|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Гестационен дијабетес
3.7.2009 12:20:11   
Еца
Се развива во тек на бременоста,некаде измеѓу 24 и 28-та недела од бременоста и вообичаено по раѓањето исчезнува. Знаеме дека бебето,додека е во матката сите витални функции ги спроведува преку плацентата... Планцетата,пак,произведува и одредени хормони кои помагаат во развитокот на бебето... Меѓутоа,овие хормони,пак,прават потешкотии во телото на мајката за нормално користење на инсулинот... Некаде,на половина на бременоста,планцетата го зголемува лачењето на овие анти-инсулин хормони.
Ако телото произведува премногу анти-инсулин хормони,тие можат да направат пречка во движењето на глукозата од крвотокот кон клетките, процес што е познат како инсулин-резистентност. Во исто време, пак, панкреасот не е во можност да лачи доволно инсулин и штом ќе се насобере премногу глукоза во крвотокот... ете можност за појава на дијабет. Значи,не секоја трудница развива дијабет!
Редовни контроли кај матичен гинеколог, со редовни лабораториски анализи, да се внимава на исхраната, да се води активен живот...

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Гестационен дијабетес
5.7.2009 19:08:15   
Еца
Кои се ризиците од трудничкиот дијабетес?

- Ако вашите вредности на глукоза се покачат за време на бременоста, такви ке бидат и кај вашето неродено дете. Тоа значи дека кај него ке се наталожи масно ткиво и неговата тежина при рагањето ке биде надпросечна.
- Бебињата чии мајки се дијабетичарки почесто заболуваат од жолтица- онаа бебешката-Доколку мајката не успевала да го држи нивото на глукоза под контрола за време на бременоста, се зголемува ризикот од вродени мани кај бебето, на пр.срцева мана..мегутоа се ова постепено се повлекува.
-  Голема тежина на бебето е најчеста причина за царски рез. Ако се дијагностицира тд тогаш мора да се оди на Ехо почесто поради утврдување на точната тежина на бебето и потребата од царски рез.
- Некои жени кои имаат тд имаат и покачен крвен притисок, заради што на секој преглед кај гинекологот треба да им се мери и притисокот. Освен тоа тд прави идеална средина за развивање на генитална кандида 


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Гестационен дијабетес
7.7.2009 10:18:35   
mami
дијабет во бременоста е особено опасен, затоа мили наши user posted image внимавајте на своето здравје и секоја промена споделете ја со својот гинеколог

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Гестационен дијабетес
14.10.2009 9:27:16   
Палешка РР
И мене во испитувањата за следниот пат ми пишува да го испитам нивото на гликемија во крвта. Кога ја прашав докторката рече дека се тоа рутински испитувања. Дали некоја трудница испитувала?

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Гестационен дијабетес
14.10.2009 9:35:14   
Весна
Јас конкретно не сумправела такво дополнително испитување, но сметам дека кај тебе Палешка не е ништо алармантно штом веднаш др. не реагирал. Највалидна проверка на нивото на шекерот во крвта е сабајлечки на нејадено и секако вечерта да не си вечерала по 22ч. Веројатно имаш мацнато нешто или ноќта, така?! user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Гестационен дијабетес
14.10.2009 10:01:58   
Палешка РР
Оваа докторка оди по сите можни прописи и бара се` да се испита. Ова последново ми е живо малтретирање, еднаш те боцкаат потоа ти даваат да испиеш чаша гликоза и по еден саат пак те боцкаат user posted image . Но ајде и тоа да го испитам user posted image

А ноќе напаѓам по теглите со слатко Весна user posted image

< Поракaта ја уредил Палешка -- 14.10.2009 10:02:48 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Гестационен дијабетес
14.10.2009 10:07:48   
srekna mama
да.испитувањето на гликемија е рутинска постапка.Има и друго испитување ОГТТ(орален гликоза толеранс тест)-се испитува гликемија на гладно,па се пие гликоза растворена во вода,па по 2 часа пак се испитува гликемијата.некои лекари ова го испитуваат кај сите трудници,додека некои само кај оние каде гликемијата на гладно е висока.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Гестационен дијабетес
14.10.2009 10:09:31   
srekna mama
ОГТТ се прави обично во 28 недела

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Гестационен дијабетес
14.10.2009 11:23:47   
biljana16
Mene genikologot mi kaza da go napravam vo 25 nedela. Se nadevam deka se ke bide dobro.

