|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Не сака да јаде!
15.7.2010 23:36:23   
Палешка РР
Така е! user posted image
А кога ќе пројадат имаме тема компир на 100 начина, па..... user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 126
   RE: Не сака да јаде!
15.7.2010 23:37:38   
Тања РР
Па и јас тоа и велам -будалче дете, кој не јаде компир- ама она не ми става рецка. Има карактер дететоuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот bambi)
Непосредна врска до пораките: 127
   RE: Не сака да јаде!
19.7.2010 22:51:10   
Тања РР
Еве ме мена пак. Зачестив на темаваuser posted image
Не знам што се случува, последниве два дена Јана вришти и се врти на другата страна штом и ја понудам градата а гладна е, се познава. Само кога цврсто спие успевам да ја прелажам да цица.
Лошото е што не цица ниту од цуцла па јас сум на работ на нервен слом. Денес се прегреа заради тоа што не внесува доволно течности. Давав вода со шприц ама ни така не сакаше, на крај со лажиче успеав да и напикам пеесетина милилитри сок колку да не дехидрираuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 128
   RE: Не сака да јаде!
20.7.2010 9:18:11   
Felly RR
И кај нас е истото, знам дека е гладна и кога ќе ја ставам на града, вришти, плаче. Кашичките што претходно ги јадеше по 200 мл, сега се молиме пола саат за да изеде 100 мл. Ама барем некако се прелажува си пие од шише. Дали од жешкото време немаат апетит???????

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 129
   RE: Не сака да јаде!
20.7.2010 13:22:00   
oliva
ikaj nas e istata situacija nesaka da jade edvaj vo son da go naranam so sise zasto moeto e na adaptirano mleko go nosev na pedijatar mi vikaat prav zdrav a jas maki macam i jas sum na rabot na nerven slom

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 130
   RE: Не сака да јаде!
20.7.2010 13:27:08   
mama26
денеска ми поврати толку многу му надробив попара.со кисело млекце и изгледа превише му дадов малку ми поврати.и од топлово е да не сакаат да јадат.јас немам апетит од топло

(Одговор на членот oliva)
Непосредна врска до пораките: 131
   RE: Не сака да јаде!
20.7.2010 13:32:50   
mama26
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Еве ме мена пак. Зачестив на темаваuser posted image
Не знам што се случува, последниве два дена Јана вришти и се врти на другата страна штом и ја понудам градата а гладна е, се познава. Само кога цврсто спие успевам да ја прелажам да цица.
Лошото е што не цица ниту од цуцла па јас сум на работ на нервен слом. Денес се прегреа заради тоа што не внесува доволно течности. Давав вода со шприц ама ни така не сакаше, на крај со лажиче успеав да и напикам пеесетина милилитри сок колку да не дехидрираuser posted image user posted image user posted image

така тања по малце по лажиче на секој пола саат.и топло е многу затоа бебенцата нејадат.ама упорно на пола саат по лажиче и многу течности за тие поголеми деца.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 132
   RE: Не сака да јаде!
20.7.2010 13:47:50   
blue_blue
Тања,

Можно е да и е многу топло млекото. Знам дека децата одбиваат да цицаат ако си ти загреана, т.е. ако тевојата телесна температура е покачена. Значи ако доаѓаш од надвор или работиш дома нешто и си многу загреана, прво 15-20 минути излади се, истуширај се па после дој ја. Исто така не треба и неа да и биде топло, така што дој ја во просторија каде температурата не е повеќе од 22 степени. За каши - не знам дете што не ги јаде, секое ќе почне да јаде, треба само да се пробува комбинацијата - морков со јаболко само сварено на пареа (јаболки делишес или некои слични поблаги), добра комбинација е и плав патлиџан, црвен патлиџан и пиперка. Се тоа сецкаш, ставаш да се  вари на пареа и после додаваш малку ладно цедено маслиново масло. Пробај и со малку лимон - има деца што сакаат кисело. Ова се ако детето има од 5.5 или 6 месеци нагоре. Исто така поради алергии не давај два нови зеленчуци односно овошја одеднаш, секогаш едно по едно, така ако случајно се појави алергија ќе знаеш од што е.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Еве ме мена пак. Зачестив на темаваuser posted image
Не знам што се случува, последниве два дена Јана вришти и се врти на другата страна штом и ја понудам градата а гладна е, се познава. Само кога цврсто спие успевам да ја прелажам да цица.
Лошото е што не цица ниту од цуцла па јас сум на работ на нервен слом. Денес се прегреа заради тоа што не внесува доволно течности. Давав вода со шприц ама ни така не сакаше, на крај со лажиче успеав да и напикам пеесетина милилитри сок колку да не дехидрираuser posted image user posted image user posted image


