|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Гестационен дијабетес
27.8.2010 13:06:04   
vezilka RR
Их, од овој резултат не се гледало дали после три саати се враќа шеќрот во нормала и ме пратија на Ендокринологија, односно во Центарот за дијабетис на Клиника да ми направат уште еден тест ОГТТ, но со три точки, односно ќе ми мерат шеќер на три саати..Е таму се закжаувало, така да имам уште една недела да чекам да видам дали сум О.К. или не..user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Гестационен дијабетес
27.8.2010 15:05:37   
blue_blue
најверојатно си ОК, понекогаш докториве само те плашат без потреба. Ти за тоа време гледај  не се храни многу со леб, тестенини, и работи кои имаат шеќер, туку удри се на јадење зеленчук, месо и риба и уживај во викендов под клима дома user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Гестационен дијабетес
12.9.2010 13:49:08   
baby_bump
Моите резултати се 4,4 гликемија на гладно, а после 2 часа и оптеретување со 80гр гликоза, гликемијата ми е 6,5.
Дали тоа е добар резулатат?
Има ли некаде на интернет некоја скала по која ке се утврди колку теба да е нормален резултат?

На овој тест ме испрати докторот откако по вторпат за еден месец бебето беше 2 недели поголемо од гестациските недели.
Инаку не сум многу здебелена, имам покачено 10кг а сега сум 32 недела.

После правењето на тестот веднаш ме ставија на диета за шекер и тестенини, сега за сега се осеќам добро после една недела од диетата, но некогаш ми се свртува во глава, па не знам дали е тоа нормално или е од тоа што го намалив јадењето воопшто и што не јадам никаков шекер?

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Гестационен дијабетес
13.9.2010 16:19:32   
vezilka RR
Колку што читав по нет после 2 часа од оптоварувањто шеќерот треба да е 5,7 ама не ме фаќај за збор.. Ќе се обидам да ги најдам референтните вредности и ќе го постирам. Иначе мене вториов пат резултатите ми се на гладно 4,9. После оптоварување со 75г, после 1 час, 7,0, а после 2 часа 5,8. Докторката ендокринолог ми рече добар е тестот, ама нареден месец пак да го правам..Кај матичниот уште не сум го однела, ќе видам тој што ќе рече..

(Одговор на членот baby_bump)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Гестационен дијабетес
29.9.2010 15:09:03   
baby_bump
Еве сега сум 35 недела, 13кг здебелена, бебето доторката го измери 2кг600гр, и одговарало на 37 недела. Веке подолго сум на диета и добро се чувствувам.
Сега на 1-ви останувам на породилно и па ќе го повторам ГТТ тестот.
Дали овие вредности за големината на бебето се нормални?
Јас моето прво дете го родив 2600 во 37 недела, но тогаш бев многу млада, пред цели 18 години и немав проблеми.
Кои се референтните вредности

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Гестационен дијабетес
5.10.2010 12:30:52   
vezilka RR
И моето бебе е со 10тина дена понапред, докторот ми рече две недели се толерира.

(Одговор на членот baby_bump)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Гестационен дијабетес
6.10.2010 14:20:05   
baby_bump
Правев повторно ГТТ и сега излезе добар, 3,8 на гладно - 4,4 после 2 часа, но месец и пол на диета и сега се е во ред. Сега ми препорачаа дури по малку да јадам благо за да не ми се слошува, оти на гладно шекерот ми е стварно низок.

Во лабораторија ми кажаа дека ова со ГТТ, било некоја нова мода на гинеколозите и дека сега ги праќале сите трудници околу 28 недела, и дека за трудници после 2h оптоварување требало шеќерот да не биде над 6,0.

Инаку сега откако на друго ехо бебето си одговара на големината гледам дека за џабе се нервирав овие месеци, и морам да кажам дека секогаш треба да се бара второ, трето мислење, затоа што нашите доктори од психологија на трудница појма немаат. Наместо тие да не охрабруваат, со нивните глупави, непроверени дијагнози ни прават да ни биде потешка и така тешката состојба во која се наоѓаме и на психички и на физички план.


