Snowhite RR
|
Како сте другарки? Јас скоро цел ден да немав нет, не можев баш да ве дружам. Вчера малку подизлеговме со Михаил, ама пекол беше, после тоа бев пишман што излегов, ама имав и работа нешто во град. Приквечерта бевме до парк, ја побарав Палешка малку да се подружиме, зошто паркот и е пред зграда, ама со Миа биле кај баба и', па така ја сретнавме Матеа(Фели) во паркот, ги шеташе мама и тато, малку се подруживме, па на крај рековме да организираме уште една, барем уште една дружба, додека е топло времето. Денеска сакав дома нешто да подсредам, се спремаме за крштевка за во сабота, но Михаил беше толку напорен денеска, што цел ден го поминав успивајќи го и, или немаше воопшто да заспие, или ако заспиеше ќе се разбудеше по пола саат, е значи ужас, па еве дури сега пред еден саат заспа, се надевам ноќеска помирно ќе спие. Па така сега цела работа ми остана за утре, додуша во ресторан ќе биде крштевката, но сепак треба и дома да средам, најверојатно од ресторан ќе дојдат дома, требало кумот да го донесе детето дома, барем така ми кажаа, се некои адети. Сега ќе ве поздравам, да се одморам па утре турбо со обврски, да се досредат ситниците
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
|