(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 133
   RE: Не сака да јаде!
20.7.2010 15:27:57   
Тања РР
Ти благодарам blue_blue.
Ќе пробам да внимавам на тоа да не сум прегреана. Инаку, на овие горештини невозможно е да седиме на температура од 22 степени. И со климата едвај спуштам до 27user posted image

< Поракaта ја уредил Тања -- 20.7.2010 15:29:52 >


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 134
   RE: Не сака да јаде!
20.7.2010 15:33:31   
Палешка РР
Јас пак мислам дека и никнуваат запчиња и на Јана и на ќеркичката на Felly user posted image
Знам колку е тешко, претешко, кога детето не јаде. Но бидејќи одраснав еден нејадач знам дека минува, дека е период user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 135
   RE: Не сака да јаде!
20.7.2010 15:40:46   
Тања РР
Палешка и тоа сакав да прашам, можно ли е да и никнуваат запчиња кога воопшто не се лигави?
Знам дека на брат ми детето толку многу лигави што цело време е водно и тоа и мајка му и подотuser posted image


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 136
   RE: Не сака да јаде!
20.7.2010 15:56:22   
Палешка РР
Мислам дека никнувањето запчиња секогаш е пропратено со лигавење user posted image
Сум заборавила како беше, поминаа ехееее 14 години од првото запче user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 137
   RE: Не сака да јаде!
20.7.2010 16:25:43   
blue_blue
Тања,

Ова со топлинава/температурата го знам од болница. Во РеМедика каде се породив (беше лето) просторијата каде беа новородените бебиња имаше 21 - 22 степени. Мене ми изгледаше ладно. Ги прашав, ми рекоа за деца најнездраво е да се прегреат. Исто внимаваа и кога ги носеа на доење, сестрата или пушташе клима за да биде просроријата изладена. Исто така од моја пријателка го имам чуено ова со топлината на телото - дека детето не сака да цица ако му е млекото претопло.

А за заби - можно е да и растат иако не се лигави, ама не гледам дека тоа треба да е причина за ич не јадење, може послабо да јаде, ама да вришти - не ми оди.

Коклу е можно гледај да не се нервираш, и тоа влијае на доење, децата осеќаат. Не знам колку има детето, ама можно е и да не сака да цица веќе. Моите сами се одбија на 9 месеци, едноставно кога ќе видеа цицка вриштеа - и не инсистирав. До тогаш неуморно ги доев (во тој период беа само на еден подој навечер).


ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Ти благодарам blue_blue.
Ќе пробам да внимавам на тоа да не сум прегреана. Инаку, на овие горештини невозможно е да седиме на температура од 22 степени. И со климата едвај спуштам до 27user posted image

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 138
   RE: Не сака да јаде!
21.7.2010 12:55:49   
Felly RR
Ние еве денес, убаво почнавме со јадењето. Прво си цицаше, па и направив кашичка од праска со малку мелени бисквити, и си изеде некаде околу 200мл. И си велам - дали е можно од бисквитите да не сакаше да јаде, зошто прво и давав џиџи бебе, и си јадеше убаво, па потоа ги сменив со плазма (ги купив веќе мелени, а имаа и покрупни парчиња) и некако како да не и беше по кеф јадењето. Денес реков да пробам ке и сомелам џиџибебе, и еве јадеше. Дали е можно од бисвитите да не и се допаѓаа кашичкитеuser posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 139
   RE: Не сака да јаде!
26.8.2010 19:48:21   
Julie1