(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Гестационен дијабетес
6.10.2010 14:28:11   
vezilka RR
Јас во некоја рака и го оправдувам матичниот оти ме прати да испитам скриен шеќер. Во крајна линија него му се покажало таму дека бебето е поголемо, значи се посомневал човекот и ме прати. Кога се вратив јас со резутатите кај него и ги виде дека се ок, а јас ми кажувам колку бев извадена од памет, он ме искара. Ми вика јас морам да те пратам, замисли де не те пратев а навистина си имала покачен шеќер, тогаш што? И Има право човкот. Е сега ние се вадиме од памет и се ама подобро да извадам од памет една недела и да се добри резултатите или на време да се примети проблемот отколку да не се вадам од памет, мирно да си спијам а да има некој проблем.Е сега тоа не ми е јасно како не едно ехо се покажуваат едни димензии, а на друго, други..дали е до апаратот, дали е до докторот кој не знае да го чита апаратот?????

(Одговор на членот baby_bump)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Гестационен дијабетес
6.10.2010 14:35:41   
AnnaMolly RR
И мојот доктор што ме породи милион пати ме препраша дали сум проверила шеќер зашто бебето било две недели понапред. Се породив на крајот на 37 недела, а мерките на бебето беа како за 40. Јас му се чудев зошто толку е важно да се провери шеќерот, ама еве гледам и вас така ви викале.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Гестационен дијабетес
20.1.2011 10:33:06   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА:  none

Neznam kade da napisam za ova bidejkji ne ja najdov ovaa tema na forumot dokolku postoi premesteteja,Uplasena sum zatoa sto doktorot vo 38 nedela me prakja da proveram skrien seker zatoa sto na rezultatot mi bese 5/3 na granica,sega doagjam odkade to trebase da mi zemat krv i mi kazaa deka sega e kasno i deka ne  e strasno zatoa sto veke i treba da se porodam kazete mi vase iskustvo uplasena sum mnogu sto posledica moze da ima porodilni bolki nemam uste,a navodno mojot maticen mi kazuva dokolku  imam skrien seker slednata nedela da me porodi so provokacija kazete mi nekoj so takvo iskustvo sto pobrzo




_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Гестационен дијабетес
20.1.2011 12:07:16   
Tanja83
Eve i jas da Vi se pridruzam na forumov. Ve pratam i Ve citam postojano, no dosega ne sum pisala.Temava me zainteresira zosto izgleda i jas imam gestaciski dijabetes. Posebno sum uplasena zosto vo familija imam dijabeticar i se nadevam deka se ke bide vo red. Sega sum vo 20ta gestaciska nedela i vo ponedelnik ke odam da napravam testiranje, pa ke vidime sto i kako ke izleze. Inaku na gladno sekerot mi varira sekojdnevno ednas mi e 6,1 pa 5,3 pa 6,2 pa 4,8 za sigurno ke vidime vo ponedelnik pa ke Vi pisam. Pozdrav

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Гестационен дијабетес
20.1.2011 14:10:23   
baby_bump
Шекерот на гладно не е толку битен за гестацицскиот дијабет (освен ако не станува збор за мајка дијабетичар), туку колку е нивото на шеќер после оптеретување на организмот со гликоза (1гр гликоза/на 1кг тежина).
Ако бебето е поголемо од неделата во која што си, и ако шеќерот после 2 часа оптеретеност на организмот со гликоза, е повисок од 6,5 - тогаш може да стане збор за гестацицски дијабет.
Јас лесно го ставив под контрола 2 месеци пред пораѓај со строга диета, целосно исклучено благо и некои од јаглените хидрати кое се претвораат во шеќери.
Само тогаш може да се каже дека имаш проблем, а денес како што имам погоре напишано, се прави фама од еден лош резултат и се ставаат трудниците во сосојба на психоза, зашто безбројните прегледи, нервозите од тие бесконечни часови кога ги чекаш резултатите, не се одразуваат добро врз нашето здравје.
Секогаш барајте и друго милсење.
Не е ништо страшно и ако имаш таква состојба бидејќи таа во најголем број случаеви се средува веднаш после породувањето.

