Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
денес бев на третман во солена соба која е отворена овие денови во Струга.Навистина имав многу слушано, но вака навистина се уверив ,делува релаксирачки, смирува и опишта.Планирам да одам неколку денови, па ке видиме. Многу е ефикасна,ми кажуваа роднини од Германија.
Леле денес се уморив,чистев со правосмукалка,метев,бришев прашина,направив супа за ручек(богата зеленчукова супа),го стоплив јадењето од вчера па ручавме,садови,ова она па да здивнам малку...
денеска го прошетав ГТЦ. бев во потрага по фустан за свадбата на брат ми. и си најдов, не еден туку 3 и сега не можам да се одлучам.
obicno ako nemozam da se odlucam ne zemam od tamu.jas sum tip ako nesto mi se sviga da go kupam odma ,ednas se mislev taka i pari ne mi se davaa i do den denes se kaam zasto ne si ja kupiv taa bluzicka.i si veiv nesto od sto srce ke mi zapre da si kupam,i ic da ne se mislam....e sega maco tebe koe te dopre do srce toa. cestitki za bratti pozzz i se najubavo
_____________________________
СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.
Леле да ви кажам што се не направив денес. Станав во 7 часот, Филип стана за да јаде. Имавме гости од Германија и денес требаше да си одат, па отидов да им купам појадок. Јадевме и отидов со гостинката да си купи нешто од продавница. Се вративме дома и дојде превозот да ги носи на аеродром. Тие си отидоа, а јас ја викнав сестра ми да го чува Филип за да можам да помогнам дома околу правењето на ајвар. Лупење пиперки, мелење, мешање... Потоа чистење на куќата зашто се беше крш од гостите. Сега сум мртва уморна и не и давам на сестра ми да си оди, да го чува Филип а јас да одморам малку. :) Па повелете на ајвар!
Бев на пица, на кафе, прошетав во паркот, па на сокче - половина ден отиде така Гледав слики од свадба на компјутер (претпоставувам поминаа свадбите за оваа година, ќе здивнам до на пролет најверојатно ), средував нешто со облеката, подоцна пак ќе излегувам
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
Денес бев во црква сабајлечки, па кај свекрва ми на гости... и сега сум дома, одмарам и кафе со варам... мм се одмара, децата у соба, мачето на тераса и јас на раат на РР да видам што има
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
еее, драга Ананикол, ти барем се селеше, јас без селење имам купишта дома - не знам од каде да почнам. Веќе два дена редам, перам, пеглам летна-зимска гардероба, нема крај!!!! Од шупливо во празно. Сакам да живеам во Сибир или Калифорнија, каде нема зимо-лето Инаку, денес го испратив големиот син на матурска екскурзија во Прага... срцето ми отиде таму, ќе умрам од грижи - барем тој да си помине супер на матурската екскурзија