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Гестационен дијабетес
6.12.2009 11:12:43   
ripce
Дијабетес и Бременост

Дијабетесот претставува една од најчестите компликации во текот на бременоста. Може да биде прегестациски ( пред бременоста ) и гестациски дијабетес кој се појавува само за време на бременоста.

Прегестацискиот дијабетес кој се развил пред забременувањето води до големи ризици за текот на бременоста и за плодот.  Колку повеќе е оштетен организмот на мајката толку поголеми се  компликациите во текот на бременоста. Сите жени со прегестациски дијабетес и со желба да останат бремени, треба 6 месеци пред забременувањето строго да се контролираат. Со редовните контроли ризокот от компликации се сведува на минимум. Диетата има голема улога во подржувањето на добрата контрола на дијабетесот.

Гестацискиот дијабетес е дијагностициран за време на самата бременост. Kaј жени со висок ризик (зголемена тежина, дијабетес во фамилијата, гестациски дијабетес во претходна бременост) се прави скрининг  оптеретување со гликоза помеѓу 24  и  28 гестациска старост на бременоста.

Жените кај кои ке се дијагностицира дијабетес треба да се следат и после бременоста бидејќи повеќе од половината развиваат дијабетес тип 2 до 20 години. При гестацискиот дијабетес ризикот од појава на аномалии на плодот не е зголемен, но при зголемена гликeмија на гладно зголемен e процентот на необјаснета интраутерина смрт на плодот во последните 4 – 8 недели од бременоста. Kaj овие бремени хипертонијата и царскиот рез се почести. Органите на плодот кај мајка со дијабетес се зголемени. Плодот е макрозомен со тежина над 4000 грама. Мајката има зголемени нивoа на гликeмија. Гликозата преминува преку плацентата во крвта на плодот и предизвикува секреција на големи количини на инсулин. Тој делува како хормон на растење и го стимулира наrаснувaњето на телото на плодот, a се засилува и депонирањето на масти во масните депoа. Најсилно се зафатени рамењата и мевот на плодот. Затоа кај овие бебиња е честа рамената дистокија, која представува исклучително ризична ситуација и треба многу бргу да се реши за да се роди здраво бебе.

Лекувањето на гестацискиот дијабетес треба се лекува со диета. Ако нивото на гликeмијата не успее да се регулира со диета се започнува терапија со инсулин. Умерената физичка активност е многу корисна.

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Гестационен дијабетес
8.4.2010 18:50:45   
буби
Jas merev minatava nedela i mi ispadna 4,7 na gladno a posle dva saati 4,3. koja e rizicna vrednost???
sega sum 32 nedela i nitu sum imala dijabeticar vo familija, nitu sum se zdebelila (10 kila se popraviv). Doktorkata mi preporaca da ispitam samo radi toa sto sum imala pogolemo kolicestvo plodova voda. Bas mi bese cudno

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Гестационен дијабетес
12.4.2010 9:31:25   
dostickage
Kaj mene za zal e otkrien gestaciski dijabetes vo 26 nedela.
Vo sreda sum na endokrinilogija pa kje vi pisam detali.

Bubi,rezultatot e super.Kaj mene posle pienjeto na rastvorot sekerot bese 10.:(((



(Одговор на членот буби)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Гестационен дијабетес
22.4.2010 12:59:04   
dostickage
Vetiv detali :

Bev na ispituvanje za gestaciski dijabetes vo centarot za dijabetes vo sklop na Klinicki Centar.Testot izleze normalen i za djabe bese celata panika.
Endokrinologot gi pogledna relultaite i mi rece deka stom jas ne se popravam i bebeto ne e krupno nema pricina za panika.Kaj mene e fala bogu vo toj pogled se vo red.Bebeto e e krupno naprotiv a ne sum ni jas.Zamislete koga ev kaj maticnata lekarka-opstata mi vika garant e greska nekoja nema sansi ti da imas dijabetes posto me znae celo vreme neli kako napreduvam.
Sekako ne bi bilo vo red i da se opustam premnogu i zatoa mi preporacaa od endokrinologija pocesti kontroli na glikemijata na gladno.



(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Гестационен дијабетес
30.5.2010 12:23:20   
macci

ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

Vetiv detali :

Bev na ispituvanje za gestaciski dijabetes vo centarot za dijabetes vo sklop na Klinicki Centar.Testot izleze normalen i za djabe bese celata panika.
Endokrinologot gi pogledna relultaite i mi rece deka stom jas ne se popravam i bebeto ne e krupno nema pricina za panika.Kaj mene e fala bogu vo toj pogled se vo red.Bebeto e e krupno naprotiv a ne sum ni jas.Zamislete koga ev kaj maticnata lekarka-opstata mi vika garant e greska nekoja nema sansi ti da imas dijabetes posto me znae celo vreme neli kako napreduvam.
Sekako ne bi bilo vo red i da se opustam premnogu i zatoa mi preporacaa od endokrinologija pocesti kontroli na glikemijata na gladno.