(Одговор на членот Tanja83)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Гестационен дијабетес
20.1.2011 16:41:59   
none
dobro ovde kako citam ima so mnogu visok broj  na dijabetiz eve kaj mene posledniot rezultat bese 5 koma 2  sekerot znaci e ok a plodot mi e 3,400 grama a vlezena vo 38 nedela  sto mislite deka toa e golema tezina ili ne kolku citam treba da e se vo red mm e visok 1m 92 i krupni sme pa onda ne gledam razlog za panikauser posted image user posted image nekogas i doktorite preteruvaat,denes bev vo bugurest za da ispitaat i mi vikaat ti ,treba da se porodis a ne sega seker da ti proveruvame prosto se cudea zatoa vikam ginekolozite se nekogas katastrofa zatoa neka e se vo red i taka ke go menjam doktorot,moze i go znaete no sega sto e tuka e samo pari go interesiraatuser posted image

(Одговор на членот baby_bump)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Гестационен дијабетес
20.1.2011 18:26:36   
Viktori
ноне, 5.2 мислам дека не е воопшто над горната граница, а и килажата на бебето е супер!!! Не се секирај и уживај последниве денови user posted image

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Гестационен дијабетес
21.1.2011 9:02:16   
none
viktori ti blagodaram za odogovrot i me utesi pravo da ti kazam bebusot si mrda odnosno cel stomak mi odi levo desno najverovatno mu e tesno ,a doktorot mi vika ako imas seker skrijen odma so provokacija na poroduvanje pa ako ima nekoj so takvo iskustvo neka mi kaze ili kako da znaeme da cekame prirodn da s idojde

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Гестационен дијабетес
21.1.2011 19:35:20   
Tanja83
Blagodaram na odgovorot i iscrpnite informacii. Ke napravam vo ponedelnik ispituvanje pa ke vidime sto i kako ke bide. Sega sum na dieta ne jadam nisto blago i jagleni hidrati sto se pretvoraat vo sekeri, a ovosjeto go svedov na minimum. Se nadevam deka i da ima nesto ke uspeam da go iskontroliram vo narednive 4 meseci. Pozdrav

(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Гестационен дијабетес
22.1.2011 1:00:59   
baby_bump
ЗА 1300 денари, Цвета Динева, нутриционист од Ск може да ти направи листа за диета, која може доста да ти помогне, но само ако резултатите ти се над горната граница.

(Одговор на членот Tanja83)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Гестационен дијабетес
22.1.2011 13:46:08   
Tanja83
Vi blagodaram na informaciite, ke vidime sto ke kazat vo ponedelnik.

Imam edno prasanje, dokolku nekoj znae Ve molam pisete.

Znam deka na gladno gornata granica na sekerot e do 6.7, ama neznam koja e gornata granica odnosno kolku e maksimumot posle jadenje odnosno posle 2 casa otkako ke jadam do kolku treba da mi bide za da kazeme deka e vo granici na normalnoto i deka nemam gestaciski seker?

Pozdrav

(Одговор на членот baby_bump)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Гестационен дијабетес
22.1.2011 13:52:08   
Viktori
и ако шеќерот после 2 часа оптеретеност на организмот со гликоза, е повисок од 6,5 - тогаш може да стане збор за гестацицски дијабет.

инаку нормално, шеќерот не треба да е повисок од 6.1...

