Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Парацетамол после вакцинирање? 20.8.2010 23:03:38
mama26
moeto iskustvo so paracetamol.samo na temperatura nad 38.do togas pominuvalo so oblogi ednas samo ocet imam staveno.inaku vlazni corapcinja.celoto so oblogi.vo voda cel mi bilo strav da go stavam zasto logicki da ne mu dojde shok na teloto.toplo ladno/mlako.
RE: Парацетамол после вакцинирање? 16.9.2010 15:02:00
AnnaMolly RR
Ние денес примивме прва доза Ди-Те-Пер и откако дојдовме дома, околу 10 часот, Филип неконтролирано плачеше. Никако не успеав да го смирам. Докторката ми рече ако плаче многу да му дадам Ефералган сирупче. И јас чекав, чекав, се надевав дека ќе се смири, ама никако не се смируваше. Еве пред еден час му дадов сирупче и се смири и си заспа. Ич не сакав да му дадам сируп зашто читав на темава дека не се препорачува. Ама што да правам, гревче, се утепа од плачење!
RE: Парацетамол после вакцинирање? 30.11.2010 12:44:41
*miki mami*
ПАРАЦЕТАМОЛОТ ДАВА НА БЕБИЊАТА МОЖЕ ГО УДВОЈУВА РИЗИКОТ ЗА АСМА И АЛЕРГИИ
Децата кои земале парацетамол во првите 15 месеци од животот имаат значително поголем ризик за појава на астма и алергии, покажа испитување во Нов Зеланд. Истражувачите веруваат дека парацетамолот кој им се дава на бебињата за намалување на температурата и смирување на болката е причина за зголемената појава на астма во последните 50 години. Астмата во денешно време е за 3 пати почеста, отколку пред 50 години.
Истражувачите од Велингтон проучиле 1500 бебиња и мали деца на возраст до 6 години. Студијата покажала дека на 95% од децата им бил даван парацетамол и тие имале поголеми изгледи дека ќе добијат астма или алергии.
Научниците сеуште не знаат зошто се јавува оваква поврзаност помеѓу парацетамолот и астамата и алергиите, но некои од нив претпоставуваат дека парацетамолот предизвикува во телото промени кои го прават поранливо спрема одредени воспаленија и алергии.
Проф. Julian Crane, водач на студијата, вели:
Најголемо открите е тоа што децата на кои им бил даван парацетамол во првите 15 месеци од животот (90%) имаат 3 пати поголеми шанси да добијат некоја алергија и 2 пати поглеми шанси да добијат астма на 6-годишна возраст во споредба со децата кои не земале парацетамол.
Како и да е, не знаеме зошто ова е така. Потребно е да се направат клинички испитувања за да видиме дали оваа поврзаност е случајна или не, и да ја разјасниме употребата на ова често лекарство.
Но тој додава дека користа од лекот многу го надминува ризикот од алергиите, така да родителите не треба да прекратат да им даваат на децата парацетамол.
Две години претходно голема студија покажа дека ризикот за потешкотии во дишењето кај децата на 6 и 7 годишна возраст е за 50% поголем кај оние кои земале парацетамол.
Др. Elaine Vickers од Б. Британија вели:
Повеќе студии во светот сугерираа дека можеби постои поврзаност помеѓу давањето на парацетамол на децата и зголемувањето на ризикот за астма и други алергиски состојби. Како и да е, тие не докажуваат дека парацетамолот ја предизвикува астмата.
Знаеме дека парацетамолот е безбеден и ефикасен третман против болка и температура, доколку се дава според упатството на производителот и во овој стадиум веруваме дека ползата од него далку ги надминува потенцијалните ризици.