ИЗВОРНА ПОРАКА: Palce

Мамички ве молам за помош...Мојата ќеркичка е недоносено бебе и сега има 7 месеци корегирани,на 30 ќе влезе во 8 а уште ништо не јаде...Јас веќе стварно незнам што да правам,секој ден се молиме,она плаче,јас плачам...Кога почнавме со дохрана почна убаво да јаде дури некој ден и по 80гр ќе изедеше...Е после 1 недела веќе не сакаше уста да отвори и еве уште истото се случува. Беше болна имше бронхит па ај толерирав дека е болн ама сега???Ќе ја седнам во хранилката и уште храната не ја пробала а таа ми ја трга главата,јас упорно пробувам и на крај ќе почне да плаче ама онака инаетливо...Веќе незнам што да направам..Прво имавме проблем со млекото не сакаше да го пие будна,за тоа веќе пишував,а сега и ова..Сега фала богу почна да пие млеко будна...Сега имаме 5 млечни оброци(вклучувајќи го и ноќниот) што значи пие млеко околу 600гр дневно,нема капацитет за повеќе,ама друго ништо неќе,ни вода,ни сок,ни кашички.....Ќе полудам..а анемична е,пие ферум...па сакам да прима железо и преку храната..Ве молам за некој совет??Дали да и скратам уште еден млечен оброк,некоја тактика за јадење??нешто,било што....
И сакав да ве прашам, колку 7месечно бебе треба да спие преку ден...Миа спие 3 пати...Првиот пат саат,саат ипол...После 2 саати и приквечер пола саат...Треба ли толку или помалку,фактички неа цел ден и поминува во спиење,лпга ќе стане ќе поигра малку и ќе ја почекам да огладне и додека чекам ќе дојде време за следното спиење и почнува да кенка...ужас...И размазена е.како да ја ставам во ред??се си викам ништо не разбира ама ме снима цело време и прави по нејзино...Леле ве удавив,извинете ама неможам да се изназборам од што се нервирам и незнам што да направам..Ве молам за совет,ви благодарам...



_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 140
   RE: Не сака да јаде!
27.8.2010 12:17:50   
oliva
istoto se slucuva i so nas,jadese ubavo tvrda hrana sega se pomalku,inaku mlekoto se uste vo son go pieme 100ml gi pie cel saat navistina misam deka nesto ne e vo red som taka se odnesuva,palce dali povraka tvoeto dete

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 141
   RE: Не сака да јаде!
27.8.2010 14:13:35   
Saturn
Еве некои мои финти за бебе или мало дете да јаде:
- иако не се препорачува сол, кога веќе сум имала проблем сум додавала малце сол во јадењето со зеленчук и кога не ставам нешто од животинско потекло додавам и некоја лажичка кисело млеко за да биде повкусно (пр, ориз со спанаќ или компир со брокула ги мешам и со 2-3 лажички кисело млеко, за бебе од 6,7,8,9 месеци)
- го седнувам на столче за јадење пред компјутер и му пуштам baby einstain за да му го одвлече вниманието и да не е многу свесно дека јаде user posted image
- или на масичето пред него ставам некои пластични или гумени играчки за да се занимава додека го хранам, значи повторно вниманието да не му е во јадењето, туку во играчките
- тој што станува нервозен кога треба да се храни бебето, подобро да не му дава да јаде бидејќи бебињата и децата се осеќаат и ако „зрачиме“ со таква енергија, веројатно им се уклучува „црвеното светло“ за нејадење. Кој има баба или некој што може бар за почеток да помогне, или таткото, тој или таа нека го храни бебето. Или па, одлучете дека денес еве нема да се нервирам и да не јаде, од утре ќе се нервирам и ќе преземам други мерки за да пројаде, ама сега нема да се нервирам ,ако сака нека јаде, ако не сака, нека не јаде.
- За анемично бебе јас имам додавано малку легофер во сокчето и издробено ц-витаминче за деца до сокот. Подобро е со свежо изцеден сок, повкусен е тој. Нормален хемоглобин за деца е од 95 нагоре, а не од 120.
Можеби и од топлово време на бебињата и малите деца им е проблем да јадат во количини кои ние ги сметаме за ок.
Потполно сочувствувам со сите мајки што имале ваков проблем. Ќерка ми имаше и малце рефлукс и баш беше голем проблем, многу мачно. Сега е ок.