супер за тебе...кај нас ситуацијата е жена ми не е здбелена многу но има покачена вредност на шекерот,плодот е малку поголем од тоа што треба да биде,+ 7 до 10 дена.
од утре ќе одиме на тестирање на ендокринологија,па ќе пишам ....

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Гестационен дијабетес
30.5.2010 12:39:16   
macci
тања благодарам за линкот user posted image

(Одговор на членот macci)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Гестационен дијабетес
30.5.2010 12:51:59   
melody
Se sekavam vo 7 mesec od bremenosta mi zemaa krv ednas i ostanav so iglata vo vena  saat vreme,nemozev rakata da ja mrdnam i mi dadoa da se napijam nesto so vkus na porokal i posle saat vreme uste ednas mi zemaa krv za da proverat da ne imam slucajno skrien seker,no za sreka se bese vo red.A se sekavam i za parite sto gi plativme so maz mi za testotuser posted image ama aj se za dobroto na bebeto i normalno moeto dobrouser posted image

(Одговор на членот macci)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Гестационен дијабетес
30.5.2010 12:53:46   
macci

ИЗВОРНА ПОРАКА: melody

A se sekavam i za parite sto gi plativme so maz mi za testotuser posted image ama aj se za dobroto na bebeto i normalno moeto dobrouser posted image


колку плати?

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Гестационен дијабетес
30.5.2010 13:15:22   
arh_diz
Jas ne sum pravela vakva analiza  ginekogot mi rece nema potreba

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот macci)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Гестационен дијабетес
30.5.2010 13:18:47   
melody
Testot go pravev vo Turcija kaj mojot ginekolog sto mi ja vodese bremenosta i plativ 200 liri okolu 100 evra,a neznam vo Mk kolku e se nadevam deka e poevtino otkolku tuka.

(Одговор на членот macci)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Гестационен дијабетес
31.5.2010 10:27:07   
dostickage
ИЗВОРНА ПОРАКА: macci


ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

Vetiv detali :

Bev na ispituvanje za gestaciski dijabetes vo centarot za dijabetes vo sklop na Klinicki Centar.Testot izleze normalen i za djabe bese celata panika.
Endokrinologot gi pogledna relultaite i mi rece deka stom jas ne se popravam i bebeto ne e krupno nema pricina za panika.Kaj mene e fala bogu vo toj pogled se vo red.Bebeto e e krupno naprotiv a ne sum ni jas.Zamislete koga ev kaj maticnata lekarka-opstata mi vika garant e greska nekoja nema sansi ti da imas dijabetes posto me znae celo vreme neli kako napreduvam.
Sekako ne bi bilo vo red i da se opustam premnogu i zatoa mi preporacaa od endokrinologija pocesti kontroli na glikemijata na gladno.

супер за тебе...кај нас ситуацијата е жена ми не е здбелена многу но има покачена вредност на шекерот,плодот е малку поголем од тоа што треба да биде,+ 7 до 10 дена.
од утре ќе одиме на тестирање на ендокринологија,па ќе пишам ....



Ne e nisto strasno sto plodot e pogolem od 7 do 10 dena,voopsto ne mora da znaci deka e vo prasanje gestaciski dijabetes.Ednostavno nekoi bebenca se pokrupni a nekoi ne.Vo sekoj slucaj dobro e da se proveri,taka covek e pomiren :)
So lesno!

(Одговор на членот macci)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Гестационен дијабетес
31.5.2010 10:28:41   
dostickage
ИЗВОРНА ПОРАКА: melody

Testot go pravev vo Turcija kaj mojot ginekolog sto mi ja vodese bremenosta i plativ 200 liri okolu 100 evra,a neznam vo Mk kolku e se nadevam deka e poevtino otkolku tuka.


