Biologicals на Белгија, Prymula и колеги спроведени две последователни, рандомизирани, контролирани студии со 459 здрави бебиња од десет центри во Чешка. Првото испитување било кога бебињата биле околу 3 до 5 месеци стари, кога рутински се врши првата вакцинација од пневмококалните болест, Хемофилус инфлуенца тип Б (Hib), дифтерија, тетанус, и магарешка кашлица (пертусис). Второто испитување се спровело кога бебињата биле околу 12 до 15 месеци стари, кога рутински ја добиваат ревакцинацијата од истите вакцини. Пред првото испитување доенчињата биле поделени по случаен избор на една од две групи. Во текот на двете постапки, 226 бебиња во првата група добиле три дози на профилактички (за спречување на треска) парацетамол на секои 6 до 8 часа во текот на првите 24 часа по приемот на нивните вакцинациите, додека втората(контрола) група на 233 бебиња не добиле никакви профилактички лекови, тие само добиле исти вакцини како парацетамол групата. Резултати: - Треска над 39,5 deg C била невообичаена во двете, парацетамол и контролната, групи.
- По примарната вакцинација, помалку од 1% (1 од 226 бебиња) од парацетамол групата и 1 % од контролната група (3 од 233) имаше треска повисока од 39,5 степени С.
- По ревакцинацијата, овие бројки беа 2 отсто (3 од 178) на парацетамол група и 1 отсто (2 од 172) на контролната група.
- По примарната вакцинација, 42 проценти (94 од 225) на парацетамол група имаше температура од 38 C или повисока, споредено со 66 проценти (154 од вкупно 233) во однос на контролната група.
- Поревакцинацијата, овие бројки се 36 проценти (64 од 178) за парацетамол група и 58 проценти (100 на 172) за контрола група.
- Но, по вакцинацијата, антителата GMCs биле значително пониски во парацетамол група од контролната група за "сите десет пневмококалните вакцина serotypes, протеини Д, antipolyribosyl-ribitol фосфат, antidiphtheria, antitetanus, и antipertactin ", напишаа истражувачите.
- По ревакцинацијата, пониски антитела GMCs се забележани во парацетамол група за "antitetanus, протеини Д, и сите пневмококални серотипови освен 19F ".
Истражувачите заклучи дека: "Иако фебрилните реакции се значително намалени, профилактична администрацијата на антипирептични лекови во времето на вакцинација не треба рутински да се препорачува, бидејќи антитела –одговорите на неколку вакцина-антигени беа намалени. " Тие рекоа дека потребно е да се обезбеди висока и одржлива антитело реакција, посебно на болести како што се Хемофилус инфлуенца и pneumococcus а истото важи и за магарешката кашлица (пертусис). Чен изјави дека таа треска е суштински дел од имунолошкиот одговор на било која инфекција или вакцинацијата: „Родителите не треба да се грижат премногу за тоа дали нивното дете има темтература или не се додека детето е во ред и изгледа среќно. Ако детето е збунето и изгледа болно, потребно е консултација со педијатар за тоа дали да му се даде парацетамола", советува тој.
< Поракaта ја уредил Тања -- 3.6.2010 14:14:00 >
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
|