Во секој случај, консултација со доктор е најпаметно user posted image

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Tanja83)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Гестационен дијабетес
28.1.2011 14:52:48   
Tanja83
Дефинитивно станува збор за гестациски дијабетес.
Денес бев и направив ОГТТ и на гладно шеќерот ми беше супер 5,4 ама потоа после 1 час откако испив 50 гр. шеќер беше 9,6.
Докторот ми рече дека не е ништо страшно, дека не треба да примам никаква терапија само ми даде диета и ми рече повремено да го контролирам шеќерот и кога ќе влезам во 28ма недела повторно да направам ОГТТ.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Гестационен дијабетес
15.2.2011 13:30:05   
lidi
i jas denes proveruvav seker i kako sto citam tuka od vas sto veke ste go pominale ova mi izgleda deka imam seker,a doktorkata ke ja vidam duri vo ponedelnik.Sabajle koga mi izvadija krv bese 5.5 posle eden cas 10.0 i posle 2 casa 8.2 i sega sum epteeemm uplasena.Inace jas mnogu se zdebeliv a i bebeto e baagi pokrupno od sto treba a uste malku vlagam vo 9 i neznam sega sto ke bide user posted image

(Одговор на членот Tanja83)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Гестационен дијабетес
17.2.2011 19:17:27   
baby_bump
Избегавај да јадеш благо, и т.н прости јаглени хидрати, кои на крајот пак се претвораат во шеќери, туку претежно сложени јагл. хидрати, интегрални житарици (мусли, јачмен, пченични никулци, овес) и мешункасти плодови (лешници, ореви, бадеми, семки). Од овошје можеш да јадеш се што е сушено, сливи, суво грозје.....

Со среќа и издржи уште некоја недела до породувањето.

< Поракaта ја уредил baby_bump -- 17.2.2011 19:18:29 >

(Одговор на членот lidi)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Гестационен дијабетес
28.4.2011 21:08:14   
kikitina
Јас сум 29 та недела и на контролниот преглед на ехо докторот ми рече дека ми е покачено количеството на плодова вода до горна граница и заради тоа да испитам скриен шеќер. Јас веќе испитав на крвна слика шеќер претходно и ми беше 4,9, па се си мислам дека ова тестирање ќе е за џабе, ама ај. Нити јас сум дебела, само 8 кг имам качено а и бебето си е супер 1кг 300 за 29 та недела.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Гестационен дијабетес
12.7.2011 13:04:10   
medobruno
zdravo jas se resiv da pisam citaeki ja temata za GD bidejki jas imam GD dijabetes i se bockam so insulin inaku sum vo 37 denela bebusot e so normalna tezina i jas sum popravena 13 kg ova mi e vtora user posted image so prvata nemav vakov problem kontrolite gi pravam vo germanija mi dadoa aparatce za da go kontroliram sekerot doma 4 pati dnevno otkako pocnav da se bockam rezultatite se dobri tuka se dvizat od 90 na gladno do 140 posle eden cas sto e mnogu porazlicno od kaj nas veruvajte dosega nemam plateno nitu edno ispituvane dodeka kaj nas so prvatauser posted image neznam kolku pari dadov znaci kaj nas bukvalno na koja vrata da tropnes ti zemaat pari .Pa se nadevam deka do krajot na bremenosta se ke bide vo red .

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Гестационен дијабетес
12.7.2011 15:30:59   
vanessa30
I jas napraviv OGTT testiranje za skrien seker, samo sto mojata maticna mi rece deka najmerodavni se rezultatite sto ke se napravat vo 26 nedela, i samo posle prviot cas da se napravi merenjeto, a ne i vtoriot bidejki samo so prviot cas ke se dobijat rezultati koi ke pokazat dali imam gestaciski dijabet ili ne. Inaku go pravev testiranjeto ne zatoa sto imav nekakvi indikacii pogolema tezina, krupno bebe ili sl, tuku vo bliska familija imam dijabeticari, pa mi rekoa da napravam.
Inaku pocetno imav 4.6 a posle eden cas odkako se napiv 75% rastvor na glikoza sekerot mi bese 7.6. A gorna granica e 10.3 , taka da po se izgleda nemam, ama ke odam nedelava kaj maticnata pa ke vidi rezultati.

(Одговор на членот medobruno)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?