Leleee,mene koga mi pravea na ginekologija bese 60 denari a vo centarot za dijabetes voopsto ne plativ nisto.Se smeta deka so toa sto na endokrinologija plativ 80 denari sum go platila i toa.Ogromna razlika....nesporedlivo

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Гестационен дијабетес
31.5.2010 12:12:03   
srcence_25

Nie napravivme proverka na krv, urina i seker vo ist den, vo tek na 24 nedela od bremenost! urinata bese uredna, krvta pokaza namaleno zelezo i namaleni proteini (poradi koi verojatno pocna da mi se pojavuva otok na stapalata), doeka pak sekerot bese super, 12 casa ne trebase da jadam ni pijam, i da ne vnesuvam tecnosti i voda, pa sabajle ispiv casa so glukoza, pa organizmot vo rok od eden cas ako ne ja namalel vrenosta na glukozata koja sum ja vnesla vo toj slucaj krvta pokazuvala pokacen seker, kaj mene fala Bogu se bese vo red, pokaza 4,6...a mislam deka od 7 ili okolu 7 veke se smetalo deka postoi skrien seker! barem taka mi objasni ginekologot!:)


(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Гестационен дијабетес
23.7.2010 14:23:29   
lowen
Jas sum vo 27 nedela i pred 2 dena bev na ginekolog na rutinski pregled. Mi zedoa krv na gladno i mi otkri ja deka sekerot mi bil 4.9 . Pa drugiot den povtorno na gladno mi zedoa krv, mi dadoa grozdov seker rastvoren vo voda da ispijam. Na sekoj saat mi zemaa krv. Taka 2 saati. Fala mu na Boga nemam dijabetes. Inaku ziveam vo Svajcarija i ovde za mali sitrnici pravat fama. za trudnici imaat posebno skala za sekerot. Maksimumot bil 4.8. a makedonija e za site isto, normalen e do 6.2. 

(Одговор на членот srcence_25)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Гестационен дијабетес
26.8.2010 13:00:04   
vezilka RR
Луѓе изгледа дека имам гестациски дијабетис. Бев вчера на испитување за скриен шеќер ОГТТ тест (орален гликоза толеранс тест) - се испитува гликемија на гладно, па се пие гликоза растворена во вода, па по 1 час повторно се мери гликемијата и уште еднаш по 2 часа. Резултативе ми беа на гладно 4,0 после 1 час од оптоварувањето, 5,9 и после 2 часа 7,4. Тоа многу ми изгледа. попладне ќе одам на консултации кај докторот..ама се си мислам дека е многу user posted image

(Одговор на членот lowen)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Гестационен дијабетес
26.8.2010 13:42:51   
vezilka RR
TРЕТИРАЊЕТО ДУРИ И НА БЛАГА ФОРМА НА ДИЈАБЕТЕС ВО БРЕМЕНОСТА Е КОРИСНО ЗА МАЈКАТА И БЕБЕТО

Новите испитувања покажуваат дека третманот на гестацискиот дијабетес, дури и кај жени кај кои се работи за блага форма на дијабетес, има голема улога во спречувањето на претераното качување на килажата на мајката и на бебето и го олеснува породувањето.

Во студија во која се опфатени 958 жени со блага форма на гестациски дијабетес, се покажало дека третманот помага во намалувањето на ризикот
од раѓање на бебето со преголема телесна тежина. Кај третираните жени имало помал број на царски резови и помал број на компликации во текот
на бременста.

Доктор Mark Landon - водачот на студијата, вели дека според резултатите од студијата оправдан е третманот дури и на најблагата форма на гестациски дијабетес.

Гестацискиот дијабетес се јавува во бременоста и најчесто се повлекува по породувањето. Последиците од покаченото ниво на шеќер доведуваат до тоа да шеќерот се таложи во вид на масти кај бебето и тоа станува премногу големо. Понекогаш е потребно породување со царски рез, а може
да дојде и до други здравствени проблеми кај мајката и кај бебето.

Резултатите од студијата покажале дека бројот на бебиња со преголема тежина, кај жените со блага форма на гестациски дијабетес кои не примиле третман бил поголем од оној кај жените кои биле третирани. Исто така се покажало и дека жените кои биле третирани, качиле во просек по 2,5 кг тежина помалку од нетретираните.

Кај третираните жени бил помал бројот на царски резови и појава на прееклапсија - тешка компликација во текот на бременоста, придружена со
висок крвен притисок.

Третманот се состоел од препорака за соодветна диета или пак во случај на потреба давање на инсулин. Студијата покажала дека дури 93% од жените преку правилна исхрана и избегнување на шеќери успеале да го одржат нивото на шеќер во нормални граници, а само 7% примиле инсулин.

Заклучокот е дека е важно пратењето на состојбата и давање на соодветен третман дури и во случај на блага форма на гестациски дијабетес.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?