(Одговор на членот oliva)
Непосредна врска до пораките: 142
   RE: Не сака да јаде!
27.8.2010 14:35:43   
nutelizza
Davajte im da pijat ribino maslo mnogu go zgolemuva apetitot

(Одговор на членот Saturn)
Непосредна врска до пораките: 143
   RE: Не сака да јаде!
27.8.2010 17:06:41   
Palce
Мамички еве ме мене пак..Лелее денес пак не сакаше да јаде...Незнам веќе што да направам....Сатурн ти благодариме за советите,ама да ти кажам се имам пробано од тоа што имаш напишано,ништо не помага,освне што кога ќе седнам да ја ранам ме фаќа нервоза и таа чуствува,ама па ме вади од такт секундарно...Значи ја оставам да огладне и она мака нема,неќе да чуе...Освен млеко и малку водичка ништо друго не сака....Пробав и јогуртче да и дадам и се мршти..Многу тешко прифаќа нови вкусови...А кога ќе јадам отвара уста,и тогаш пробувам да и пикнам ама пак ја трга главата на страна...
Олива не повраќа Миа,нели и она го пиеше млекото заспана ама сега почна и будна да пие..Мораш да пробуваш кога е будно,може ќе фати.Јас така пробував и еден ден се изненадив...А иначе кога спие и пие млеко го испива ептен брзо...(тоа сега, иначе и таа се тегнее по 1 саат ).И сега има моменти кога не сака ама претежно го пие...Не повраќа веќе.
Nutelizza а смее ли 7 месечно бебе да пие рибино масло? Јас и давам сирупче пиковит што има омега 3..тоа е всушност рибино масло ама така чисто незнам дали може? А смеам ли шипка да и дадам,гледам има во кашичките на Хип помешано со јаболка,од 5 месеци нагоре може...
Од се што имаме пробано до сеа јас незнам она што сака,зошто за се врти глава...Уф незнам што ќе се прави,деноноќно само за тоа се замарам..И на пријателиве мои веќе почнав само за јадењево да зборам,досадна ќе им станам...
Олива оној пат кога ми се јави,реков нели дека ќе ти свртам и после искрена да бидам те изумив а после неколку дена ми текна ама го немам меморирано тел за да ти свртам..Кога ќе сакаш јави ми се...
Има ли уште нешто за зголемување на апетит, да ја носам ли на планина..веќе незнам што да се прави...

(Одговор на членот nutelizza)
Непосредна врска до пораките: 144
   RE: Не сака да јаде!
27.8.2010 17:08:40   
Palce
Имам уште едно прашање...Од кога да воведам глутен за да можам бисквити да и давам со некое кашиче???

(Одговор на членот Palce)
Непосредна врска до пораките: 145
   RE: Не сака да јаде!
27.8.2010 17:15:48   
oliva
saturn a kako go otkrija kaj kerkati refluksot i kako se manifestirase i na kolku meseci

(Одговор на членот nutelizza)
Непосредна врска до пораките: 146
   RE: Не сака да јаде!
27.8.2010 17:16:44   
oliva
pa mozes da davas gluten jas dadov sin mi ima sest ipol meseci

(Одговор на членот oliva)
Непосредна врска до пораките: 147
   RE: Не сака да јаде!
27.8.2010 17:19:41   
oliva
lele palce i jas samo zboruvam za jadenjevo se mislam deka i jas sum dosadna na drugite neznam sto ke se pravi non stop sum so placenje a sega vo posledno vreme i ova so povrakanjevo epten me zagrizuva

(Одговор на членот oliva)
Непосредна врска до пораките: 148
   RE: Не сака да јаде!
27.8.2010 17:32:53   
Palce
Олива а кога повраќа? Од кога ќе го испие млекото или постојано?

(Одговор на членот oliva)
Непосредна врска до пораките: 149
   RE: Не сака да јаде!
27.8.2010 17:36:35   
oliva
od koga ke go ispie mlekoto koga ke izrigne,a tesko izrignuva i ke povrati ponekogas samo kako voda so belo zasireno i zatoa razni misli mi se vrtat vo glavata da ne e problem nesto drugo 

(Одговор на членот Palce)
Непосредна врска до пораките: 150
Страница:   <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Расположението во бременоста.
Admin

Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?